• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

aronmacedon

Intern
19 февруари 2019
16
11
Мислењето е автоматски споено:

Потребни ми се две 5,5 или една 5,5 и една 3,5 kw, можеби понатаму уште една 3,5 kw, па Мислење за Haier Tundra Green 5,5 kw и 3,5 kw? Или многу подобро е да се инвестира и купи јапонец? Сепак разликата во цена е повеќе од 60 % .
Мислењето е автоматски споено:

И мене ме интересира, има некој искуство?Нема никакво инфо дури и на google.com
Ако те интересира Хаиер Тундра Грин 5.5, прочитај ги моите коментари наназад, пренесов искуство со истата во последниве 2 години. Накратко, презадоволен сум, во секој поглед.
 
alfred

Intern
2 декември 2019
15
7
Дали има некој заинтересиран да купи грее у краун 18-ка или 5,5 кв, истата е стара 1 година и 5 месеци, под гараннција е уште, реон Скопје. Ако има заинтересирани нека ми се обратат во ПП. За детали и цена ќе се договораме накнадно.
 
dekomote

Unstoppable
11 ноември 2014
1,147
2,515
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16
Video card
Gigabyte RTX 3070 Gaming OC
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Deathadder V2 Pro
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows + Tofu65 w/ Kailh Box White
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon
Сега би прашал едно поразлично прашање. Кои продавници/брендови имаат по да речам хигиенски монтери?
Земам клима неделава или наредна, ама сакам да ја монтираат некои што се држат до протоколи.
Ипак ќе влегуваат дома во спална, па убаво би било да носат прописни маски и да не мрчат ако им дадам такви ќеси за кондури...
Малце сум пицајзла за тоа, си признавам, цела година се пазам и не пуштам луѓе дома.
 
mnikolce

On your way to fame
27 октомври 2016
707
566
Треба да се набавува инвертер, за гарсоњера на приземје, гледа на Југ, распоред како на цртежот, нова пвц дограма, лоша влезна врата. Намена за греење.
Можностите скромни:
1. Haier TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA
2. Vivax ACP-12CH35AERI R32
Или ваш предлог?

Sent from my MI
Погледнете го атачментот 99396
 
Атачменти

Последна промена:

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
242
225
Треба да се набавува инвертер, за гарсоњера на приземје, гледа на Југ, распоред како на цртежот, нова пвц дограма, лоша влезна врата. Намена за греење.
Можностите скромни:
1. Haier TUNDRA GREEN AS35TADHRA-CL/1U35MEEFRA
2. Vivax ACP-12CH35AERI R32
Или ваш предлог?

Sent from my MI
Погледнете го атачментот 99396
Ако мислиш примарно греење да ти биде со инвертер клима ти треба квалитетна и пред се економична.
Toshiba,Mitsubishi,Daikin ili Fujitsu, и по можност да не бидат основните (најефтините)модели.

Пример Тоshiba Shorai a не Seiya.

Нормално се зависи од буџетот, ама за добра клима вреди да се земе и кредит

Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
 
petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
176
124

@mnikolce Да, се сложувам со @civikom, ако ти е за греење, оди со докажан бренд и модел (со нешто јапонско во името).

Испратено од телефоно.
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
112
158
Ај да споделам култура на работа на Јапонско VS Кинеско во овие топли пролетни денови....
Еве моментано, повеќе се слуша дека работи десктоп компјутеров (куќиштето на половина метар од мене), отколку климата која е на некои 2м оддалеченост од мене.

Screenshot 2021-04-02 at 15.33.07.png

Мицу-то е поставено во просторија од 29м2 и е менаџирано со тајмери според следниот распоред (кој повремено го менувам зависно условите надвор):

Screenshot 2021-04-02 at 15.31.36.png

Со следните подесувања:
Screenshot 2021-04-02 at 15.33.53.png

Oсвен во периодот од 5:30 до 6:50 наутро кога работи со (5ка) максимална брзина на внатрешниот вентилатор

Хансол-от е во помалечка соба од 17м2 со низок плафон 2.1м и фиксно поставен на 24С и ауто фан.
Вчера преку ден си работел он-офф со исклучувања во времетраење од по 40мин и вклучувања со времетраење од по 10мин...
Ноќеска модулирал без да исклучува... а од утрово повторно он-офф со исклучувања на пократки интервали кои постепено ги издолжува.
 
