Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

EV - електрични возила

xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.542
Skopje
www.wemaxa.com
OT: Тесла иднината (за компанијата) не ја гледа во возила (Елон не е глуп, знае дека за помалку од 10 години ќе биде на овој или оној начин прегазен од Кинезите, ценовно ќе го истиснат од пазарот). Од тоа што имам гледано, иднината ја гледа во роботика. Со темпото на социјална дистанца и индивидуализам што се спонзорира последниве многу години, во право е. Робот домашен миленик/помошник/партнер, робот работник/војник итн (индустриска намена).

Со оглед на ригорозната легислатива, недостатокот на паркинг простор, презаситеност на патиштата, густа концентрација на популација во градски средини, целата работа ќе конвергира во систем налик на овие тротинетиве за рента, мали возилца со унифициран напонски систем, модуларна батерија која лесно се менува со полна, и рента на возило по поминат км. Не дека ќе се забранат или укинат приватните возила, ама ништо чудно за 20тина години тој тип на превоз да биде исклучен од градски средини - едноставно ќе си ја паркираш колата на некој огромен паркинг надвор од град и ќе ја служиш само за исклучителни прилики, меѓуградски / меѓудржавен транспорт и сл / користењето во градска средина ќе биде на многу начини претворено во неисплатливо.

На крај на ден опциите ќе се сведат на:
  • користење на јавен транспорт
  • користење на мали електрични возила од секој калибар (тротинети, велосипеди, 1/2седни возилца кај кои ќе се менуваат батериските ќелии за 1-2 минути)
  • приватни возила со внатрешно согорување кои сопствениците ги користат само во ретки/исклучителни прилики/потреби бидејќи регистрација/паркинг/еко-давачки итн. за истите ќе биде едноставно неисплатливо
Ќе има многу бизниси/сервиси кои прават "електрификација" на постоечките автомобили така да транзицијата нема да биде нешто страшна и спектакуларна дури и за шалабајзер земјици.

View: https://www.youtube.com/watch?v=VcHjXZvEFGU
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Со оглед на ригорозната легислатива, недостатокот на паркинг простор, презаситеност на патиштата, густа концентрација на популација во градски средини, целата работа ќе конвергира во систем налик на овие тротинетиве за рента, мали возилца со унифициран напонски систем, модуларна батерија која лесно се менува со полна, и рента на возило по поминат км. Не дека ќе се забранат или укинат приватните возила, ама ништо чудно за 20тина години тој тип на превоз да биде исклучен од градски средини - едноставно ќе си ја паркираш колата на некој огромен паркинг надвор од град и ќе ја служиш само за исклучителни прилики, меѓуградски / меѓудржавен транспорт и сл / користењето во градска средина ќе биде на многу начини претворено во неисплатливо.

На крај на ден опциите ќе се сведат на:
  • користење на јавен транспорт
  • користење на мали електрични возила од секој калибар (тротинети, велосипеди, 1/2седни возилца кај кои ќе се менуваат батериските ќелии за 1-2 минути)
  • приватни возила со внатрешно согорување кои сопствениците ги користат само во ретки/исклучителни прилики/потреби бидејќи регистрација/паркинг/еко-давачки итн. за истите ќе биде едноставно неисплатливо
Кога пишав скоро дека автономни возила на рентање и јавен превоз се иднината на градскиот транспорт, членовите тука се смееја и се почувствуваа загрозени дека ќе им била одземена слободата со тоа што нема да поседуваат дизел од три кубика постар од петнаесет години.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.227
2.657

вие на тоа се надевате, у железо да го ставите народот, да не може да иде подалеку од 2 км без да зависи од некого. Тоа и го планираат, човекот да живее како у Труман Шоу со Џим Кери. Кога излага од зоната и прави нешто нетипично да се пали алармот.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
вие на тоа се надевате, у железо да го ставите народот, да не може да иде подалеку од 2 км без да зависи од некого.
И денес е така, не се трескај од земја без потреба. Ако се блокираат патиштата од сите „слободни умови тргнати некаде“ каде ќе одиш? Врзувањето на слободата со една тона железо (што е неупотребливо без патишта и бензин) е смешно. Интернет дојде и само докажа дека човекот е природно тап (хинт, ѕирни Фејсбук/Инстаграм) и незаинтересиран. И инертен. ПЛУС, дај пресметај каде одат колите од Македонија? На одмор на Халкидики? Во Лидл во Врање? Тешко, немаат зелени картони...
 
брат, тоа е комунизам, од тоа побегнавме, вие пак се враќате на Сталинизми и слични методи за контрола на народот. Колата е слобода, палиш и само небото ти е граница. Вака ќе живиш како папагал у кафез.
 
Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.289
5.265
Скопје
hackitfree.github.io

Далеку од тоа дека не сме за напредок и каков комунузам - не верувам дека еден од овде е кумунустички настроен :LOL:. Само неиспитани технологии - скапи и неодрживи ( ЕВ ќе направат да бидеме зависни од овластени сервиси „контрола на народот„ - па најмала работа да се расипе - нема кој знае да ја поправи на тие возила - башка и кодови им удриле - ни да може дел да замениш ни бутур)
А на пат да ти се расипе у Грција ... :eek:. Пиши пропало . Па дур се договориш да се препратат документи во таму овластен сервис - па да платиш колку што они ќе решат да платиш...
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
До пред стотина години за превоз луѓето користеле коњи и кочии. Но почнале да се појавуваат некои ликови и да прават кочии што се движат сами. Без коњ, со помош на мотор.

И почнале луѓето да коментираат, ова не е безбедно за пешаците, горивото може да се запали, им требаат патишта за да возат, па нема каде да се надополни гориво, па што ако се расипе.
Морало по пат да возат, а тоа ја ограничувало слободата на движење, додека со коњот можело да се оди по каков било терен. Трева за коњот има насекаде, не бара големо одржување, не се расипува, нема да те остави, нема да те прегази. Со колите стануваш контролиран од производителот, додека коњот сам си го растеш и одгледуваш.

И среќа што имало такви луѓе што ги воочиле сиве овие работи и не дозволиле некој да им ги земе коњите и слободата, па ние денеска си јаваме, наместо да возиме метални чудовишта по асфалтни патишта што трошат гориво и се расипуваат кај ќе им дојде.,
 
Па такви како Елон полу-учени се нашле и рекле „Нема проблем - ЕВ ќе продавам (само скапи ми се батериите .. :unsure:) - Нека - И батерии ќе произведувам - што поголема фабрика - тоа повеќе ќар - оценив - добра е литијумската технологија (а богами и ќе ја унапредиме) и цел пазар - најефтини батерии - каде ? Кај чичо Илон - разбира се. Кој му се расипе - 15 000' - и ќе направам да мора од кај мене батерија да купи - ќар до гуша„
„Имаат луѓето пари - ќе стане тренд (од 0 до 100 за 2.5с - кој не сака тоа да го искуси ... )„
„ И инфраструктура (шо - лесно е тоа - ВАЉДА зимото нема да се расипуваат полначите на -10 :unsure:
„Се расипала ? Прати кај нас - И осигурање ќе продавам . Делови САМО НИЕ имаме право да менуваме - е сеа се чекало - ќе си чекаш ! Вози се малку со буц - да не си сакат у нозете ? :LOL:
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Кога пишав скоро дека автономни возила на рентање и јавен превоз се иднината на градскиот транспорт, членовите тука се смееја и се почувствуваа загрозени дека ќе им била одземена слободата со тоа што нема да поседуваат дизел од три кубика постар од петнаесет години.
Па генерално да, никој не сака во име на некаква „борба против загадување“ возењето сопствено ауто да стане недостапно за обичните луѓе. Тоа додека сите гледаат како загадувањето ќе остене (и ќе се зголеми), а богатите кypтони ќе се кypчат наокулу со нови „еколошки“ аута.

