Рецензија Mi Wifi Mini Wireless AC рутер

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од DrMTR, 18 Јули 2015.

  1. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Како што пред некој ден напоменав, конечно ке ја решиме дилемата за кинеските рутери, кои што на форумов ги бие лош глас во поглед на перформанси и стабилност.

    На тест, благодарение на @the_maker и Хај Комуникејшнс, го имам чест да го истестирам ова големо ѕверче спакувано во мала кутија. Па да започнам по ред. :)

    Уредот го добив уредно спакуван во рециклирана еколошки разградлива картонска кутија (нешто што е тренд последните години, и кај големите производители на мрежна опрема поготово), спакуван во најлонска фолија однадвор, што значи сосема нов уред.

    Прв Поглед

    [​IMG]

    и од задната страна

    [​IMG]

    со димензии

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    на кутијата од предната страна е видливо само логото на Mi, додека на задната страна има една поголема лепенка на која се изначени спецификациите на рутерот, за жал на кинески јазик.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Отпакување и уредот

    Уредот го отпакував фино само од едната страна бидејки реално немаше потреба да го распакувам целиот. Спакуван во едно кутивче, на врвот веднаш по поглед ни влегува рутерот, кој освојува со својата блескаво бела боја.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Од предната страна видливо е логото Ми кое што е вдлабнато во самиот рутер и предната ЛЕД диода. Од страна посебен дизајн му дава сивите кругови, на кои се лоцирани антените на рутерот.

    [​IMG]

    од задната страна пак , уредот е отворен преку безброј дупчиња кои најверојатно имаат намена да ја ослободуваат топлината од самиот уред нанадвор, како и двете гумички чија намена е да го фиксираат уредот за површината, посебно доколку е поставен на мазна и лизгава површина.

    [​IMG]

    Ме изненади екстра тенкото предно тело, па решив да го премерам, и излезе дека е дебело нешто помалку од еден cm. Импресивно ! :)

    [​IMG]


    Од задната страна се сместени сите приклучоци, и тоа една Fast Ethernet WAN и 2 fast ethernet LAN порти со сигнални диоди, потоа една USB 2.0 порта, и приклучокот за напојување, како и двете фиксни антени кои може да се ротираат за 180 степени.

    [​IMG]

    потоа во кутијата го најдов и адаптерот за напојување на уредот, кој што е црн по боја (наместо бел како рутерот), изработен во црн пијано финиш со блескави нијанси, кој што дава слика дека станува збор за уред од повисока класа. Истиот му дава 12V или 1А напојување на уредот.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    и приклучокот, кој што е стандарден за уреди од ваков калибар. За да го користите уредот во МК потребно е да имате посебен адаптер кој што врши пренамена од US во EU стандард, за иститот да биде приклучен во струја. Во самото пакување немаше таков адаптер, но истито може да се купи на локалното пазарче за 60-80 денари. Јас имав таков , па го искористив.

    [​IMG]

    потоа сосема на дното во кутијата има е упатство за користење, кое што нема да ви се најде баш, бидејки истото е на кинески јазик.

    [​IMG]

    [​IMG]

    И за крај на овој дел од ривјуто слики од рутерот од повеќе агли.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Технички Карактеристики

    Од технички карактеристики кои што се достапни на интернет, се следниве:

    • Wi-Fi SoC – Mediatek MT7620A @ 580MHz
    • System Memory – 128 MB DDR2
    • Storage – 16 MB SPI flash memory
    • Wi-Fi
      • Protocols – IEEE 802.11a/b/g/n/ac
      • Transmission Rate – 300Mbps max @ 2.4GHz, 867 Mbps max @ 5GHz
      • Wireless Security – WPA-PSK/WPA2-PSK encryption
      • 2.4 GHz Channels: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 ,11, 12, 13
      • 5 GHz Channels: 149, 153, 157, 161, 165
      • 5 GHz DFS (dynamic frequancy selection) channels: 36, 40, 44, 48, 52, 56, 60, 64
    • Ethernet – 2x LAN (Fast Ethernet), 1x WAN (Fast Ethernet)
    • USB – 1x USB 2.0 host port for external mass storage or 3G dongle
    • Power – 12V 1A
    • Dimensions – 14.9 cm x 13.8 cm x 3 cm
    • Weight – 253 grams
    Што значи накратко, уредот е придвижуван од Медиатек еднојадрен процесор со работен такт од 580 MHz, потоа 128 MB DDR2 меморија со фрекфенција од 800 MHz, 16 MB SPI флеш меморија, 2 LAN (10/100mbps) порти, една WAN (10/100mbps) порта, една УСБ 2.0 порта и стандардниот џек за напојување. Уредот подржува користење на 2.4 GHz и 5 GHz спектарот, кои што севкупно даваат некоја си теоретска брзина од 1167 mbps во лабораториски услови се разбира. :) Интересно е тоа што УСБ портата освен за поврзување на УСБ екстерни дискови, служи и како 3Г/4Г модем, т.е може да се приклучи УСБ модем за интернет конекција.

    Прво вклучување на уредот

    По вклучувањето на уредот во електричното напојување светнува жолтата ненаметлива диода на предната страна од уредот, како и сигналната диода од WAN портата.

    [​IMG]

    До уредот пристапување преку неговата ИП адреса 192.168.31.1 преку било кој пребарувач, при што не пречекува прозорец на кинески , кој што не предупредува да ја сетираме нашата безбедносна администраторска лозинка за уредот.

    [​IMG]

    Иако нативниот јазик е кинески, преку Гугл транслејт лесно може да разберете што всушност сетирате на уредот. Откако се најавив, ме пречека менито од рутерот, кое што веднаш се препознава дека е редизајнирана верзија од OpenWRT, според патеките во УРЛ-то.

    [​IMG]

    На почетниот прозорец, рутерот ни дава добар графички приказ колку уреди се поврзани моментално, и преглед на нив според врската 2.4гхз, 5гхз и ЛАН, додека од десната страна имаме приказ колку изнесува нашата интернет конекција, откако предходно самиот уред прави еден вид мал speedtest, по што ја запишува таа вредност во кругот десно.

    [​IMG]

    Преглед на менито

    Самото мени е поставена во горниот дел од прозорецот, и е доста прегледно. Со клик на компјутерот, добиваме информации за тоа кој е позврзан и колку време, со која ИП и МАК адреса и колку време.

    [​IMG]

    Во делот за Wifi поставките лесно видлив е прозорецот за 2.4 гхз и 5 гхз мрежата.

    [​IMG]

    каде што можеме да го сетираме името на мрежата, типот на енкрипција, и лозинката, како и соодветниот канал. Интересно е што системот ни дава да избираме помеѓу 3 режима на работа на Wifi конекцијата, а тоа се Standard, Wall (најверојатно најсилниот сигнал), и Economy mode (во кој што се лимитира работењето на wifi-то со цел да се заштеди на струја, кога нема активни корисници кои се најавени.

    [​IMG]

    истотака, достапни ни се и повеќе видови на режим на работа на рутерот и тоа:

    • стандардно рутирање
    • рипитер мод
    • мод за работа како свич, за продолжување на мрежата како експанзија
    Јас лично го пробав рутерот и во рипитер моди работи сосема ОК.

    Во делот за WAN конекцијата можете да избереме каква брзина на интернетот имаме па самиот систем пропорционално да ги постави поставките, или да оставиме на автоматски .

    Потоа во поставките за конекцијата можеме да избереме помеѓу DHCP конекција, статичка ИП адреса,, или PPPoE конекција.

    [​IMG]

    Потоа во сигурносниот центар, можете да ја промените лозинката за пристап до рутерот, се разбира доколку ја знаете старата. :)

    [​IMG]

    потоа можете да забраните пристап на некој корисник преку Ип адреса или преку МАК адреса, или пак да додадете кое уреди само ке им биде дозволен пристап.

    [​IMG]

    потоа во Internet Settings делот, може да се дефинира пулот од кој што ке се доделуваат ИП адресите на корисниците, како и ИП адресата на рутерот, кои што можат да бидат променети.

    [​IMG]

    потоа следуваат QoS поставките кое што се доста добро дефинирани и овозможуваат доста добра контрола над протокот на податоци низ рутерот.

    [​IMG]
    [​IMG]

    потоа следуваат поставките за DDNS кои се фиксно однапред наведени, како и DMZ.

    [​IMG]

    [​IMG]

    потоа поставките за Port Forwarding и UPnP.

    [​IMG]

    како и поставките за ВПН пристап.

    [​IMG]

    Сосема на крај е менито System во кое што можеме да видиме која верзија на фирмвер ја имаме, и доколку има понова од таа што ја користиме не предупредува да надградиме. Надградбата можете да ја направите со кликање на копчето Upgrade Now при што самиот рутер после 2-3 минути е спремен повторно за употреба, а вашите поставки ке бидат сочувани.

    [​IMG]
    како и поставките за јазик, во кои што не е понуден англискиот јазик сеуште.

    [​IMG]


    откако уредот ке заврши со бутирање на системот, наместо жолтата сијаличка светнува сина, која што ни кажува дека уредот е спремен за користење, т.е дека интернет конекцијата е воспоставена.

    [​IMG]

    Со тоа конфигурацијата на системот е завршена и може да се користи !

    Вреди да се напомене дека при подолга работа на уредот, истиот благо за загрева од горната страна, но се е во глобалата на нормалното.

    Апликациска поддршка

    Уредот иако наменет за кинеско подрачје, сепак нуди доста голем број на кориснички апликации, како за PC,така и за Андроид, и IOS уреди. Јас ја користев Андроид апликацијата на мојот LG, и истата функционира перфектно. Преку апликацијата (со претходно креирање на профил на страната на MI) можете да го конфигурирате рутерот, да менувате поставки, да споделувате фајлови со вашите уреди во мрежата, со надворешниот диск или УСБ флеш итн. Значи буквално може се да се конфигурира. Еве еден преглед на опциите и можностите на Андроид апликацијата, која што е 90% со англиски јазик.

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Истата апликација може да се превземе од странаа на Ми.

    Истотака освен Андроид верзијата, постои и PC апликација на англиски јазик, преку која што може да се зачувуваат бекапи, фајлови (преку поставување на линк), па дури и да се превземаат торенти директно на вашиот екстерен диск или УСБ флеш стик доколку го имате поврзано со рутерот. Го тестирав превземањето на фајл, кој што се симнуваше на мојот екстерен диск од 2 ТБ без никаков проблем.

    [​IMG]
    [​IMG]

    PC апликацијата можете да ја превземете од линкот.

    Тестирање на брзината

    Со оглед на тоа што рутерот ми стои на вториот спрат од куќата, а јас со лаптопот сум на првиот спрат, Wifi конекцијата секогаш беше со одличен квалитет, со оглед на тоа што 90% од македонските куќи се правени со доста бетон и армиран челик. Никога не осетив лаг, ниту пак пад на конекцијата, како на жичена така и на бежичната врска. Незнам зошто, ама 5гхз сигналот беше послаб од 2.4гхз сигналот. Изгледа на 5гхз сигналот му сметаат големиот број на ѕидови и бетон во куќата. откако го преместив рутерот на друго место, сигналот се поврати и добив стабилна конекција.

    За да го тестирам рутерот, изведов неколку тестови, и тоа на комјутер инсталирав FTP сервер претходно закачен на рутерот преку лан, а тестот е изведен преку 2.4гхз конекција на која што е поврзан лаптопот.

    Од самото видео се гледа дека се вадат во просек 4.2 MB/S што е добар резултат за бежична конекција преку 2.4 гхз мрежата.

    Потоа следуваше тест LAN-LAN каде што на рутерот му беше прикачен екстерен диск од 2ТБ Western Digital на кој што беа складирани фајлови од кои што некој со големина од 300 МБ го искористив за тест, а потоа без поврзани со мрежен кабел со лаптоп . Од самото видео поставено подоле, е видливо дека се вадат стабилни 10MB/s пренос, што е стандардно за пренос преку кабел.



    Во последниот тест кој што му го направив, беше истиот екстерен хард диск од претходниот тест, поврзан директно на УСБ портата од рутерот, а од другата страна лаптоп поврзан на 5гхз мрежа. На видеото се гледа дека резултатите добиени преку LAN-LAN и овие преку 5гхз мрежа се скоро идентични, т.е и преку двата начина на пренос можно е да се извадат солидни бројки на пренос, т.е во овој случај извадив нешто над 10 MB/s проток.

    Линк до видеата.

    Сосема на крајот од оваа рецензија, сакам да направам една ретроспектива на добрите и лоши страни на овој рутер според мене.

    Предности
    • Малечок и доста моќен во перформанси.
    • Едноставен и прегледен интерфејс.
    • Посебни мрежи за 2.4GHz и 5 GHz спектарот.
    • Добра подршка за QoS, NAT, port forwarding, SPI firewall итн.
    • Можност да се прикачи екстерен диск, УСБ стик или 3г/4г модем. (Јас му прикачив диск од 2ТБ усб 2.0)
    • Прилично ефтин
    • Регуларни подобрувања на фирмверот (јас го надградив двапати за да стигнам до последната верзија)
    • OpenWRT поддршка ( се најавува и DDWRT во иднина за овој уред)
    Маани

    • Само две 10/100 Fast Ethernet порти
    • Нема можност за креирање на гостинска мрежа (барем засега)
    • Нема можност за динамичко рутирање или NAT во стандардниот фирмвер.
    • Не го поддржува целосно AC стандардот во Repeater мод.
    • Само кинески фирмвер, засега.
    Оваа рецензија има за цел да посочи за добрите и лошо страни на овој рутер. Оваа рецензија не е пишува со пристрасност кон Хај Комуникации во никој случај, иако го отстапија рутерот на тест, за што сум им благодарен. Во секој случај, за цената која што ја плаќате, добивате сосема солиден рутер, со AC поддршка, се разбира за да ги искористите потенцијалите на рутерот мора да имате и AC компатибилен уред од ваша страна. Морам да кажам дека сум импресиониран од стабилноста и брзината која што ги нуди рутеров, иако поседувам рутер од повисоката класа. За време на тестовите, работата на процесорот знаеше да оди и до 90%, но се разбира тоа не го попречуваше нормалното користење на рутерот за сурфање на пример. Така да сите кои што сте заинтересирани за добар и стабилен рутер, појдете во Хај Комуникации или во нивните партнерски продавници и разгледајте го рутерот во живо. Рутеров на пазарот се нуди во 6 различни бои и тоа: црна, црвена, зелена, портокалова, сина и бела. Рутеров го добив со верзијата на фирмвер 0.7.2 а го надградив за помалку од 5 минути во последната верзија 2.2.5. Истата донесе некое UI промени и подобрувања. Кои се промените, видете на линкот


    Прашања? :)
     
    На D, DonFrozex, pinky и уште 43 други им се допаѓа ова.
  2. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,410
    3,163
    5 Јули 2013
    Супер детална рецензија. :)

    Нема да коментирам ништо освен еден нелогичен момент - не ми е јасно зошто отворите за ладење на уредот се од долната страна...Топлиот воздух природно оди нагоре.... Би требало да има странични отвори за влез на воздух бидејќи топлиот би се движел природно низ отвори кои биле позиционирани од горната страна, овозможувајќи природна циркулација и ладење. Чудно ми е што отворите се од долната страна, за украс. Не коментирам колку грее и колку може да грее ваков уред, не сум многу запознат. Но, овој момент со отворите за воздух неможем да не го искоментирам.

    А баш ми се допадна дизајнот иницијално. :)
     
    На Стап му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Па најверојатно отворите на задната страна се поставени за да не се полни со прав внатре, и воедно да не се нагрдува уредот со дупчиња од горната страна. Иако можеле и странично да ги постават.

    Уствари нелогичноста кај овој рутер е тоа што му поставиле 10/100 Етернет порти, а му вградиле Wifi картица со AC стандард со теоретски брзини од 800+ mbps. Сеа изпаѓа дека со рутеров поголеми брзини ке извадиш преку Wifi отколку преку LAN. Ова е апсурдот што највеќе му боде во очи. :)
     
    ivan88, the_maker, prichina и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,410
    3,163
    5 Јули 2013
    Горе можеше да има некои дискретни отвори, убаво дизајнирани, а исто така и oд страна.

    Техничкиот дел не го коментирам бидејќи, споредено со останатите членови моето знаење во ова поле не е на некое високо ниво. Само основни познавања имам:)
    Но, тоа што го велиш мислам дека не е некој минус, незнам дали некој воопшто би го користел на LAN рутеров освен иницијално за конфигурирање.

    Уште еднаш - честитам за одличната рецензија! :)
     
    На the_maker и DrMTR им се допаѓа ова.
  5. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,065
    5,261
    22 Август 2014
    Одлична и детална рецензија.
    KUDOS ;)
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni
    Practice makes perfect

    1,973
    1,714
    24 Септември 2012
    Прекрасно изгледа, како и софтвер и апликации. За тоа браво за луѓето, ова ни треба.

    Има една голема нелогичност според мене, дури и се зачудив како може да е AC стандард, а да има Fast 100M порти. Тоа ми е многу чудно, и не гледам никаква логика.

    Али средено цакум пакум уредчето. Како се движи цената, за да може да оформам мислење комплетно?
     
  7. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Да изгледот е одличен, фино скоцкано, со оној сјај врз белата фина пластика. За нелогичноста пишав и погоре во коментар, стварно незнам зошто така направиле, дали дека е мини рутер, или пак примарната намена е да се користи повеќе преку Wifi. Цената е 2400 ден, но како што имаше спомнато некаде на форумот the_maker, форумџиска цена е 2100 ден. За тие пари мислам дека вреди.
     
    На the_maker и mdeni им се допаѓа ова.
  8. mdeni

    mdeni
    Practice makes perfect

    1,973
    1,714
    24 Септември 2012
    Вреди дефинитивно. Добра е цената споредбено со TP-Link кој е тука некаде рецимо, а не нуди ни приближно волку.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unstoppable

    2,327
    3,005
    4 ноември 2013
    Машко
    Браво!
    Одлична рецензија.
     
  10. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,780
    1,342
    17 Август 2014
    Машко
    А кажи ми нешто има поголеми брзини на вифи? да речеме јас имам спидпорт рутер, што би ми придонело повеќе ако го имам рутерчево?

    И кажи ми пошто мислам не прочитав за домет одрпилика колку фаќа?
     
  11. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    684
    264
    7 Март 2014
    Машко
    Одлична рецензија, секоја чест.
     
  12. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Имa oдличен дoмет. Акo имaш прoчитaнo пoгoре, имaм нaпишaнo декa имaм oдличен сигнaл oдaлечен oд негo 20-тинс метри сo мнoгу зидoви пoмеѓу. Штo знaчи вo превoд, нaд 200 метри oтвoренo ке имa дoмет, a 50-60 метри ке пoкривa вo местo сo пречки.

    Вo oднoс нa нa спидпoртoт ке дoбиеш нa сигнaл вo мртвите зoни и еедеaлнo зa гејминг преку вифи.








    и.
     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Borsa

    Borsa
    Gaining Experience

    783
    426
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Одлична рецензија и супер рутер :)
     
  14. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Само што тестирав со теелфонот на која одалеченост ке го добијам првиот сигнал и ке ме конектира истовремено. На некои си 100 метри одалеченост од рутерот во густа населба од куќи и бетон, успешно се конектирав на рутерот и добив интернет. Земете во предвид дека телефоните имаат каде каде послаб wifi приемник вграден од лаптоп компјутерите на пример. Со нив можеби на истата позиција ке имаш и подобар сигнал. Со телефонот имав само една линија сигнал, ама сепак имав интернет. :)

    P.S: Еве ви еден inSSIDer тест. Xiaomi -то и MikroTik-от се поставени на одалеченост од 40-тина сантиметри, а лаптопот е на истата позиција како и секогаш.

    [​IMG]
     
    Последна промена: 18 Јули 2015
    На bokiscout, prichina, Sukhoi и уште 6 други им се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,662
    6,371
    23 oктомври 2012
    Машко
    Одлична рецензија, иако мислам дека е малце блага кон Ми. Според мене глупоста со 100 мегабитната WAN порта е голем фејл како и математиката од 1167 Mbps проток. Многу ми е безвезе кога некој ке направи такви бомбастични бројки и реклами а врска си нема со реалноста.

    Мислам дека недостига мерење за LAN-to-WAN и WLAN-to-WAN перформанси на рутерот како и мерење за проток при мали пакети и оптеретеност на ЦПУ при таков товар, иако ова со ЦПУ-то е помалку битно, сепак е хоум рутерче.

    Ми се бендисува изгледот, интерфејсот е кул, едноставен и графикален (ако е ова воопшто збор) и ми се бендисува јачината на WiFi-то. Не видов некаде дека пишува колку зрачи (и дали е во рамките на дозволеното), али ако е така како што си пишал (а јас верувам), тогаш е стварно јак сигналот. Како позитивна страна ја гледам и стабилноста, ама реално за 2-3 дена неможе со голема сигурност да се тврди истата, ке треба некој да го стави на УПС и да постира аптајм од барем неколку месеци, за да речеме, да бе мајката стварно е стабилен.

    Како и да е, според мене, за 2100 денари мислам дека е добар избор иако ме напиња моментот со мегабитите и ванот, ама сепак, за домашна употреба, верувам дека е доволен, а за нешто повеќе мислам дека повеќе би го користел како АП.

    Едит: заборавив да напоменам дека мнооооооогу ми се свиѓа опцијата со даунлоад на торенти, ама онака ептен-ултра-супер-турбо-најмногу. Ме интересира како стои со ЦПУ додека торентира (ако и ова е збор)...
     
    На Krkac, FLEGMA, ivan88 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  16. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    Не гo прoбaв нa тoренти реaлнo, aмa пти пренoс нa фaјлoт ми дaвaше декa врши пренoс oд 10 MB/s a прoцесoрoт oдеше нaместa и дo 90% искoристенoст. Тaкa дa , верувaм декa aкo симнувaш сo 10 мб oд нет би имaл тoлкaвa искoристенoст.

    И дa пoшo е хoм рутер не ги прaвев тестoвите LAN-WAN итн.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,624
    5,534
    14 Август 2014
    Машко
    Сега ја видов темата, јас најчесто каснам на забави :) :) Супер темелно објаснето @DrMTR , ти благодарам за времето и заложбата.. И не, не е пристасен нит кон мене, нит кон Ми.. Јас прашав кој сака, и пратив сосема неотпакуван уред, дури и без 220в адаптерче :)

    Некои мои придавки и додавки:
    1. Гостинската мрежа се подесува каде што се бираат двете мрежи да се активни. Тоа му е поентата. Едната на 2.4гхз ја местиш за гости, а другата 5гхз за домашни. Која сакаш ја криеш/прикажуваш и на двете местиш посебни параметри за прикачување, со што нативната врежа е веќе заштитена од други страни.

    2. 5Гхз мрежата работи подобро во густ „сообраќај“ од ѕидови и плочи затоа што има поголем badnwith од 2.4гхз, а со тоа и помали загуби на подалечен домет. Исто така е побрза затоа што сеуште во тој Ф опсег нема скоро ич уреди, така да е полабаво.. Јас ги променив сите канали, и на крајот (од сите 50-80 канали беа вкупно мислам) на канал 60 (незнам која Ф точно беше) добив најсилен сигнал. На горните Ф/канали кај мене мојот Ми Ноте Про не ја гледаше мрежата, наверојатно е за некоја фиксна вифи картица на некој РС која може да ги прочита/фати.

    3. Стабилноста на сигналот е врвот кој може да се постигне во оваа класа. Не дека е на Ми, туку сум имал све и свашта од рутери, скоро сите со Томато или ДДВРТ софтвер баш поради тоа, и со твикање сум успевал нешто да направам. Овдека го добиваш тоа out-of-the-box. Тоа е голема предност по мене.

    4. За овој Рутер имам и OpenWRT нативен фирмвер, но нестигнав да го пратам на @DrMTR затоа што дента отидов на одмор. Но ќе се тестира брзо ветувам :)

    5. За крај, овој ја мањи брат :) Велики брат није стиго.. хахаха.. Mi WiFi Router со 1ТБ харддиск на него беше нарачан исто, но немале на лагер па не го пратија.. Нареднава недела стига, па ќе го гледаме и него.. Тој има порти за АС, како и по робусен систем за менаџмент на офф-лајн/он-лајн фајлови, безбедност и домет.. Плус фабрички оди со 1 и 6 ТБ HDD, но втората варијанта е искрено малце по солена по мое мислење. Но, како и да е, за секое лонче има капаче.

    И како крајно, ќе стигнат и WiFi Repeater Антени (Amplifiers) , за таквите проблеми со повеќе спратови на куќи, а за мали пари да може да се има супер стабилна врска. Види фотос подолу..
    xiaomi_wifi_amplifier.jpg
     
    Gajche-X, DrMTR, DarkEnchanter и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. mdeni

    mdeni
    Practice makes perfect

    1,973
    1,714
    24 Септември 2012
    Што е тој поголем брат? За рутери зборуваме. Има ли појако радио, појак сигнал или појак процесор? Или исто само со диск?
     
    DrMTR, the_maker и на Oktar им се допаѓа ова.
  19. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,624
    5,534
    14 Август 2014
    Машко
    Све е појако, нормално..

    [​IMG]
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014


    Ке го имаме и тој на тест, само да стигне. ;) Тогаш ке направиме реални разлики во перформансите помеѓу тој и овој што веќе беше на тест.
     
    Последна промена: 21 Јули 2015
    На the_maker му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Sukhoi

    Sukhoi
    On your way to fame

    1,568
    918
    16 Јуни 2010
    Го нарачав, ке ми стигне за некои 30 дена од Али Експрес. Гледав има добар фидбек, а и цената му беше океј 33 долари на попуст, така да мислам дека ке добијам океј уред - не копија(ваљда не прават копии и на рутери, хахаха). Инаку според твојава слика, излегува дека Микротикот и Ми-то имаат слични антени, па дури ми-то е појако?
    Стварно неможам да се бафтам повеќе со ТП-Линк и слични к.рац марки, на секои 15 минутки дота закочува(преко Wifi). Искрено се надевам дека овој рутер тоа може да го издржи без проблем.
     
  22. DrMTR

    DrMTR
    Unbeatable

    5,023
    4,847
    27 Март 2014
    незнaм дaли aли експрес прaвaт кoпии и нa рутери, aмa пoжелнo едa се избегнувa купувaње нa пoскaпa електрoникa преку интернет без гaрaнцијa.

    Вo пoглед дa силинaтa нa aнтените, немaм инфoрмaции кoлку се, aмa се дoвoлнo силни , сo oглед нa тoa декa е мини рутер. Нa некoи местa ми-тo пoдoбрo се oднесувaше oд микрoтикoт. Дaли декa е пoнoвa технoлoгијa, или нештo другo незнaм.
     
    На Sukhoi и the_maker им се допаѓа ова.
  23. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,624
    5,534
    14 Август 2014
    Машко
    Стигна и Mi WiFi Router 1TB :) :) Ќе ви пишам дали ќе се тестира и како, но тоа чудо тежи повеќе од 1кг.. Сега за сега, во една куќа, фаќа на сите три спрата, ако е на средниот.. Не стигнаа репетитор антените, за да може убаво да се провери и измери све.. Но, на то спрат, максимални 93 MBs се измерени, што е за симнување капа. Ќе пишам повеќе кога ќе можам, а може и некој тест да се прави..
     
    На StalkeR и Sukhoi им се допаѓа ова.
  24. Sukhoi

    Sukhoi
    On your way to fame

    1,568
    918
    16 Јуни 2010
    Пошто гледам дека се доста разбираш од мрежа/вифи и слични ствари, твое мислење дали е рутерот способен да издржи Dota 2 (PC-Wifi), youtube(laptop) и facebook (smartphone). ТП линкот се губеше на половина час, ваљда дека процесор му е слаб 400mhz и само 32 мегабајти рам(а и ваљда дека се оди преку wifi). Ова гледам, mini рутер а 128 мегабајти рам и појак cpu, некако спецификациите го прават да е категорија над овие тостерите на т-хоум, тп линк и другите срања.
     
    На the_maker му/ѝ се допаѓа ова.
  25. the_maker

    the_maker
    Unbeatable

    3,624
    5,534
    14 Август 2014
    Машко
    Доста е над нив, а сепак е мал уред. Нема да губи сигнал или конекција тоа сигурно. Некои уреди што поддржуваат ќе си ги ставиш на 5ГХз, ќе си најдеш некој добар канал и ќе цепа без проблем.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MetalGear
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    460
  2. DrMTR
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    3,666
  3. Whisky Vishera
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,133
  4. DrMTR
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    868
  5. -echo-
    Одговори:
    53
    Прегледи:
    1,708
Вчитување...

Сподели