Не се работи за тоа кој колку мислења има или од кога е член. Поентата е дека @xenon и @Daniel86 со години имаат начин на комуникација со кој практично го узурпираат просторот за дискусија и ги потиснуваат другите членови. На тоа укажувам, а не на нивното техничко знаење.
Кога секоја критика или различно мислење се дочекува со иронија, потсмевање и провокации, нормално е другите членови со текот на времето да престанат да се вклучуваат во дискусиите. Форумот треба да биде простор каде што можат да придонесуваат различни луѓе, а не простор во кој неколку членови го диктираат тонот на секоја дискусија