Затоа е отпорот, не заради имање фетиш кон „ дизел од три кубика постар од петнаесет години“ (патем мојот е 27 години, и не го мењам ни за 10 ЕВ).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Отпорот е заради рејнџот, тежината и цената. Реално отпорот е затоа што EV колите уште не се соодветни за масовна продажба. Ова сеуште е варијанта за некои early adopters кои имаат мерак или сакаат да се покажат и слично и тоа е тоа. Моето мислење е дека Инстаграм/Тикток се најбитната ставка од продажбатана EV колите и се заслжни за најмалку 80% од продажбата.

Сме кажале многу пати досега. Нема логика голем седан тежок 2+ тона и цена од 100.000 еур воопшто да постои ако има рејнџ од 500км. По дефиниција таа кола е „за отворено“ и за долг пат. Смешно е. Треба да е фул/фул наполнета пред секое тргнување за да може да се стигне до една најблиска плажа, или да се дополнува, па нема, па има. Смешно е. Смешно е во споредба со алтернативата која е дизел седан, кој тргаш кога сакаш, по пат правиш 5 минути пауза за да се наточи до крај, и си возиш 1000км. Делува како добар, здрав, солиден чекор назад да правиш со купување на EV.

Кај град е друго. EV има логика. Цените се пресемшни сеуште, ама можеби ќе има нешто во иднина што ќе е прифатливо. Како VW ID2 ако го извадат со 450л багажник, градска кола, и цена од 23000еур. Тоа има логика.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.697
12.542
Skopje
www.wemaxa.com
брат, тоа е комунизам, од тоа побегнавме, вие пак се враќате на Сталинизми и слични методи за контрола на народот. Колата е слобода, палиш и само небото ти е граница. Вака ќе живиш како папагал у кафез.
Пробај еве оди до Португалија со приватно возило и врати се, пиши после колку пари отишле на гориво, патарини, храна и преспивање по пат и кажи дали ќе го повториш патувањето :)

Секое патување со возило кое надминува 8 саати потоа влече со себе 2-3 дена одмор/опоравување така да ништо не си направил.

Ѕирни како функционира јавен превоз во Швајцарија, Германија итн. каде со еден билет може да менуваш еден куп видови на јавен превоз, од автобус, шинобус, подземен воз (метро), ултра брзи возови за меѓуградски превоз (ICE) итн.. реално воопшто нема потреба од смарање со приватно возило - дури и кога го имаш го користиш во ретки / инцидентни / егзотични прилики, во секојдневието е непотребно.

И да не се лажеме, да имаше ок електрични возилца од класа 208ца, поло, итн, кои чинат 12-15000Е нови и се пунат на "ефтина" од 22-07 и даваат автонимија од 250км, сите тука ќе имаа купено веќе, проблемот е што ценовно сме ограничени и електричните играчки ценовно моментално се неисплатливи за еконимии како нашата.
 
18 август 2019
1.214
1.187
Далеку од тоа дека не сме за напредок и каков комунузам - не верувам дека еден од овде е кумунустички настроен
Јас сум настроен комунистички. Ама комунизам (за жал или за среќа) никогаш не постоел, ниту ќе постои.
Трева за коњот има насекаде, не бара големо одржување,
Коњот бара поголемо одржување од автомобилот.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Јас имам правено „тура“ од месец дена и повеќе илјади километри возење кола низ Европа. Се разбира дека е побрзо па и поевтино со авион да се патува, но тоа не е поентата. За тие што сакаат нешто поинаку треба да имаат слобода да патуваат со сопствено возило. Сега таа слобода ја имаме, но само прашање на време е кога ќе ни биде одземена.
Секое одземање на слобода треба да не загрижи, па без разлика што можеби во моментот не нѐ засега (или мислиме дека не нѐ засега).

Јавниот превоз секако дека е и треба да е преферерирано превозно средство за во град. Но трендот кон кој се оди е да се забранат класичните возила, можеби не дејуре но дефакто секако. Тој процес е почнат на запад, само најдовите еуро дизел стандард се дозволени во урбани среди, а до 203х година (не ми текнува точно) со регулатива ќе ги забранат сите возила на фосилни горива.
Тоа веќе се случува сега и тоа со сегашната батеријска технологија која едноставно не е соодветна за таква примена. Цените се превисоки, корисниот/работниот век е прекраток, осигурањето е прескапо - за нови аута, и невозможно и за малку удрени аута... И сето ова се само економските аспект. За безбедносните ич да не почнуваме (пак), или за инфраструктурата, која ја нема и не може да ја има во догледно време. Или за енергијата која треба некако да се генерира за да дојде до батериите во возилата. Итн.

Отпорот е заради рејнџот, тежината и цената. Реално отпорот е затоа што EV колите уште не се соодветни за масовна продажба. Ова сеуште е варијанта за некои early adopters кои имаат мерак или сакаат да се покажат и слично и тоа е тоа. Моето мислење е дека Инстаграм/Тикток се најбитната ставка од продажбатана EV колите и се заслжни за најмалку 80% од продажбата.

Сме кажале многу пати досега. Нема логика голем седан тежок 2+ тона и цена од 100.000 еур воопшто да постои ако има рејнџ од 500км. По дефиниција таа кола е „за отворено“ и за долг пат. Смешно е. Треба да е фул/фул наполнета пред секое тргнување за да може да се стигне до една најблиска плажа, или да се дополнува, па нема, па има. Смешно е. Смешно е во споредба со алтернативата која е дизел седан, кој тргаш кога сакаш, по пат правиш 5 минути пауза за да се наточи до крај, и си возиш 1000км. Делува како добар, здрав, солиден чекор назад да правиш со купување на EV.

Кај град е друго. EV има логика. Цените се пресемшни сеуште, ама можеби ќе има нешто во иднина што ќе е прифатливо. Како VW ID2 ако го извадат со 450л багажник, градска кола, и цена од 23000еур. Тоа има логика.

Проблемот - со очекувањата - е дека нема ништо значајно да се смени сѐ додека не се развие нова батеријска технологија соодветна на потребите. А тоа не е на повидок.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.227
2.657
Пробај еве оди до Португалија со приватно возило и врати се, пиши после колку пари отишле на гориво, патарини, храна и преспивање по пат и кажи дали ќе го повториш патувањето :)

Секое патување со возило кое надминува 8 саати потоа влече со себе 2-3 дена одмор/опоравување така да ништо не си направил.

Ѕирни како функционира јавен превоз во Швајцарија, Германија итн. каде со еден билет може да менуваш еден куп видови на јавен превоз, од автобус, шинобус, подземен воз (метро), ултра брзи возови за меѓуградски превоз (ICE) итн.. реално воопшто нема потреба од смарање со приватно возило - дури и кога го имаш го користиш во ретки / инцидентни / егзотични прилики, во секојдневието е непотребно.

И да не се лажеме, да имаше ок електрични возилца од класа 208ца, поло, итн, кои чинат 12-15000Е нови и се пунат на "ефтина" од 22-07 и даваат автонимија од 250км, сите тука ќе имаа купено веќе, проблемот е што ценовно сме ограничени и електричните играчки ценовно моментално се неисплатливи за еконимии како нашата.

јавен превоз не брка работа. До најблизок кам имам 1 км, до најблиски пазар имам 2 км. Автобус и влечење кеси не иде. Терет на себе си ставаш и башка време трошиш за тоа. Додека со кола палиш кога сакаш и неколку саати ушпаруваш неделно на тие глупости. За друго да не набројувам. Не живееме сите у центар па све на дугме да ни е како на комунистите што форсираат тоа да се уведе.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.059
14.150
Не гледам како некој во иднина ќе спречува луѓето да имаат сопствен автомобил, мотор, јахта, авион, ховеркрафт и сл. Само што во иднина ќе има повеќе можности па ако човек сака ќе може да користи повеќе опции за јавен превоз. И денес имаме бин бин, такси, автобуси, велосипеди итн.

Дизелите и бензинците можеби нема да се произведуваат но ќе има електрични возила. Верувам батериите ќе станат универзални за дадени класи на возила па полесно ќе се рециклираат и ќе бидат подостапни.

Инаку јас батериите исто ги гледам како опасност по животната средина. Да, тие се рециклираат. Ќе станат и далеку помоќни. Но само можам да замислам колку батерии се потребни за сите бензиски возила денес да бидат заменети со електрични. Плус бројот на население на планетава се зголемува а и бројот на возила по семејство. Лудница.
 
Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Пробај еве оди до Португалија со приватно возило и врати се, пиши после колку пари отишле на гориво, патарини, храна и преспивање по пат и кажи дали ќе го повториш патувањето :)

Секое патување со возило кое надминува 8 саати потоа влече со себе 2-3 дена одмор/опоравување така да ништо не си направил.

Ѕирни како функционира јавен превоз во Швајцарија, Германија итн. каде со еден билет може да менуваш еден куп видови на јавен превоз, од автобус, шинобус, подземен воз (метро), ултра брзи возови за меѓуградски превоз (ICE) итн.. реално воопшто нема потреба од смарање со приватно возило - дури и кога го имаш го користиш во ретки / инцидентни / егзотични прилики, во секојдневието е непотребно.

И да не се лажеме, да имаше ок електрични возилца од класа 208ца, поло, итн, кои чинат 12-15000Е нови и се пунат на "ефтина" од 22-07 и даваат автонимија од 250км, сите тука ќе имаа купено веќе, проблемот е што ценовно сме ограничени и електричните играчки ценовно моментално се неисплатливи за еконимии како нашата.
Абе у реду е све тоа, ама шо ако сакам јас со мое возило да си одам? Не сакам билет да резервирам, не сакам саат време да чекам и не сакам да делам кабина/купе/седиште со некого?
Дај не си прајте филмови колите да се забранат за сите со возови/автобуси/тролејбуси да се возиме.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
само можам да замислам колку батерии се потребни за сите бензиски возила денес да бидат заменети со електрични. Плус бројот на население на планетава се зголемува а и бројот на возила по семејство. Лудница.
Колку што нема литиум во сите сега достапни рудници. Плус рудниците што предвидливо може да се очекува нови да се отворат... Сето тоа кумулативно нема ни за да се покрие едноцифрен процент од возилата кои сега се возат. А во ЕУ за едноцифрен број години се забрануваат класичните возила.

Па сега ти види колку е ова планирано и за добробит на луѓето, а колку е избрзана политичка одлука од која најмалку добро ќе видат луѓето (читај, зијан).
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Нема врска литиумот. Нема потреба од 100KWh во една кола, тоа е батерија доволна за 5 коли или 50 хибриди, така да се тоа се менаџира. Инаетот е тоа што има врска. Затоа што лакомоста е енормна, и заклучија дури и дека тоа е немерливо колкава е лакомоста овие години.

Во Германија ја укинаа субвенцијата од 6000еур за електричарче (ПАЗИ ПАЗИ), и за да не им опадне продажбата даваа попусти од 10000 еур (десет илјади евра). Значи јаки 10к еур ВИШОК маржа имала колата. Маржа изнад маржата! И тоа на кола од 30000еур.

Ова не е безобразие, ова е невидено безобразие. Е тоа е EV.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Тоа пред се зависи од возилото, да не се лажеме.
Со некое возило како Поло/Микра/Фабија со мал мотор под 80кс 6 часа е некој максимум.
Со нешто како Фокус/BMW1/Голф со над 90кс е околу 8 часа некој максимум.
Со возила од типот на А7/Bmw5/FordMondeo/JaguarXJ/LexusLS/Panamera со мотор над 110кс е накај 12 часа некој максимум.
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Тоа пред се зависи од возилото, да не се лажеме.
Со некое возило како Поло/Микра/Фабија со мал мотор под 80кс 6 часа е некој максимум.
Со нешто како Фокус/BMW1/Голф со над 90кс е околу 8 часа некој максимум.
Со возила од типот на А7/Bmw5/FordMondeo/JaguarXJ/LexusLS/Panamera со мотор над 110кс е накај 12 часа некој максимум.
Со Спарк брат, 52кс Скопје - Нови Сад 8 саата возење, таму цел ден презентирање и обучување, кафана 4 саати и назад уште 8 саати, сабајлето на работа.
Доста више изговори ваква колата онаква колата. Само добра музика, поткастови и тоа е се, какви Панемери пенис-менис o_O
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Па генерално да, никој не сака во име на некаква „борба против загадување“ возењето сопствено ауто да стане недостапно за обичните луѓе. Тоа додека сите гледаат како загадувањето ќе остене (и ќе се зголеми), а богатите кypтони ќе се кypчат наокулу со нови „еколошки“ аута.

Затоа е отпорот, не заради имање фетиш кон „ дизел од три кубика постар од петнаесет години“ (патем мојот е 27 години, и не го мењам ни за 10 ЕВ).
Што тебе всушност ти пречи? Погонот на возилото, сопственоста, можноста за управување, што не си богат, маркетингот, нешто друго?

Коњот бара поголемо одржување од автомобилот.
Да, ама тогаш не било така. Барем така викале тие што биле против. Со тек на времето се сменило.

јавен превоз не брка работа. До најблизок кам имам 1 км, до најблиски пазар имам 2 км. Автобус и влечење кеси не иде. Терет на себе си ставаш и башка време трошиш за тоа. Додека со кола палиш кога сакаш и неколку саати ушпаруваш неделно на тие глупости. За друго да не набројувам. Не живееме сите у центар па све на дугме да ни е како на комунистите што форсираат тоа да се уведе.
Не е дека не ти брка, проблемот е дека сега не ти е лесно достапен. Замисли пред маркетот да можеш веднаш да земеш возило што ќе те однесе до дома, наместо со твоето да вртиш кругови барајќи паркинг, па ќе најдеш некаде подалеку и до таму да влечеш кеси како што најверојатно правиш сега.

Ако за десетина години има на располагање возила со кои возењето по поминат километар ќе чини помалку од овие сега, со голем домет на возење, кои ќе се полнат каде било за многу кратко време, дали ќе останете со дизелите?
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Со Спарк брат, 52кс Скопје - Нови Сад 8 саата возење, таму цел ден презентирање и обучување, кафана 4 саати и назад уште 8 саати, сабајлето на работа.
Доста више изговори ваква колата онаква колата. Само добра музика, поткастови и тоа е се, какви Панемери пенис-менис o_O
Тоа само го потврдува погоре кажаното.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.762
6.469
SK
Би било добро да не се мешаат „удобност и комфор“ со работи како „слобода на движење“.
Мислењето е автоматски споено:

Што тебе всушност ти пречи? Погонот на возилото, сопственоста, можноста за управување, што не си богат, маркетингот, нешто друго?
Нели напишав што ми смета?
Но еве пак, по редослед на важност (за мене):
  • тоа што не сакам да бидам ограничен во слободата на движење (ако преферирам класично возило, и не сакам да плаќам рекет за ЕВ)
  • безбедноста
  • неможноста за реосигурување после судари кои за класично возило не би биле тоталка
  • работниот век на возилото
  • цената на возилото, која е многукратно поскапа
  • цената на користење, која е многу поголема (дури и со сегашните „бесплатни“ полначи кои во иднина нема да ги има)
  • малиот радиус на движење пред потреба од повторно полнење
  • времето на недостапност на возилото (времето за полнење на батериите)

Инаку под цената на користење, ги подразбирам вкупните трошоци во периодот на користење: трошоци за регистрација и осигурување, трошоците за сервисирање, трошоци за менување батерии, итн.
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно