1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Фискалните и гаранциите

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од toshex, 27 Јануари 2019.

  1. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    900
    1,518
    20 Јануари 2015
    Машко
    Ова е невозможно за мноооогу побогати држави.
    Логично е повратокот на ДДВ на оди електронски, преку апликација а верификација да се врши со скенирање на бар код со мобилен.
    На овој начин функионира во Словенија, додуше не повраток на ДДВ, туку наградна игра преку фискални сметки, нешто слично ко што беше кај нас пред некоја година, само не со физичко собирање на фискални и праќање по пошта, туку со скенирање и праќање на информации од бар кодот на фискалната елетронски.
    Во секој случај, ако успее да се реализира проектов, многу добро би ми дошле едно 400-500 евра на крај од година.
     
    cipiripi, igor_igor и на Oktar им се допаѓа ова.
  2. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    517
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Сум читал лоши весници, пардон... зборот граѓанин заменет со семејство :)

    Како и да е, чувај го ова за доказ.

    Ако успее - даам 1000! :)

    Ево потпис:
    Оливер
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,178
    8,821
    23 oктомври 2012
    Машко
    Го ставив постов во фаворити т.е. favorites!
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SmartGuru

    SmartGuru
    Gaining Experience

    306
    270
    27 Јануари 2013
    Машко
    Junior Ruby on Rails Developer
    Целата финта тука е граѓаните да ги бараат фискалните сметки бидејќи во многу случаи не се издаваат фискални сметки, посебно во западниот дел на државата. Владата веројатно пресметала дека и со ваква мерка на повраток на данокот сепак ќе собере повеќе пари во касата отколку што ќе вратат.
     
    На mdeni, ТАТА_МАТА, RoninMK и уште 8 други им се допаѓа ова.
  5. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    517
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Абе, за сите ќе частам по една книга! Не само тебе, само нека бидне! :D
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    347
    340
    17 Март 2010
    Машко
    Точно, ова е една од мерките против сивата економија. Досега на крајниот купувач сеедно му беше дали ќе земе фискална сметка или не (ако не е во прашање продукт со гаранција), а вака, ко ќе помисли на потенцијалните 500 евра на крај година, ќе бара фискални сметки дури и кога ќе купи нешто за 10 денари. Барем на такво нешто се надеваат тие од влада.
     
    На mdeni, SmartGuru, Pane24 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Arabian

    Arabian
    Gaining Experience

    542
    250
    5 ноември 2013
    Машко
    @worker_x во право си. Ако секој потрошувач си ја бара фискалната држава ке добие 85% од ддв(18%) што го наплаќаат. А македонче како македонче и за еден денар се ке направи така да мислам ова ке е и успее на владата
     
    mdeni, olikomerc и на worker_x им се допаѓа ова.
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,936
    2,909
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ovoa mi se vide najverodostojno.
    Screenshot_20190127-234217.png
     
    The-spiki, JensenInterceptor и на steelseries им се допаѓа ова.
  9. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    44
    55
    20 Април 2016
    Машко
    Така е... точно... ама за тие што имаат 40.000 примања и тие 8.000 ден на крај на година нема да се баш занемарливи... проблемот е што колку фискални ќе треба да собереш за да дојдеш до таа сума?
    Има логика само за поскапи работи посебно ако се со 18% ДДВ и плус доаѓа до израз тоа дека побогатите ќе вратат повеќе односно ќе бидат уште побогати.
    Друго што ми текнува е дека не верувам оти многу ќе ја намали сивата економија зошто например тој што не дава фискална не ти дава баш поради фактот дека не ти ја наплаќа робата по редовна цена... можеби едино во кафичи и ресторани да се намали малце пошто таму и најмногу мислам дека ја има.
     
    На Oliver! му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    517
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    Базинга! Директно у центар.

    А, проблемот на целава проклета нација е што 500 фаќин еура им претставува голема сума... Што повеќе да се каже...
     
  11. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    695
    267
    5 Јуни 2007
    Машко
    1. Nacijava ne e prokleta

    2. 500 evra dzabe za sekoj se golemi pari

    3. U pasiv agresiv konotacija nemora veke nisto da se kazuva :)


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На Antonio Vasilevski му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    517
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор

    1. Ајде кога ќе се запознаеме лично ќе разговараме за тоа
    2. Нека успее проектот, ево и за тебе 500 еура од мене - потпишувам.
    3. Не те разбрав баш... дај на кирилица, мајку му :(
     
  13. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,292
    1,411
    25 Март 2013
    Машко
    ДДВ собирај и вредни награди добивај!

    Моите заклучоци се следни:

    1. Државата во суштина дава кешбек.

    2. Колку и да е мал повратокот, ова ќе стане национално хоби!

    3. Ова истотака значи дека кантите пред маркет ќе бидат почисти од било кога. Бабите ќе ги честат внуците за сведителства со неискористени фискални сметки. Луѓе се почесто ќе приоѓаат со зборовите ,,Дечко таа фискалната дали ќе ти треба? ", а најекстремните случаи ќе бараат фикс во стуткани фискални меѓу седишта.

    4. Ако некои сметки се со 5%, a повеќето се со 18% ДДВ да речеме дека просекот е 13% и на тие 13% пресметаме 15% повраток на данок. На 1000 денари во просек се добиваат 20 денари назад. Или поточно за сметка од 1000 денари со 5% ДДВ се добива 7 и пол денари, за истата сметка со 18% ДДВ се добива 27 денари. Збогум сиромаштијо!

    5. Ме интересира дали некој знае колкаво е ДДВто точно за различни ИТ производи пример графички, процесори итн? Оваа тема е за царинење, ама ДДВ-то е ваљда исто?

