Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Решено Глупа и ситна работа ама ми боде очи долго време

Статус
Затворена за нови мислења.

Gappo

hello world
20 јануари 2016
177
242
Додадете оглас“. Заповеден начин кај глаголи што завршуваат на „а“ најчесто се прави со додавање -ј на крај.

Значи додава -> додај, додајте.

Во случајов, копчето во Огласник би требало да гласи Додајте оглас.

Извинете за грамарнацизмот. Толку од мене. :geek:
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Извини за четџипитизмот :)

VLgzrgx.png
 
FikanA

hello world
3 април 2025
195
244
Средe никаде...

NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Joke aside, прво направив аналогија со "Направете нешто !" наместо да употребуваме "Напрајте нешто". Тоа -јте ми звучи како некој сленг од подрачје каде литературниот јазик не се применува соодветно.

Следново е само мое мислење:
  • "Додајте": call to action, покана која малку форсира.
  • "Додадете": hint дека со (во случајов) кликање на копчето имаме можност да додадеме оглас.
  • "Додадете оглас" може да резултира со "Додадов оглас", а никако со "Додајов оглас".
 
mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.761
4.480
Неготино
Дали сериозно користите Чатџепето и слични АИ срања за јазик којшто ви е мајчин, а џепето тек го учи за вакви работи?
Дечки, срам да ви е. Лутете се колку сакате, ама срам да ви е.
Уште ова не мислев дека ќе го видам прашано на ChatGPT ..
 
Gappo

hello world
20 јануари 2016
177
242
Извини за четџипитизмот :)

VLgzrgx.png

Joke aside, прво направив аналогија со "Направете нешто !" наместо да употребуваме "Напрајте нешто". Тоа -јте ми звучи како некој сленг од подрачје каде литературниот јазик не се применува соодветно.

Следново е само мое мислење:
  • "Додајте": call to action, покана која малку форсира.
  • "Додадете": hint дека со (во случајов) кликање на копчето имаме можност да додадеме оглас.
  • "Додадете оглас" може да резултира со "Додадов оглас", а никако со "Додајов оглас".
Ми се свиѓа што се разви дискусија. Значи:

додава -> додавај
додаде -> додај

ЧетЏПТ се води по некоја своја логика, но не ги зема предвид правилата за формирање заповеден начин. Убаво е објаснето на линков. Линкот на @FikanA погоре исто убаво го покажува глаголот во сите форми, и точно си се прикажани додај и додајте.

Додади како збор не постои. Додадете би можел да се сретне евентуално во прашална форма „Дали сакате да додадете нешто?“

Сличен збор е дава, даде. Дали заповеден ќе биде дади, дадете? Или дај, дајте? :)

Колку и да звучи како сленг, тоа е правописот.

Кај примерот за направете, не важи истото правило бидејќи е од зборот прави, кој спаѓа во глаголите од и- и е-група чиј општ дел завршува на согласка значи заповеден би било прави, направи иако сленговски се вели „Прај шо сакаш“.
 
NENO19

hello world
30 јануари 2011
162
131
Дали сериозно користите Чатџепето и слични АИ срања за јазик којшто ви е мајчин, а џепето тек го учи за вакви работи?
Дечки, срам да ви е. Лутете се колку сакате, ама срам да ви е.
Уште ова не мислев дека ќе го видам прашано на ChatGPT ..
Мора да сфатиш дека моето мислење беше напишано заради хумор и тролање, не се возбудувај :)

Почитуван, изведениот збор "Додади" не е предмет на дискусија туку "Додаде", бидејќи алудиравте на фразата "Додадете оглас". Според официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик, "Додаде" е прифатлив збор во нашиот јазик, а во примерите е употребен и во не-прашална форма, нешто што го побива Вашето тврдење погоре. На копчето само го членувале тој збор со додавање на -те. Извор: додаде | Македонски.гов.мк
 
Додаде не е заповедна форма од зборот, туку свршено време во трето лице.
1.додадам
2. додадеш
3. додаде

1. додадеме
2. додадете
3. додадат

Оспорувањето беше како правилно од овој збор се оформува заповеден начин. Според логиката ако од трето лице множина додадат станува додадете, тогаш додаде би станало додади, но тоа не ги следи правилата за заповеден начин со додавање -ј и -јте. Значи додаде -> додај, додадат -> додајте.

Патем додаде-те не е членување на додаде бидејќи додадете не е членуван збор. Се членуваат именки: играта, играна, играва. Додадете е само погрешно оформен заповеден начин во трето лице множина.
 
Да, во право си, мој лапсуз за употребата на зборот членување, на ум имав да посочам дека Додадете (оглас) се употребува кога се персира (Додадете Вие...) или кога обраќањето е кон две или повеќе личности, Додади (оглас) е повеќе неформално, на "ти". Двата збора се во широка употреба во нашиот јазик, изгуглај ги зборовите поединечно во наводници за потврда.

Да даде. Да дополни - да додаде. Оттаму, додадете (оглас). Значи на постоечките огласи, можност да се додаде нов. Во овој случај, ти даваш, имаш можност да додадеш т.е. ние да додадеме (оглас).
Дај. Дај ми (чаша вода). Додај (ми го новчаникот). Додајте (ми ја топката). Навистина заповедно, но кога нешто бараш. Во овој случај, ти заповедно можеш да бараш (топка, новчаник, итн.) Не можеш заповедно да дадеш.
 
Gappo

hello world
20 јануари 2016
177
242
Додади постои на интернет бидејќи се користи по грешка наместо додај, но не постои во правописот, што се гледа и по резултатите од гугл како што предлагаш.
Додадете постои, но е свршено време во 3л множина. Според твојата логика ако е копчето во еднина или без персирање ќе биде додаде оглас (свршено време во 3л еднина), што нема смисла нели.

На копчиња се користи заповеден начин бидејќи се команди за нешто да се случи. Еве кликни измени на твојот одговор и види како убаво си пишува на доле на црвеното копче Зачувајте, а не Зачувате или Да зачувате.
 
Последна промена:
15 септември 2012
1.157
1.299
Дали сериозно користите Чатџепето и слични АИ срања за јазик којшто ви е мајчин, а џепето тек го учи за вакви работи?
Дечки, срам да ви е. Лутете се колку сакате, ама срам да ви е.
Уште ова не мислев дека ќе го видам прашано на ChatGPT ..
Тоа се вика Пу јаз`к!
а овде убаво пишува, ама треба да се прочитаааа: https://koneski.manu.edu.mk/wp-content/uploads/2025/03/11-tom-KONESKI.pdf
 
18 август 2019
1.210
1.176
Дај. Дај ми (чаша вода). Додај (ми го новчаникот). Додајте (ми ја топката). Навистина заповедно, но кога нешто бараш. Во овој случај, ти заповедно можеш да бараш (топка, новчаник, итн.) Не можеш заповедно да дадеш.
Додај (ми го новчаникот) е далеку од литературно.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Се моли даскалот @Rikimaru да се произнесе :)
Во право е човекот. Се обидувам да не бидам граманацист во последно, но ако запнам ќе најдам ситници што треба да се поправат. Ако сакаш QA, дај две-три пива ќе ги најдам сите. Но, не се ни обидувам да се корегирам самиот себе веќе.

Овој е клучниот момент (и решението) за горенаведениот проблем:

додава -> додавај
додаде -> додај

Анегдота: Имаше целосно ист случај со додадете – додај со ВМРО неписмените. И тие имаа искористено „додадете“ во промотивни материјали, па ги плукаа на социјални прежи како се неписмени.

Се откажав од замарање откако имав јавен crashout пред неколку години со неписмените УНИБанка коишто имаа јазична грешка на сите маркетинг материјали од постери до флаери. Па ми бришеа коментари иако им цитирав јазични правила. Ги променија маркетинг материјалите по неколку месеци, но неписменоста им остана, па се префрлив на Халк.

Овој е тој случај (не дава да прикачам слика): View: https://i.imgur.com/81AyBrA.jpeg

Во случајов „исплаќа“ е точната форма. Потребен е несвршен глагол којшто означува дејство во тек, а не завршена акција. Значи искористен е свршениот глагол од парот (исплати – исплаќа).

Ама пак, големиве компании се сместени во Скопје и штедат на лектор, па јазикот неминовно им е заснован на скопски дијалект. Не се замараат дали изразот е точен според пропишаните правила. Тоа знае да ги раздразнува говорителите од другите наречја (case in point причината за оваа дискусија). Safe bet: користи стандарден мак. Нема право никој да рече нешто.
 
Последна промена:

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Не е корИгира? Чисто прашувам за на @JasSum да му потраат пуканките :)
Како што реков нели: „Но, не се ни обидувам да се корегирам самиот себе веќе“. Си терам по битолски. Тоа настрана, ако има потреба од внимание за одредено јазично правило, ставам јача брзина. Секако не работам во сферата. Дипломата виси на ѕид. Треба да полижам политички г'зови за да влезам лектор да нишам врата до умирачка.
 
Последна промена:

Gappo

hello world
20 јануари 2016
177
242
Во случајов „исплаќа“ е точната форма. Потребен е несвршен глагол којшто означува дејство во тек, а не завршена акција. Значи искористен е свршениот глагол од парот (исплати – исплаќа).

Тоа исплАти со акцентот на А секој втор го користи и е стварно феномен од збор што не ми е јасно како настанал бидејќи не постои друг таков пример во македонскиот жаргон. Ако кажеш Исплати е минато време, а исплАти е сегашно. Е ај сеа. :D

Верувам дека и УНИБанка така го напишале пошто така го користат луѓе, но дали стварно смени банка заради тоа?
 
Gappo

hello world
20 јануари 2016
177
242
View: https://www.facebook.com/watch/?v=980430149479235

на темата за исплати.
Не се исплати, значи дека нешто се направило но не било исплатено. Со оглед кој објавува мислам дека и тоа како му се исплати.
Да, така има смисла, но луѓе го користат како глагол во сегашно време. На пр. „Не купувај нова кола сега, не ти се исплати“. Не се исплатило, а уште не ја купил колата, ниту направил нешто.

Точно би било „Не купувај кола сега, не ти се исплаќа/нема да ти се иплати.“
 
JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Да, така има смисла, но луѓе го користат како глагол во сегашно време. На пр. „Не купувај нова кола сега, не ти се исплати“. Не се исплатило, а уште не ја купил колата, ниту направил нешто.

Точно би било „Не купувај кола сега, не ти се исплаќа/нема да ти се иплати.“
Не си го разбрал значењето на зборот. Не се исплати значи не се направила исплата, т.е. немало трансакција на средства. Не е исплатливо е тоа што сакаат да кажат.
Не купувај кола, не е исплатливо - значи немаш бенефит од тоа.
Не продавај кола, не се исплаќа - значи нема да ти ја платат, т.е. нема да ти се плати тоа што си го дал.
 
Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.588
6.028
Битола
Исплати како форма постои (рековме) но скопскиот дијалект го корисни во контекст на континуитет (погрешно).

Исплати е свршен глагол. Не се користи за вистинска сегашност. Толку. Крај. Сите овие реклами што ги гледате се граматички неписмени.

Она на што тие говорители мислат е друг глагол (исплаќа).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Последни теми

Последни огласи

На врв