Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Еден портал не можат да направат бе! Алоо! Тошковски... :LOL:
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.692
12.532
Skopje
www.wemaxa.com
Iran enters the chat
Иран: „Држи ми го пивово“. :)

Нема гајле, ќе тротаме како мали гејови.

1773242702332-png.159471
1773242774585.png
 
Атачменти

  • 1773242702332.png
    1773242702332.png
    1,1 MB · Прегледи: 295
18 август 2019
1.210
1.176

NanoCell

hello world
10 октомври 2011
416
512
Факт е дека политиката наместо да биде водена од соодветни луѓе (без разлика од која партија доаѓаат), се води од подпросечни и неспособни луѓе, кои имаат сфатено дека е полесно да се напикаш на функција и да си го чекаш редот да собираш кајмакот отколку да создадеш кариера со сопствените способности (без разлика на областа во која треба да бидеш стручен).
Лично имам видено деца од подмладокот на многу партии кои ги знам лично и не би им доверил нешто просто како тоа да упалат светло или да заклучат врата, а камоли да ги ставам во позиција каде што носат одлуки. Нажалост, ќе си го изработат својот дел во матичните партии, па ќе бидат наградени со државна работа и уште 10ина комисии од каде ќе цицаат пари.
Поранешен заменик директор во ЈСП беше дечко кој се јавуваше кај мене за ургенции на факултет за да помине предмети, колку кадарен може да биде ? Јас и професорот го одбивме, ама уверен сум дека нашол алтернативен начин да помине.
Поради тоа нема да имаме соодветен јавен сообраќај, па барем малку од малку со системов да исфорсираме возачка култура. Згаснаа сите разговори за трамвај/тролејбус итн, иако гледано во регионот, таквите системи се направени во тој период пред 50ина години и донекаде одржувани во поранешните YU држави, ама и таму се распаѓа полека (пред неколку дена излета трамвај од шини во Сараево). Така да имам нецелосна доверба дури и да се влоши во подобрување на јавниот превоз, дека тоа не би било функционално долгорочно.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.463
SK

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Не баш. Јавниот превоз е клучен. Сто илјади пати е посигурен од возењето на мопед плус е сепак и поевтин. И може да се користи преку цела година. Непспоредливо.

(сум имал мопед многу одамна и издржав една сезона и го продадов. глава во торба... те гледа а не те виѓава и ти сече пат. два пати убаво се издраскав и чаос.)

Edit: И Gemini знае:

Споредба на смртност по 100 милиони километри​

Вид на транспортСмртни случаи на 100М кмРелативен ризик во однос на автобус
Мотоцикли~19 (на 100М км)~6.000× поголем
Автомобили~0.68 (на 100М км)~200× поголем
Велосипеди~0.05–0.15 (на 100М км)~10–30× поголем
Автобуси~0.005 (на 100М км)Основна вредност (најбезбедно)
Се сложувам со ова, дека јавниот превоз е клучен, велосипедот треба да е секундарен, па автомобилски превоз терцијарен.
Година дена веќе живеам во Виена и опседнат сум со опсервации и анализи што е тука различно одкај нас. На темава ова се моите заклучоци:

1. Моторцикли речиси никој тука не вози, освен доставувачите на храна, Wolt и Foodora кои возат електрични и дозволено им е да ги возат на велосипедски патеки, исто како електричните скутери. Оние моторцикли кои се по улициве се главно Endurance и спортски, скутери се речиси непостоечки, едноставно ги нема. Моторциклите се третираат како моторни возила, имаат еднаква предност во сообраќајот.

2. Автомобилите имаат последни предност. Прв е јавниот транспорт (трамвај, не и автобус тие се како останати возила), па велосипедите.

3. Велосипедите се втори зад јавниот транспорт. Имам дискутирано со тукашниве за велосипедите и ми имаат кажано дека велосипеди ретко кој возел нив Виена додека не почнале да прават велосипедски патеки и пред да ги подигнат со предност пред моторните возила. На пример, во тесна улица не смееш ни да го претекнеш велосипедот доколку не оставиш најмалку 1.5 метра растојание помеѓу колата и велосипедот. Камерите го фаќаат ова, полицијата го гледа, многу луѓе се казнети зошто претекнале велосипед а оставиле само еден метар растојание. Велосипед не смее да вози на тротоар, а не смее ни на улица ако до улицата има велосипедска патека. Казната е 80 евра ако не се почитува ова, втората казна е 160 евра, третата е 240 евра а секоја наредна е 400 евра.

