Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Игнорирањето пораки како корпоративна култура

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Колку пати сте испратиле email на некоја фирма или институција и никогаш не сте добиле одговор?

Напишав колумна за ова, не е само фрустрација, туку системски проблем. Имаме Outlook, Gmail, Slack, Teams... а основното „прочитај и одговори" сè уште е optional. Особено кај институциите, каде одговор на email е веќе како rare drop во игра.


Дали мислите дека е тоа лоша организација, мрза, или едноставно, таква ни е културата? И имате ли некој позитивен пример од компанија или институција кај нас што навистина комуницира брзо и професионално?
Еве јас на пример имам еден таков пример. водовод Скопје ми одговори и ми помогнаа на прашањето, што е навистина позитивно, да не биде сега дека само ги кудиме :)


Целата колумна можете да ја прочитате: Како игнорирањето стана корпоративна култура ⋆ IT.mk
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Добро утро!

Мое скромно мислење...

Mail како и дигитална комуникација во денешно време е целодневна работа за најмалку еден вработен во поголеми институции, компании.

"Нашата култура" налага дека се нема ресурси еден човек да го работи само тоа,
бидејќи во тој случај би се испоставил како привилигиран
или со "недоволно" работни обврски.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Глупост, мислиш 150 милиони народ сме па имаат по 20 000 параки на ден па мора човек да имало вработен за тоа
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Запознат сум со таква работна позиција каде имаат стасувано по десетици mail пораки на саат.

Сепак е диспечерска работа.

Секако дека со зголемена професионалност ќе се премине поинтензивно и на таква комуникација која очигледно е една од подобрите.

Прашуваш прашање, некој го разгледува кога има прилика, ти одговара со за тебе значаен одговор, и никој не се турка за да постави прашање.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Не се сложувам со твоето размислување, Твојата теза е дека само големи фирми со многу вработени и со многу обрт не одговараат на мелови, но ги забораваш малице фирми кај кои ова е поголем проблем.

Еве жив пример од пред извесно време Ги контактирав Епоксидни подови, Хидроизолација, Сечење и бушење на бетон, Инјектирање за да ми дадат понуда за дел од нивната услуга, стануваше збор за релативно голем површина, а бидејќи не се од Скопје емаил ми беше единственит начин за комуникација. Телефон не бидејќи требаше да ми пратат понуда (да го имам во писмена форма), пишано еден куп мејлови и никој не одговори на ниеден од нив. Мислиш дека овие имаат стотици мејлови па не можат да постасаат да одговорат на сите, не туку едноставно ги боли стап за мејловите никој не го ни отвата, не ја знаат ни лозинката вероватно.
Ама сите имаат веб страна и меил па ајде и ние ќе го ставиме.

Имам примери до сабајле да набројува, сигурно сите имате.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Решение за мали фирми е компанија за Дигитални Диспечери на Mail.

Сепак уште ја немаме таа култура да одвојуваме 6к некој да ни одговора по 20тина мјела на ден бидејќи во тој случај може да се "отвори" повеќе работа и ќе нема да се знае што во тој случај да се прави и како да се напредува!?
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Ок нека ти остане тоа размислување во твојата глава немам против.

Но решението за твојот пример би бил.
„Ви благодариме што те ноктаткиравте но за жал во овој момент не можеме да одговориме на вашите барања бидејќи имаме премногу работа.“

Во мојот пример од погоре можеа само да пишат.
„Здраво не работиме во Скопје. Поздрав“
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Состојбата со комуникацијата по мејл не е дали ќе се одговори на еден или друг начин, туку дали клиентот ќе биде задоволен од брзината на одговорот, информацијата која ја добил, како и понатамошниот чекор кој треба да го превземе за да ја добие потполната услуга.

Доколку големите компании, па и малите не се спремни да ја дадат таа услуга, значи дека не се присутни на Дигитален пазар кој веќе одамна се зголемува и е голем.

Која компанија колку сака да инвестира во таа Дигитализација сепак е одлука на компанијата.

Занаетчија кај мене во маало нема потреба од сето тоа бидејќи сите во маало знаат како работи и дека треба да чекаат по еден ден за некоја услуга, додека занаетчија во Стара Скопска Чаршија можеби треба да е присутен повеќе бидејќи продава накит кој лесно може да го продаде на туристи кои пред да дојдат во Скопје се запознаваат со неговата приказна како и филиграните кои ги изработува.

Е сега ако занаетчијата во Стара Скопска Чаршија процени дека нема потреба да инвестира 500 денари дневно за да заработи 3000 денари тоа е негова проценка.
 
18 август 2019
1.210
1.174
Позитивен пример (со малку негативности):

На една банка испратив мејл. Ми одговорија, ама излезе дека баш прецизно не сум го поставил прашањето. Се допрецизирав, ми дадоа нов мејл. Од таму не добив одговор.

Утредента повторно пишав на првиот мејл и им кажав дека од вториот не ми одговориле. После петнаесетина минути проверив и видов дека сѐ е средено. Кратко после тоа ми се јавија да прашаат дали е во ред.

Негативни примери:

Агенција за храна и ветеринарство: Барем 10 мејла испратени, ниту еден одговор. Кога им отидов таму да ги пцујам, ми одговорија дека не биле должни да читаат мои мејлови.
Пратив мејл до министерството за да се пожалам од однесувањето на агенцијата. Ми одговорија и побараа да го изнесам проблемот. Повеќе одговор не добив.

Кога државните институции не ја признаваат електронската комуникација (а таа е официјална), што има да се чудиме за малите фирми кои не проверуваат мејлови.
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Мое мислење е дека не говориме за Институции или Компании туку за културата на одговорот кој ни заштедува време, ни дава напатствие каде понатаму да постапиме и како да го решиме она што не засега во дадениот момент.

Културата на комуникација е сепак нешто што се учи, и секако дека е нешто во кое вреди да се инвестира. Како и во сѐ дигитално кое штеди време и ресурси.

Кај нас поедноставно му е на занаетчијата да седи цел ден да пие кафе и да прави некој накит кој се чуди зошто не го купуваат, отколку да се слуша по телефон со Студент кој треба да му донесе 300% раст на заработка.
 
18 август 2019
1.210
1.174
Мое мислење е дека не говориме за Институции или Компании туку за културата на одговорот кој ни заштедува време, ни дава напатствие каде понатаму да постапиме и како да го решиме она што не засега во дадениот момент.
За која култура на одговор зборуваме, кога одговор НЕМА?
 

Глупав

IQ=IQ+1
20 април 2008
1.520
1.028
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Културата на одговорот каде што тој се очекува.

Културата на комуникацијата.

Културата на Дигиталната Комуникација.

Дигитализацијата која не е никогаш доволно имплементирана.
Дигитализацијата која штеди време и ресурси.
Дигитализацијата која Повозрасните не можат или немаат доволно време да ја организираат,
а Помладите не сакаат да ја работат бидејќи секогаш целат три степеници повисоко, како и секогаш со барање на проблем, а не на решение.
 

FikanA

hello world
3 април 2025
194
244
Средe никаде...
Агенција за храна и ветеринарство: Барем 10 мејла испратени, ниту еден одговор. Кога им отидов таму да ги пцујам, ми одговорија дека не биле должни да читаат мои мејлови.
Пратив мејл до министерството за да се пожалам од однесувањето на агенцијата. Ми одговорија и побараа да го изнесам проблемот. Повеќе одговор не добив.

Кога државните институции не ја признаваат електронската комуникација (а таа е официјална), што има да се чудиме за малите фирми кои не проверуваат мејлови.
Така нешто е. Нив им одговара да кажат дека многу сакаат по мејлови да работат пошто тоа е во нивна глава уште “прогресивно и унапредување“ али кога веќе ќе треба да отвараат мејлови да гледаат доставени документи итн. после им текнува дека има “архива“ однсоно можат други да прават работата за нив и мејлот всушност пропаѓа во вода
 

boro1

user
13 август 2009
1.815
1.630
Кај нас е “ѕвони да се разбереме“ менталитет.
За некои работи е во ред, но убаво е да се има и комуникација на мејл за “црно на бело“ доказ, штета што тоа не функционира кај голем дел од фирмите кај нас.
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.689
3.325
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Користам Mailbird апликација кога праќам мејлови најчесто знам кога е отворен (има tracking). Од фирми кои не ми одговориле на убаво скоцкан мејл биле Ледиком.
 

noc32

hello world
21 март 2016
352
304
Во 2026та година да не вратиш на меил, тоа однесување би го класифицирал не само како непрофесионално туку и како "за греота".

„Ви благодариме што те ноктаткиравте но за жал во овој момент не можеме да одговориме на вашите барања бидејќи имаме премногу работа.“
Вакво нешто е сосема океј, барем знаеш дека некој прочитал и ќе те побара дополнително.

Воопшто да не вратиш на меил, како Логинг што никогаш ми немаат вратено е, едноставно за греота :)
 

dashbog

lurker
24 јуни 2008
566
808
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Јас пред неколку години имав проблем со паушални сметки од ЕВН за на една вила, раговарав со инкасатор, бев на шалтер, се јавив во контакт центар и никој не ми го реши проблемот ( бев во пренаплата и упорно стигаа сметки со паушална потрошувачка ). Последно пратив маил на тој дефолтниот (инфо) маил и ми го решија проблемот.
На крај добив корегирана фактура со реална состојба, но повратен маил не добив.

Како и да е, во денешно време да немаш комуникација преку маил е апсурдно, а да не враќаш повратни на добиени маилови е знак на ниско ниво на култура.

Јас на работа секојдневно комуницирам со маилови, како и по тел. и кога немам повратно инфо за некоја работа знам да го исконтактирам клиентот и да го известам дека де уште се чека нешто и дека не е заборавен.
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
Интересна тема на која сум размислувал многу, ама штета што немам време да пишам поопширно али ќе се потрудам. Мило ми е што и некој друг размислувал.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.480
2.926
Интересна тема на која сум размислувал многу, ама штета што немам време да пишам поопширно али ќе се потрудам. Мило ми е што и некој друг размислувал.
Пиши ни на е-маил.

:rolleyes:
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.782
33.887
roka.mk
Интересна тема на која сум размислувал многу, ама штета што немам време да пишам поопширно али ќе се потрудам. Мило ми е што и некој друг размислувал.
Не ти се важи,чим не си напишал џабе ти е, време е само изговор за слабичи :)
 

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.145
16.230
време е само изговор за слабичи :)
Не со тие куршуми бите шон, модрици оставаат :D
Ќе најдам време и ќе направам паралела меѓу тоа што гледав во Македонија и што гледам сега во Австрија, има цел век разлика но и сличности. Во Австрија се одговара на меилови, но и не се одговара, ама ова второво нешто значи, има непишано правило ;)

Stay tunned :D
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно