Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Е-банкинг и банкарски апликации на македонските банки

toshex

the fool
18 септември 2013
6.597
8.244
Мелмак
Ме инспирираше активната тема за ТТК онлајн плаќање од член на форумот па баш ме интересира да прашам бидејќи во двоумење сум да сменам банка а е-банкарство и мобилна апликација се можеби најбитни параметри после цените и провизиите за услугите на банката нормално.


На КБ безбедносната имплементација е катастрофа според мене - апликацијата има токени ама токен системот е ужасно имплементиран од аспект на кориснички интерфејс. Треба да внесеш број (нула ако ти е за логирање во е-банкинг) и после ти генерира он токен. Воопшто не е ко 2ФА или други стандардизирани токени на кои сте навикнати.


Апликацијата ја редизајнираа пред некое време и сега е полична, ама пак не поддржува биометриска автентикација од телефонот. Се ова ја прави многу незгодна за користење.


Како се другиве банки со апликации? Дали може да сподерите мислења и можда некој скриншот без да се гледаат лични податоци нормално.


Од ова што гледам на App Store скриншоти како најдобри би ги рангирал апликациите на Шпаркасе и Про Кредит:
1787097116481.png 1787097145329.png
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
23.833
34.013
roka.mk
Ја сум на Халк и ми е сосема ок. Има се што ми треба ви неа.
Шпаркасе бев претходно ги баталив пошто се ептен лопови.
 
28 јануари 2017
2.094
4.827
Ресен
Едина мана на Халк е што знае да крашне 2-3 пати со ред па после да се преправа како ништо да не било.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.588
3.232
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Задоволен сум од НЛБ, ги има сите функционалности што ми се потребни. Единствен проблем кој може да настане е при последователно плаќање онлајн во краток рок. На пример, плаќам сметки вода, струја, интернет во рок од 1 минута и може да се измеша NLB Pay за одобрување, да не стигне пораката за одобрување или да задоцни, па пак да пополнуваш.
 

petkotrajko

poweruser
16 јуни 2017
2.556
3.014
Јас сум на НЛБ. Генерално сум задоволен.
Имаат 2 апликации:
- mKlik Makedonija: за следење приливи/одливи, состојба и e-banking (70 ден/мес.) со плаќање ПП30, испраќање пари кон други лица, фирми и сл.
- NLB Pay: за „дигитализирање“ на постоечките картици што ги имаш во НЛБ, па после за плаќање со NFC мобилен преку оваа апликација (беше згодно пред да дојди Гугл Пеј, пример пред 6-7 години, а сега... за да не ја прогласат за обсолетна, ја назначија за задолжителна -па мора преку неа да ги внесиш/одобриш НЛБ картичките во Гугл Пеј - што не беше случај на почетокот, а сепак без проблем ми функционираше плаќањето со Гугл Пеј. Откако се укина одобрувањето на онлајн трансакции со СМС, во оваа апликација стигнува барањето за одобрување)
Искрено, не гледам силна причина за постоење на вторава апликација, уште помалце па за одобрување на онлајн плаќањево што не го имплементираа во носечката мКлик аплиакција, но - што е, тука е.
Задоволен сум од НЛБ, ги има сите функционалности што ми се потребни. Единствен проблем кој може да настане е при последователно плаќање онлајн во краток рок. На пример, плаќам сметки вода, струја, интернет во рок од 1 минута и може да се измеша NLB Pay за одобрување, да не стигне пораката за одобрување или да задоцни, па пак да пополнуваш.
Е да, ова е и моето искуство :)

Имам и на Стопанска банка - Скопје.
Апликацијата визуелно делува позастарено споредено со НЛБ мКлик, но сепак ги има сите потребни функционалности во неа. Со истата апликација се одобруваат онлајн трансакциите, за разлика од НЛБ, кај што ти треба втора апликација за тоа. Не ми е главна сметка ова, па немам друго што да споделам, но досега не сум имал некој проблем со апликацијава.

Се разбира, и за двеве банки мора одење до банка лично, за одобрување на функционалностите во апликациите. Ако смениш телефон, истото те чека, јово-наново.
 
Последна промена:

Petarys

hello world
28 јули 2009
258
449
Прага, Чешка
КБ има супер дизајн, само нешто не е имплементирано како што треба со токените и автентикацијата. Сакав да ја регистрирам картичката за LoungeKey, требаше да стигне код на мТокен, не стигна ништо. Нема опција ни за СМС.
 

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.588
3.232
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Се разбира, и за двеве банки мора одење до банка лично, за одобрување на функционалностите во апликациите. Ако смениш телефон, истото те чека, јово-наново.
За менување на телефон се средува преку мејл на НЛБ.
 

noc32

hello world
21 март 2016
362
317
Јас сум на НЛБ и сум супер задоволен од функционалностите. Изгледот е реално, за греота. Интерфејсот на мКлик е како да е од 2008 година. Ако ја ѕирнете мКлик на НЛБ Словенија, тоа е веќе друг муабет.
Но од перспектива на функционалност, супер е.

НЛБ Пеј е супер. Има се што треба, прегледно и убаво скоцкано.
 

DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.417
1.647
ProCredit откако ја ре-дизајнираа им е ВРВ.
Самата апликација функционира како Токен или 2ФА чекор (нема дополнителни уреди, едноставно потврда се клика во самата апликација)
Модерен дизајн, функционална со скоро све што е можно на ВЕБ апликацијата.

5/5
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно