Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Околу даноците и државата

Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
912
1.559

Објаснио професор. Такви сме како народ, џабе тука гракате овај онолку онај околку ке украдел па држава до моите 200 евра ли стигна, што ми даде мене државата и останати глупи коментари само затоа што сме пропаднати како општество. И да, ако некој ти продава нов телефон а не ти дал фискална, криминал е.
 
Последна промена:

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon

Tommy P

Gaining Experience
4 април 2011
65
74
Интересно е што сите до еден сакаме правда, владеење на право, држава „пуна ко брод“ и тако даље ама кога ќе дојде да се почитува закон..тешка работа.

Продавањето без фискална е кривично дело. Купувањето на производ без фискална исто така.
Читам коментари во стилот „епа сеаааа...коа некој ни овозможил не сме будали да плаќаме 1/3 поскупо“

Да се работи само за еден трговец кој продава поскапо па да немаш избор и да мораш да се свртиш на шверцана роба, тогаш океј.

Ама од друга страна имаш Сетек, Анхоч, Нептун, Телеком, А1 итн. кои:
а) даваат фискална
б) плаќаат данок
в) вработуваат луѓе, плаќаат трошоци итн, итн

и го имаш Љутви, Орка која не *бе жива сила и на игорче од мичкесипатерин му овозможи шверцан телефон со гаранција со која може да си го избрише газот. Ама, хеј! Игорче има Samsung Ultra, игорче го заеба системот. Сите стге глупи. Сите до еден.

Нема правда-нема мир за „игорче“.

Треба да си ептен наивен да очекуваш дека ти како поединец ке смениш нешто во трулиов систем. Знам дека промената почнува од поединецот. Но имаш практично луѓе што треба да го спроведуваат законот, тие се први кои не го почитуваат, и од тука почнува цело безредие, што ако еден човек гледа дека некој прави кривично дело, и никако да го казнат, го охрабрува и него дека може да се извлече со истото. Ако мислиш дека ти со плаќање 30% плус ке смениш нешто... патем, не сум јас тој што треба да го спречи продавањето на телефони без фискална, туку државата во која се колнеш. Нели, има институции?

Ке отидам оф топик, но до 2020-та бев еден од ретките кои како фриленсер плаќав данок во државава, иако имам мал милион начини да го избегнам истото. Откако се соочив со нефункционалноста на институцииве, решив да не плаќам повеќе. Немав таблици за кола 45 дена со 2 мали дечиња во сред корона, морав да дадам мито за запишам деца во градинка зашто не сум партиски член на било која партија, морав приватно да се лечам зашто преглед на апаратот на кој требаше да се прегледам имаше по 7 месеци.

Со моите пари, кои како што велиш, треба да го подобрат мојот стандард, се трупаат партиски војници, се местат тендери и ништо не се враќа назад кон општеството. На сето ова, ми викаш, дај 30% плус, и така во круг. Навистина, кој е Орка тука?
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Треба да си ептен наивен да очекуваш дека ти како поединец ке смениш нешто во трулиов систем. Знам дека промената почнува од поединецот. Но имаш практично луѓе што треба да го спроведуваат законот, тие се први кои не го почитуваат, и од тука почнува цело безредие, што ако еден човек гледа дека некој прави кривично дело, и никако да го казнат, го охрабрува и него дека може да се извлече со истото. Ако мислиш дека ти со плаќање 30% плус ке смениш нешто... патем, не сум јас тој што треба да го спречи продавањето на телефони без фискална, туку државата во која се колнеш. Нели, има институции?

Ке отидам оф топик, но до 2020-та бев еден од ретките кои како фриленсер плаќав данок во државава, иако имам мал милион начини да го избегнам истото. Откако се соочив со нефункционалноста на институцииве, решив да не плаќам повеќе. Немав таблици за кола 45 дена со 2 мали дечиња во сред корона, морав да дадам мито за запишам деца во градинка зашто не сум партиски член на било која партија, морав приватно да се лечам зашто преглед на апаратот на кој требаше да се прегледам имаше по 7 месеци.

Со моите пари, кои како што велиш, треба да го подобрат мојот стандард, се трупаат партиски војници, се местат тендери и ништо не се враќа назад кон општеството. На сето ова, ми викаш, дај 30% плус, и така во круг. Навистина, кој е Орка тука?

Прво викаш дека како поединец не можеш ништо да смениш ради системот, и после викаш дека системот е трул и те натерал да си ги суредиш проблемите сам :)
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon

Tommy P

Gaining Experience
4 април 2011
65
74
Па не знам бе друже, еве одлучи се :) Ќе креваме раце како поединци или ќе пробуваме кој колку може да смени?

Па мислам дека доволно добро појаснив дека јас кренав раце од тоа да упорно и давам пари на државата да ми реши некои основни проблеми, кои потоа на крај пак морав да ги решам сам, пак со пари.
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Па мислам дека доволно добро појаснив дека јас кренав раце од тоа да упорно и давам пари на државата да ми реши некои основни проблеми, кои потоа на крај пак морав да ги решам сам, пак со пари.

А со тоа што плаќаш под рука во тие неказниви дуќани кому мислиш дека му ги даваш парите? Свесен си чиви се? Си размислил зошто никој не ги казнил?
Вака бар ќе отиде нешто кај народот колку толку ако платиш данок :)
 

Tommy P

Gaining Experience
4 април 2011
65
74
А со тоа што плаќаш под рука во тие неказниви дуќани кому мислиш дека му ги даваш парите? Свесен си чиви се? Си размислил зошто никој не ги казнил?
Вака бар ќе отиде нешто кај народот колку толку ако платиш данок :)

Се вртиме во круг. За тебе е крив тој што купува мобилен во Ледиком, за мене институцијата која им овозможува да продаваат без фискална. И така.
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Се вртиме во круг. За тебе е крив тој што купува мобилен во Ледиком, за мене институцијата која им овозможува да продаваат без фискална. И така.

Се согласувам. На некои луѓе стално други им се криви :)
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Особено на оние вработени во државна институција, чија задача е да го спречат истото.

Ама интересно е како мислиш дека некоја виша сила ги ставила тие луѓе кај што се :) Дека не се резултат на поединецот/народот :)
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Никаде не го пишав тоа.

Па сам викаш дека како поединец не моеш ништо, системот и луѓето во него се трули.
Ерго поединецот не е тој што го прави системот или што може да го смени.
Ти може не го пиша ама си повлеквит
 

Tommy P

Gaining Experience
4 април 2011
65
74
Па сам викаш дека како поединец не моеш ништо, системот и луѓето во него се трули.
Ерго поединецот не е тој што го прави системот или што може да го смени.
Ти може не го пиша ама си повлеквит
Не можеш да бараш од поединец да го почитува законот i.e купувачот на мобилен, додека поединецот од страна на законот да го амнестираш, испекцијата. Алас, или и двајцата ке влечеме во иста насока(ке ги почитуваме законите), или ке сфатиш дека е апсурдно да пумпаш пари во државата, а за возврат да добиеш ништо. Ова муабетов твој, дека ако платиш данок, ке отиде кај народот ти е ептен наивен.
 

Ali G

Gaining Experience
28 мај 2023
95
133
Ама интересно е како мислиш дека некоја виша сила ги ставила тие луѓе кај што се :) Дека не се резултат на поединецот/народот :)
Повеќето станале криминалци откако дошле на таа позиција, нарадот/поединецот не гласал со умисла дека ќе станат такви. Доколку тој што е на власт не се замара да собере што повеќе пари од даноци, зошто јас да се замарам за тоа каде ќе ги дадам парите за кои сум работел 8+ саати 5 дена во неделата?
 

Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.219
1.413
Не можеш да бараш од поединец да го почитува законот i.e купувачот на мобилен, додека поединецот од страна на законот да го амнестираш, испекцијата. Алас, или и двајцата ке влечеме во иста насока(ке ги почитуваме законите), или ке сфатиш дека е апсурдно да пумпаш пари во државата, а за возврат да добиеш ништо. Ова муабетов твој, дека ако платиш данок, ке отиде кај народот ти е ептен наивен.
Друже, јас кај мојот механичар никогаш не сум добил ценовник колку кошта некоја услуга, ниту пак сум добил фискална, ниту пак има можност да платам со картичка, исклучиво кеш, секогаш ми кажува различни цени за услуга. И на кого ќе пријавиш кога сите се исти, поврзани се со инспекција и немап никакви можности за правда, само повеќе штета ќе си направам.
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Во контекст на темава и зашто никогаш не би платил данок , поготово не на криминогена структура како што е мк , кадешто Катици,Матици, Силваневи-Боневи лапаат по 150к€ за патни трошоци Скопје-Струмица. 2018 со исто размислување околу мобилариве, ми крадат дежурните наркомани лопови недела дена стар S8 edge во Сити мол, го видовме во мониторинг како ми го краде ама џабе, полиција не се замара да го најде преку имеи , по 3 дена ми викаат дава сигнал на Косово. Си викам лупнав 800€ сеа баш и не ми се даваат пак толку пари за мобилен , да зеам нешто колку за ало-ало и трк во Анхоч, земав Redmi 4 Pro. Ок телефон , но почнуваат проблеми. Се пали секоја ноќ 3ч по полноќ , сам уклучува data и wi-fi и праќа нешто податоци , си викам да не е нешто апдејт.По некое време нотификација од ФБ , се уклучивте од Дубаи и Shenzhen. Испаѓа дека има ROM вирус hiddad.m trojan , пробувам да сменам оперативен , неможе зашто телефонов е бог знае каква кинеска копија и нема шанса да смениш ROM. Кочи , спамува реклами , се рестартира сам , камера се багосува, триста глупости. Пробувам да го вратам со образложение дека телефонов е проблематичен и не е оригинал шаоми , ми викаат друже овие се од неофицијален канал ама неможам да ти го сменам, зашто сите се исти. Ок не се многу пари 200-250 евра не ме држи меморија , викам неможам да се замарам со глупости. Така паѓа вода мислењево дека мобилариве носат од црни канали, а Телеком,ВИП, Анхоч и сетек само преку официјални канали. Трк до ледиком , земам XS gold , 5 години немав Iphone користено викам за пола цена баш ми е гајле , не беше ни 450 евра , so 100% battery health. Топ телефонче ама некако мал екран , идам назад по 2 дена , викам може ли за xs max , вика нема гајле дај само доплати разлика. 3-4 години здробен од работа телефонот со 3 мејл апликации маста извадена само до 90% baterry health падна , летово го удавив во Будва. И пак земав од нив 13 ка за пола цена , и мука нема телефонов. Кој сака да плати фул цена , слободно од официјални. Јас никад веќе нема да платам телефон по надувани цени од монополиве. А за данок баш ми е гајле, кога и онака нема шанси да завршат средства кај што треба. Ако навлегувате во детали , треба данок да ви опнат овде на IT форум што купувате-продавате за секоја размена на средства ама би било апсурдно. Се додека постои пиратерија ќе пиратирам , се додека постои можност ист уред да го купам по -50% ќе го купам, се додека постои можност да платам воз пола-пола со кондуктер , ќе плаќам пола-пола и ќе избегнам можно плаќање на секој данок. Рагби натпревар ќе играм по рагби правила, а не по балет правила.

Ја прво би научил правила за интерпункција, па после би глеал како да ја заебам државава, ама ти си знаеш.

Од даноците што нема да ги плаќаш, покрај тоа што крадат тие што крадат, се плаќаат и докторите што те лечат тебе и твоите, лековите што ги пие твоето семејство, наставниците. Струјата е субвенционирана, и мал милион други ствари што ги земаш здраво за готово.
Не велам дека нема криминал и крадење, има и тоа многу, ама има структури што ни се нужни и се платени од нашите даноци. Нема проблем, не плаќај даноци и не оди на школо.
 

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.959
17.869
за данок баш ми е гајле, кога и онака нема шанси да завршат средства кај што треба. Ако навлегувате во детали , треба данок да ви опнат овде на IT форум што купувате-продавате за секоја размена на средства ама би било апсурдно.
dekomote has left the chat
 

XV22E

Gaining Experience
21 август 2017
23
70
Ја прво би научил правила за интерпункција, па после би глеал како да ја заебам државава, ама ти си знаеш.

Од даноците што нема да ги плаќаш, покрај тоа што крадат тие што крадат, се плаќаат и докторите што те лечат тебе и твоите, лековите што ги пие твоето семејство, наставниците. Струјата е субвенционирана, и мал милион други ствари што ги земаш здраво за готово.
Не велам дека нема криминал и крадење, има и тоа многу, ама има структури што ни се нужни и се платени од нашите даноци. Нема проблем, не плаќај даноци и не оди на школо.
"Ја" не постои како лична заменка во макдонскиот јазик , прва грешка во репликата , така што не си меродавен да држиш граматички лекции и се фаќаш за небитна работа.

Од даноците што ги плаќав , не можев 6 месеци магнетна резонанца да закажам и морав да одам приватно. Плаќав данок за косовари да се лечат.

2006-та на струјата стана сопственик АГ Австрија , искубаната коза направи бонбона бизнис, 3/4 вработени отпуштени , 0 денари вложени во мрежата и одржување, над 33% зголемена цена , цел данок изнесен надвор од државата , а во меѓувреме браќава се утепаа од крадење струја и копање крипто по џамии, а ти плаќај им данок , ако не преку мобилари , преку други институции.

10 години документи за легализација и сопственост неможев да средам затоа што една овца од општина Аеродром беше по 6 месеци на боледување за скршена рака , а друга од Карпош по година дена за скршена нога.

Околу школството , уште пред 20 години , ме уценуваа професори за скрипти по ненормални цени и никаде ги немаше за потпис во индекс. Среќа постојат приватни школи.

Ниеден систем не фунционира и глупост е да плаќаш нешто што воопшто не функционира.

Среќа веќе не живеам во Северна вукојебина Македонија , каде што читам сега како награда се малтретира народ да менува документи со промена на име во колони на -5 степени со часови, како овци пред кланица.

Во државава во која што живеам моментално плаќам даноци затоа што сите системи функционираат како што треба.

Да живеев сеуште во Македонија , каде што од северна страна на Скопје , Тетово , Гостивар , никој ништо не плаќа , ниту данок , ниту струја , не пријател , не би имал намера јас да го оправам буџетот и системот, не сум супер херој, туку како сите така и јас.

Доаѓам еднаш годишно да видам поширока фамилија и секогаш е полоша ситуација од претходно. Ми се гади од целата држава и систем и јас ниту одблизу не сум ја заебал државата колку што таа ме заебала мене и ме натерала да се отселам.

Зграда се гради од темел , а не од кров. Твоето плаќање даноци нема ништо да придонесе за правилно функционирање на ниту една структура.
Што е подобрено и што си сменил лично ти со твоето плаќање даноци цел живот? Јавен превоз ти е подобрен? Сообраќај ? Инфраструктура со пренатрупани згради без паркинг простор? Здравство? Школство? Цена на струја? Цена на гориво? Цена на секојдневни намирници? Ништо.
Не е проблем што од немаштија и мизерен животен стандард луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат , вклучително купувањето експонати на старо од мобилари или од ИТ форум , туку што на очигледни криминалци им е дозволено да вртат бизнис.
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.337
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.585
Мислења
965.500
Членови
34.956
Огласи
2.660
Најнов член
DragiD
На врв Дно