Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

EV - електрични возила

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Сеа ќе дојде некој и ќе ти каже спротивно! :) Браво за линкот

лажни се бројките, на графата во линкот вика 1.7 милиони продадени во УСА. Според Кели Блу Бук, еден од најрепутабилните извори електричните биле околу 1.2 милиони.

A record 1.2 million U.S. vehicle buyers chose to go electric last year, according to estimates from Kelley Blue Book, a Cox Automotive company. More specifically, 1,189,051 new electric vehicles (EVs) were put into service as the slow shift to an electrified future continued unabated. In 2023, the EV share of the total U.S. vehicle market was 7.6%, according to Kelley Blue Book estimates. That is up from 5.9% in 2022.

Исто и за европа е лага, пишале 3.4 милиони, а фактички е 1.8 милиони.

In 2023, slightly over 3 million passenger plug-in electric cars have been registered in Europe, 16% more than a year ago—despite December. For reference, the overall market expanded by 14% last year. The market share amounted to 24% (compared to 23% in 2022, 19% in 2021 and 11% in 2020).

The all-electric car segment noted a 16% increase to over 1.8 million units and a 16% market share (compared to 14% in 2022 and 10% in 2021).

Plug-in car registrations in 2023 (YOY change):

  • BEVs: about *1.84 million and 16% market share
  • PHEVs: about *1.17 million up and 8% market share
  • Total: 3,016,880 (up 16%) and 24% market share

Да е стварно една у 5 коли електрична, ќе гледавме еден куп електрични коли и инфраструктура. Но не е така.

Едино за Кина се точни бројките, околу 8 милиони.
 
Последна промена:

acekorg

hello world
5 октомври 2010
415
693

Една од пет возила market share значи ако се продале оваа година 70 милиони возила, 14 милиони биле електрични.
Во светот ако има 1.5 милијарда коли треба да се 300 милиони електрични за да почнеш да ги гледаш онака како што очекуваш.
Што значи со овакво темпо ќе треба да почекаш едно 20тина години за да дојдеме до таква статистика.

Туку нешто не ти оди математика при толку анализи правење… :)
 
муабетот ми е дека чланакот е misleading. Не се тие бројки. Освен за Кина. Друга работа е правењето на ова како глобална работа, а очигледно е дека е локална. Има само неколку пазари кои ги имам пишано Кина, Калифорнија, и Норвешка каде овие возила стварно се продаваат. Европа е 750 милиони, Америка е 350 милиони. Сеа испаѓа податоциве нивни како сите да се луди по електричниве у овие региони.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.786
6.488
SK
лажни се бројките, на графата во линкот вика 1.7 милиони продадени во УСА. Според Кели Блу Бук, еден од најрепутабилните извори електричните биле околу 1.2 милиони.
...
Да е стварно една у 5 коли електрична, ќе гледавме еден куп електрични коли и инфраструктура. Но не е така.
Едино за Кина се точни бројките, околу 8 милиони.
Темноплавото гледај го само (членките), за се да ти биде јасно.

1920px-IEA_International_Energy_Agency_Map.png

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Доколку ова е вистинска батерија (а не медиумска фантазија), тогаш за електричниве возила има надеж:

вистинска е батеријата, еве го оригиналниот пост, и веќе почнале сериски да ја прават. Првиот модел што ќе ја прими е веќе пуштен во претпродажба, Geely E5. Иначе ако некој направи револуција тоа ќе бидат кинезите, ни Тесла ни никој друг. Само они работат на напредни батерии и технологии.
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
415
693
Тоа пробува одбранбениот блок во темата да го посочи… еден подобар изум во батерискиот свет би бил страшен катализатор на EV индустријата ама напаѓачкиот блок се држи до моменталната состојба, како не можеш у Грција да идеш со таква кола.

Ама 100 години подоцна веројатно ќе е друг муабет. Изумот може да дојде и оваа година, а можеби и после 70 години.

Ко за референца и на Бенц пред преку 1 век некој му викал “шефче сите имаме коњи, кој ќе ти го купи ова, кај ќе пуни гориво… со 10 на саат ти иде, ни рид не искачува”
Или на Маркони “каква бежична комуникација, дур малиот Феручио не го пратиме да пренесе порака ништо не бива…”

А што е 1 век во историски поглед…
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.101
6.046

Се сложувам! Електричните возила се иднината, батерииве не се иднината.

