1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Совет, Seavus, Semos vs Fon

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од kolevski06, 16 Септември 2019.

  1. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,204
    784
    8 Мај 2010
    Машко
    Случај:
    Пријател мој заврши академија (Сивус) за програмирање, учеше навистина и се посвети целосно. Сега работи во програмеска фирма во Скопје. Од фирмата му дадоа поддршка и редовно го надградуваше знаењето со текот на работата. Немаше никакво познавање од програмирање патем, а немаше ни факултет.

    Јас пак немам факултет ниту па завршено некоја академија, но се имам посветено на маркетингот и си работам сам многу одамна, имам голем број на клиенти на кој им нудам услуги. Минатата година работев со фирма од Канада (social media marketing), оваа година работам со фирма од Лондон (SEO). Во меѓувреме работам со србин кој живее и има бизнис на Ибица и своја WooCommerce веб страна која има месечни приходи од над 30.000евра. Моите приходи се одлични за мене, има и работа не се жалам и за нецели 5 години си собрав пари сам да си купам стан. Мислам дека искуството и тоа што ќе го прикажеш на задачите ако ги има на интервјуто е побитно од тоа дали си завршил факултет.
     
    На Benedicta и iTechnique им се допаѓа ова.
  2. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,171
    639
    12 Април 2017
    Машко
    Колку факултети имаш завршено?
     
  3. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,613
    1,708
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Јас лично не познавам НИТУ ЕДЕН што е успешен ЗАРАДИ факултетот...
     
    Futurelakimens, Gumirano, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    124
    214
    6 Мај 2019
    Женско
    Сум со факултет и ама апсолутно не го поддржувам мислењево. WTF логика?!?
     
    На Futurelakimens му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,781
    1,905
    8 Мај 2007
    Машко
    Преку такво од тоа дка Гејтс и Џобс не завршиле факултет.
    Тие се откажале од факултет, ама видете од кои факултети се откажале.
    Таму за прием се бара повеќе знаење него по нашите факултети за диплома.

    Пишав образование, не факултет. Но секако ако некој е во можност треба да цели за што подобро и повисоко образование. Нивото што го имаат (некои) наши факултети е под нивото на курс. Не мора да се ограничи некој само на нашиве образовни институции. Денес е бар лесно да се просурфа и да се најде нешто некаде...

    Веројатно успехот се должи на тоа што се белци, родени во Евроа. Да беа родени во африка ќе копаа дијаманти?
    Образованието не е клуч за успех. Помага, ако знаеш да го искористиш.

    Тотално небитно. Промашена поента. Образование не е само факултетска диплома. Има и пониски и повисоки степени, веројатно си запознаен со тоа?
     
    Изменето од модератор: 1 oктомври 2019
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,543
    25,654
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Според мене секое образовани е добредојдено, а факултет е само влезница.
    Образовани не ти треба само за правење пари. Имаме низок процент на култура затоа што немаме образование...
     
    На pavlestyle, Sherminator, VerGer и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    342
    263
    13 Март 2017
    Машко
    Образованието, од тука и самиот факултет е успех само по себе и никој не треба да го потценува. Тоа што некој од тука нема завршено факултет и прави месечни примања над очекувањата, не треба да биде репер. Кај нас, според мене, се скока образованието/факултетот бидејќи имаме финансиска потреба. Почнуваме да работиме и го забораваме комплетно моментот со студиите.

    Можеби за програмирање не се гледа дипломата, и се цени знаењето односно искуството (како што и треба да биде), но верувај дека во останати 90% позиции, клучен фактор околу плата ќе ти биде тој лист.
     
    На Zippo и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,543
    25,654
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @coNNectMKD Се сложувам, ние се фокусираме на факултет и на ИТ, но не можеш да бидеш доктор и да правиш операции ако немаш високо образование. Во ИТ светот се е поинаку и не важат правилата што важат во другите сфери од животот.
     
    На -={K-O-R-U-N}=- и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  9. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,171
    639
    12 Април 2017
    Машко
    Па доста битно е. Ако треба да имаш што повеќе образование, оти не завршиш 4 факултети?

    Врска нема муабетот твој. Ок е факултет да имаш, али како што кажа ти самиот, има и многу друи видови на образование.
     
  10. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,781
    1,905
    8 Мај 2007
    Машко
    Ако треба да одберам кадар со исти познавања, ама едниот има факултет а другиот нема, погодете кој ќе ја добие работата?
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,613
    1,708
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Тој што ќе помине подобро на интервјуто?
     
    Gumirano, StefAngel, pipelin и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    675
    143
    10 Мај 2007
    Тој без факултет зашто ќе можеш да му дадеш помалку пари за иста работа?

    QFT
     
    bxxxn, GGTT1 и на Zippo им се допаѓа ова.
  13. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,171
    639
    12 Април 2017
    Машко
    Оној што подобро работи?
     
  14. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    720
    1,051
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Мешате работи, кај некои работни понуди Високо образование ти е услов за интервју и понатамошна работа. тука нема ни споредба кој од кого е подобар
     
    На Маша и JasSum им се допаѓа ова.
  15. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,171
    639
    12 Април 2017
    Машко
    Темава е за програмирање и ИТ. За во банка или во државна институција е друго.
     
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Е како кога во Асеко бараат факултет
     
  17. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,613
    1,708
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Приложи им убаво CV, седнете на разговор, нема да бараат факултет.
     
    На Futurelakimens му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ficiani

    Ficiani
    On your way to fame

    493
    941
    1 Јуни 2012
    Машко
    Front-End Web Developer
    Темиве ги читам одамна, и гледам како се мешаат работи на велико, од главна причина што луѓето кои бараат совети за факултет се ~18 години, а тие што даваат совети се едно деценија постари, оформени луѓе, така да ќе пробам објективно да сумаризирам што сакам да кажам и да им помогнам на тие што се збунети околу факултетиве.

    1) ФАКУЛТЕТ =/= ОБРАЗОВАНИЕ. Колку сакаш споредувај ги, овие две се скроз различни и џабе се дискутираат у иста тема. Може е подобро да се класифицираат како формално (факултет) и неформално образование (образование акумулирано благодарение на твои дејствија).
    2) Е сеа, формалното образование кај нас што се нуди со све пропратно, е смешно. Почнувајки од административни глупости до скроз outdated програми, и од неквалитетен кадар па се до катастрофални услови, you name it, we have it
    3) Знаејќи го ова, многу е наивно и неодговорно ти да мислиш дека ваква устанува, во ваква држава, во 2020та година (особено во IT индустрија(!!!), тебе ќе те спреми да се продадеш на пазарот и најбитно, да опстанеш. Забораи го ова
    ОСОБЕНО каква што е ситуацијата денес, дури и по IT факултетиве кај нас, повеќето идат колку да завршат онака, и сакаат да пројдат колку да пројдат, а не да научат.

    Мора да се спомнат и академииве, Семос, Сивус, итн. Додека цените им се малку скапи (пример, јас ни една третина од таа цена немам дадено за едукација онлајн/офлајн во којзнае колку години и поминати курсеви), академииве се супер бидејќи имаш потенцијални ментори и шириш познанства и конекции со луѓе од твоја бранша, што понатака ке ти се покаже ко витално при вработување итн. Според мене академииве се луксуз што ако можеш да си го дозволиш е океј, ама има и по скромни/ефтини начини да се стекнеш со истото знаење (секако онлајн).

    Така да, треба малку да се man-up-неш, и што побрзо да си ги расчистиш триве работи:
    1) што ти сакаш да бидеш во блиска иднина, 2) низ што дејност планираш да заработуваш и 3) на какво работно место се пронаоѓаш

    Некој ќе рече, "абе на 18 години не знае газот да си го избрише, а не па што да работи".
    Не, не е така, пошто тоа што ти ке одлучиш да го учиш и усовршуваш у наредни неколку години, најверојатно таа и ќе ти биде струката/кариерата до крај на живот.

    Барем во ИТ индустријава имаш милион потенцијални бранши од девелопмент (веб(оргомна брашна), мобиле, гејм дев, софтвер дев), до дизајн (графички, веб, лого, ux/ui), 3D (моделирање, анимација, итн), e-commerce/online entrepreneurship, digital marketing (email, affiliate, social media, SEO, content/growth), бази/python/AI.... имаш милион ствари да разгледуеш

    Е сеа, ако сакаш да пројдеш поефтино, и бидејки најверојатно дома ќе те напраат луд ако им кажеш дека се двоумиш за факултет, коа ќе одлучиш, запиши се на таа струка која е најблиску до тоа што сакаш да го работиш, ама под услов паралелно со факултетот....

    - да си се надоградуваш со туторијалчиња, било од јутуб, јудеми
    - гледај кои книги се нови и многу добри во областа и пробај најди им пдф-ови или користи некои апликации ко Blinkist
    - заследи некои пионери од областа твоја и константно читај ги и слушај ги кај и да пишуваат, нека ти бидат ко дигитални ментори
    - биди активен во online communities / разни форуми (зависи ако си дев, стек оверфлоу, дизајнер, дриббле/беханце), почни полека со портфолио
    - почни да аплицируваш на онлајн проекти и можда ке фатиш некое проектче од UpWork или слично за boost и jump start у кариерата

    Како и да е, има неколку ствари шо може да се десат ако вака тераш, а тоа е, или да си најдеш работа и почнеш да работиш дур си на факс, па или ке го откажеш ради немање време или ке го завршиш, али како и да е ке имаш доста акумулирано знаење и веќе формалното образование ќе го забаталуваш полека.

