Кој модел од ЛГ го зеде, доколку не е тајнаДенес се среди работата, од сервис констатираа дека телевизорот има софтверски проблем (?) и ми понудија замена на ист или друг телевизорот. Доплатив малку и зедов Лг. Дечки фала ви мислењата и советите. Поздрав
Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk
Зошто на tom's hardware им даваш повеќе информации (како клокање и поврзување со монитор)?Екипо овака, земав лаптоп од кај нив пред 3 месеца со 1060ка, супер тераше иако не играв многу, и сега деновиве после толку време почна да јебе у игри. АС Origins и Forza Horizon 3 ги имам на лт и има ваљда "Artifacts" ако е правилното име.
Imgur![]()
Еве и видео.View: https://vimeo.com/261018463
Реинсталирав драјвери, али ништо. Сегде пишуе дека е расипана графичкава а и на еден форум од Америка ми рекоа нова дека оваа толку. Ми рекоа исто така дека ако драјвери не помагаат у оваква ствар, може да се проба Downclock на графичката, али која е поентава лаптоп пред 3 месеци си купил нов и да и праиш downclock / undervolt на 1060кава. Некој со слично искуство? Ќе го носам у Понеделник оти не сум од Ск, па сакам да знам дали ќе го реметат лаптопов оти воа е Македонија, иначе треба да го сменат одма. Некој???
Ќе го реметат лаптопот оти воа е Македонија. Горна.па сакам да знам дали ќе го реметат лаптопов оти воа е Македонија
Во период од денот на купување до 14-тиот ден маш законско право да земеш друг телевизор или да ти ги вратат во парите.Во Саботата зедов телевизор од Нептун. Станува збор за HITACHI 49 HB5 W62
но уште првиот ден приметив дека телевизорот има некој пробем и прави боотлоп. Бидејќи беше касно а Нептун работи до 21ч денес го вратив телевизорот и вработениот кажува дека мора да го прати на сервис да констатираат што станува збор за да има рекламација на производ.
Проблемот на тв е како на видеово
Па ќе видам што ќе направам, вработениот рече дека за некој ден ( до 3-4 дена најкасно ќе ми се јават).
Дали со закон можам да барам да ги вратат парите или да го заменам телевизорот за некој друг..?
Најверодостојна забелешка...Не се митови. Јас лично потврдувам дека не се.
Значи замисли имаш фабрика со производство, тоест склапање. Замисли дека таму горе во зградата имаш комерцијална служба која се грижи за набавки/продажби. И замисли дека имаш служба за контрола на квалитетот.
Едниве произведуваат, другиве нарачуваат, третиве контролираат, четвртиве продаваат.
Овие што нарачуваат компоненти имаат за задача да набават што е можно поевтино со задоволителен квалитет и некој нив им праќа, во исто или различно врее од ист или различен добавувач. После секој беч се калкулира нова цена на чинење на готовиот производ (колку нив ги кошта изработката). И сега, овие имаат список, имаме 100 комада што не чини 200 евра, имаме 100 комада што не чини 220 евра, имаме 100 комада што не чини 250 евра.
Во контрола на квалитет имаш сортирање според квалитет, најдобро склопени, со најдобри параметри покажани, слабо склопени, незадоволително склопени, па вратени на доработка, па имаш удрени, гребнати, со дел кој недостасува и слично.
И на крај имаш продажна комерција која сака тоа да го продаде. Арно ама цената треба да биде иста зошто се работи за ист производ. Не смееш на еден по една цена, на друг по друга цена, ги кршиш договорите, некој од дистрибутерите ќе ти замери, ќе сака да ти се одмазди. Но затоа можеш да даваш попусти, помали или поголеми, но сепак цената е ИСТА. И замисли сега имаш дистрибутер во Белгија, Словенија и Македонија.
Белгиецот ти набавува редовно, ти плаќа up front. Словенецот исто се однесува ама бара мал попуст. Македонецот ти вика дај ми најевтино што можеш, ќе ти платам 20% унапред, 80% после продажбата на квотата. Знаеш дека македонецот нема да ти плати се па рачунаш на тоа дека ќе има и доволно дефектни производи, кои нема да се исплати да се враќаат во фабрика и ќе се уништуваат на лице место таму, а ти треба да дадеш книжно одобрение. Ами нормално дека наместо книжно одобрение, ти ќе му одбиеш од сумата која ти ја должи и не ти ја платил уште од пред 5 набавки и на тој начин практично наплаќаш ненаплатливо побарување.
И сеа? Што ќе направиш? Сигурно нема да ја дадеш најквалитетната роба на Македонецот, пошто така знаеш дека за цел живот ќе ти должи. А сигурно нема на белгиецот да му ја дадеш најшкарт робата пошто се молиш да имаш што е можно повеќе такви клиенти кои ти плаќаат унапред, а со македонецот па работиш с-курца, ептен од што мораш, затоа што сакаш да бидеш присутен на тој пазар, си потпишал договор за квоти, а и пред газдите мораш да прикажеш market share во споредба со конкуренцијата.
Од другава страна, во Македонија имаш увозник на Асус рецимо кој кур не му чуе. Му должи на добавувачот ама и онака нема да му плати пошто овој му праќа производи кои се расипуваат или се веќе расипани па си вика фала курцу бар нема да му ја платам, а македонецот ќе се снаоѓа, ќе се задоволи со гребнато, удрено, некого ќе сјебам нема да му признаам гаранција, некој ќе пратам на локален сервис, некој сам ќе си сервисира, некому тоа е службено ќе го фрли у некој подрум и ќе чека отпис.
И познавајќи ги македонците како пазар, имаш специјални бизниси кои се отвараат кои се специјализираат за работа со такви пазари и добиваш магичен круг од кој не можеш да излезеш дури и ако си пун со пари и сакаш да купиш највисок квалитет. Епа батиња, грција или штутгарт, те ги дека се.
Значи моделов функционира перфекција, Сум направил десетици ревизии кои го покажуваат истото ова. После ние ќе се чудиме зошто се дешаваат чудни работи со потпишување на изјави, со барање на фискални за остварување на гаранција, со невпишување на продолжен гарантен рок, со неодговарање на меилови, со немање на легално купени производи на самите сајтови на производителите.
Чорба македонче.
Дали поминаа 2 недели од кога ги собра поените?
Не бе Авид - софтверски неможеш да направиш никако да има артефакти . Само од прегревање видео меморија тоа се дешава обично...Зошто на tom's hardware им даваш повеќе информации (како клокање и поврзување со монитор)?
едит: ах, и тука си пишал со различно инфо од овде лол Nvidia - Генерална дискусија
Laptop GPU Flickering / Artifacts on Games - Graphics Cards
Имаш зезнато ти нешто гарант, којзнае што сетинзи си чепкал, клокање-мокање, си и ебал мајката.
Ќе го реметат лаптопот оти воа е Македонија. Горна.
Ооо ти! Можеш, и тек како. Се сеќавам дека Дарксајдерс ми даваше артефакти, баш како на видеото, поради некоја од опциите во драјверите.Не бе Авид - софтверски неможеш да направиш никако да има артефакти.
Нептун, прво па машко, имав купено печка на пелети од кај нив. 50 и нешто бона.
Од кој знае од каде ја собрале, ми ја донесоа (НЕЗНАМ ДАЛИ ВООПШТО НЕПТУН ПРОДАВА НЕШТО ПРИКЛАДНО СПАКУВАНО) спакувана со картони од БЕКО ФРИЖИДЕР, и со обичен салотеп извртена. Стигна со скршен капак.
Цела година по телефони се мислевме за нов капак, за да на крајот ми испратат некој си од Алфи, да ми донесе капак.
0-професионалност.
Зш Асус не ? 3 лаптоп ми е погоден скроз.. Ај за Дел сум слушал дубари, ама Асус барем според мое искуство до сега сум немал никаков проблем. Искршени од работа.Колку пати да ви кажам да бегате од Асус и Дел?
Земав од Нептун Asus N751JX ... тераше 5 години како главна машина за програмирање (му дочукав рам и SSD пред 3 години), а летово земав Леново од ИНЕТ, но Асус-от сеуште тера.Зш Асус не ? 3 лаптоп ми е погоден скроз.. Ај за Дел сум слушал дубари, ама Асус барем според мое искуство до сега сум немал никаков проблем. Искршени од работа.
И јас имам постар модел на Асус кој сеуште работи значи купен 2007 година таја машина не ја мењам за ништо , за веб и за филмови е лепота.Земав од Нептун Asus N751JX ... тераше 5 години како главна машина за програмирање (му дочукав рам и SSD пред 3 години), а летово земав Леново од ИНЕТ, но Асус-от сеуште тера.
За мене Асус се погоди ептен.
Затоа, и веќе не сум ни стапнат во Нептун!Наравоучение? Не примај роба што не е во оригинална неотворена опаковка и сл.
Можеби ти се погодил и тоа е добро, но јас многу лошо искуство имам,вака кажано од аспект на некој што дава support на многу лица и компании.Зш Асус не ? 3 лаптоп ми е погоден скроз.. Ај за Дел сум слушал дубари, ама Асус барем според мое искуство до сега сум немал никаков проблем. Искршени од работа.
Astro, ако не Asus или Dell лаптоп, кој би го препорачал ?Можеби ти се погодил и тоа е добро, но јас многу лошо искуство имам,вака кажано од аспект на некој што дава support на многу лица и компании.
Sent from my Redmi Note 9 Pro using Tapatalk
Astro, ако не Asus или Dell лаптоп, кој би го препорачал ?
Lenovo ThinkPad ?
CONVERTOR EXTENSION/SPLITTER CABLE FOR 5V 3-pin ARGB ACCESSORIES 1-3 (30cm) KOLINK BLACK, ZUAD-1473
410,00 ден
MICROPHONE ELGATO WAVE 3 BLACK, 10MAB9901
11.280,00 ден
COOLERS CASE FAN 140mm LIAN LI UNI SL-INFINITY REVERSE BLADE ARGB 1600 RPM PWM, White, 14RSLIN1W
2.010,00 ден
USB Flash Drive 3.2 512GB SANDISK ULTRA ECO, Green, SDCZ96-512G-G46
3.220,00 ден
NET LAN WIRELESS DUAL BAND WIFI6, USB 2.0, CUDY WU300
470,00 ден
DOCKING STATION TYPE-C 3 in1, HDMI / USB 2.0 / USB 3.1 / Type-C PD max 90W/ CABLEXPERT/ Space gray/ A-CM-COMBO3-05
1.560,00 ден