    6. Премногу сум разочаран од сите досегашни влади за да не бидам сомничав. Се она што навидум е за општо добро, некој дебело печали. Не гледам некоја шема, но се плашам да не е сипување од шупло во празно.
     
    На The-spiki и crcic им се допаѓа ова.
  14. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    517
    410
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Не се плаши, така е :)))
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,354
    4,064
    23 Јуни 2015
    Машко
    Класика македонче, сега му смета зашто повратот на ДДВ е толку мал. Државата лажела, ама Lyoness е топ и за верување. :D

    Абе за нас е само камшик, не сме ние за живеење.
     
    На Sonic.01, Vlad944, dddragan и уште 9 други им се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,667
    1,707
    8 Мај 2007
    Машко
    Шитнавте држава за екстерно и радиодифузна.
    На окупаторите не им плаќам данок. Од скоро, секаде БАРАМ да не добивам фискална.

    Гледам уште верувате. ИТ форум. Не разбирате зошто нема доволно информации? Зошто сега е актуелна темава? Зошто не е од прв ден?

    Туку ми требаат жиранти за станови. Ќе ви враќам пари со поврат на ддв и чесен владин пионерски збор...
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    Така е поентата на ПОВРАТ НА ДДВ.

    Од 1000 денари да добиеш 150денари назад на крајот од фискалната година. Со максимум од 500 евра.

    850денари производ + 150 денари ддв = 1000 денари.
    На крај ти враќаат 1000х15%=150 денари
    Толку е едноставно.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,780
    3,639
    18 Септември 2013
    Машко
    Имаат логика и двете објаснувања. Од една страна ДДВ ако се смета као вид на „заем“ од граѓаните за да у текот на годината се направи обрт и инвестира, профитира и да се врати на граѓаните до одредена сума ( ко шо вели @mdeni ) има логика.

    Од друга страна пошо данок ко данок се плаќа за да може да просперира државата ако се гледа ко неповратна инвестиција во државата интересна мерка е дури и да се враќа 15% од платеното ДДВ (без лимит на сума) шо ти доаѓа као кешбек ко шо објаснија другите членови, и што најверојатно ќе е како ќе биде според цитатите кои ги објавија.

    Дополнително што ова ќе е голема мотивација за собирање фискални без разлика каква ќе е имплементацијата. Доста корисни објаснувања (освен неколку ептен политички) има у темава до сега, останува да видиме финална имплементација. И верна картичката на Макпетрол не враќа многу пари, ама ете коа ќе ти стане навика ја користиш и собираш поенчиња.
     
  19. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,178
    8,821
    23 oктомври 2012
    Машко
    Предлог до администрација да ја затвори темата. Мистеријата е разрешена, а дискусијата оди во целосно погрешна и исполитизирана насока. Мислам дека е целосно непотребно да се натегаме околу извесни ликови кои се лидери на партии и сегашни или поранешни премиери.
    Повратот на ДЕЛ од ДДВ-то е добро објаснет а лошо пренесен од медиумите кои секако треба да се игнорираат. Методологијава не ја измислија кај нас, постои и во други земји, така да безпредметно е да се дискутира околу имплементацијата и како тоа требало и можело да се изведе.

    Пинг @Fatal1ty_ @D и остали
     
    На toshex, CBB_6, gremlin и уште 8 други им се допаѓа ова.
  20. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    695
    267
    5 Јуни 2007
    Машко
    Mnogu fatalisticki gledas na celava rabota toa mi beshe muabetot. Mislam deka ova e pozitiven signal, celiot proekt. Vo momentalnata situacija vo koja se naoga nasata drzava ako uspee ovoj proekt znaci deka nesto se menuva na podobro. Toa ke go znaeme po 1 godina od stapuvanjeto na merkata vo sila. Sega e mnogu rano da pretpostavuvame i davame crni scenarija. Jas generalno poddrzuvam promeni, ova e povratok na danok, nema lazi nema prevari nema profiteri, samo narodot :)
     
  21. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,287
    2,857
    4 Септември 2008
    Нели гледаш сите теми на форумов така завршуваат. Ене ја исто темата Office 365 за студенти, како да се чека нешто цело време на нож.

     
  22. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,292
    1,411
    25 Март 2013
    Машко
    Многу цифри и различни толкувања излегоа.

    Грубо земено, рачунајте дека од секоја сметка имате 2 проценти кешбек.
     
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,139
    2,832
    24 Септември 2012
    Зошто да не рачунаме на 15% кешбек?
     
  24. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    Колу што знам грубо земено ДДВ-то е 5% за Македонски и ИТ производи, 18% за другото.
    Добивате 15% од ДДВ-то(кое е варијабилно), не од сметката, незнам што не е јасно.
     
    Zippo, goce03, igor_igor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    623
    662
    9 Декември 2015
    Машко
    Секоја ваква тема ќе се политизира затоа што има големо незадоволство од т.н. влада. Истото се случуваше пред да си отиде ВМРО од власт. Каква сакаа одлука да донесат се беше дочекувано на нож а се разбира таа атмосфера ја креираше пред се сегашнава т.н. власт. Сега нека не плачат што и нивните одлуки се коментираат вака.
    Инаку самата мерка е забава за народ, нешто како бесплатна бања за пензионери или бесплатен таблет за студенти ама сепак да видиме може на крај ќе личи повеќе на скијањето за пензионерите.
     
    На The-spiki, Sonic.01, JasSum и уште 3 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. FLEGMA
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    477
Вчитување...

Сподели

Вчитување...