4. Јавен транспорт има највисок приоритет и прв е од аспект на предност на минување и воопшто важност за градот. Статистиката е дека 2 милиони патници дневно во просек се движат со јавен транспорт во Виена, па согласно со тоа и вниманието што го добива е приоритет. За секоја линија на движење мора да има редундантност, најмалку еден резервен метод. На пример насока Север-Југ има Трамвај, Метро, Шнелбан. Автобуси има само во предградијата а не крај-до-крај на град како кај нас.

Во Скопје на пример јавниот превоз не е пипнат со децении, ништо не е променето ни подобрено. Наспроти тоа, се испоградија булевари, кружни текови, се проширија ленти, се воведоа еднонасочни улици (демек побрзо движење а уствари се претворија лентите во паркинзи) и ПАК автомобилскиот превоз е во хаос, пак еден куп сообраќајки, пак луѓе губат животи секојдневно и пак сите се незадоволни. Во Виена не сум видел НИТУ ЕДНА сообраќајка, никој не зборува за цени на горива, ретко кој поседува кола а сите користат јавен транспорт, веројатно најдобриот во цела Европа/свет. Назад во Македонија, луѓето се фрустрираат околу сообраќајот затоа што немаат друга опција, немаат друг излез, мораат да користат кола. Затоа сите имаат по 2 коли или повеќе, за секој член од семејството.

Замисли денес во Скопје да има:
  • Метро од Автокоманда до Сарај/Матка, од Нерези до Бутел, од Кисела Вода до Визбегово, од Аеродром до Автокоманда, од Аеродром Александар Македонски до Транспортен центар. Па направи на првите станици големи паркинзи за да можат Велешани, Тетовчани да паркираат под сенка, да си ги полнат батериите на колите од сончеви колектори, направи тука Веро-центар, Супер Кит-го, Бургер кинг, напрви 50 денари плаќање со OCR директно од припејд акаунт да се плаќа.
  • Трамвај по Јане Сандански, 8ми Септември, Бандитенштрасе, Јаја Паша, Борис Трајковски, Александар Македонски, цела лента само за нив, да им треба две минути од станица до станица...
И годишна карта да кошта 100 евра, колку два резервоари гориво, па пушти бесплатно за деца и старци, па стави годишна карта како бенефит од страна на секој работодавец. И тука се вработат возачи, чистачи, механичари, диспечери, планери. Која будала ќе оди после на работа со кола? Која будала после ќе се буни дали требало да има 2км/ч или 10км/ч толеранција на Сејф сити? И после нека каже некој дека требало 200 денари да коштал литар гориво или било кој начин да се реши градскиот сообраќај или пак дека било што друго е клучно. Зошто при очи да се правиме слепци да измислуваме топла вода кога другите тоа го решиле пред децении и го донеле до перфекција? Зошто сме најмутава нација на планетава?
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
@Astro Пешаците не ги спомна? Кога бевме во Виена како пешак неколку пати имав чувство дека ќе ме изгазат велосипедистите ако им стапнам на нивната лента, а имаше места каде се испреплетуваа патеките :) Може така се погодило.
Исто беше интересно што сабота и недела во делови од центарот паркирањето кола е бесплатно на улица каде е обележан паркинг секако. Подземниот паркинг е скап, ама спасува ако си со кола и не сакаш да пешачиш со километри.
Требаше да му дадам шанса на метрото, ама јас пак научен по македонски секаде со кола.
 
Каде што се сечат пешачките со велосипедските патеки пешакот има секогаш предност. А преднос пешакот има и на велосипетските патеки за разлика од Холандија каде за инает ќе те изгази, овде не смее, може само да те опцуе.
И да, паркингот секаде низ Виена е бесплатен од Петок 22:00 до Понеделник 08:00 и сепак градот е повторно празен зошто и покрај тоа ретко кој навлегува во град со кола. Паркинг со кола во делник, најдобро е да се паркира на почетокот на метро станиците каде кошта 4.1 евро на ден освен од 1 Ноеври до 1 Март кога чини 4,7 евра на ден по зимска тарифа, се вика P+R (Park + Ride). И тука се паркираш, имаш метро станица на 30 секунди одење, отвориш Google maps, пишеш дестинација каде сакаш да одиш и тој ќе ти објасни каде, со која линија во колку саат. Од крај до крај на Виена стигнуваш за 40 минути од прва до последна станица. Истиот темплејт е и во Прага, во Варшава, Москва, Берлин, Брисел, Копенхаген, секаде буквално во секој главен град на развиена европа. Си згрешил што не си го пробал метрото, фантастично е.
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
@Astro Пешаците не ги спомна? Кога бевме во Виена како пешак неколку пати имав чувство дека ќе ме изгазат велосипедистите ако им стапнам на нивната лента, а имаше места каде се испреплетуваа патеките :) Може така се погодило.
И Копенхаген исто, пешачев благо во велосипедската патека и Данецот ме тргна како да е послана со лава.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.699
Се сложувам со ова, дека јавниот превоз е клучен, велосипедот треба да е секундарен, па автомобилски превоз терцијарен.
Година дена веќе живеам во Виена и опседнат сум со опсервации и анализи што е тука различно одкај нас. На темава ова се моите заклучоци:

