gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 10.059
- 14.152
Луѓе не ставајте Refund на пратки. Гарантирам дека ќе ви стигнат, само тоа ќе биде малку поспоро. Оставете тоа што имате уште 3 дена до Рефундација. Само оставете и не чепкајте ништо.
Проблем има со Унгарија, каде еден дел воопшто не им работи и затоа оди поспоро од вообичаено.
Незнам што раса на луѓе ќе бевме. Постојатно едно исто се збори, дека е успорено, и пак луѓе ни доаѓаат на шалтер и не обвинуваат дека им ги криеме пратките.
Да фатиш со еден стап и сите по ред.
Денес еден го отерав у 300 лепе материне, откако претходно sвонеше 10 пати на телефон, па на крај дојде и да се расправа во пошта. Кај му била пратката
Он: Ме прашува дрско и со повишен тон, како можела пратка да патува 70 дена? Порано пристигале за 20 дена. Не сме работеле во пошта и сме ги криеле пратките.
Јас: Да викам, можно е да доцни и што сега. Дали треба по 10 пати на телефон да замараш и да викаш.
Он: Му било ептен хитно.
Јас: Па ако ти е хитно имаш DHL и слични.
Он: Ама тие биле скапи, преваранти биле итн.
Јас: Батко не ме млати. Ако ти било хитно прво немало да одиш со таков шипинг.
Јас: Второ ако ние сме преваранти, тогaш и DHL ли се? Сите ли нечинат?
Едноставно со free shiping т.н али баба шипинг, никогаш никој не може да ви гарантира кога ќе стигне пратката. Кога нарачувајте имајте го тоа во предвид.
Тоа што Се става некој преоден датум е бидејќи според законот за пошти, мора да има краен датум на достава.
Второ DHL Еxpress и сличните пошти постојат баш за таа намена. Прва намена на оние што им се брза и второ за оние што се нетрпеливи и со слаби живци.
Сакам да упатам апел до сите да малку имаме едно ниво на однесување. Ако имаме држава и култура треба малку да ја видиме и другата страна. А не да се однесуваме како животни.
Не ставајте Refund на пратките. Имаме неколку дописи дека поштата од Кина сака да ја блокира Македонија.
И веќе ова е веќе второ предупредување од нив.
Следното ќе значи дека веќе комплетно се забранува испорака до нашата држава.
Не плачете за 2-3 долари па и 20 долари. навистина е срамота, кога знаете дека пратката ќе ви стигне.
Не пробувајте да го изиграте кинезот, зашто сите ќе бидеме изиграни.
Има некултура, тоа е факт. Но пред се луѓето што си ги чекаат пратките се нервозни заради роковите на алиекспрес. Откако ќе помине тој рок а при тоа пратката не стигнала мора да бараат рефундација. Ако пратката се изгуби или доставената роба не е соодветна нема враќање на пари колку што знам.
Кривицата е во алиекспрес и кинеските пошти што со месеци не преземаат ништо за да ја променат унгарска пошта со некоја соодветна. Или барем за овој регион да зголемат рокови на испорака па да дишат луѓето раат.
Инаку боли и за две и за двеста евра подеднакво. Мои пари се. Нема зошто да оставам на случајност и среќа.
Цела среќа што не зависам за ништо од Али. Имам само уште една во транзит. Повеќе нема да правам нови нарачки се додека не се среди со унгарците.