• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Електронски цигари втор дел

ilievskiii

Intern
29 март 2019
10
3
Здраво дечки,

Се мислам да земам rta атомизер е сега ме интересира опрема за мотање греачи од каде може да се набави?
Исто од каде набавувате жица и памук? Колку често се менуваат греачите?

Благодарам.

Sent from my SM-G770F using Tapatalk
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,748
12,174
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Со тебе зборувавме на Дискорд? Знам дека не беше @ilievskiii, ама да не ти е друг ник таму...

Во секој случај, еве ќе повторам, нека стои како најнова препорака за RTA/мотање.

Купуваме како и досега најчесто од Фастек, таму има најголем избор на делови, релативно добар сапорт (во споредба со другите Кинези), форум, ривјуа, чести попусти и така натаму. Со последнава ситуација што скинаа Пејпал од секаде малку се искомплицира купувањето, но сепак може да се преживее. Алтернатива би била Алиекспрес, но таму не се знае кој продавач што нуди, дали е оригинал или дури и дали е тоа што е на сликата, па расправање со различни продавачи, различни пошти... Ако нема друг избор, би зел од таму, но за мене секогаш прво гледам на Фастек, дури и ако е малку поскапо (разликата најчесто не е преголема).

Е сега, за мотање.

------

Моталица делукс

Моталица обична

Предноста на делуксот е што шипчињата се вадат и можеш намотката ставена на нив (за да не се деформира) да ја брцнеш во атомизерот додека ја шрафиш, да ја тегнеш и малтретираш, да ја поднаместиш ако се деформирала малку... Можеш и со обичната, само ако придржуваш со рака (ама најчесто ти фали рака кога монтираш намотка). Делуксот секогаш вади перфектни намотки, кај обичната зависи од твојата вештина (не е тешко, но сепак скоро никогаш нема да ти излезат како фабрички).

(Поевтини алтернативи на делуксот 1 2 - но овие фирми се познати по тоа што употребуваат лоши материјали; за првата викаат дека ’рѓосувала, а за втората дека имала слаби или лабави магнети.)

------

Жица (за усно) - иако изгледа дека Кинезите кај неа поткраднале на дебелината за делче од милиметар, како почетник тоа не ти е важно, дури и попогодно е, а оваа марка важеше за поквалитетна (дека составот на легурата кантал е тој што треба). Иако нема гаранции за ова, нема ни за другите кинески жици, па тоа е тоа. Не верувам дека почетник (па и непочетник) ќе забележи разлика. Алтернатива (за секој случај) - но јас попрво би ја зел првата.

За дробно жица појма немам.

------

Памук делукс - многу го фалат, ама ептен е скап кога ќе размислиш дека е само памук. :)

Памук обичен 1 2 3 (одбираш еден од нив според цена/димензии/број на ливчиња; последниот е најисплатлив). Со памукот во плочки најлесно се работи, го сечеш на ленти по должината на влакната и нема утка.

Или вата од аптека, малку полошо решение, но може да се преживее со неа; треба да биде НЕизбелена или демек органска; во ДМ маркети има Ебелин обична и вискозна вата, и двете се пристојни за мотање (мене ми беа, на некои не им се допаѓаа).

------

Делукс ножички (но најверојатно ќе нема шипинг за нив пошто ги рачунаат како ладно оружје :rolleyes:; викаат дека ги имало на пазарче кај нас).

или

Обични ножички (какви имаш). Воопшто не е критично какви се, памук сечеш.

-----

[ * Edit : Ај да спомнам и пинцети, ваква обавезно (царска е за местење памук), можеби и ваква за општи работи, а керамичка не ти треба во денешно време (можеби ќе налеташ на стари видеа каде што ги стискаат намотките при пуцање, денес повеќе се ценат/препорачуваат раздвоени намотки - затоа е корисно долго шипче од моталица, на него ја растегаш намотката како федер и ја набиваш и излегува совршена раздвоена намотка). ]

Толку од материјали, шрафцигерчиња ваљда имаш, жицата ја сечеш со ноктарица, ако сакаш можеш да земеш и клештички за сечење (влегуваат во тесни места и ја сечат жицата до крај за да не направи спој). Евентуално уште некои мали тенки клешти ако имаш и гарантирам дека апсолутно ништо друго не ти треба во животот за мотање.

-----

Атомизер, ако не најде досега, моја препорака би бил џуџуљакот кој направил пластична операција (Dvarw Facelift) делукс како лесен за почетници и со кој доаѓаат многу танкови и инсерти за воздух (па да си најдеш што ти одговара), од многу тесно усно до рестриктивно дробно. Истиот (обичен) со само еден танк (со релативно мал капацитет) и без дополнителни инсерти за воздух, но викаат дека е со добра изработка, а и доста евтин е.

Ако си сигурен дека сакаш само тесно усно, тогаш најновиот кајфун (делукс, обичен). Обичниот е појавен неодамна, уште не е стигнат до луѓе, па не се знае дали ќе се погоди фантастична изработка или ѓубре. И делуксот не е стигнат до луѓе, ама е од демек позната клонерска фирма што досега вадеше квалитетни атомизери.

За дробно атомизер повторно не знам кој да препорачам.

Кој и да го земеш атомизер, на Youtube бараш [името на атомизерот] rebuild tutorial и ќе ти излезат многу видеа, најчесто многу детални. Можеш и rebuild да го замениш со rewick или со coil build, но најчесто нема потреба.

-----

Греачите се менуваат кога ќе ти загорат, односно најчесто го менуваш памукот, а жицата ја чистиш со горење (пуцање) на суво, тоа многу убаво го чисти ѓубрето, можеш да правиш така неколку пати па жицата ќе деградира (ќе поцрни и ќе се направат кратери) или ќе се скине (или ти ќе ја скинеш). А колку често... различно е во зависност од видот на течноста, обемот на потрошувачка, начинот на влечење, ватажата и така натаму. Би рекол, од еднаш на три-четири дена до еднаш на 10-12 дена...

-----

[ едитирав и на повеќе други места ]
 
krema

Professor
24 јуни 2009
12,204
11,568
youtu.be
За мотање може да се користи и разни промери на бургии, но сепак предлозите од погоре се малку погосподска работа, посебно делукс варијантата.
Јас ги мотав порано на куро (хаха, убаво читаш - не е грешка) ама во последно време користам готови грејачи (плетени). :)
 
Благодарам на деталниот одговор.

Сепак си ме помешал не сум бил јас на дискорд

Sent from my SM-G770F using Tapatalk
 
KommandoPN

Intern
16 февруари 2021
1
5
Pozdrav do site ovde , i jas sum eden od nubovite vo grupava . Posle 18 godini tegnenje analogni ( poslednive 3 godini po edna i pol do 2 kutii dnevno ) pa se doterav od ambrela so Umbrella Prestige Plus i nekoja 9mg nikotinska technost , chivstvoto od e-cigarata isto ko cigara, senzacija so grebenje na grlo/uzivanje vo dimot so razlika shto bese blag i prijaten . Eve me 10 polni dena bez analogna osven eden dim 9tiot den onaka za proba ( pogrdo neshto nemam vkuseno , mi se zgadi i bev prijatno iznenaden kolku samo mozele da mi stanat odvratni cigarite za tolku kratko vreme ) zemav technosti od doktorot za istite @Sharlovski , za pochetok tutunski ( jbg nub koj saka da otkachi cigari i bara so vkus na turun poso misli ke mirisale na cigari pa da ne mu fali analogna ) pa sega baram preporaka za nekoj odlichen vkus na technost , moe mislenje citron, mentol ili miks od dvete . Mozebi tropsko ovoshje ( pak bi so malku mentol vo nego ) ili pak neshto shto bi mi preporachale i sekako da go angaziram @Sharlovski vo skoro vreme da gi prigotvi istite . Izvinete za dolgiot tekst
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,748
12,174
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Добре дојде @KommandoPN . Гледам дека си почнал ангажирано и посветено, што е рецепт за успех. (y)

За вкусови, никој не може да ти каже кои ќе ти се допаѓаат освен ти самиот, значи мора да пробаш. Кај пареава во игра се и рецепторите за вкус, па како што нема двајца луѓе со ист вкус за јадења, така и нема двајца што им се допаѓаат истите ароми во е-течностите. Тоа на некој начин е и добро, затоа што многу често настанува заситување од користење иста течност цело време, па најчесто менуваме неколку течности во текот на денот. А од друга страна, има и такви (како мене) на кои ниедна течност не им е лоша. :) (добро, има исклучоци). Гледам дека веќе си одбрал кои вкусови ги сакаш, па следи си ја интуицијата, пробувај.

За потсетување, ако веќе не си ја читал, разгледај ја темава, а и понатаму другите теми во потфорумов.
 
Chaeld10_8

On your way to fame
29 март 2011
948
779
njoy-ace-pod-bottom.jpg дечки од што би одговарало кертриџи на овој под се работи за njoy ace никаде не можам да го најдам моделот ни на AliExpress ни на fastech
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,748
12,174
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Не најдов компатибилни кертиџи за Ацето, а неговите кертриџи фабрички не се предвидени да се полнат. Некои викаат дека фаќале од Zoor или од Vuse Alto, но и тие се американски фирми (кои сите се борат против „фалсификатори“ - производители на компатибилни кертриџи) и не ги најдов ни нив надвор од САД.

Некои го полнеле кертриџов на Аце, бил со керамички грејач и трпел многу полнења (ако не го искршиш при отворање :) ). Ама оригиналните кертриџи биле со 50 мг/мл никотин... :eek:
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,748
12,174
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Па веројатно мораш да го полниш со толку за да осетиш нешто.

Евод со памукче и мала еГо батерија е приближно иста големина, а ќе даде ист throat hit и вкус и се` друго со најмногу четвртина од тој никотин.
 
Chaeld10_8

On your way to fame
29 март 2011
948
779
Па веројатно мораш да го полниш со толку за да осетиш нешто.

Евод со памукче и мала еГо батерија е приближно иста големина, а ќе даде ист throat hit и вкус и се` друго со најмногу четвртина од тој никотин.
Фала на одговорот ја имам батеријата па си реков да ја искористам :)
 
13 февруари 2014
15
7
Поздрав до @Sharlovski што искочи мало сељаче и се нафура затоа што поради негова грешка испратил поголема пратка од што бевме договорени а јас не сакав да ја подигнам. Другар фала за течностите, до сега, ама за пазарџија за к*р не те бива.
 
Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,281
2,911
Ресен

Ти се извинив телефонски, ево и тука, не ми е прв пат да згрешам нити последен, за тоа што не ја дотеравме... можам да речам дека си прв, едноставно нешто до взаемната хемија.

Поздрав.
 
Screenshot_20210302-172056_Viber.jpg

Ова ли е таа хемија што ми ја збориш?
"За да ѕи земам појќе пари" , ми нудиш база по цена на течност со арома.
 
Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,281
2,911
Ресен
Сега ми е криво ми е шо не ти пишав 1000 денари за 30мл за да знам дека сигурно ќе го избегнам масирањето, штета. Уште пак сум се правдал.
 
13 февруари 2014
15
7
Сега ми е криво ми е шо не ти пишав 1000 денари за 30мл за да знам дека сигурно ќе го избегнам масирањето, штета. Уште пак сум се правдал.
Абе знаеш како викаат, дур има овци стрижи ги. Само ти излезе Циган за 300 денари.
Поздрав и со среќа во бизнисот.
 
Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,281
2,911
Ресен
Абе знаеш како викаат, дур има овци стрижи ги. Само ти излезе Циган за 300 денари.
Поздрав и со среќа во бизнисот.
Можеби е така, знам и зошто ти се постовиве, пошто си salty дека ти реков нема да ти праќам повеќе течности, еден и единствен што го имам одбиено, како што кажав, хемијата не ни е на место.

Фала.
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,379
8,665
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Само да ви кажам како проаѓаат 150eliqid.com со големи вредности на никотин.

Праќаат „бустери“ во малецки микронски пакувања и има на нив дозирање. На 30ml додаваат 8 никотин, на 60мл -4 итн. Личат на епрувети од инекција само пластични (ако сте виделе пулмикорт како изгледа така). Мора со шприц со игла да се собере, нема шанси цел да истече.

Сите течности што ги праќаат се 3 или 6 мг/мл, и додаваат бустери ако сакаш појако. Чистиот никотин не го нарачав. Иначе стигаат за 1-2 недели.

За квалитет неможам да кажам пошто моментално не влечам (нешто минимално).
 
Nethervor

Gaining Experience
19 јули 2013
138
191
Другари да ми предложите некој готов mod kit, или посебна комбинација.

Ми се допаѓа voopoo drag 3, ама гледам нема вклучена батерија. Не сум сигурен каква треба да нарачам доколку се одлучам за него.

За посебни комбинации исто така не сум сигурен дека ќе направам добра, па молам за сугестии. До 50€ (се надевам) :).
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,716
11,126
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
cigari 2.jpg

Радости. Прва нарачка после година и пол. И тоа од инавера на мојата омилена 555. Од нарачка до подигнување од пошта - две недели.

Можеби повеќето знаете, но ете јас прв пат дознав деновиве дека Амбрела има Гик Вејп кантал жица. Така што ако на некого му се брза нема потреба од нарачки. Ја земав 100 и нешто денари. Скапичко но тоа е. Не сум ја пробал но не може да е страшно.
 
Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1,281
2,911
Ресен
Другари да ми предложите некој готов mod kit, или посебна комбинација.

Ми се допаѓа voopoo drag 3, ама гледам нема вклучена батерија. Не сум сигурен каква треба да нарачам доколку се одлучам за него.

За посебни комбинации исто така не сум сигурен дека ќе направам добра, па молам за сугестии. До 50€ (се надевам) :).

Јас би одел на ова кога веќе те влечи према драгот (drag mini не се продава повеќе за жал)

Или еден од најдобрите тенкови/греачи за вкус (мада треба од али да го земиш) + овој мод со внатрешна батерија.

Овај вториов троши течност како V12 бензинаш така да можда поарно не :)
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,531
Мислења
846,096
Членови
29,330
Најнов член
Leonard
На врв Дно