Момци, мене за проект за факултет ми требаа 18650 ќелии и Ќосмофон/К2 ми излегоа во пресрет со стари лаптоп батерии од каде што ги извадив ќелиите. Батериите беа од стари HP лаптопи и не беа повеќе употребливи (напонот беше многу низок, тие ќелии повеќе не смеат да се употребуваат), ама мене ми завршија работа за тоа што требаше да демонстрирам.
И кога веќе имаме „заедница“, ми текна дека можеме да набавиме стари дефектни батерии од лаптоп и од нив да вадиме 18650 ќелии. Доколку се сеуште здрави може да се искористат и да ги донираме по членови, стриктно за употреба во уреди кои што имаат сопствена заштита. Има некој идеја од каде може да се набават дефектни (најчесто само еден пар ќелии внатре е лош, другите се употребливи) батерии од лаптоп во Македонија? Здраво за природата и здраво по џебот.