1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Негативно искуство со СЕТ

Дискусија во форумот 'Сетек' започната од salamander, 5 ноември 2015.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    gOJDO оваа тема е за негативно искуство со Сет, ако имаш позитивни пиши таму или отвори друга тема.
    Во ред е секој да си го каже мислењето ,ама не да се контрира на секој член доколку напишал негативно искуство за некого.
    Еве јас да речеме не сум имал некое големо негативно искуство со Сет, што незначи дека и некој од членовите немал исто така.
     
    На goce03 и Banjifiko им се допаѓа ова.
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,567
    23 Јануари 2008
    Манга
    Покрај еден куп оф топици за се и сешто, моето мислење е конкретно поврзано со СЕТ и нивниот однос кон мене како муштерија! Не гледам во кој дел од постот сум во офтопик!?!?

    И не велам да не се пишуваат негативни искуства, напротив треба да се напишат за да се корегираат таму каде што е потребно. Но млатење слама за тоа со што се занимавале газдите, како едниот вработен изгледал мутав, а другиот бил паднат од марс е ретардирано...Пази го само постов...
    СЕТ ГТЦ лани на лагер имале само еден хард диск? И тоа ни повеќе ни помалку Seagate 750GB!!! Во дуќан каде плаќаат 5000+ евра кирија, они лани имале само Seagate 750GB??!? И тоа бил 2500 денари! А него баш па таков диск и му требало и побарал да му донесат, и замисли скроз отпакуван....WOW!
    Знаете ли кога последен пат некој во МК увезол дискови со големина од 750GB? Знаете ли колку чини најефтиниот тврд диск кој може да се купи денес, а колку беше лани?
    Да не продолжувам понатаму, ама ќерка ми со своите три и пол години боља приказна може да смисли...

    Или она, влегов внатере побарав кулер, ми изгледаа мутаво и си отидов и никад не влегов више! И после тоа 40 поста млатење слама за кој со што се занимава во СЕТ, како не знаеле да работат и дрн, дрн јариња.
     
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,199
    7,124
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ај те молам пред да тресеш прочитај каде пишав дека само таков диск имале. Треба ли како на мало дете да објаснувам? Наброја што дискови има и тој ми падна во око зошто цената беше ниска, а не земав ништо после тоа зошто се изнервирав од нивното понашање.

    Еве ти го дискот.

    Еве ти и скрин шот да не го тргнат, па да викаш после дека лажам. На страната никаде не стои дека е репариран диск, истото не ти го ни кажуваат.

    [​IMG]


    И тоа е само едно од многуте мои лоши искуства со сет.


    - Дадена ITX плоча на сервис, после сигурно 40 дена се јавија да дојдам да си ја подигнам од сервис. На подигање не само што ми даваат mATX плоча, него и ја скратуваат гаранцијата за 3 месеци. После 20 минути расправање дечкото што работи на прием во сервисот со пенкало го чкртна датумот и допиша +3 месеци. Срамота.

    - Даден IDE хард диск на сервис, го заменија без проблем со ист таков нов, гаранција скратија за 1 месец таман колку што имаше преостанато.

    - Купена плоча од СЕТ ГТЦ со расипана мрежна карта, неможат да ја заменат (последна била), а пари неможеле да вратат додека не проверел сервис.

    - Продавачка во ГТЦ ми тврди дека за воденото ладење што го купував (тоа во потпис), треба да го бушам куќиштето зошто немало да го собере.

    - Изгубија 2 штрафа од лаптоп во сервис. Ај ќе кажеш ситница, глупости ама утре они ќе кажат дека си го отварал лаптопот и ќе ти прекинат гаранција.

    И пак ова незначи дека сум имал само лоши искуства со СЕТ, имало и добри ама на 10 добри едно лошо квари утисак.
     
    На Rukfash, Creed_Bratton, eX3v1l и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. salamander

    salamander
    Gaining Experience

    205
    231
    16 ноември 2011
    Машко
    Ај 2реда муабет.

    Ја отворив темата ради 1 лошо искуство со сет, не заради друго туку дека 2 недели ме мотаа од Скопје да чекам, да си играм идими-дојдими, досаден и станав у салонот кај нас...
    Не дека не сум земал од Сет, не дека не се знам со вработените од салонот кај нас, туку ради беспотребното замарање и губење време ја отворив темата.

    Пред да коментирате за било која случка замислете си дека сте во туѓа кожа и како би реагирале на тоа што би го коментирале.
    Пример @gOJDO ти да би бил на мое место и тебе да те шетаа вака како би изреагирал?
    На крај што испадна, ми го донесоа полсе месец, во меѓувреме не земав од друго место и го земав од кај нив.

    Кога го донесоа можеше и јас да се правам паметен, да и кажам земав веќе, фала-чао, ама го земав од кај нив и тоа е тоа.
    Можеше и да непишам тука дека ми донеле и дека сум земал од кај нив, ама не сум некое копиле...

    Дали пример на мое место @gOJDO би го зел уредот ако ти го донеле после ваква случка?

    Ако Вие останатите членови имате негативни искуства имате такво копче "Започни нова тема" и искажете си ги маките, мојата тема испадна каша-попара, слободно можете сега цела да ја избриште, не дека натаму тераат муабетите.

    Инаку како што пишав погоре сум купувал од Сет, сум носел и други да купуваат од Сет и пак ќе купувам и ќе носам други да земаат од таму.

    p.s. Темата ја отворив кога и резервираниот уред од Рузвелтова мистериозно изчезна во воздух и ја "прелија чашата", а случката беше свежа (real time).

    zz
     
  5. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    931
    1,426
    6 ноември 2007
    Хахахаха Загреота!
    Ај да пробам ја

    Купувам лаптоп, запакован во кутија не од излог и значи средија све, платено, искуцаа фискална, гаранција и ми вика дечко извини НЕМАМЕ НАЛОНСКА КЕСА СЕ ПОТРОШИЈА.... и мене така ми зовре "Па каде идете без најлончиња бе алоооо Кај да идам ја сега да го влечам ко копук под мишка да го влечам!!!"
    Се изнервирав. Побарав повраток на пари и си излегов. Они мене ќе ми продаваат без најлонче

    А пак еднаш купувам ДВД ЦД и давам пари и им снема хартија за фискална Чекав 5мин за да сменат фискална. Шо сум бе ја да чекам 5мин за мочана фискална. Из принцип не излагам без фискална од дуќан. Па нека си имаат резервна каса! Ми ги вратија 15те денари... Па уште и метална монета сакаа да ми дадат а КНИЖНА БАНКОТА им дадов. Се изнервирав и си заминав.

    Имаше уште неколку случки како тоа ко земав телевизорот ставиле налепница на пакет. Ако давам 25.000ден. очекувам НОВ Производ АЛОО не некој да лепел ствари на него..

    Итн.
    Значи КАТАСТРОФА!! ;)
     
    На -={K-O-R-U-N}=- и Стап им се допаѓа ова.
  6. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    Бидејќи гледам спомнавте репарирани/поправани дискови, јас лично ќе го додадам моето искуство и причина зошто многу пазам ако треба да купам нешто од СЕТ.
    Досега ништо не ми се расипало ( имам 2-3 стварчици земено ) и сум немал никакво искуство со сервисот за да можам да коментирам за сервисот, меѓутоа на 3-4 пати се случи производ кој го нудат како нов да е некој поправан, репариран или што ти знам каков ама никако нов :

    1 . Samsung таблет , се нуди како нов, одам во продавница, пред да го платам ми го пакуваат во некаква пазарска картонска кутија !!! Го загледувам поубаво и приметувам изгребан !!! Ок, дај друг - исто така се познава користен !!! Излегува на крај сите што им се на лагер ( од тој модел ) се некои користени таблети ( најверојатно поправани ) а они ги нудат како нови. На крај истиот таблет идам во друга компанија ( 1000че поскапо ) и иако и таму ми го спакуваа од излог, беше спакуван во оригинал кутија Samsung, со сите заштитни најлончиња и без никаков знак на користење. Исто искуство имаше и еден другар со таблет во СЕТ, каде него кога приметил дека се користени, му објаснувале дека се некакви демо таблети, затоа биле изгребани и слично !!!
    2. Слична ситуација уште 2 пати после ова со лаптоп - еднаш на кутијата пишуваше refurbished/repaired или така нешто, другпат исто се познаваше користен и спакуван во пазарска кутија што значи којзнае од кој отпад се собрани.
    Првиот пат ( откога приметив тоа на кутијата ) ми викаат "Епа затоа се таа цена" ! Па им викам, ако се затоа таа цена, зошто не напишете дека се такви поправани во флаерот каде што сте го пишале „супер цена“ ( или така нешто ) !

    После вакви искуства со скапи производи кај кои може да се примети дека нешто не е во ред, што станува после со поефтини производи кои не доаѓаат во оригинално пакување кај кои неможе да се примети дали биле сервисирани или користени ! Зошто СЕТ продава вакви репарирани или користени производи без да го каже тоа, т.е. кој примети примети, а кој не ќе го јаде стапот. Вакво нешто не ми се случило во ниедна друга фирма. Повторувам, ова е искуство од предпродажба, а со сервисот не сум имал искуство.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,436
    13,567
    23 Јануари 2008
    Манга
    @salamander
    Ќе реагирав појако и на други места затоа што претпрочитам професионален однос за што и да е. Најверојатно многу порано или ќе ми го донесеа уредот или пак јас ќе се откажев од нив.
     
    На emet_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    Jedah , ако имам мерак на нешто и сум дошол да купам, а се е исправно освен кесата па ако треба и на глава би го носел не би го враќал. :D

    ПС: Сигурно си знаел дека немаат ќеси па финти си им правел. :p
     
    На Teget и DennyMK им се допаѓа ова.
  9. emet_

    emet_
    Гостин

    така е... споделуваме искуства за други да не бидат оштетени, а дали ние самите сме отишле до крај или полесно е да се уклучиме на форум и да почнеме да пишуваме и што треба и што не треба!?
    дали сите што се пожалија од СЕТ во темава се обратиле во ОПМ или ДПИ?

    ако се оштетени од СЕТ, а не се обратиле во ОПМ/ДПИ за работите да се истераат до крај (и на повисоко ниво), кај кого е проблемот? и како може форумот за вакви ситуации да помогне?

    ако не излезат во пресрет ОПМ или ДПИ тоа значи дека нема никој што може потрошувачот да го заштити. тоа не е проблем на СЕТ туку глобален проблем и може секоја фирма да го искористи тој пропуст.

    можам да разберам дека постојат оштетени потрошувачи, но не можам да разберам наместо да се троши време на форум, да се обратат до организациите кои водат контрола за овие работи и да си го решат проблемот.
     
    На DennyMK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    931
    1,426
    6 ноември 2007
    Па на тоа се сведува целата полемика во дискусијава... Луѓето се фаќаат за влакно во јајце... Најнебулозни детаљи се причина за егото на купувачот да биде нарушено и правото на потрошувач повредено.
    Наместо да се радуваме на конкуренцијата која ја прават ИТ компаниите ние правиме сеир. АМЦ беше на тапет, Мебиус беше на тапет, Сет е тема на Неделата следно претпоставувам ќе биде Нептун со нивниот Black Friday deal и тоа како се тепале 100 души за 2 телевизори на попуст и незнам што ќе остане ДД КОМ и Анхоч! 2 фирми за респект кој ќе го држат достоинството на уважените компјутерџии на Република Македонија?!

    Иронично правев Дипломска од областа на Економијата во врска со Е - Бизниси. Од 6 контактирани компании знаете која се одважи да ми одговори и да посвети 10мин? АМЦ! Дечките имаат најдобар Пи Ар или public relations или однос со јавноста... Зашто ниту Анхоч ниту СЕТ ниту еден не беа заинтерсирани за губење време со некој си таму копиљ од кого не можат да извлечат корист и не го гледаат како потенцијален купец. Затоа не генерализирајте и олабавете тоа ЕГО-Ременот

    А не да идете по принцип (жива вистина) "Aко ја брате слушам Avenged Sevenfold или In Flames и иде такси Старо Водно со бркоњата зад волан згрмел Шако Полумента и вие сега кисели пошо плаќате 200 денара за од Сити Мол до Рампа па има да му речам да смени тоа говното од звучник има чак и мирисалката од ретровизор да ја тргне"
    Бубачките дома
     
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,130
    4,559
    4 ноември 2013
    Машко
    Форумот помага со тоа што членовите делат искуства па на тој начин ке знаеме која фирма препродава користен/оштетен/поправан хардвер (и на тој начин ке избегнеме целата ситуација да оди до ОПМ/ДПИ).
    Јас од секогаш сум сметал дека СЕТ е една од подобрите продавници за хардвер и никогаш не сум се сомневал во нив, не сум имал лошо искуство туку баш напротив, сум купувал и ке купувам од нив но никогаш не сум внимавал на тоа дали тој дел што го купувам е поправан, изгребан/оштетен па благодарение на членовите што споделиле искуство со нас ке знам за нареден пат, делот што го купувам од било која продавница прво убаво ке го разгледам па потоа ке го платам.
     