1. Моторцикли речиси никој тука не вози, освен доставувачите на храна, Wolt и Foodora кои возат електрични и дозволено им е да ги возат на велосипедски патеки, исто како електричните скутери. Оние моторцикли кои се по улициве се главно Endurance и спортски, скутери се речиси непостоечки, едноставно ги нема. Моторциклите се третираат како моторни возила, имаат еднаква предност во сообраќајот.

2. Автомобилите имаат последни предност. Прв е јавниот транспорт (трамвај, не и автобус тие се како останати возила), па велосипедите.

3. Велосипедите се втори зад јавниот транспорт. Имам дискутирано со тукашниве за велосипедите и ми имаат кажано дека велосипеди ретко кој возел нив Виена додека не почнале да прават велосипедски патеки и пред да ги подигнат со предност пред моторните возила. На пример, во тесна улица не смееш ни да го претекнеш велосипедот доколку не оставиш најмалку 1.5 метра растојание помеѓу колата и велосипедот. Камерите го фаќаат ова, полицијата го гледа, многу луѓе се казнети зошто претекнале велосипед а оставиле само еден метар растојание. Велосипед не смее да вози на тротоар, а не смее ни на улица ако до улицата има велосипедска патека. Казната е 80 евра ако не се почитува ова, втората казна е 160 евра, третата е 240 евра а секоја наредна е 400 евра.

4. Јавен транспорт има највисок приоритет и прв е од аспект на предност на минување и воопшто важност за градот. Статистиката е дека 2 милиони патници дневно во просек се движат со јавен транспорт во Виена, па согласно со тоа и вниманието што го добива е приоритет. За секоја линија на движење мора да има редундантност, најмалку еден резервен метод. На пример насока Север-Југ има Трамвај, Метро, Шнелбан. Автобуси има само во предградијата а не крај-до-крај на град како кај нас.

Во Скопје на пример јавниот превоз не е пипнат со децении, ништо не е променето ни подобрено. Наспроти тоа, се испоградија булевари, кружни текови, се проширија ленти, се воведоа еднонасочни улици (демек побрзо движење а уствари се претворија лентите во паркинзи) и ПАК автомобилскиот превоз е во хаос, пак еден куп сообраќајки, пак луѓе губат животи секојдневно и пак сите се незадоволни. Во Виена не сум видел НИТУ ЕДНА сообраќајка, никој не зборува за цени на горива, ретко кој поседува кола а сите користат јавен транспорт, веројатно најдобриот во цела Европа/свет. Назад во Македонија, луѓето се фрустрираат околу сообраќајот затоа што немаат друга опција, немаат друг излез, мораат да користат кола. Затоа сите имаат по 2 коли или повеќе, за секој член од семејството.

Замисли денес во Скопје да има:
  • Метро од Автокоманда до Сарај/Матка, од Нерези до Бутел, од Кисела Вода до Визбегово, од Аеродром до Автокоманда, од Аеродром Александар Македонски до Транспортен центар. Па направи на првите станици големи паркинзи за да можат Велешани, Тетовчани да паркираат под сенка, да си ги полнат батериите на колите од сончеви колектори, направи тука Веро-центар, Супер Кит-го, Бургер кинг, напрви 50 денари плаќање со OCR директно од припејд акаунт да се плаќа.
  • Трамвај по Јане Сандански, 8ми Септември, Бандитенштрасе, Јаја Паша, Борис Трајковски, Александар Македонски, цела лента само за нив, да им треба две минути од станица до станица...
И годишна карта да кошта 100 евра, колку два резервоари гориво, па пушти бесплатно за деца и старци, па стави годишна карта како бенефит од страна на секој работодавец. И тука се вработат возачи, чистачи, механичари, диспечери, планери. Која будала ќе оди после на работа со кола? Која будала после ќе се буни дали требало да има 2км/ч или 10км/ч толеранција на Сејф сити? И после нека каже некој дека требало 200 денари да коштал литар гориво или било кој начин да се реши градскиот сообраќај или пак дека било што друго е клучно. Зошто при очи да се правиме слепци да измислуваме топла вода кога другите тоа го решиле пред децении и го донеле до перфекција? Зошто сме најмутава нација на планетава?
Амин. И не сме ама има интерни активности што ни го отежнуваат развојот. т.е. пета колона плус и екстерно соседски...

Во Виена беше годишната карта 350 евра, кафе 5 евра, значи 70 кафиња. Може и 3.500 годишната да биде тука и работодавачите по дифолт да им даваат годишни и на директорите...

(Денес пристојно низ град за со бицикл. Само еден со жена му на мопед ќе ме утепаше зашто кај Симпо направи финта за да не чека семафор, и еден џилит нов Мерцедес што реши за инает да се мушне во бензинската кај Букурешт без да пропушта на пешачки)
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
И треба. Шо мајка бараш да пешачиш на велосипедска?
Е за овде зборам, двајца не може. Добро, за волја на вистината од карши има само за пешаци ама пак не мора да леташ со точакот...
 
Атачменти

  • Screenshot_20260312_172848_Maps.jpg
    Screenshot_20260312_172848_Maps.jpg
    751 KB · Прегледи: 36
  • Screenshot_20260312_172917_Maps.jpg
    Screenshot_20260312_172917_Maps.jpg
    707,3 KB · Прегледи: 39

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.345
Е за овде зборам, двајца не може. Добро, за волја на вистината од карши има само за пешаци ама пак не мора да леташ со точакот...
Како мислиш двајца? 2 пешаци не можат на пешачкава или 2 велосипеди паралелно не можат?
Иначе за човек кој редовно вози велосипед посебно во летните месеци, исклучиво се движам по велосипедска и особено ме нервираат пешаци што се движат по "црвеното" ( изгледа мислат дека побрзо се движат по неа) иако има бар 4 пати поголема пешачка патека.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Како мислиш двајца? 2 пешаци не можат на пешачкава или 2 велосипеди паралелно не можат?
Иначе за човек кој редовно вози велосипед посебно во летните месеци, исклучиво се движам по велосипедска и особено ме нервираат пешаци што се движат по "црвеното" ( изгледа мислат дека побрзо се движат по неа) иако има бар 4 пати поголема пешачка патека.
За луѓе. Иначе има секакви. И во Аеродром повеќе се вози на таа за пешаци отколку велосипедската патека на булеварот. А има често и пешаци на велосипедската.
Во недела редовно на трета македонска бригада имаш со кациги и бициклистички на булеварот, а има огромна патека од страна.
 
TheMarshal

user
3 јануари 2019
1.759
2.770
трета македонска бригада имаш со кациги и бициклистички на булеварот, а има огромна патека од страна.

Возење точак по бекатон, наводно не е добро за машкото здравје. Не си ги читал поплаките од хардкор точакџиите. :D
 
28 јануари 2017
2.050
4.706
Ресен
И треба. Шо мајка бараш да пешачиш на велосипедска?
Мислиш знаев? Прв пат видов “паркинг“ и семафор за точаци.

20150524_175513.jpg

Не е шега. Ако велосиедот нема добра амортизација, страда простатата.
Ебаго
 
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.345
Мислиш знаев? Прв пат видов “паркинг“ и семафор за точаци.

Погледнете го атачментот 159518

Ебаго
Слично и јас. 2014 прв пат Холандија, лабаво си шетам по велосипедска, кога тројца со велосипеди ај што ќе ме згазеа него застанаа да се расправаат и да се караат. Ние балканци, его до плафон ќе се тепаме маме ќе им ебеме.. другиот ден изнајмивме велосипеди и кога увидовме како е организиран и како функционира велосипедскиот сообраќај ни беше се јасно..
Од тогаш навака редовно користам велосипед како секундарно превозно средство посебно во летните месеци и искчучиво по велосипедска каде има.
 
15 септември 2012
1.157
1.299
Зошто при очи да се правиме слепци да измислуваме топла вода кога другите тоа го решиле пред децении и го донеле до перфекција? Зошто сме најмутава нација на планетава?
1. Авантата е голема.
2. Авантата е огромна ако има одржување оти на нова зграда во првите десет години имаш еднаш молерај (и една аванта), а при одржување молерај ќе правиш два пати годишно (и два пати аванта).
3. Арпаџиците што ги ставаат на раководни функции знаат само да лепат плакати и евентуално да ракоплескаат ако ги однесат некаде да пополнат публика. И да потпишат за шефот да ја земе авантата.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно