Не се работи за тоа кој колку мислења има или од кога е член. Поентата е дека @xenon и @Daniel86 со години имаат начин на комуникација со кој практично го узурпираат просторот за дискусија и ги потиснуваат другите членови. На тоа укажувам, а не на нивното техничко знаење.
Кога секоја критика или различно мислење се дочекува со иронија, потсмевање и провокации, нормално е другите членови со текот на времето да престанат да се вклучуваат во дискусиите. Форумот треба да биде простор каде што можат да придонесуваат различни луѓе, а не простор во кој неколку членови го диктираат тонот на секоја дискусија
генерално немаат воопшто трпение во денешно време младивеНе сфаќам што е проблемот со ваквиот пристап на форум? Ксенон и Даниел имале некаков стил на комуникација кој на некому не се допаѓа... Луѓе се, не се ботови, секој е индивидуа и има свој стил. Некој е поконзистентен некој е порандом во однесувањата, некогаш толеранциите се различни и слично. Ако некои членови биле поттиснати тогаш океј, не е нивна тема, не гледам причина зошто на форумов се гледа како на место на натпревар. Не мора секој да се сложи со се што е напишано, сите сме различни луѓе со различни позадини, со различен поглед на работите.