1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Е-Данок?

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од Noelo, 14 Декември 2018.

  1. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,588
    24,572
    4 Септември 2008
    Ми треба 100% сигурна информација.

    Дали подлежи на данок, трансакција на трансакциска сметка, од физичко до физичко лице на база на интерен трансфер во државава, значи не фирма, не од страна, физичко лице до физичко, фала.
     
  2. tomi

    tomi
    Guru

    9,906
    9,072
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    зависи, ако е позајмица тогаш не подлежи, зависи по кој основ е пушен, али во повеќето случаеви ако се работи за поголема сума би требало да се плати нешто, почекај некој со сигурност да ти каже
     
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,588
    24,572
    4 Септември 2008
    Не е позајмица, обичен трансфер е. И обично не се работи за големи суми, накај 10к највеќе, а просек 3-5к.
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,196
    9,818
    13 Јуни 2009
    Повторно останува истото правило. Пријавуваш за данок само тоа што си заработил односно што се оданочува. Ако трансферот од физичко лице е плаќање на услуга, треба да го пријавиш.

    Ако некој ти пратил пари од лични причини, не пријавуваш и не плаќаш.
     
    psyside, artweb и на goce03 им се допаѓа ова.
  5. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,083
    646
    8 Мај 2010
    Машко
    Да не шпекулираме ќе видам во понеделник па ќе пишам известување.
    Од разговорот што го направив утрово не можев да запомнам на сите тие членови со кој бев "бомбардиран" по телефон...

    Доколку имате некое прашање во контекст на моиве последни постови, пишете тука или по ПП па доколку можам ќе ги поставам.

    @tomi Да, некои од приходите беа од твоите наведени страни.

    За сега толку.

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
  6. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,129
    4,494
    21 Јануари 2009
    цитирајте бе кога одговарате на некој
     
    На The-spiki и artweb им се допаѓа ова.
  7. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,075
    459
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Не подлежи 100% сигурно.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  8. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,075
    459
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Оди пак прашај ама не кај истиот, има и такви кои не си ја знаат работата.
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackArrow7

    BlackArrow7
    Intern

    10
    9
    14 Јануари 2019
    Машко
    Дечки дали за да пријавам приходи како Доход од работа -> Примања од повремено вршење на услуги ( или како и да беше ), мора да имам договор со лицето за кои ги вршам тие услуги.

    Работа за дечко од америка како фреленсер али немам договор. Парите ги примам на сметка во банка. Досега плаќав персонален данок како приходи од Друг доход, али сега 15% ќе е данокот па ме интересира дали можам да ги пријавам како Доход од работа -> Примања од повремено вршење на услуги иако немам договор
     
  10. draey

    draey
    Gaining Experience

    149
    143
    15 Јануари 2010
    Јас пак имам обратна ситуација. Пред 30-40 дена од прилика по меил ме контактираа од УЈП да идам да дадам изјава дека заработените пари ми се од Адсенсе, Контент ад, Фејсбук. Причината за давањето изјава беше ослободување од ДДВ.

    Ако надминеш 1 милион денари годишно прилив, а се од Адсенсе и сличните, ти следи ослободување од ДДВ.

    30-40 дена се голем временски период за нашава влада, можда се имаат предомислено до сега o_O

    99% сум сигурен дека нема ДДВ за исплати од тие компании.
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,075
    459
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Зборев со сметководител, ми кажа дека за фриленсери за приливите што се од клиенти од странство не подлежат на ДДВ, но под ни над 1 милион денари, го читав законот истото го пишува што ми го кажа сметководителот.
    Најдобро да прашате кај искусен сметководител, тие од УЈП што се по шалтери врска немаат.
     
    На pipelin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mrce

    mrce
    Intern

    170
    23
    2 ноември 2009
    Точно, за странски приливи неможеш да станеш ДДВ обврзник
     
  13. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    460
    342
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Дали е трансфер од пријател на пријател или плаќање некоја услуга / купување предмет?
    Ако е "пријателска" - ондак шифра 289 или како беше тоа "останати плаќања од физичко лице на друго физичко лице" и немаш гајле.
    До сега на ваков начин до мене дошле околу 400.000 и биле вратени назад на истиот принцип.

    А, види, па и да е за купување нешто - фино лепо договорете се да иде под истата шифра и терај си работа :)

    Конклузата га заборавив:
    нема данок на ова.
     
    На Psycore и psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,588
    24,572
    4 Септември 2008
    Никогаш шифри не користиме, треба ли или не е обавезно?
     
  15. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    226
    187
    24 Јануари 2012
    Машко
    Шифрата е задолжителна. Ако ти не ја ставиш, ќе ја стави банкар - веројанто некоја генеричка, па така, најпаметно ти е да ја избереш сам или да им кажеш за што се работи па да ти кажат која шифра да ја внесеш.
     
  16. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,495
    3,352
    11 Декември 2008
    Машко
    Со шифра 930 разно се оданочуваат ли преку сметка?
     
  17. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    226
    187
    24 Јануари 2012
    Машко
    Еми разно - некогаш не, некогаш да :) Нешто што е неопределено неможе да има определен одговор.
    По дефиниција не се оданочува, но во случај на контрола може да те прашаат што е тоа разно и да треба го објасниш типот на прилив.
     
  18. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    460
    342
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Едвај го најдов (од 2017-та), ама еве го :)
    https://screenshotscdn.firefoxusercontent.com/images/934f6f0a-83f9-45d4-aeb5-649118bc0203.png
    Со оваа шифра не ме даночиле, затоа што и реално беше позајмица...

    Ако уплаќаш на шалтер, сигурно внесуваат шифра и би требало да те прашаат за каква намена се парите, ама да - највеќето не прашуваат.
    Да бидеш безбеден, пишувај си во полето цел на дознака дека е подарок, позајмица или слично.

    Ако уплаќаш онлајн, не би знаел да ти кажам бидејќи сите ебанки се различни.

    Моево горе е од СТБ. Доколку самиот не внесеш шифра, системот ти одредува и праќа со таа... (педерски, да :) )
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ^^GoRiLLaZ^^

    ^^GoRiLLaZ^^
    Intern

    56
    6
    7 Април 2008
    Машко
    Мене ме занима една работа, у редо тоа со сметкиве јасно е дека се гледаат се. А што би било со Moneygram? Колку што знам преку тоа не се плаќа данок, така?
     
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,196
    9,818
    13 Јуни 2009
    УЈП може да бара договор само во спорна ситуација т.е. доколку си платил помалку данок а си декларирал примање по основ на приход што се даночи повеќе. Но генерално нема да треба договор и може слободно да си пријавуваш.

    Најважно е Вие што ќе пријавите. УЈП нема да ги контролира сите шифри во банка и сите ваши приливи.

    Над милион денари мора да се впишеш во ДДВ обврзник, сакал или не. Само што на приходи од странство нема да наплатуваш ДДВ од клиентот и си ослободен да и платиш на државата. Предност е тоа што ќе може да си пријавиш материјални трошоци ако сакаш.
     
    На BlackArrow7 му/ѝ се допаѓа ова.
  21. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    736
    835
    9 Јуни 2011
    Машко
    Founder @ www.mobimax.eu
    До сега секогаш сум уплаќал и ми уплаќале со шифра 930 (останати плаќања).
    Шифра мора да има, и како што кажаа погоре, ако ти не ја внесеш - или автоматски ќе ти се внесе (онлајн плаќање) или на шалтер ќе ти стават шифра.

    Но клучен момент ми е ДО СЕГА (читај 2019).
    Од годинава преферирам да не примам пари ни под 289 ни под 930 шифра ако не е оправдан приливот, затоа што работите се мењаат и одврзаните раци на УЈП ќе почнат со чешлање и приватни сметки сега.
    (ова го разговарав со тетката од економски сектор кај нас у фирма, 20 години што го работи тоа).
     
    На psyside и olikomerc им се допаѓа ова.
  22. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,721
    6,191
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Пријави некој данок електронски за 2018? ахахахаха. Кај мене сметководство делеше нето/бруто ливчиња и рекоа ПДД-ГДП да си пополниме како до сега.

    Толд ју дека нема да профункционира.
     
  23. gokica

    gokica
    Модератор

    8,196
    9,818
    13 Јуни 2009
    Јас имам пријавено. Функционира на база на прилив. По внес ти печати системот рекапитулација. Плаќаш со неа во банка и нареден ден во УЈП системот стои платена.

    Не знам како е кај МК фирмите кои го плаќаат данокот и како се рефлектира на акаунтот од физичкото лице кое е примач на нетото.

    За годишна даночната пријава мислам дека уште оваа година е рачно. Не сум се распрашал до душа. Ќе видиме кога ќе завршат фирмите со нивните пријави во март.
     
  24. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,721
    6,191
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Да за ГДП зборам, не за општо.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    460
    342
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Не. Скроз не. Комплетно скроз апсолутно не :)

    Од тоа што порано го имав пишано дека ме бараа од УЈП заради погрешни информации, па на крај се разбравме....

    Од истата ситуација, во различен контекст (пред да им објаснам дека сите пари се од странство) еве цитат:

    "Ок, ние знаеме точно што колку и како пари си земал, него ТИ што имаш да кажеш за тоа ме интересира?"

    Заеби тоа "УЈП нема да ги контролира" - можеби не веднаш, ама ќе дојде на ред. Ти гарантирам.
     
    На artweb и pLaToOn им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. macedonia
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,316
  2. -Ata-
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,581
  3. MarkoHF
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    5,810
  4. Тони
    Одговори:
    24
    Прегледи:
    2,304
  5. Noelo
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    1,619
Вчитување...

Сподели

Вчитување...