Наједноставна варијанта ти е без картица туку директ преку Wise да си праќаш на наша сметка во банка. А ако сепак сакаш картица поради одредени причини тогаш имаше искуства околу тоа во темата за Wise.Луѓе здраво живо. Првпат пишувам тука на форумот па се надевам ќе си помогнеме.
Користам Пајонир веќе со години, секакви проблеми сум имал со нив, буквално до снемување на пари од сметка. Денеска гледајќи дека пљачкаат невидено со провизии, се размислувам на друга варијанта како Wise.
Исто така знам луѓе што имаат ЕУР картица од Payoneer и вадат на банкомати во грчка со 1% провизија на цела сума што тоа ми изгледа супер.
Али еве јас имам УСД картица па и да вадам од таму ке имам конверзија пак, затоа нарачав во ЕУР.
Вадејќи со години на комерцијална банкомат, некаде около 4.2% до 4.8% се движи провизија, што стварно е голема сума, покрај тоа што upwork си наплаќа 10% и плус данок ако се плати тука, ке излезе живеам на запад.
Имам и пајпал картица но не се исплати да се користи на банкомат. Затоа тражам друго решение што може да се спроведе што ке функционира.
Гледам пуно души користат Wise, па ми треба помош како може да дојде до момент да ми пристигне картица во Македонија?
Дали треба да се регистрирам дека сум во земја што може да се користи Wise (да се добие картица), да ми ја донесат од странство или па некое друго решение ?
Покрај сите пречки што можат да настанат како на пример верфикација на престојување, документација и додатно инфо што ке го побараат. Како може да се спроведе сето ова?
Ви благодарам
Од Wise директно на наша девизна тука, дали ќе подлежи на данок од УЈП?Наједноставна варијанта ти е без картица туку директ преку Wise да си праќаш на наша сметка во банка. А ако сепак сакаш картица поради одредени причини тогаш имаше искуства околу тоа во темата за Wise.
По закон, секој приход си подлежи на данок, фамилија или не, мора да се оданочат парите што ќе влезат во системот. Е сеа јас лично на времето без да знам дека треба да се пријави имам повлекувано неколку пати по 8-9 илјади на сметка и никој ништо не ми кажа, ама ако влечеш поголеми суми и ако тоа го правиш редовно многу веројатно е дека УЈП ќе приметат.Од Wise директно на наша девизна тука, дали ќе подлежи на данок од УЈП?
Или на некој од фамилија ако префрлиш?
Јас би рекол не многу веројатно, него со 100% сигурност ќе приметат, па дури и една уплата да имаш, бидејќи они веќе ги добиваат сите податоци од банките, и еве вака како сега што прават, ќе се вратат назад 5 години да ги споредат пријавените суми и оние кои се легнати на сметка.По закон, секој приход си подлежи на данок, фамилија или не, мора да се оданочат парите што ќе влезат во системот. Е сеа јас лично на времето без да знам дека треба да се пријави имам повлекувано неколку пати по 8-9 илјади на сметка и никој ништо не ми кажа, ама ако влечеш поголеми суми и ако тоа го правиш редовно многу веројатно е дека УЈП ќе приметат.
Мислам дека 5 години уназад е максимум, друго застарува, нека ме поправи некој ако грешам.Јас би рекол не многу веројатно, него со 100% сигурност ќе приметат, па дури и една уплата да имаш, бидејќи они веќе ги добиваат сите податоци од банките, и еве вака како сега што прават, ќе се вратат назад 5 години да ги споредат пријавените суми и оние кои се легнати на сметка.
Исто така, иако не сме сеуште во ЕУ (ако некогаш воопшто бидеме), ама со оглед на тоа што ги имплементираат сите закони од ЕУ еден по еден, има и закон/акт со кој сите земји споделуваат податоци за сметки на нерезиденти со државата каде субјектот е резидент, така да сите тие финти со сметки во Бугарија, Србија еден ден можат да паднат во вода и да си побараат да си платат со години уназад.
А како би функционирало во случај ако си пратам пари од моја европска странска сметка (заработени, со платен данок таму) на моја локална МК сметка тука?По закон, секој приход си подлежи на данок, фамилија или не, мора да се оданочат парите што ќе влезат во системот. Е сеа јас лично на времето без да знам дека треба да се пријави имам повлекувано неколку пати по 8-9 илјади на сметка и никој ништо не ми кажа, ама ако влечеш поголеми суми и ако тоа го правиш редовно многу веројатно е дека УЈП ќе приметат.
Ако Македонија има склучено договор за избегнување на двојно одначување нема да платиш.А како би функционирало во случај ако си пратам пари од моја европска странска сметка (заработени, со платен данок таму) на моја локална МК сметка тука?
Од аспект на данок, дали двојно би бил оданочен и тука?
Ќе треба да приложиш доказ дека парите се одданочени таму и дека имаме потпишано договор за одбегнување на двојно одданочување со таа држава, во спротивно пак ќе платиш данок.А како би функционирало во случај ако си пратам пари од моја европска странска сметка (заработени, со платен данок таму) на моја локална МК сметка тука?
Од аспект на данок, дали двојно би бил оданочен и тука?
Не знам за каков закон мислиш, законот за персонален данок е дека сите добиени пари по основ заработка за дадена услуга, се предмет на оданочување. Тоа значи дека се што ќе заработиш, треба да само пријавиш. Дали ќе откријат ако не пријавиш или не, никој не може да ти каже.Има ли воопшто некој закон и дали е ризично да се користи само пајонир картица за подигање на пари на банкомат и пазарење, без тоа да легнуваат на девизна сметка. Значи користење странска картица цело време. Исто така варијанта би била секој месец да се вади во Грција директно на банкомат.
Дали е ризично тоа во врска со УЈП?
Пример прочитав дека може УЈП да повлече информации од Пајонир банката што доброволно ке ги споделат сите информации, и тука може да се види цела историја. Па после сите даноци да морат да се исплатат, недај боже да дојде до 70% и ред други работи.
А иначе wise сакав да извадам картица за на исти принцип да работам. Да си подигам пари директно од банкомат. Бидејќи ако рачунам вкупната такса и данок што треба да се плати е ептен голема
Зборам за тоа како можат да ме оданочат кога парите не ми легнуваат на девизна сметка туку директно ги користам од пајонир?Не знам за каков закон мислиш, законот за персонален данок е дека сите добиени пари по основ заработка за дадена услуга, се предмет на оданочување. Тоа значи дека се што ќе заработиш, треба да само пријавиш. Дали ќе откријат ако не пријавиш или не, никој не може да ти каже.
Закон за слободно користење на припејд картичка од Пејонир нема, не те иззема тоа, исто како што мајсториве иако ги плаќаат во ќеш според закон треба да си пријават приход и да си платат данок, бидејќи е законска обврска. Дали тоа некој го прави, не, бидејќи ќешот не можат да го следат, дали фриленс можеш да работиш без да пријавиш, да, ама ако им текне како сега што чешлаат девизни сметки може да повлечат податоци и од Пејонир, Вајз, Бугарски сметки, Српски сметки.
Вкупниот данок е 10%, Пејонир ти зима 4% провизија за повлекување пари на банкомат, а девизен прилив во СЕПА е далеку поевтин.
Ако си константно под 5000 евра месечно никој нема да побара податоци за тебе ако ја користиш картицата на Пајонир.Зборам за тоа како можат да ме оданочат кога парите не ми легнуваат на девизна сметка туку директно ги користам од пајонир?
Значи никаков прелив немам на локална сметка, туку си стојат на виртуелна сметка на пајонир. Дали со тоа ако користам картичка за пазарење/вадење пари од банкомат можат да дознаат?
Едино тоа што пајонир ми е поврзана со локална банка.
Значи вака, по 100-ти пат ова е зборено на форумов. Од правен аспект, нема никаква врска дали ти имаш приход на девизна или на Пејонир, Скрил, Вајз, се е тоа приход. Исто така нема никаква врска дали ти е поврзан со локална банка, единствената врска во целата оваа приказна е дека примаш пари, тие пари треба да се даночат по закон.Зборам за тоа како можат да ме оданочат кога парите не ми легнуваат на девизна сметка туку директно ги користам од пајонир?
Значи никаков прелив немам на локална сметка, туку си стојат на виртуелна сметка на пајонир. Дали со тоа ако користам картичка за пазарење/вадење пари од банкомат можат да дознаат?
Едино тоа што пајонир ми е поврзана со локална банка.
Кој закон го пропишува ова? Ќе ве замолам кога одговарате на вакви прашања, да давате информации кои се правно точни, односно не како Вас ви одговара, туку како е пропишано со закон, за да не доведете некого во заблуда.Ако си константно под 5000 евра месечно никој нема да побара податоци за тебе ако ја користиш картицата на Пајонир.
Закон кој им упаѓа во очи на банките и мораат да го пријават.Значи вака, по 100-ти пат ова е зборено на форумов. Од правен аспект, нема никаква врска дали ти имаш приход на девизна или на Пејонир, Скрил, Вајз, се е тоа приход. Исто така нема никаква врска дали ти е поврзан со локална банка, единствената врска во целата оваа приказна е дека примаш пари, тие пари треба да се даночат по закон.
Дали некогаш ќе имаат увид во тие примања или не, ниту јас ниту ти можеме да знаеме. Во условите на користење на сметката ти стои ставка дека при какво била судска постапка против тебе, ако биде побарано од нив да достават податоци, они се законски должни да постапат спрема барањето и се да испорачаат.
Другото како ти ќе си го толкуваш и дали ќе постапуваш како што треба или како што тебе ти одговара, тоа е твое.
Мислењето е автоматски споено:
Кој закон го пропишува ова? Ќе ве замолам кога одговарате на вакви прашања, да давате информации кои се правно точни, односно не како Вас ви одговара, туку како е пропишано со закон, за да не доведете некого во заблуда.
За 100 евра на сметка може да побараат податоци, и тоа нема да те таргетира тебе, туку сите резиденти на државата како што сега сите ги таргетира што добивале на девизна сметка, и како што некој пиша дека се размислувало да се побараат податоците од соседните држави.
Терајте како сте замислиле, јас кажувам како е пропишано, на кој не му одговара може еве вака сам да си креира закони и да се води според нив.Закон кој им упаѓа во очи на банките и мораат да го пријават.![]()
Над 15 години вака терам.Терајте како сте замислиле, јас кажувам како е пропишано, на кој не му одговара може еве вака сам да си креира закони и да се води според нив.
Терајте, никој не ве запира, само назначете дека советот што го давате нема врска со законската рамка и секој си оди на свој ризик, мислам дека по фер е така него на некого да му кажеш немаш гајле не те фаќа под 5к евра месечно.Над 15 години вака терам.![]()
Суд во УСА/ЕУ, а не МКД суд..Во условите на користење на сметката ти стои ставка дека при какво била судска постапка против тебе, ако биде побарано од нив да достават податоци, они се законски должни да постапат спрема барањето и се да испорачаат.
Камата од пред 5 години накалемена до денешен ден...0,01% дневноНекој линк од судски пресуди заради неплатен фриленсинг данок?
Линк плиз...
Камата од пред 5 години накалемена до денешен ден...0,01% дневно
Беше 0.01 , еве сега ја кренале....Линк плиз
Беше 0.01 , еве сега ја кренале....
NB STAND MANHATTAN 10"-15" foldable 5 levels, 462129
1.290,00 ден
SSD M.2 512GB KIOXIA EG6 (2230) NVMe Gen4 KEG60ZNS512G
7.050,00 ден
LED ROAD SIGNAL LIGHT RED EXTRALINK
730,00 ден
PHONE CAR HOLDER XTROBB 20384
420,00 ден
PAINTING ART SET FOR CHILDREN EXTRALINK (88 pieces) PINK UNICORN
1.430,00 ден
RAM SO DIMM DDR5 16GB 5600Mhz CL40 HYNIX HMCG78AGBSA092N
15.480,00 ден