Има разни форми на ЕВ, нешто како Опел Ампера, Шевролет Волт, Бмв и3 и8, и слични кои се електрични возила но не се базираат целосно на батерии.

И со сегашнава батериска технологија е веќе океј да се оди на електрични возила. Имено 50кв електромотор, со 10kwh батерија, и мотор од 750цц позајмен од Хонда nc750x, толку е филозофијата. Се е решено со ова во делот на погонот. Ќе си се пали моторот кога треба да се дополнува батеријата кога е испод 25%, и ќе си работи во супер еко режим, над 75% ќе се гаси. Фул кочење и регенерација преку електромотор, се по пропис. Цена на чинење - патос.

Тојота и Сузуки да ставаат асална звучна изолација во колите, немаше да постојат други производители веќе. Ќе ги укинеа.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.331
5.339
Скопје
hackitfree.github.io
И да измислат лесни батерии со огромен капацитет и брзо полнење - проблемот ќе биде -ќе се загреваат премногу.
Џабе нема ништо. Колку енергија - толку загревање . Колку повеќе загревање -поегзотични елементи треба да се користат - подобро одведување на топлината - специјални системи за ладење - а тоа ладење троши додатно енергија .. И Се во круг...
Не дека се лоши ЕВ (и јас би возел) ама неисплатливи - комплицирани - скапи за поправки - одржување - лесно се расипуваат итн итн ...
Во иднина - во иднина - друг муабет ќе правиме. Сега за сега - тоа е ...
А за хибриди - пеки - најдобро решение се. Па макар и мајлд...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Доколку ова е вистинска батерија (а не медиумска фантазија), тогаш за електричниве возила има надеж:

Нели? Не само што има надеж, туку судбината е во електрични возила во сите класи.
Мислењето е автоматски споено:

Тоа пробува одбранбениот блок во темата да го посочи… еден подобар изум во батерискиот свет би бил страшен катализатор на EV индустријата ама напаѓачкиот блок се држи до моменталната состојба, како не можеш у Грција да идеш со таква кола.
Токму така. Нова батериска технологија, бежично полнење на самите улици и патишта и атомска фузија базирана на деутериум. Тоа е тоа.
Мислењето е автоматски споено:

И да измислат лесни батерии со огромен капацитет и брзо полнење - проблемот ќе биде -ќе се загреваат премногу.
Џабе нема ништо. Колку енергија - толку загревање . Колку повеќе загревање -поегзотични елементи треба да се користат - подобро одведување на топлината - специјални системи за ладење - а тоа ладење троши додатно енергија .. И Се во круг...
Не дека се лоши ЕВ (и јас би возел) ама неисплатливи - комплицирани - скапи за поправки - одржување - лесно се расипуваат итн итн ...
Во иднина - во иднина - друг муабет ќе правиме. Сега за сега - тоа е ...
А за хибриди - пеки - најдобро решение се. Па макар и мајлд...
Еве го докторот на науки, се јави повторно со нов бескорисен рант
 
Ова е веќе одбивање на иновација. Можеби со тековните знаења сме во оваа состојба но тоа не значи дека со нови научни знаења што потенцијално би дошле во иднина тоа нема да се смени.
Може бар да ни кажеш дали си механички/термички инженер по професија? Пошто ако не си во браншата тешко дека ти можеш да дадеш ваква проценка… колку год читал статистики по интернет
 
да, светот ја одбива вашата иновација пошто ни го комплицира животот него да го олесни.
Мислењето е автоматски споено:

Нели? Не само што има надеж, туку судбината е во електрични возила во сите класи.
Мислењето е автоматски споено:

Токму така. Нова батериска технологија, бежично полнење на самите улици и патишта и атомска фузија базирана на деутериум. Тоа е тоа.
Мислењето е автоматски споено:

Еве го докторот на науки, се јави повторно со нов бескорисен рант

штом русите не ја направиле таа технологија со фузија и ја дале на западов, они никад нема да ја направат.
 
acekorg

hello world
5 октомври 2010
415
693
@Ron26
Светот ги одби и HP Pocket PCјата за една декада покасно да ги прифати.

Туку ова не е утакмица па да навиваш за американците или русите
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
@Ron26
Светот ги одби и HP Pocket PCјата за една декада покасно да ги прифати.

