1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

AMD Zen & AМ4 платформа

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од gOJDO, 28 Септември 2016.

  1. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,142
    1,527
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Ова држи вода ама фокусот на Интел во декстоп платформата не е веќе ист како што беше на времето на Core2 ... сега парите се во IoT поготово Интел не се глупи они се спремаат за сосема друг пазар ...
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    @gOJDO Клучниот збор во горе мислењето е досега. Значи заклучно со CofeeLake refresh односно 9та генерација. A тоа дека Интел не спие, муабетот сме го правеле и на други теми и не мислам дека спие :D
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    IoT e сосема нов сегмент кој нема врска со другото. Intel и било кој друг нема да се откаже ни малку од пазарите кои ги доминира и се ликвидни, т.е. нема да се откаже од ништо кое му носи профит. А поготово не од нешто во кое што инвестирал децении и десетици милијарди. 7nm, нова архитектура и нов MCM концепт (glued CPUs) се неминовни и потребни во сите сегменти на пазарите каде е присутен Intel.
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Колку Интел се блиску или далеку од 7nm тоа не знаеме, не сум видел добра информација по ова прашање, само шпекулации. АМД колку што знам ќе почнат со продажба на 3500/3600/3700 во Март, а во Август 3800 и Threadripper. Оваа тактика ја тераат со Зен и Зен+ последните 2 години, така да претпоставувам истото ќе биде и со Зен2. Дали Зен2 ќе постигне паритет со Интел по преформанси или во најоптимистички случај ги надмине, и за колку време Интел ќе даде одговор на тоа, е нешто што мислам сите не интересира. И да се случи неверојатното, односно АМД да ги надмине по преформанси со Зен2 (иако не сум скроз убеден во тоа и покрај ликовите во последните недела дена), таа предност ќе трае се додека Интел не почне со масовно проиводство на 7nm. Овде на АМД му се остава временски простор да завземе уште некој процент од пазарниот удел.

    Имам едно прашање ако некој е повеќе информиран, пошто Интел се спрема со MCM дизајн, дали тоа значи дека тој процес ќе биде на постоечката архитектура или треба да развиваат нова? И дали МCM ќе биде само за xeon или и за меинстрим платформите?
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    нова макро-архитектура да, но не е морално и нова микро-архитектура
     
  6. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    498
    514
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Макро подразбира комуникација меѓу јадрата со мемориските контролери IO, итн така?
     
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    да, се што не се јадрата е макро-архитектура
     
    На FreakyDroid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    На dekomote, windows8, PC_GAMER и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. dekomote

    dekomote
    Gaining Experience

    285
    499
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
  10. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
  11. dekomote

    dekomote
    Gaining Experience

    285
    499
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Бар да не ми е криво шо си купив ryzen скоро :)
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
  13. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,321
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ништо посебно не покажаа, искрено разочаран сум. Очекував барем повеќе демоа и реални презентации, а не само зборови. Графичката ми изгледа на промашај, требаше барем 50$ да биде поевтина па некако да се уклопуваше...
     
    На Boldozer, Mario.Bog, gOJDO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Ај вака, тоа 8 јадра 16 нитки шо го покажаа имаше еден чиплет горе десно и една ИО единица. А зашо мислите дека горе десно е поставен чиплетот? Пошо доле десно ќе иде уше еден.

    Рајзен ќе има десктоп до 16 јадра и 32 нитки, и типувам дека ќе го шие интел на перформанси ват за ват. Поголеми фреквенции со иста потрошувачка како 9900К ќе бидат според моја претпоставка бар 20% побрзи, а рајзен 9 валјда ќе е исто тоа у гејминг, ама со 16 јадра и 32 нитки и ќе биде бар дупло подобар у продуктивност за иста цена.

    И како ова не е импресивно. Графичката мање више битно.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,685
    1,130
    16 Јуни 2010
    Машко
    Апсолутно си управо за графичката, искрено тиа слајдови не ми се баш верни, нормално дека се изберени најдобри ситуации. Ама и да се точни, пак има RTX 2080Ti картичка што е подобра, а плус Titan RTX. Мислам очигледно е прашање до кога AMD нема да има картичка што ке се натпреварува со најака Титан картичка на Nvidia.
    За процесорите супер, искрено не очекував да излезат со модели и цени, добро ќе поминат и годината а можда и наредната. Sunny Cove прашање е дали ке излезе оваа година воопшто на десктоп системи (поправете ако има ново инфо), а и да излезат AMD може да држи со цени и core count така да и оваа година добра ке им е. Тој скок на перфоманси можеби и не е толку до IPC колку до фреквенција, некаде пишуваше дека процесорот на AMD возел на 4.6Ghz што е импресивно ако е точно. Плус сите процесори се backwards компатибилни со стари плочи, што им е одлично за оние што сакаат апдејт. Али затоа со графичките се ептен назад.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dekomote

    dekomote
    Gaining Experience

    285
    499
    11 ноември 2014
    Машко
    Програмист
    Доле десно ќе иде вега кор. Тешко дека ќе има 16ц ризен, ако неќат да ја усерат со тредриперот. Плус, рано е за се.
     
  17. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    И сам знаеш дека мејнстрим Рајзен не се АПУ чипови, туку стрикно процесорски јадра. Секако дека ќе има и тредрипер нов и таму можат да идат на 32 јадра. Така шо ништо не им брани да идат со картава а и дефинитивно ќе идат (мое типување).
     
  18. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    798
    1,647
    23 Мај 2012
    Не е импресивно бидејќи од она што го презентираа единствено е сигурно дека во втора половина на 2019 ќе извадат 8 јадрен процесор кој ќе биде конкурентен со 9900К, толку. Се друго се претпоставки во овој момент. Лично очекував да ја претстават комплетната палета на Zen 2 со цени, број на јадра и фреквенции и да најават достапност од март. Вака од мене бараат да чекам пола година за перформанси кои се веќе достапни.

    За Radeon VII што да се каже, дури после две години ја стигаат 1080 Ti во перформанси со карта која што ќе троши и грее повеќе, а ќе кошта исто колку што оваа кога излегла во 2017.
     
  19. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    За нас, обичните смртници кои немаме потреба од сервери и ренрдер фарми е буквално тотално небитно дали има место за и дали ќе има уште еден, два или катаљарда чиплети! Она кое е битно и е релевантно се само перформансите на 8-те(а може и тоа се многу) јадра од само еден чиплет. Согласно маркетингот на AMD и знаејќи какви перформанси има Zen во однос на CoffeLake, ако Zen2 има исти перформанси во CineBench тоа значи дека во 90% од останатите апликации и гејминг ќе биде поспор.

    Според ова кое го видовме, т.e. CB скорот прашање е дали ќе биде генерално побрз во просек јадро за јадро, клок за клок. Дури и да се случи тоа, нема да трае за долго бидејќи и Intel спрема коњ за трка. Согласно најавените подобрувања, т.е. компелтен редизајн на сегашната архитектура, убеден сум дека новото чедо на Intel ќе го збрише патосот со Zen 2 во сите апликации и игри познати на човештовото. Поточно очекувам да се повтори веќе виденото сценарио Core2 Duo vs Athlon64 X2.

    Веќе се најавени 12/16 јадрени Ryzen 9 на AM4. ThreadRipper нема да добие повеќе јадра но ќе добие значително подобри перформанси, особено 24/32 јадрените верзии кои имаат тотално сакати перформанси во најголем дел од декстоп апликациите.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Новото чедо на интел секако, но по која цена и потрошувачка. Искрено мислам дека ќе продолжи конкурентноста на АМД во најмала рака, и тоа е се шо мене ме радува пошо тоа секако е добро за крајните корисници.

    А мислења ко мислења, јас си стојам на моето дека со Р7 или Р5 на 5 гигахерци новите рајзен чипови ќе бидат побрзи во 1080п игри од се шо има интел, бар некој период, шо значи тоа шо ти викаш за обични смртници ние ќе добиеме процесори со ценовен ранк од i5 кои ќе шијат се живо и диво (моја претпоставка). Али ајде да не претерувам во wishful thinking и јас, останува да видиме.

    Сепак имаше и ликови дека дури и Р3 ќе има зголемен број на јадра, така шо сепак останувам полн со надеж.

    На крај на денот презентацијата секако беше поразочарувачка од шо сите очекувавме, но има логика дека не мора да се брзаат со новите процесори коа не се притиснати од страна на интел воопшто.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    За цената не знам, но верувам дека ќе биде подобар и во перфоманси и во перофрманси/ват.
    Што се однесува до 1080p гејминг, не знам врз основа на што се твоите претпоставки, т.е. мечти. Дури и ако ги екстраполираш максималните најавени +15% повисок IPC во однос на Zen+ сеуште Zen 2 ќе е зад Intel.
     
  22. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Имаше веќе leaks шо сугестираа ова. Али ајде да почекаме реални резултати, вака само ќе се натегаме стварно не ги бранам толку жестоко ни па сум толку уверен. Ко шо кажав мое мислење/очекување е тоа, и целосно има простор да бидам грешка.
     
  23. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,142
    1,527
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Јас како би сумаризирал на тоа што го најавија/претставија АМД:
    1. Процесорот очекувано е дека ќе има подобри перформанси по ват, IPC перформансите се мистерија но мои очекувања се дека ќе бидат тука некаде со Coffee Lake а претпоставувам дека 7нм ќе им дозволи фреквенции во рангот на 5Гхз. Секако дека интел спрема нивен подобар/побрз ЦПУ но очекувам тоа да биде со далеку повисока цена а и ватажа со што АМД иако нема да го има најбрзиот процесор сепак ке има еџ во цена/перформанси плус не заборавајте Ризен 3ххх ќе работи на сите АМ4 досегашни матични.
    2. Графичката е жалосна потврда дека АМД ќе ги следи сегашниве цени и ќе продолжи истава ценовна беда и во 2019и ќе читаме како форумџии тука кажуваат дека новата ххх 400 евра графичка е новиот буџет крал :( ... 16 ГБ е тотална утка пошто само непотребно ја дига цената на графичката, да беше 8ГБ и поевтина ќе беше интересен продукт версус GTX2080 вака за иста цена многу тешко ќе имаат пласман ниту мајнери не би ја купиле за таа цена ... едино ми остана мистерија е што всушност ќе подржува Вега 7 бидејќи најавија као све но без конкретна инфромација. Исто за жал мајнингот го уби гејминг пазарот и сега имаме ситуација каде нвидиа удира на цени бидејќи сеуште има тон 1ххх непродадени графички и АМД кој рециклира дизајни бидејќи R&D не им беше приоритет овие две години и секако ги надминале нивните проекции за продажба 10000% овие две години (сигурно тука во форумов има просек од 2-3 АМД графички по член) ...
     
    goce03, toshex и на gOJDO им се допаѓа ова.
  24. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    И јас исрено се надевав на повеќе, ама бенчмаркот во CB15 ме разочара. И денешниве Zen+ имаат ист скор колку CoffeLake на иста фрекфенција и ист број на јадра. Така да веќе сум скептик дека Zen 2 може да биде подобар jaдро за јадро и клок за клок од Intel 9th Gen. Очекувам да се рамо до рамо во перформанси по јадро и по клок во апликации и нешто послаби во игри, но да имаат подобра енергетска ефикасност и да се значително поефтини.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  25. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,944
    3,935
    18 Септември 2013
    Машко
    Па кажаа дека не се ни финални фреквенции тие, мислам дека тоа беше така ставено за да имаат ист скор за 30% помала системска односно 40+% помала потрошувачка на процесор. (енгаџет така пресметаа 75w наспроти 130w на интелот)

    Како и да е, ако појачаат фреквенции (или турбо) за финално при launch мислам дека јадро за јадро ќе го поминат интел (дур они не извадат нови нели).
     
Слични теми
  1. Street h4ck3r
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,064
  2. Sephiroth
    Одговори:
    55
    Прегледи:
    3,907
  3. boro1
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    871
  4. xenon
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,560
  5. steelseries

    Проценка Ам4 платформа.

    steelseries, 4 Мај 2018, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    894
Вчитување...

Сподели

Вчитување...