    Реално истото мислење со @Sephiroth го делам од минатата страна, џабе ке ти кажуваме, пошто на секој ке му искочи различен outcome и приказна, муабетот е само да се почне.
    Така да bottom line e, не е битно на кој факс си, туку како ќе го трошиш времето надвор од факс. А факсот и/или академијата ќе ти помогнат во работни навики, познанства, ментори, итн, али ултимативно зависи од тебе :)
     
    На Gumirano, Fatal1ty_, pecko95 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  19. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Ипак бараат факултет.
     
  20. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    351
    240
    24 oктомври 2010
    Машко
    Покрај тоа што од ИТ може убаво да се живее, и не мора да се заврши факултет за да се заработува добро, сепак би препорачал ДА СЕ ОДИ на факултет, од неколку аспекти. Ќе зборувам од лично искуство.

    На факултет запознав многу пријатели, со кои и ден денес се дружам, а и студентските денови се можеби и најубавиот период во животот.

    Иако работам во ИТ индустрија односно програмирање, магистрирав на сосема трет факултет што нема допирна точка со ИТ, меѓутоа сеуште мислам дека тоа ми е некоја карта "џокер" што ако треба ќе го искористам некогаш.

    Иако мислите дека македонките факултети немаат доволно квалитет, јас ќе ви кажам дека се доста почитувани на запад, и дипломите се признаени (барем за повеќето технички).

    За вработување во фирми во МК секако дека факултетот не е битен, освен во државна администрација за +100 еур на плата..

    Како и да е, сепак не мислам дека тие 4/5/6 години поминати на факултет дека се залудно потрошени, ИТ може да се работи и за време на факултет и викенди, ако ништо друго барем за лична сатисфакција, а и на фамилијата :)
     
    На JasSum и Ficiani им се допаѓа ова.
  21. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Близок другар се вработи кај нив како јуниор, со недовршен правен факс....
     
  22. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,889
    1,458
    10 Август 2010
    Машко
    Си запнал со нив :)
    Чисто информативно, репер се за тоа дека мораш да имаш факултет? Чим они бараат, значи мора да имаш?
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  23. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,613
    1,708
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Верувај, не е баш така како што изгледа.
    Ја би рекол, повеќе е како „сито“ за да не се пријави се и сешто. Еве некој како тебе (пример) ќе прочита бараат факултет и нема да им прати CV.

    Ти можеш да пратиш CV и на фирма што воопшто нема оглас за вработување, па да се вработиш без проблем (и без факултет :) ).
     
    На Ficiani му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    804
    712
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Не него и полесно се вади работна дозвола со факултет за во странство.

    Крајно глупаво и потценувачки е да се обесхрабри некој да студира. Порано морале луѓето да одат 1000 км надвор од нашиот регион за да студираат. Сега кога се ни е на дофат, демек не мора, има пари и без факултет.

    Нивото на образование во Македонија не го споредувајте со важноста на факултетот. Мошне често е важно да се знаат работите зошто функционираат на некој начин. Може многу да се научи на факултет, ако се сака.
     
  25. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,889
    1,458
    10 Август 2010
    Машко
    Jaс сум еден од тие, кои заминаа 1000км (3000км да бидам поточен) за да студираат. Студирав 4 години во факултет коj влегува во топ 10 ИТ факултети во државата и дел од професорите беа вработени на високи позиции во компании како Intel, Yandex, Microsoft. Да имав мноогу подобри студии од школските, кои студираа на ФИНКИ, но....

    Ако ги гледам овие четири години од аспект на стекнато знаење на факултет - залудно потрошено време, бидеjќи не добив ништо, за да се вработам благодарение на оваа диплома. Кога отварав огласи, сфаќав дека барањата ги исполнував на некои си 20-30% за jуниор! Учев многу, сите испитни ми беа положени без паднат испит и со високи оценки.

    Да потрошиш 4 години и да не исполнуваш услови за jуниор е insanity.

    IT сферата се развива толку динамично, што факултетите не успеваат да ги адаптираат студиите. 80% од факултетите ги игнорираат потребите на пазарот и затоа тука повеќето се против факултет.

    Не е глупаво. Глупаво е да се обесхрабрува да учи нешто, што реално ќе му биде потребно во животот. ИТ факултет моментално е залудно потрошено време, но не можам да го кажам истото и за медицински и други факултети.
     
    На Futurelakimens, Ребро, Gumirano и уште 8 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...