    Последна промена: 19 ноември 2015
    Creed_Bratton, igor_igor и на emet_ им се допаѓа ова.
  12. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,059
    3,144
    2 Септември 2012
    Машко
    Секоја критика до било која фирма не значи дека тоа е крај, готово сега таа фирма ќе претрпи огромни последици заради тоа, туку тоа може да помогне и да се разбере на еден поинаков начин.
    Да речеме одговорните на тие фирми како од пред некое време што се јави "грижа на корисници од АМЦ" можеби ќе бидат потикнати и ќе се потрудат да ги решат евентуалните недостатоци и проблеми во сопствените фирми.
    Значи секоја критика би требало да се гледа како поттик за поусовршување, подобрување на работата или односот со клиентите.;)
     
    На emet_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. emet_

    emet_
    Гостин

    @HardCorec колку и да внимаваш повторно се случуваат проблеми со производот.
    едноставно може да откаже поради Х причини.

    потоа се носи во сервис пошо нели е под гаранција.
    ако сервисот го задржи подолго отколку што треба, тогаш постојат ОПМ или ДПИ.

    и 500 денари да е производот, ако за него постои гарантен лист, тогаш не знам што се мислите!?
    ако таа фирма не го врати според правилата, тогаш постојат други што се над нив и вршат контрола за квалитетот на услугата.

    а ако некоја фирма ви вели дојдете земете го производот и кога одите го нема, уште истиот момент треба да се размислува за план Б. никого со сила не можете да го натерате да ви продаде нешто.

    со сила можете само да земете, но не можете да му дадете.
     
  14. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    700
    1,244
    5 Јануари 2012
    Ако јас на форумот продавав ваква графичка
    ASUS R7 260X DirectCU II OC 2 GB,
    [​IMG]

    а оној што ќе ја купи добие
    R7260X-OC-2GD5
    [​IMG]
    100% сум сигурен дека ќе добијам перманентен бан.
    50% од мислењата погоре да се точни состојбата во СЕТ ама ич не е розова, Поздрав.
     
    На Teget, windows8, ARMac и уште 9 други им се допаѓа ова.
  15. Avid

    Avid
    Guru

    4,170
    6,214
    21 Јануари 2009
    Во однос на ова
    Компјутерот беше даден на сервис во СЕТ. Го вратија после 1 месец, наплатија мислам 1000+ и во дескрипшн пишуваше заменети биле кондензатори.
    Компјутерот си остана со истиот проблем што го имаше.
     
  16. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,103
    3,464
    7 ноември 2014
    Машко
    Многу лесно се средува ова со контрола на квалитет при вработување, а потоа и при функционирање на филијалите. Прати им скриени купувачи со различни барања (комплицирани) и да видиме како ќе се покажат.

    Само што ова бара време и мислење за да се спроведе, а кај нас ретко кој се замара за тоа.
     
    На Jovan2389 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stavrov69

    stavrov69
    Gaining Experience

    399
    198
    26 ноември 2008
    Машко
    Јас сум имал позитивно искуство со СЕТ јесда сум соработувал само со големопродажба незначи дека односот со нас му е различен. Имало пропусти но се се решавало на цивилизиран начин и немало никаков проблем. Големопродажба комуницираш со 2, луѓе за разлика од малопродажба каде што ако не ти се допаѓа односот во еден салон одиш во друг.
     
  18. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Не е проблемот до вработените.

    Сет има многу лош (ERP) процес на работа. Имаат магацин што им е одделен од малопродажба и за да добиете продукт што не им е во салон, се чека на огромен бирократски процес за продуктот да се качи од подрум до муштеријата. Еднаш чекав 25 минути за HDMI кабле. Да не правиме муабет за лагер состојбата на вебсајтот, уште ако вработените се водат од истата лагер состојба........

    Кога самиот процес на работа е толку лош, вработените немаат избор и мораат да работат лошо (не дека некои од нив не се идиоти).

    За да се опраат, треба да направат еден Business process reingeneering, односно целсоно да го сменат начинот на работа во фирмата и текот на настаните што се одвива на релација магацин - > краен корисник и краен корисник -> сервис -> краен корисник.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Creed_Bratton

    Creed_Bratton
    Gaining Experience

    285
    328
    6 Август 2007
    ТechGeek
    Моите 50 дени за Сет:

    - Земам лаптоп од сервис, фалеше една плочка рам и SD картица. Рамот ми го вратија, за картицата уште ги чекам да се јават (5та година помина...)
    - Лаптоп на сервис за расипана тастатура, без да ме прашаат ја сменале и сум должен 3000 ден. Фала, не ми треба, скапо ми е. Ми се јавуваат пак, 1500 ден било, не 3000. Ок, може.
    - Купувам нова Asus x48 матична, само кај нив имаше x48. Чекам 20 мин, ми ја носат со отворена кутија, била на рецензија во списание "Ентер" ! Викам, значи користена е, сакам попуст.... Не дечко, нова е, имаш гаранција... Да имам, ама користена е.... Не, не е... Батали, ке ја земам, меракот е битен! Внатре фалат 2 сата кабли, прашувам каде се, дечкото ми вика "Божеее, ама си запнал па ти...", по рандом отвара друга матична и ми дава сата кабли :D

    That being said, сум купувал многу работи од кај нив, матични, неколку графички, процесори... генерално сум задоволен, досега ништо не се расипало. Но сепак се продавница за "искусни" купувачи, инаку може многу лошо да си поминеш.

    Големопродажба е сосема друга работа, не може да се споредува со малопродажба, а темава е за малопродажба.

    Читам и многу чудни постови, да не речам, проѕирни и бламирачки. Дечки, да функционираа институциите што треба да ги штитат потрошувачите, темава немаше да постои и мнозинството ќе бевме задоволни. Форумов е за тоа, темава си е супер, споделуваме искуства и мислења.

    Браво за постот погоре од @nik0la_, кратко и јасно .
     
    На Rukfash, olikomerc, smole и уште 6 други им се допаѓа ова.
  20. emet_

    emet_
    Гостин

    od kade znaete deka ne funckioniraat tie institucii ako se nemate obrateno kaj niv? o_O
    za se najdovte izgovori kolku da se siri negativna energija.

    druga rabota, koj gi stiti potrosuvacite? ovaa tema? so vakov naslov?
    nema smisla diskusijava!
     
  21. Creed_Bratton

    Creed_Bratton
    Gaining Experience

    285
    328
    6 Август 2007
    ТechGeek
    Колку те плаќаат за ова? хеахаехаехаехае
     
    На smole и emet_ им се допаѓа ова.
  22. DennyMK

    DennyMK
    On your way to fame

    638
    976
    5 Февруари 2009
    Машко
    ДД КОМ ТАПЕТ
    Измена: Додаден директен линк до објавата.
     
    Последна промена: 19 ноември 2015
  23. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,402
    3,733
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    @nik0la_

    Сет се заштитени од таквите грешки со оноа напишано со малецки буквички Screenshot_53.png
    А ти да објавеш така на форумов нормално дека ке добиеш бан од причина што немаш наведено и ти со мали букви :D
     
    На nik0la_ му/ѝ се допаѓа ова.
  24. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,966
    2,942
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Се слагам со сите вас со се што е напишано, и позитивни и негативни, ама она дека ако не бил СЕТ ќе сме купувале лански модели на интел или АМД, апсолутно исто со она пред 10 год коа не беше Груевски на власт немавме интернет еве 10 год е на власт и фала му нему за интернетот и за Гугл.
     
    На Rukfash, tupacan, Jovan2389 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  25. emet_

    emet_
    Гостин

    milion evra. :D
    ne mi odgovori na prasanjeto od pogore. ;)

    inaku temava stana kako da gledam vesti na sitel/mtv.
    imav nekoe mislenje deka vakvite pojavi mozat da se izbegnat barem na ovoj forum ako ne na drugi mesta ama izgleda sum bil vo zabluda. edni vlecat na edna strana, drugi na druga i nikoj ne saka da bide onaka kako sto treba.o_O

    zalosno. :(
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...