Туку ова не е утакмица па да навиваш за американците или русите

не навивам, ти кажувам. Првиот токамак реактор е направен од Советскиот Сојуз и најверојатно процениле дека тоа нема да им даде некаква предност. Па им дозволиле на западот да ја проучат и развиваат фузијата со помош на нивниот дизајн. И од тогаш, 60ти години, до сега нема никаков напредок. Не се тие реактори профитабилни.

Иначе за да го прифати светот тој изум, треба да понуди брзо полнење помало од 5 минути и нормално инфраструктура и домет. До тогаш е проблем за сопствениците.
 
18 август 2019
1.238
1.222
Ако едно ЕВ чини 15 000 €, ако батеријата има гаранција од 500 000 км или 10 години и ако замената на батеријата не чини повеќе од 2-3 000 €, ќе си купам едно. Засега можам само да читам за нив, дури и да ми подарат едно, ќе размислам дали да го примам.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.331
5.339
Скопје
hackitfree.github.io
Ова е веќе одбивање на иновација. Можеби со тековните знаења сме во оваа состојба но тоа не значи дека со нови научни знаења што потенцијално би дошле во иднина тоа нема да се смени.
Може бар да ни кажеш дали си механички/термички инженер по професија? Пошто ако не си во браншата тешко дека ти можеш да дадеш ваква проценка… колку год читал статистики по интернет
Никој не одбива иновација. Електричен мотор и батерија имам во Сузукито (мајлд хибрид) и заштедува на бензин значително . Не само што гаси и пали по семафори туку и „бутка„ кога ќе додадеш гас повеќе од пола - а кога треба да успориш и одземеш гас се полни пак - така да при нормално возење - над 5 литри на 100км никогаш не потрошило - и град и отворен пат .
И без разлика што факултетот не сум го завршил - уште у средно се учат закони на термодинамика - далеку се денешните батерии и мотори од поглед на ефикасност . Хемиска реакција е - не може без загревање - една жица - од злато да ја направиш - кога ќе пропуштиш поголема струја низ неа - загрева - колку повеќе загрева - толку повеќе отпор ствара - и пак влегуваш во тој круг кад губиш енергија поради температура .. Моторот колку е пожежок - понеефикасен станува.. А секоја загуба резултира во покачена температура ..
А дека иднината се ЕВ - никој не спори ..
Само сега за сега работите не се баш „сјајни„ - само од поглед на тоа колку се несигурни и колку се самозапалуваат тргни . А секој сака да протурка поефтини ЕВ - да заштеди на квалитет на батерии - мотори - (барем кинезиве) - а тој проблем само ќе се влоши во иднина ..
 
Последна промена:

gdamjan

poweruser
3 април 2008
4.102
3.575
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / 2x 2TB Samsung NVMe 990 Evo Plus / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
DDR4 3200MHz Kingston Fury Renegade Kit CL16 (2x32)
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855) / Keychron Q2
OS
ArchLinux

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
да, светот ја одбива вашата иновација пошто ни го комплицира животот него да го олесни.
Мислењето е автоматски споено:

штом русите не ја направиле таа технологија со фузија и ја дале на западов, они никад нема да ја направат.
Прво и основно не е наша иновација, орајт? Ние сме само пасивни набљудувачи кои се ентузијастички настроени, гледаат потенцијал кај технологијата и водат општа дискусија без заземање на страна. Малце фрустрирани од вашиот тап пристап, вулгаризирање на фактичките состојби и отфрлање на целата технологија поради една слаба карика.

Второ, Русите можеби ја поставиле идејата, но никој нема купено никаква технологија од никого, затоа што таква технологија е во експериментална фаза и ниту една не е применлива во пракса. Најрано пред пола година успеаја да постигнат нето позитива,, произведувајќи повеќе енергија од фузија одошто е потребно за да се стартува и одржи процесот. Но, за да биде коменрцијално изводлива таа технологија, има уште многу работа, истражување на нови материјали, оптимизација и подобрување на ефикасноста на процесот, безбедност при работа и уште многу други препреки. Моментално проценката е дека сме 10 години далеку од комерцијална употреба на првите токамаци.
Мислењето е автоматски споено:

