Мора да признаам дека бев инзненаден. Се работи за проблем со процесор 7800x3d и матична Аsus Rog x870. Двете купени од сетек, по 2 месеци користење матичната појави црвена сијаличка за проблем со процесорот и не влегуваше во биос не даваше слика. Го однесов процесорот за 1 ден добив одоговор дека истиот функционира. Ја однесов матичната и по 3 часа добив одговор дека истата не е исправна и дека ќе ми дадат нова. Во 3 дена завршив работа со единствена маана што мораше да одам во City Mall да ја подигнам новата матична иако ја имаа во главниот магацин што е на 5 метри од сервисот. Не знам дали е среќа или лошите reviews на google maps се само од незадоволни клиенти али ова е моето искуство кое што мислам дека е на високо ниво 
Последна промена: