1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Aliexpress

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од dastaner, 5 Февруари 2014.

  1. ivan88

    ivan88
    Gaining Experience

    318
    325
    22 Февруари 2012
    Машко
    Ќе иде гратис кај купецот...јбг, нeгoва среќа било :)
     
  2. krema

    krema
    Professor

    11,007
    10,542
    24 Јуни 2009
    Машко
    Барем ќе има што да му пее, зум зум. :)
     
    На hpetrovski и ivan88 им се допаѓа ова.
  3. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    Зошто пратките кои што одат преку Cainiao Super Economy Global не ги наоѓа на 17Track?
    Која пошта да изберам?

    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  4. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    495
    415
    9 Јули 2018
    Машко
    Избери Aliexpress Shipping
     
  5. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    На it_boy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Епа ета и мене ми стигна првата пратка после 3 месеца. Нарачана средина на Март, а испратена на 19 Мај. :D
    ALL-IN-ONE PACKAGE TRACKING | 17TRACK

    FYI: На Тракингот на Али стои дека уште е во транзит.
    Global Order Tracking
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Оваа не ти беше една од оние пратки заглавени во Прага, така?

    Исто така, се чудам зборувате за избор на различен шипинг метод/шипинг компанија ама таа опција никогаш не сум ја начекал кога сум порачувал преку АлиЕкспресс, па се чудам како се прави тоа.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Тука кликаш и излегуваат сите опции за испоратка со цените. Се разбира, опциите зависат од продавачот.
    upload_2020-6-8_10-34-7.png
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    И со ситуацијава, која опција е најдобра за избор? Инаку овде гледам само standard shipping и DHL друго не. Валјда кај различни продукти различни опции дава, а?
    chrome_Zt0fnum3fu.jpg
     
  10. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Ха, ха, ниедна опција. Барај на друго место.
     
  11. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    Почнаа да тргаат работиве полека... И мене ми тргнаа две во Петокот. Ама China Post, ги нема нигде!


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Алтернатива за АлиЕкспрес која би била? EBay? Amazon? И едните и другите со DHL праќаат нели? По врат по шија. :D
     
  13. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Мислев кај друг продавач на али, некој што нема толкава поштарина.
    Алтернативи би биле Banggood, Gearbest, Fasttech, DX, кинеската четврт на ибеј...
    Ама заради ситуацијава сѐ е пореметено. Гледам продавачи што со години имале бесплатна испорака, сега ставија поштарини. Некои воопшто не испорачуваат. Производи што сум ги купил пред неколку месеци, сега истите од истиот продавач со поштарина се двојно или тројно поскапи.
     
    На Noumenon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    Дали само јас приметувам дека е се потешко да контактираш агент на support на алиекспрес? Цело време Ева ми се појавува, никако не можам да се снајдам да дојдам до нив.
    Се ми се чини, порано полесно беше.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На Вајкинг му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    220
    124
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Лесно е ама ако си пробал ти во 10 сабајле можно е и да нема, секогаш ја контактирам накај 1 вечер идеш таму кај Ева бот чатот и кликај што ти треба и кога ќе избереш дека не можеш да најдеш ќе ти се појави Chat with live support или Chat with agent..
     
    На Антониј.К му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    Еднаш ми излага, еднаш не... можеби има логика ова твоево. Обично сабајле ги контактирам.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  17. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    220
    124
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Па би требало 24/7 да работат само кажувам кога ја ги контактирам и секогаш кога ми одговараат продавачи е у 4 саат сабајле.. Биди упорен и ќе излезе нема друго
     
  18. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Проверувајте си ги тракинзите пред да барате refunds. Доста од пратките од пред два месеца всушност биле заглавени во Кина.

    Денеска имам ново тракинг info на уште две пратки дека се тргнати (нарачани беа средина на Април).
     
    Последна промена: 10 Јуни 2020
    На WeiWuWei му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CBB_6

    CBB_6
    On your way to fame

    155
    536
    9 Декември 2016
    Машко
    Браќа, овај ме матка или не??
    Смешна пара е (се работи за две заштитни стакла за моб.), ама три месеци абер нема, а селерот не сака повеќе да го продолжува рокот за достава.
    Да му вервам на збор дека ќе испрател нови или ме фарба?

    Matka.jpg
     
  20. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
    Ако ти испрати нов, треба и ново тракинг бројче да ти даде. Ако не го направи тоа, те мава лево десно.
    Ми се има случено само еднаш да ми препратат нова пратка, ама ме замоли чоекот да платам $0.01 на линк кој што тој ми го даде и потоа се важеше ко нова пратка со нов тракинг број. Ми стигна пратката за 17 дена.
     
  21. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Gaining Experience

    220
    124
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Ако го прифатиш предлогот после тоа не можеш да отвирш диспјут пак

    + еве нешто од редит

    If your buyer protection is almost over, don’t go for resending the item. The dispute system does not allow resending, it only meant for refunds. The dispute only remain open for about 10 days before Ali will judge that you get that refund.

    If you ever want the seller to resend, ask it before opening a dispute. Start by asking for an extension of buyer protection by at least 30 days, if he complies ask him to resend.

    By opening a dispute instead, you have chosen to get a refund. It’s a bad idea to change your mind now. After you get the refund you can buy the item again.

    Најубаво да си земеш рефунд и пак да го порачаш од овој или пак друго место
    -The dispute system does not allow resending-
     
    BEST, goceiva, The-spiki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. Антониј.К

    Антониј.К
    Gaining Experience

    722
    474
    28 ноември 2014
    Машко
    Вечити студент
    На it_boy му/ѝ се допаѓа ова.
  23. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
    Праќаат/стигаат пратки нормално сега или уште кога како? Планирам да си нарачам нешто ама .. да не чекам пак 100 години.
     
  24. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,002
    1,253
    9 Јуни 2015
    Машко
    Еден дел продавачи не праќаат. На 5/6 наврати ми ги откажаа нарачките уште пред да ги пратат. Изгубив доста пари во конверзија на валути. Оние што се испратени стигнаа, некои за 1 месец, некои за 3. (Над 20 нарачки имам направено од март до сега)
     
    На Deksa му/ѝ се допаѓа ова.
  25. maci

    maci
    On your way to fame

    2,910
    656
    2 Април 2008
    мене пратка од 25.12.2019, ми стигна пред две недели со пратка која беше од 3-4 месец оваа година.
    продавачот ми ги врати парите
    лошо е што сите рефундирања ти стојат во архива и после влијаат на твојот профил дали си добар,фер купувач или проблематичен купувач со чести рефундирања
    има ли опција после задоцнета примена пратка да му ги вратиш парите кој купецот ти ги рефундирал?
     

Сподели

Вчитување...