Arkturus

Gaining Experience
17 јануари 2013
343
266
Гледам на алиекспрес има неколку модели од овие мерачиве на потрошувачка, кој е најдобар - најточен?
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,324
14,157
Ај да споделам култура на работа на Јапонско VS Кинеско
Културата ја имав опишано уште зимоска кога фати топлиот период после 18 јануари. Логика и такозвана модулација нула поени кај Виваксите.

Да не речам исто понашање како кај тебе. Ќе акни висока „ватажа“ па гаснење на компресор, пауза па пак одново.
он-офф однесување само овој пат на надворешната. Внтрешниот вентилатор продолжува со дување. Ако не е на ауто почнва да дува ладно па се така во круг.

Во мојот случај ме вади тоа што се во релативно мали соби па наместени на ауто фан не се приметува и нема драстични субјективни осцилации на температурата.

Објективно гледано, во HASSIO, температурната крива и онаа на потрошувачка е roller coaster
 
VkriLAB

Intern
18 август 2011
6
0
Здраво дечки, ако можеме да расчистиме некои дилеми околу избор на клима (првенствено т.е. 90% за греење, 10% за ладење :) ).Имено, се работи за индивидуална куќа во Скопје (К. Вода), на 3 нивоа, станот (просторија 1-жолта боја и 2-црвена боја) каде што треба да се инсталира клима е на 2ро ниво. Под него и над него има простории но не се греат преку зима.

Термо фасада 5цм стиропор на целтата куќа, П1 стари дрвени прозори, балконски со врата (еднинечни крила/врата). П2 стари дрвени прозори, со ролетна, балконски со врата (ДУПЛИ крила/врати). П2 е многу поладна преку зима (камен ладно :) ), веројатно поради 2те страни целосно од надворешна страна, една до пола надвор и уште една кон тоалет (влага и сл) а и често е отворен прозорот од тоалетот. Буџет до 60.000 ден.

П1: 8*3,9 (4)=32м2, приоритет е оваа просторија да се загрева, потоа П2: 3,75*3,7=14м2
Висината е околу 2,7-2,8м.

Дилемата е:
Дали да се оди со една квалитетна (јапонска, што поекономична тоа подобро) клима за П1 или пак кинеска за П1 со тоа што би останале пари и за П2 исто кинеска (послаба)? Приоритет е пак ќе кажам греење за П1.

- дали реално има потреба од јапонска клима (Toshiba, Mitsubishi, Fujitsu, Daikin...) или за П1 (32м2) е дoволна кинеска (Midea, Haier, Gree...), плус тоа што остануваат пари и за П2 (14м2) што па не е лоша варијанта за во лето/ладење (летно време е прилично топло во П2)?
- дали можеби и парапетна единица (до 60.000 ден) е опција за греење на П1 или не?
- дали и мулти сплит, една надворешна - две внатрешни единици е опција?

Кои модели се најдобри во овој ценовен ранг:
20.000 - 30.000 ден.
30.000 - 40.000 ден.
40.000 - 50.000 ден.
50.000 - +60.000 ден.

На што би требало да внимавам на Eurovent? Читав наназад доста страни, но пак не ми е баш нај јасно што би требало да споредувам од еден модел со друг. Многу информарции, збунувачки е малце :(

стан_2.jpg
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,911
3,638

Погледнете го атачментот 99869
Приоритет треба да ти бидат прозорците. Штом едната е поладна од другата претпоставувам дека не се споредливи прозорците. Имено тоа мора да се среди за било кое греење. И секако таванот, ако нема над тебе спрат.

Опција 1:
Да ги задихтуваш прозорите и вратите со силикон. И дополнително да ставиш некои заптивни сунѓери и гуми. Најефтино, може да е добро, ама огромна е шансата да не е - бидејќи зависи од спретноста на човекот.
Опција 2:
Да смениш прозорци со 3 заптивни гуми најмалку. Пожелно и 3 стакла, ама најважно е 3+ заптивни гуми. Ова е поскапо но добро решение.

Откога ќе се реши горниов проблем, тогаш ќе може да се пристапи кон кровот и патосот. Дали над тебе има стан?
Да - супер.
Не - тогаш мора изолација на таванот.

Откога ќе се реши тоа, тогаш ќе може да се види подот. Дали има стан одоздола?
Да - супер.
Има - гаража, мора да се изолира кровот на гаражата.
Земја е одоздола - супер.

Откога ќе се реши тоа, тогаш се бира греење.
 
elisaveta_mk

Intern
31 октомври 2019
3
0
Целосно те поддржувам во ова мислење, само Јапанац. Нов сум на форумов и веројатно многу ќе ме рачунаат за не-релевантен ама јас на крајот на февруари се откачив од бег и од 1ви месецов грејам дневна+кујна просторија од 35м2 со константни 24степени со toshiba shorai 3.5кв без никаков проблем.
И јас ја купив оваа клима сега и би греела иста квадратура со добра изолација , како сте задоволни од потрошувачката , економична е ?
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,436
4,038
Скопје
Денес е пуштен повикот од Град Скопје за субвенција на клими.

Р.Ѕ. Ако на некој му се наоѓа вишок ќумбе, нека пише ПП :)
 
Nikola230

Intern
28 август 2019
21
11
Здраво на сите,

Дали знаете поточно околу повикот за субвенции за инвертер клими:

1. Дали може да се побара доколку се живее во стан, а се нема опција за приклучок на градско, но нема оџак зградата?
2. Или доколку зградате има парно на струја но нема опција за приклучок на градско, а иста ситуација без оџак?
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,323
2,701
Здраво на сите,

Дали знаете поточно околу повикот за субвенции за инвертер клими:

1. Дали може да се побара доколку се живее во стан, а се нема опција за приклучок на градско, но нема оџак зградата?
2. Или доколку зградате има парно на струја но нема опција за приклучок на градско, а иста ситуација без оџак?
Не. Мора да вратиш ќумбе, и да дадеш нотарска изјава дека си го користел. Кај некои доаѓаат и во контрола и реален увид на состојбата.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,472
8,765
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Здраво на сите,

Дали знаете поточно околу повикот за субвенции за инвертер клими:

1. Дали може да се побара доколку се живее во стан, а се нема опција за приклучок на градско, но нема оџак зградата?
2. Или доколку зградате има парно на струја но нема опција за приклучок на градско, а иста ситуација без оџак?
Сигурен си дека нема оџак? Аспираторот во кујна каде иде?
 
Nikola230

Intern
28 август 2019
21
11
Сигурен си дека нема оџак? Аспираторот во кујна каде иде?
Со оглед на тоа дека греењето моментално е на панелки, не сум користел ќумбе или сл. Иако имам од претходно што е користено, а инаку не знам дали аспираторот може да помине како таков, ако има некој друг искуство нека сподели.
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,436
4,038
Скопје
Здраво на сите,

Дали знаете поточно околу повикот за субвенции за инвертер клими:

1. Дали може да се побара доколку се живее во стан, а се нема опција за приклучок на градско, но нема оџак зградата?
2. Или доколку зградате има парно на струја но нема опција за приклучок на градско, а иста ситуација без оџак?
Пиши ми пп, ќе ти објаснам што те интересира.
 
Robert23

Intern
18 декември 2020
18
15
Здраво на сите,

Дали знаете поточно околу повикот за субвенции за инвертер клими:

1. Дали може да се побара доколку се живее во стан, а се нема опција за приклучок на градско, но нема оџак зградата?
2. Или доколку зградате има парно на струја но нема опција за приклучок на градско, а иста ситуација без оџак?
Може да аплицираат сите згради кои немаат можност за приклучок на топлификација
 
Delta111

Gaining Experience
23 мај 2010
124
122
Дечки, за субвенциите знае ли некој што ако немаш во моментот ќумбе? Да се бара на старо или може ново да се купи па да им се предаде?

Користевме до пред некоја година ама ја дале печката моите.
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,436
4,038
Скопје
Дечки, за субвенциите знае ли некој што ако немаш во моментот ќумбе? Да се бара на старо или може ново да се купи па да им се предаде?

Користевме до пред некоја година ама ја дале печката моите.
Најди некое од роднини, комшии, оглас. Од она што знам, не им ја проверуваат состојбата туку ту викаат иди таму истовари го и ти даваат документ дека си донел. Ова од луѓе лани што поднесуваа.

Инаку мораш да имаш нешто, при апликацијата ти бара слика од печката. Или ако најдеш од некој нека ти прати слика, зашто во моментот не ти треба туку понатаму кога ќе треба да се носат.
 
Delta111

Gaining Experience
23 мај 2010
124
122
Најди некое од роднини, комшии, оглас. Од она што знам, не им ја проверуваат состојбата туку ту викаат иди таму истовари го и ти даваат документ дека си донел. Ова од луѓе лани што поднесуваа.

Инаку мораш да имаш нешто, при апликацијата ти бара слика од печката. Или ако најдеш од некој нека ти прати слика, зашто во моментот не ти треба туку понатаму кога ќе треба да се носат.
Фала многу за одговорот!
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,717
Мислења
849,282
Членови
29,441
Најнов член
Nikii
На врв Дно