не навивам, ти кажувам. Првиот токамак реактор е направен од Советскиот Сојуз и најверојатно процениле дека тоа нема да им даде некаква предност. Па им дозволиле на западот да ја проучат и развиваат фузијата со помош на нивниот дизајн. И од тогаш, 60ти години, до сега нема никаков напредок. Не се тие реактори профитабилни.
Ова ми кажува дека имаш уште многу за учење на темата пред да биде препорачливо да даваш вакви изјави полни со „самодоверба“, бидејќи се што кажа е неточно. До толку неточно што ми се чини дека преминуваш во тролање.
Мислењето е автоматски споено:

И без разлика што факултетот не сум го завршил - уште у средно се учат закони на термодинамика - далеку се денешните батерии и мотори од поглед на ефикасност . Хемиска реакција е - не може без загревање - една жица - од злато да ја направиш - кога ќе пропуштиш поголема струја низ неа - загрева - колку повеќе загрева - толку повеќе отпор ствара - и пак влегуваш во тој круг кад губиш енергија поради температура .. Моторот колку е пожежок - понеефикасен станува.. А секоја загуба резултира во покачена температура ..
Значи стварно немаш факултет завршено на темата хаха. Ама како да немаш ни средно завршено изгледа. Тоа не се хемиски реакции, тоа е чиста конверзија од еден тип на енергија во друга, заради отпори на материјалите, неефикасност на техниката како се случува тоа и слично. И да, не секоја загуба резултира во покачена температура. Резултира и во свук, вибрации, магнетни полиња и слични други форми на енергија.

Се извинувам ако звучам некогаш препотентно и како да сакам да се расправам, не ми е тоа целта. Само сакам да се перципираат работите онака како што се, без емоции, без биаси и без дезинформации.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.334
2.754
Прво и основно не е наша иновација, орајт? Ние сме само пасивни набљудувачи кои се ентузијастички настроени, гледаат потенцијал кај технологијата и водат општа дискусија без заземање на страна. Малце фрустрирани од вашиот тап пристап, вулгаризирање на фактичките состојби и отфрлање на целата технологија поради една слаба карика.

Второ, Русите можеби ја поставиле идејата, но никој нема купено никаква технологија од никого, затоа што таква технологија е во експериментална фаза и ниту една не е применлива во пракса. Најрано пред пола година успеаја да постигнат нето позитива,, произведувајќи повеќе енергија од фузија одошто е потребно за да се стартува и одржи процесот. Но, за да биде коменрцијално изводлива таа технологија, има уште многу работа, истражување на нови материјали, оптимизација и подобрување на ефикасноста на процесот, безбедност при работа и уште многу други препреки. Моментално проценката е дека сме 10 години далеку од комерцијална употреба на првите токамаци.
Мислењето е автоматски споено:

Ова ми кажува дека имаш уште многу за учење на темата пред да биде препорачливо да даваш вакви изјави полни со „самодоверба“, бидејќи се што кажа е неточно. До толку неточно што ми се чини дека преминуваш во тролање.
Мислењето е автоматски споено:

Значи стварно немаш факултет завршено на темата хаха. Ама како да немаш ни средно завршено изгледа. Тоа не се хемиски реакции, тоа е чиста конверзија од еден тип на енергија во друга, заради отпори на материјалите, неефикасност на техниката како се случува тоа и слично. И да, не секоја загуба резултира во покачена температура. Резултира и во свук, вибрации, магнетни полиња и слични други форми на енергија.

Се извинувам ако звучам некогаш препотентно и како да сакам да се расправам, не ми е тоа целта. Само сакам да се перципираат работите онака како што се, без емоции, без биаси и без дезинформации.

твојов изум исто како електричниве коли. Ќе треба дизел генератор за токамакот да прави струја. 100 литри гориво за да направи струја која е релативна на 101 литро. :ROFLMAO: А у меѓувреме нуклеарниот реактор прави струја скоро без никакви загуби.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.331
5.339
Скопје
hackitfree.github.io
Во батерија не настанува хемиска реакција ?
А јас па мислев дека Да .. :(
Значи и од основно што сум учел - не важи више ...
И овде сме да си напраиме лаички муабет не докторски дисертации да изнесуваме . Јас никому не му замерувам .
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.786
6.488
SK
Еден интересен момент (има тајмстамп), до кај се работите во Германија (хинт: не се сјајни како што мислите). За па Македонија ни во следниот век не чекајте ништо друго освен перење пари преку субвенции, и кypч од мало мало малцинство што поседува ЕВ (благодарение на нашите пари).

Мислењето е автоматски споено:

Тоа се прити мач сите земји во светот кои не се множени со нула од аспект а развој, минус арапите се разбира.
Па они самите се тие кои си дуваат у својата тиква кои ги множат другите со нула... Барем така е во нивните глави. :)

Америте повеќе од месец не можат да си ги симнат астронаутите од Мир (се скараа со Русите, а Елон Маск ја усра работата со шатловите). Кутрите немаат ни најава кога би ги вратиле... Ракетна технологија ваљда се рачуна за развој?

Потоа хиперсонична технологија за воени проектили... Русија ја имаат повеќе од деценија, Кина ја развија пред скоро, па дури и Ким во Кореја (северната) има голем напредок. Во меѓувреме САД се позади сите нив... Ова се рачуна за развој?

Во кој аспект САД и западните се понапред во развој на било што во светот, во овој век?
Се разбира освен во продавање муда за бубрези, и лгбт воук срања. Ама тоа не го рачунам за развој.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.194
16.332
Америте повеќе од месец не можат да си ги симнат астронаутите од Мир (се скараа со Русите, а Елон Маск ја усра работата со шатловите). Кутрите немаат ни најава кога би ги вратиле... Ракетна технологија ваљда се рачуна за развој?

Не батка, не. Тоа ти се стари информации од пред повеќе од 5 години. Американците немаат вселенска станица по име Мир. Тоа беше Руска станица по име Мир (свет):

Mir was a space station that operated for more than 15 years in low Earth orbit. It was commissioned by the Soviet Union and continued its work under Russia after the union fell apart in the early 1990s. Mir served as an important precursor to today’s International Space Station (ISS).

Денешната вселенска станица (која ќе биде деорбитирана и уништена во 2030-та) се вика ISS - International Space Station и е подигната, управувана и одржувана од страна на NASA, Roskosmos, ESA i JAXA. На кинезите никогаш не им беше дозволен пристап, ама затоа они си ја градат Тиангонг (天宫空间站) сосем сами, со многу лимитирана Руска помош.

А американците се веќе повеќе од 5 години сосем независни од Русите откако SpaceX ја нарави оперативна Falcon 9 ракетата и го направија Crew Dragon могулот кој пренесува космонаути. Од време на време се користи и рускиот модул Soyuz, а за неколку години ќе биде оперативен и модулот развиен од Boeing по име CST-100 Starliner, којшто е too little, too late, пошто додека стане оперативен, вселенската станица нема да постои веќе. Така да, моментално американската вселенска технологија (читај SpaceX) е супериорна во споредба со руската и ја гази со генерациски разлики, и во погледна погон и во поглед на структура како и електроника и life support. Русите само водат во мали RTG - Radioisotope Thermoelectric Generators и нема да бидат достигнати од западот уште со години. Затоа кога ги воведоа санкциите, NASA и ESA откажаа еден куп планирани роботски мисии.

Така да, тоа што му треба на светот сега не е натпревар меѓу нациите во технологии и наоружување туку соработка. Проблемот е што на технологијата не се гледа како работа што треба да обезбеди прогрес туку на работа што треба да носи профит. Тој *бен профит е причината за сите проблеми во светот денес. наместо да се обединат народите и да го преработат светот како што треба, они се натпреваруваат и се доближуваат до атомска војна и целосно уништување на човештвото.
Мислењето е автоматски споено:

Во батерија не настанува хемиска реакција ?
А јас па мислев дека Да .. :(
Значи и од основно што сум учел - не важи више ...
И овде сме да си напраиме лаички муабет не докторски дисертации да изнесуваме . Јас никому не му замерувам .
Фала што не ми замеруваш, за возврат ќе ти кажам дека навистина не станува збор за хемиска реакција. Хемиски реакции настануваа кај старите батерии кои не се полнат, односно се за еднократна употреба. Хемиска реакција е реакцијата меѓу две супстанци со која се менуваат физичките и хемиските својства на суптанците и се добиваат нови супстанци, односно соединенија или елементи (гасови, соли и слично, зависно од реакцијата).

Кај Литиум-јонските батерии, се движат јони од едната кон другата електрода низ течен или полутечен медиум додека се празни, а додека се полни се случува спротивното. Воопшто не настануваат хемиски реакции.
Повели одлично видео со одлична визуализација:

членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно