Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Payoneer картичка

blagoji

read-only
2 јули 2021
1
0
Здраво. Нов сум овде. Прочитав скоро се во темата, но не можев да најдам некое искуство со Sparkasse (најверојатно има, сигурно сум го пропуштил). Не ми ја одобрија Payoneer картичката и затоа ги влечам парите од Payoneer преку Withdraw to local bank. Бев денес во Sparkasse и ми рекоа тие што имале Payoneer имаат и картичка и така ги користеле парите. Ми рекоа дека е можно да не ми го одобрат приливот на пари од Sparkasse. Во понеделник повторно ќе проверам, но ако ги нема парите како треба да постапам?
 
tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
Здраво дечки, имам пајонир акаунт постар не го користев, деноввие ми префлија некои пари но неможам никако да ги извадам или префлам на друго место ми бара да иам прилив од фирма за да најверојатно го отклучат акаунтот повторно.... Дали има некој искуство со ова и дали може да ми помогне да ми пушти пари од фирма на мој акаунт ке си платам за услугата... Фала
 
Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.783
33.891
roka.mk
Јави ми се синка...
Здраво дечки, имам пајонир акаунт постар не го користев, деноввие ми префлија некои пари но неможам никако да ги извадам или префлам на друго место ми бара да иам прилив од фирма за да најверојатно го отклучат акаунтот повторно.... Дали има некој искуство со ова и дали може да ми помогне да ми пушти пари од фирма на мој акаунт ке си платам за услугата... Фала
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Провизија од банка нема, плаќаш само 2% на payoneer :)

Со исклучок на прокредит за кои допрва би видел каде е цаката, би го кажал следново....

Mhmmmm.gif
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Дечки, една ВАЖНА симулација за вас бидејќи некои детали страшно ме бунат: (1) Кој е моментот кога се создава обврската за плаќање данок, и изведено од (1), (2) Рокови за плаќање на истиот, ама прочитајте ја симулацијата прво. Па замолувам дадете свое мислење со прецизни реченици, до сега во темава имаше страшно двосмислени или недоволно јасно кажани работи.

*** Повлекувате $200 од Fiverr на Payoneer после неколку месеци работа на ситни нарачки. Што ако во Мај сте имале $6 (шест долари) заработено од нарачки на Fiverr ? Зарем треба $6 да повлечете на Payoneer само за да ги има на извод за Мај во Payoneer акаунтот бидејќи "плаќате еднаш месечно во УЈП" ? А постојат сајтови кои наплаќаат неколку долари за да иницирате withdrawal и не сте луди 95% од парите да отидат на withdrawal fee. Дали со секоја cleared нарачка на Fiverr вие сте заработиле пари бидејќи практично веќе ги поседувате од тој момент, и со тоа сте креирале обврска за плаќање на данок ? Нарачка од 1ви Мај (така ќе стои на "изводот" на Fiverr) може да има време за деливери од... 50 дена. Доставувам на 19 Јуни, средствата се чистат после 17 дена, и дури да ми се исплати како тоа ќе платам данок на 6ти Јули теоретски најрано можно за нарачка креирана на 1ви Мај ? А порано не можам бидејќи non-cleared funds значи сеуште "нелегнати" пари кои не може да ги менаџирате понатаму.
Па така, дали тука на Fiverr се создава обврската за плаќање данок ? Ако Не, тогаш јас засекогаш би можел да ги чувам заработените средства таму и да ги трошам за купување сервиси или да ги повлечам после 10 години ако ми се сака. Ако Да, колку е рокот за плаќање на данокот ? Сите нарачки од последните, пример, 30 дена да бидат пријавени ? Дали понатамошните fees на payoneer кои ги плаќате за да дојдете до кешот треба да бидат одбиени од основицата за плаќање данок ? Што ако вршите outsourcing ? Заработувам $4 на Fiverr само затоа што препродавам сервис од $2 на друго место. Кај компаниите затоа постои данок на добивка, приходи - расходи = добивка, во нашиов случај фриленсерски ќе треба да платам данок на $4 а не на $2 т.е. 20% данок ?! Истото прашање за на Payoneer картичката, бидејќи спомнувате ги интересирале само приходите, зарем не е возможен одбиток на "расходите" од основицата за даночење ?

*** Заборавете на Fiverr. Клиент, физичко лице, ви праќа $50 на вашата Payoneer картичка за извршени услуги во Јули, приливот е добиен на 1ви Август. Толку малку пари не се спремни за во банка јер $15 withdrawal fee. Но дали тука на 1ви Август ви се креираше обврска за плаќање данок ? Смеете да ги оставите таму на Payoneer акаунтот, само платете си данок во рок од (валјда) 30 дена. Прво прашање - што ако сум имал трошоци за outsourcing ? Веќе споменав во претходниот параграф, дали може да се намали даночната основица за тие средства ("извод" ќе приложите на УЈП од некаде каде сте плаќале) ? Второ прашање - кога парите ќе се потсоберат доволно (да речеме $1,000) и кога ќе ги повлечам на банкарска сметка во.... Октомври, 22ри. Таа сума ќе биде помала за 2% поради withdrawal fees на Payoneer, и уште некој процент ако земе банката.... $960 на крајот да речеме. А вие сте пријавиле и платиле данок Месечно за индивидуалните суми кои ви стигале на Payoneer во Мај, Јуни, Јули, Август, Септември. Нивниот збир ($1,000) е поголем од $960 и со тоа како ќе докажете дека овие $960 кои ви стигнале на банкарска сметка се всушност истите тие $1,000 во збир за кои веќе имате платено данок ? Некој во УЈП ќе примети 1,000-ката, и ќе види дека немате никаков данок од $100 платено и.... компликации и повици за разговор во најблиската експозитура ?

Па, гукнете нешто :unsure:
 
rootismyhome

read-only
10 април 2021
33
30

Можеш да правиш како сакаш
1. да пријавиш приход дента кога ќе ти легнат на Пејонир и да ги повлечеш на твоја сметка без да треба пак да пријавуваш бидејќи веќе си пријавил и платил (пробано, никој не те бара од ујп кога ќе ги повлечеш на сметка ако веќе си пријавил кога ти легнале на Пејонир)
2. Да пријавиш кога ќе ги повлечеш на сметка, јас почнав вака да правам бидејќи некад имам 20,30$ некад 1000$ месечно, и не ми се плаќа 30 денари провизија за уплатница.
3. Воопшто да не пријавиш и да си вадиш со картичка, сеедно кај ќе вадиш дали во МК или надвор, УЈП знаат за Пејонир така да сигурно нема да се скриеш ако вадиш во Грција. Ова ти е најевтина ама најризична опција, никој не може да ти каже дали ќе ти бараат утре да платиш данок или не.

Здравје ако стварно го намалат данокот на 5% годинава, мислам третата опција и не ти се исплати мн, 5% данок +2% Пејонир сметка 7%, банкомат ти е 4% провизија, за 3% не се исплати коцката.
 
1.
Добро за оние кои немаат намера да повлекуваат на банкарска сметка туку "си пазарат" со картичка. Шубе ми е како еден ден ќе повлечам $1,000 на банкарска а доказ за платен данок би бил еден збир од уплати во претходни неколку месеци на суми чив збир е нешто над $1,000 (поради 2%-те fees). Млад соработник во УЈП нема да укапира одма.

2.
Најубаво е после повлекување на парите на банкарска сметка, само што еј, тоа додека се соберат ќе има приходи од месеци наназад, а рокот за плаќање е... ? Затоа ме интересираше кога е точниот момент кога се создава обврска за плаќање данок, за да знам од кој момент да бројам 30 дена (или колку и да е рокот, зошто мислам дека беше само три дена ?)

3.
Нема потреба за 10% да се прави стрес, сепак тоа би било затајување данок без разлика што до ден денес никој не ги чепка пајонирците. Али уште лани прочитав во Србија како ги репнале, па бујрум и персонален и придонеси (среќа само персонален кај нас). Пуштиле срце, без казни за тие што ќе подмират тоа што треба за претходни 5 години.

Туку, зборуваш за намалувањето на персоналниот во ИТ секторот ? IT фриленсери не потпаѓаат во ова, кога си вработен во фирма со дејност под IT јасно е, а ние каде/како би докажувале дека парите се од дејност која по слободна процена би припаѓала под IT категорија ? :) Тоа би била можност за големи злоупотреби.

Фала на одговорите, на крај сепак ќе прашам во консултантска фирма. Плаќањето е лесно, техникалииве ми се шит. Некој друг да сподели кога човек треба да плати данок, [X] дена од [кој момент точно] ?
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Туку, зборуваш за намалувањето на персоналниот во ИТ секторот ? IT фриленсери не потпаѓаат во ова, кога си вработен во фирма со дејност под IT јасно е, а ние каде/како би докажувале дека парите се од дејност која по слободна процена би припаѓала под IT категорија ? :) Тоа би била можност за големи злоупотреби.
сепак даваш прилог документ кога пријавуваш, инвојс, репорт од упворк и сл. каде се гелда која дејност и што си работел за тие средства. Еве јас лично пример користам Zoho Invoices покрај наплатата со Пајонир, пошто сепак и клиентите (најчесто) си бараат доказ и за нив за што плакале и на кого.
 
stranger777

hello world
27 октомври 2013
360
219
Битола
Одамна немам користено Payoneer картичка па можи некој да кажи колку % зема и дали има други трошоци од банката
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Во ред, решив дека клиентот ќе ми должи пари ( :( ) се додека не се соберат $750 долг, како провизијата на Payoneer би била најниска (2%). Ми праќа на Payoneer, па потоа праќам во банка и плаќам данок до 10ти од нареден месец.

Па доаѓаме до прашањето - Дали со тие 2% на Payoneer се покриваат трошоците за трансфер или НЛБ (во мојов случај) ќе земе дополнителна провизија за примена сума од $750 од Payoneer ?

Благодарам.
 
нлб ке ти земе некој 50 денари за девизен прилив распределба, други провизии не.
 
HocusPocus

user
3 јули 2007
1.031
641
Дечки знае некој за колку време се прави разпределба на девизен прилив во Тутунска?

Пуштив пари од Payoneer на Тутунска, ги распределив, пратив извод од Payoneer, но средствата уште не ми се достапни.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Дечки знае некој за колку време се прави разпределба на девизен прилив во Тутунска?

Пуштив пари од Payoneer на Тутунска, ги распределив, пратив извод од Payoneer, но средствата уште не ми се достапни.
веке стигнати доби известување и ги распредели така? не би требало повеке од еден ден (во работно време). Обично некој саат (во работно време) ваљда некој рачно ги клика хаха
 
  • лол
Реакции: BEST

mimica

hello world
15 декември 2010
136
78
За да поврзам сметка со payoneer, сметка мора да биде девизна или и на денарската ги поврзувате? Пошто во формуларот кога идам да додадам сметка како валута има само долар и евро.

Благодрам
 
Cypher

hello world
29 јули 2012
291
128

Едноставно отвори си девизна, 5 минути работа на шалтер е и не кошта ништо
 
HocusPocus

user
3 јули 2007
1.031
641
веке стигнати доби известување и ги распредели така? не би требало повеке од еден ден (во работно време). Обично некој саат (во работно време) ваљда некој рачно ги клика хаха

Да, ги распределив ама поминаа 2 недели и уште не се легнати.
 
Cypher

hello world
29 јули 2012
291
128
Да, ги распределив ама поминаа 2 недели и уште не се легнати.
Во комерцијална, кога имам прилив на девизна(за прв пат) и кога ги прокнижам, директно легнат за 2 минути. Уште одма можам да си ги префрлам во денарската и да си ги извадам. Ваљда нешто не е во ред, би било паметно да ги прашаш што е работата.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.033
7.705
Да, ги распределив ама поминаа 2 недели и уште не се легнати.
Јави се, прашај ги според правилникот за колку дена треба да ги распределат. И колкава е каматата кога они тебе ти доцнат со плаќање.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно