Разгледувам опции за транспорт па ќе видиме што ќе испадне (ама секако ќе бидат фулрејнџ драјвери). Инаку имам FE207E.@Lokvan со кој модел на фостекс планираш да ги правиш кутиите?
Кој сега да те разбере озбилно кога погоре кажуваш дека врвни диригенти слушаат музика на обични кинески системчиња. Па после велиш дека за класична музика е потребна квалитетна опрема... Епа дај реши се, или е едното или е другото.Класичната музика, особено во изведба на комплексни дела, знае да фрли на колена едно чудо појачала и звучници. Затоа е потребна квалитетна опрема.
Во ред е. Гледам дека ти си од оние што љубат теорија (амо само додека никој не прашува за детали). Нема проблем штом е така. Остави ни нам што имаме ентузијазам да се бавиме со пракса и изградба на звучници, и со аудио опрема воопшто. А ти слободно задржи се на пишување учебници и теорија, и со ловење лајкови со пораки кои можат да се сублимираат отприлика вака: „супер сте сите и не ви треба ништо повеќе од вашите супермаркетски кинески системчиња, или компјутерски звучничиња со фејк козметички драјвери ставени за украс“. Кажи им го тоа што сакаат да го слушнат... Пошто Флегма ВЕЛИТ!Затоа ти викам дека не заслужуваш одговор. Затоа што очигледно немаш фундаментални познавања.
Не ти го спорам ентузијазмот (или што и да е) за градење ама сепак некои работи мора да ги познаваш пред да се залеташ „грлом у јагоде“
Син ти да го викаш дете.Динамика. Во динамиката е одговорот дете златно.
Овде или имаш соговорници и колеги, или немаш... Култура.
Туку ај да сублимирам што се кажа денес: Љубителите на аудио техниката ги нарече „себичњаци“. Кажа дека сите други музички правци освен класичната музика не заслужуваат да се слушаат на добра опрема (хеј @Gaston а што би рекол Луис Армстронг на ова?). Соговорниците ги патронизираш небаре си не знам кој. Сето ова додека бегаш од техничка дискусија како вампир од крст („не заслужуваш одговор, не заслужуваш одговор“)... Испуштив ли нешто? :hay: