1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на Лаптоп!

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од Gjoksi79, 24 Април 2014.

  1. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    Здраво, форумџии. :)
    Ај ве молам за помош околу избор на лаптоп од подолу наведениве:

    ASUS X551CA-SX008D
    15.6" HD LED Display
    Intel Core i3-3217U
    4 GB DDR3 RAM
    500 GB HDD
    Intel HD Graphics 4000
    LAN, Wi-Fi b/g/n, BLuetooth 4.0, HDMI, USB 3.0
    Card Reader, HD Webcam

    DELL INSPIRON 3521
    15.6" HD LED Display
    Intel Core i3-3217U
    4 GB DDR3 RAM
    500 GB HDD
    Intel HD Graphics 4000
    LAN, Wi-Fi b/g/n, HDMI, USB 3.0, HDMI, BT 4.0
    DVDRW, Webcam

    HP 250
    Intel Core i3-3110M (2.4 GHz, 3 MB cache, 2 cores)
    Intel HD Graphics 4000
    39,6 cm (15.6") LED HD anti-glare (1366 x 768)
    4 GB 1600 MHz DDR3 SDRAM
    500 GB 5400 rpm SATA
    DVD+/-RW SuperMulti DL
    High Definition Audio support,
    Integrated Altec Lansing Stereo Speaker, Integrated microphone,
    Stereo headphone/line out, Stereo microphone in
    Network interface Realtek Ethernet (10/100/1000),
    Wireless, Bluetooth 4.0 + HS, Ralink 802.11b/g/n and Bluetooth 4.0 combo

    LENOVO G500
    15,6 LED Wedge HD (1366x768)
    WEB камера 1.3MPix
    CPU Intel i3-3110M (3MB Cache,2.4GHz)
    RAM 4GB DDR3 1333MHz
    HDD 500GB 5400rpm
    GPU Intergrated Intel HD Graphics
    DVD-RW, Wi-Fi b/g/n
    USBx3 2.0, CR 2in1,HDMI,VGA
    6cell battery

    Искрено кажано, мене ми оди умот накај HP-то и Lenovo-то (и двата со 1 година гаранција)!:)
    И што мислите за НЕПТУН како продавница за ИТ опрема (поконкретно Лаптопи), бидејќи некаде на интернет прочитав дека продавале поправани лаптопи и/или лаптопи со помала гаранција од фабричката.
    Однапред Ви благодарам на советот. Поздрав....
     
  2. kjosmofon

    kjosmofon
    Баниран/a

    3,742
    5,709
    7 oктомври 2011
    kalfa
    DELL INSPIRON 3521,
    garancija 3 god i dobra mehanika, vtor e hp tret asus lenovo nikako
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    Значи, по однос на квалитет на изработката (екран, компонентите внатре, механика, пластика и сл.) HP-то и не е лош избор (можеби не е нај-нај, меѓутоа ..), оти прочитав коментари од типот „бегај од HP како од болест“, „никогаш не купувај HP“ и сл.!? :suprised: Инаку, конфигурацијата на HP-то ептен ми одговара. Па, искрено се надевам дека нема да ме заебе нешто во скоро време откога ќе го купам! :)
     
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,583
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Јас бегам од процесори кои на крајот имаат U како од болест. ;)
     
    На Gjoksi79 и goranzoran им се допаѓа ова.
  5. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,889
    2,461
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
  6. AlexM

    AlexM
    On your way to fame

    955
    519
    14 Јануари 2009
    важен податок. Одлична споредба U ако повеќе се користи на батерија, М за се останато.
    Од сите три јас сум за тој со најмногу гаранција. Делот мислам
     
    На Gjoksi79 и goranzoran им се допаѓа ова.
  7. Rodrigo

    Rodrigo
    Gaining Experience

    175
    90
    18 ноември 2013
    Машко
    Не мора да значи!Имав два лаптопа на тест ХП!Еден со Corei3U друг со Corei3М.Toчно е дека М извади подобри резултати,но разликата во батерија беше околу 4 часа повеќе kaj U-то.

    Морам да напоменам дека Core i3U e малку слаб процесор доколку се работат графики,но совршено би било некоја i5ка со U.Тоа е веќе добитна комбинација,ако може да му се вклопи во буџет.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    mene mi treba za word, pdf, surfanje, youtube, nekoe online filmche i toa; NE za photo editing, video editing, igri i sl.
    FALA VI NA ODGOVORITE. :)
     
  9. Rodrigo

    Rodrigo
    Gaining Experience

    175
    90
    18 ноември 2013
    Машко
    Тогаш оди со U-Процесор.Батерија загарантирано трае многу повеќе.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    OK, fala! :)
     
  11. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,298
    6,418
    27 Март 2014
    Само немој да купуваш ASUS. тешко срање од лаптопи се. досега видов неколку ASUS лаптопи и сите имаа по некоја фалинка.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    Razmisluvam za ovoj laptop:
    http://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=40982&i=13&l=MK&q=&SupplierArticleID=SAID0682&Action=
    Od denes e na popust, od 20.500 den. cenata padna na 19.000 den. Mislam deka cenata e odlicna za Dell. Jebi ga, tolkav mi e budzetot.
     
  13. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    1. DELL - 3 години гаранција си е 3 години, а и моделот е сосема ок
    2. Lenovo-то - мана му е само 1 година што има гаранција, а има малку подобар CPU
    3. Asus - ок, само имај во обзир дека овој најверојатно нема DVDRW , ако не ти треба тогаш не смета, мада кога тогаш ќе ти притреба макар за малце
    4. HP 250 - бегај подалеку од HP ако не е барем Probook или Pavilion - 250-ките се правени да бидат најефтини што може, па дури ни нумеричка тастатура нема за да биде поефтин. Ова ѓубре се продава само во источна европа и Азија, многу ретко во развиени земји.

    Нептун - па ако знаеш точно што бараш зошто да не, тоа не е IT продавница ама ако имаш подобра цена отколку во IT продавниците тогаш нема зошто да не земеш од нив. Е сега поддршка не очекувај, ама не би требало да ти треба со лаптоп нели, си имаш овластен сервис друг.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    Зимај, не се мисли, за таа цена е одличен, само види да не им се последни на лагер со некоја фалинка па затоа да не ја спуштиле толку цената.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    Ама јас планирам да го нарачам ONLINE, па кога ќе дојдат момците од АМЦ да го отворам пред нив и кога ќе се уверам дека нема некоја помала или поголема фалинка, дури тогаш да им платам за производот, гледам дека имаат и таква опција за плаќање („Плаќање по превземање на производот“; „Единствени во Македонија, имаме начин на плаќање, ПЛАЌАЊЕ ПРИ ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ. Го добивате она што сте го нарачале, го проверувате производот и плаќате.“; „При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуално недостасување на некој дел доколку производот е составен од неколку делови. Доколку констатира некој од предходните недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.“)! Фала на одговорот. Поздрав.
     
  16. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    Ако нарачуваш online мислам дека ќе ти го донесе фирма за испорака како Брза пратка или Глопко, а не AMC, и нема да имаш време да го отвараш, гледаш, проверуваш и слично. Фирмата ќе ти бара само потпис дека си го примил пакетот и пари. Така е во Анхоч и во СЕТ мислам. Башка провери да не ти наплатат нешто за достава ( не би требало ). Сепак, немам искуство со AMC па можеби они ќе ти го донесат.
     
    На Gjoksi79 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gjoksi79

    Gjoksi79
    Intern

    7
    0
    24 Април 2014
    Машко
    Во ред, ќе се распрашам утре за подетални информации! :)
     

Сподели

Вчитување...