Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Купување на рати во Анхоч?

goranzoran

poweruser
21 јануари 2011
3.316
2.808
скопје
Секако дека банката не работи за џабе, провизијата си ја зема од фирмата а не од тебе. Најважно е дека фирмата НЕ ти наплаќа повеќе од тоа што е регуларна малопродажна цена. Цело време се мешаат баби и жаби во муабетов.
Зошто има производи во фирмата кои се продаваат на истите тие кредитни картички со и без камата?
Затоа што дел од производите се со вкалкулирана камата во крајната малопродажна цена а дел не се. Така да врти сучи пак ти ќе си ја платиш таа камата. Разликата е само психолошка а не финансиска.
 

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
И што заклучивме на крај, човеков да оди да си купи во кеш целиот износ оти на еден или друг начин плаќа камата и е ебан отпозади?
Цел свет западно-источен функционира со рати, камати, кредити, банки, сеа ни дојдовме македонците да кажеме дека цела сума одма ако ја лупнеш поарно било.

Додека сме тука дај и даноци да не плаќаме ако може оти и тоа е излишно.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.218
И што заклучивме на крај, човеков да оди да си купи во кеш целиот износ оти на еден или друг начин плаќа камата и е ебан отпозади?
Цел свет западно-источен функционира со рати, камати, кредити, банки, сеа ни дојдовме македонците да кажеме дека цела сума одма ако ја лупнеш поарно било.

Додека сме тука дај и даноци да не плаќаме ако може оти и тоа е излишно.
Нема подобра опција од плаќање во готово. Тоа што банките сакаат да бидеме нивни кучки е друга работа.
Кога веќе правиме паралели, Santander банка на брат ми му даде 10.000 евра кредит со 1% годишна камата. "Абе молат да земиш кредит" вели.

Во меѓувреме..
Имам пријател во Прокредит Банка кој ми објасни дека мора да ги пласираат кредите по секоја цена па кажува дека давале и на цигани со обични тезги, на Битпазарџии...
True story
 

ekonomist

user
17 јуни 2008
1.239
665
Тоа со Прокредит било пред седум-осум години, сега не е така. Каматните стапки и во Македонија не се на лошо ниво, ама нема врска со темава. Разумното користење на кредитни картички е одлична работа доколу немате доволно средсрва. Само треба да знаеш правилно да ја користиш, страшно е тоа што има многу луѓе во земјава кои имаат по три-четири картички испукани до максумум.
 

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Се е математика. Ако може да добие попуст за плаќање во готово, кој ќе биде поголем од вкупниот износ на провизијата и каматата што ќе треба да се платат за вадење на готовина од картичка, тогаш може и таа варијанта да дојде во предвид. Во спротивно, ако не му даваат попуст, најдобра варијанта е со кредитна картичка да купи на рати. На тие рати нема камата, освен ако не доцни со плаќање на ратата.
Трета варијанта (најлоша) е да ја плати целата сума со картичка а после да се раздолжува со банката кога и колку може. На таа сума има камата.

Сите варијанти подразбираат поседување на кредитнa картичкa од стопанска или тутунска банка.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно