Chicco69
lurker
- 21 април 2016
- 648
- 3.080
Честито @krema, да ти се множат годините! 
Одамна стана излишно да се зборува за придобивките од здравствен аспект, некако се подразбираат. Новајлиите сепак може да ја ѕирнат соодветната тема, како и индексот на Метузалем.
Многу малку е зборувано/пишувано за финансискиот аспект, па еве јас да си го кажам своето.
За овие (скоро) три години водење книговодство, еве ја моменталната состојба:
- Купени неколку кита, почнувајќи од Амбрела Престиж 600 mAh :innocent:
- 10-на атомајзери
- Околу 15 мода, 4 во активна употреба, другото во целофан (да не снема случајно) :crazy:
- Алат, жици, памук - нивниот финансиски удел е смешен
- Готови течности (во почетокот), а потоа суровини за изработка на свои манџи. Литри и литри ПГ и ВГ, ароми (на многу им истекол рокот, а не сум стигнал да ги употребам).
Секако и резерви никотин за наредните минимум две-три години. :carefree:
- Имам добиено на наградни игри (во колибата) 2 атомајзера, еден полнач за батерии и силиконски влошки за батерии.
Сето ова од прво до последно ме чинело точно 58785 ден.
Во моментот на откажување, т.е. купување на првата електронска цигара (22.01.2016), пушев по 2.5 кутии Brend Light по цена од 55 денари за кутија. Значи математиката е што би било кога би продолжил да пушам со исто темпо, но и со исти цени на цигарите и покрај тоа што во неколку наврати им се зголемуваше цената.
1059 дена х 137.5 ден (2.5 кутии х 55 ден) = 145612 ден.
145612 ден. - 58785 ден. (потрошени за вејп) = 86827 денари "ќар"
Според мојата математика, електронските цигари не се само сериозна промена кон зачувување на здравјето, туку овозможуваат и пристојна финансиска заштеда. Да потсетам, имам неотпакувани модови, атомајзери, греачи, котури жица, ароми, никотин и т.н. Тие се платени и прокнижени како трошок и дел од нив веројатно никогаш нема да ги употребам. Следствено "ќарот" или заштедата би биле уште поголеми ако тие работи не сум ги купил, или пак сум ги продал во меѓувреме. Да не го спомнувам растот на цените на цигарите што исто би ја зголемиле разликата...
Кој има желба и време, може да се надоврзе. Супер прецизно книговодство не е ни важно, сите ние си имаме различни математики.