Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
аааа доста беше за денеска, од понеделник продолжувам со експериментирање штом се вратам во канцеларија, дома многу многу не смеам да растурам. покрај ел. цигари имам уште една пасија, електрични гитари, така да дома кога сум со тоа се занимавам ( на тоа жена ми е отрпната ) а во канцеларија кога имам слободно време со вајпинг ( а имам фала богу ), се уште е ново за нејзе па полека полека ја припремам да не и дојде како шок.
Дефинитивно клон, освен во изработка и материјал (копиите се одлични исто така), друга разлика нема. Ако толку ти се бендиса клонот и ти е ќејф за оригинал, да.
Овие се најдобрите клонови што ги познавам. Од оригиналот се разликуваат по... ништо. Можеби само по гумички (но најчесто се добри). Металот може да е со тврдост да не издржува булдожер да го прегази, но да издржува кола. Тоа би била разликата.
За мене долно полнење не е лоша работа затоа што можам да го погледнам и евентуално поднаместам сетапот без да го празнам резервоарот. А и во пракса не е долно полнење, базата си стои на модот и само го отшрафувам резервоарот (свртен надолу). Побрзо и почисто од било што друго.
Стигна пошта, трите нарачани од различно место и во различни денови стигнаа во два дена,
Коцката од OBS, убаво лежи во рака, компактен мод, малку поголем од Cuboid mini, без TC, само Power mode, доволно за MTL, Експромајзерот убаво личи на него .
Kager Juppi , според мене одличен мод, перфектно (за мене) поставено fire копче за притискање со палец и со лева и со десна рака.
Purity атомајзер, 18мм, мала комора, одличен за тутунски ароми, трба да го пробам неколку дена со различни ароми, убаво личи на Juppi-то.
Можеле да го стават power копчето над дисплејот (на кангерот), но ако велиш дека може да се пуца со палците од лева и десна рака тогаш ОК.
Со убо да се користат играчките.
Многу поприродно лежи таму кај што е поставено отколку да е над екранот (пак ќе речам, за мене и мојот начин на држење на модовите и притискање на копчето), над екранот барем мене би ми било ниско.
Дечки планирам да порачувам нешто од фастек.Ако може некој да ме упати со која пошта да порачам и ќе има ли тракинг.Исто ќе ве прашам и за мислење за берсеркер 1.5 мини.Поздрав
Сингапурска пошта е мој избор, може да е за $1 поскапа ама мене ми се покажа најбрза. Тракинг има ама не е целосен (како и со сите пошти од FT), имаш увид кога ќе ја соберат, кога ќе излезе од земјата на потекло и кога ќе стигне во Македонија, доволно за да имаш некоја гаранција за пратката.
Berserker-овите MTL атомајзери се покажаа одлични за тутунски ароми, ама бараат малку повеќе тинтрање кога е во прашање поставувањето памук, според мене се за понапредни вејпери и за тие што имаат повеќе живци, како и да е, се се учи со пракса
Еве за поштите најкратко и најдолго. Бидејќи Холандска и Сингапурска ми се исти, а Холандска е малку поевтина, најчесто одам со неа.
Берсеркерите само оригинал (да пишува authentic во насловот, веројатно овој). Клоновите се како ќе ти се погоди, најчесто лоши (мене ми се погоди многу лош клон од стариот берсеркер).
Конкретно овој, Минито, го немам, но имам прочитано дека премногу натопува затоа што бунарот за течност каде што се става памукот е отворен од долу за разлика од претходните берсеркери кои имаа само дупчиња одоздола, па тоа е и добро и лошо - дава поголем (подобар) вкус, но треба подебела жица и поголема снага и повеќе памук. Ако не сакаш ептен тесно или ако доаѓаш од дробно тоа нема ни да го забележиш, односно ќе ти биде добро.
@Metuzalem@fis1976@Saso Trpenoski
Фала момци.
И само уште ова не ми е јасно.Викате таа пошта поскапа,таа поевтина.А фри шипинг опцијата на фасттек како функционира? Ваљда они ти одбираат пошта ако нејкеш да платиш или?
Тој ПеколенВејп веднаш полнењето на лизгање го елиминира, гарантирам дека ќе се разлабави и ќе се отвора само од себе, како и да го извеле. Во најдобар случај ќе губи вакуум и ќе тече.
Втора работа што треба да се види кај овој, а и кај повеќето слични што се појавија, е големината на комората (оваа ми изгледа голема, но да не е дупла или дебела, иако се сомневам). И големината/изведбата на каналите/отворите за течност. Од нив зависи натопувањето (за МТЛ не треба да биде преголемо, односно треба да биде избалансирано), а Кинезиве во последно време со поплавата од нивни МТЛ атомизери не обрнуваат внимание на тие работи, како и на други (ширина на оџак на пример) и ретко кога знаат да ги ускладат. Само ќе налупаат редуктори и ќе го прогласат за МТЛ. Или можеби одат на тоа да биде истовремено и за МТЛ и за РДЛ, што е невозможно. Од друга страна, и луѓето се навикнаа на „модерниот МТЛ“ со поголеми снаги и со клептони, па тие им изгледаат добри...
Каков МТЛ сакаш и што не ти се бендисува кај Дварфот?