Iran enters the chat200 ден. / 1л гориво можеби е најлесен начин ова да се постигне.
Затоа ли го продаваш тротинетот?
Уетавен суд отсекогаш бил под ногата на политичарите. Ништо не се променило.Уставен Суд ги одби сите претставки за Безбеден Град.
Затоа ли го продаваш тротинетот?
Jас гледав некои ултра ружни електрични мотори, изгледаат како вц шоља на тркала... Може да се најдат ако продолжи вака (ама и некој фотоволтаик панел).
Се сложувам со ова, дека јавниот превоз е клучен, велосипедот треба да е секундарен, па автомобилски превоз терцијарен.Не баш. Јавниот превоз е клучен. Сто илјади пати е посигурен од возењето на мопед плус е сепак и поевтин. И може да се користи преку цела година. Непспоредливо.
(сум имал мопед многу одамна и издржав една сезона и го продадов. глава во торба... те гледа а не те виѓава и ти сече пат. два пати убаво се издраскав и чаос.)
Edit: И Gemini знае:
Споредба на смртност по 100 милиони километри
Вид на транспорт Смртни случаи на 100М км Релативен ризик во однос на автобус Мотоцикли ~19 (на 100М км) ~6.000× поголем Автомобили ~0.68 (на 100М км) ~200× поголем Велосипеди ~0.05–0.15 (на 100М км) ~10–30× поголем Автобуси ~0.005 (на 100М км) Основна вредност (најбезбедно)
Каде што се сечат пешачките со велосипедските патеки пешакот има секогаш предност. А преднос пешакот има и на велосипетските патеки за разлика од Холандија каде за инает ќе те изгази, овде не смее, може само да те опцуе.@Astro Пешаците не ги спомна? Кога бевме во Виена како пешак неколку пати имав чувство дека ќе ме изгазат велосипедистите ако им стапнам на нивната лента, а имаше места каде се испреплетуваа патекитеМоже така се погодило.
Исто беше интересно што сабота и недела во делови од центарот паркирањето кола е бесплатно на улица каде е обележан паркинг секако. Подземниот паркинг е скап, ама спасува ако си со кола и не сакаш да пешачиш со километри.
Требаше да му дадам шанса на метрото, ама јас пак научен по македонски секаде со кола.
И Копенхаген исто, пешачев благо во велосипедската патека и Данецот ме тргна како да е послана со лава.@Astro Пешаците не ги спомна? Кога бевме во Виена како пешак неколку пати имав чувство дека ќе ме изгазат велосипедистите ако им стапнам на нивната лента, а имаше места каде се испреплетуваа патекитеМоже така се погодило.
И треба. Шо мајка бараш да пешачиш на велосипедска?И Копенхаген исто, пешачев благо во велосипедската патека и Данецот ме тргна како да е послана со лава.
Амин. И не сме ама има интерни активности што ни го отежнуваат развојот. т.е. пета колона плус и екстерно соседски...Се сложувам со ова, дека јавниот превоз е клучен, велосипедот треба да е секундарен, па автомобилски превоз терцијарен.
Година дена веќе живеам во Виена и опседнат сум со опсервации и анализи што е тука различно одкај нас. На темава ова се моите заклучоци:
1. Моторцикли речиси никој тука не вози, освен доставувачите на храна, Wolt и Foodora кои возат електрични и дозволено им е да ги возат на велосипедски патеки, исто како електричните скутери. Оние моторцикли кои се по улициве се главно Endurance и спортски, скутери се речиси непостоечки, едноставно ги нема. Моторциклите се третираат како моторни возила, имаат еднаква предност во сообраќајот.
2. Автомобилите имаат последни предност. Прв е јавниот транспорт (трамвај, не и автобус тие се како останати возила), па велосипедите.
3. Велосипедите се втори зад јавниот транспорт. Имам дискутирано со тукашниве за велосипедите и ми имаат кажано дека велосипеди ретко кој возел нив Виена додека не почнале да прават велосипедски патеки и пред да ги подигнат со предност пред моторните возила. На пример, во тесна улица не смееш ни да го претекнеш велосипедот доколку не оставиш најмалку 1.5 метра растојание помеѓу колата и велосипедот. Камерите го фаќаат ова, полицијата го гледа, многу луѓе се казнети зошто претекнале велосипед а оставиле само еден метар растојание. Велосипед не смее да вози на тротоар, а не смее ни на улица ако до улицата има велосипедска патека. Казната е 80 евра ако не се почитува ова, втората казна е 160 евра, третата е 240 евра а секоја наредна е 400 евра.
4. Јавен транспорт има највисок приоритет и прв е од аспект на предност на минување и воопшто важност за градот. Статистиката е дека 2 милиони патници дневно во просек се движат со јавен транспорт во Виена, па согласно со тоа и вниманието што го добива е приоритет. За секоја линија на движење мора да има редундантност, најмалку еден резервен метод. На пример насока Север-Југ има Трамвај, Метро, Шнелбан. Автобуси има само во предградијата а не крај-до-крај на град како кај нас.
Во Скопје на пример јавниот превоз не е пипнат со децении, ништо не е променето ни подобрено. Наспроти тоа, се испоградија булевари, кружни текови, се проширија ленти, се воведоа еднонасочни улици (демек побрзо движење а уствари се претворија лентите во паркинзи) и ПАК автомобилскиот превоз е во хаос, пак еден куп сообраќајки, пак луѓе губат животи секојдневно и пак сите се незадоволни. Во Виена не сум видел НИТУ ЕДНА сообраќајка, никој не зборува за цени на горива, ретко кој поседува кола а сите користат јавен транспорт, веројатно најдобриот во цела Европа/свет. Назад во Македонија, луѓето се фрустрираат околу сообраќајот затоа што немаат друга опција, немаат друг излез, мораат да користат кола. Затоа сите имаат по 2 коли или повеќе, за секој член од семејството.
Замисли денес во Скопје да има:
И годишна карта да кошта 100 евра, колку два резервоари гориво, па пушти бесплатно за деца и старци, па стави годишна карта како бенефит од страна на секој работодавец. И тука се вработат возачи, чистачи, механичари, диспечери, планери. Која будала ќе оди после на работа со кола? Која будала после ќе се буни дали требало да има 2км/ч или 10км/ч толеранција на Сејф сити? И после нека каже некој дека требало 200 денари да коштал литар гориво или било кој начин да се реши градскиот сообраќај или пак дека било што друго е клучно. Зошто при очи да се правиме слепци да измислуваме топла вода кога другите тоа го решиле пред децении и го донеле до перфекција? Зошто сме најмутава нација на планетава?
- Метро од Автокоманда до Сарај/Матка, од Нерези до Бутел, од Кисела Вода до Визбегово, од Аеродром до Автокоманда, од Аеродром Александар Македонски до Транспортен центар. Па направи на првите станици големи паркинзи за да можат Велешани, Тетовчани да паркираат под сенка, да си ги полнат батериите на колите од сончеви колектори, направи тука Веро-центар, Супер Кит-го, Бургер кинг, напрви 50 денари плаќање со OCR директно од припејд акаунт да се плаќа.
- Трамвај по Јане Сандански, 8ми Септември, Бандитенштрасе, Јаја Паша, Борис Трајковски, Александар Македонски, цела лента само за нив, да им треба две минути од станица до станица...
Таму одма ќе те казнат за плукање.пљукни му се на тоа општество каде точкаџии делат правила.
Е за овде зборам, двајца не може. Добро, за волја на вистината од карши има само за пешаци ама пак не мора да леташ со точакот...И треба. Шо мајка бараш да пешачиш на велосипедска?
Како мислиш двајца? 2 пешаци не можат на пешачкава или 2 велосипеди паралелно не можат?Е за овде зборам, двајца не може. Добро, за волја на вистината од карши има само за пешаци ама пак не мора да леташ со точакот...
За луѓе. Иначе има секакви. И во Аеродром повеќе се вози на таа за пешаци отколку велосипедската патека на булеварот. А има често и пешаци на велосипедската.Како мислиш двајца? 2 пешаци не можат на пешачкава или 2 велосипеди паралелно не можат?
Иначе за човек кој редовно вози велосипед посебно во летните месеци, исклучиво се движам по велосипедска и особено ме нервираат пешаци што се движат по "црвеното" ( изгледа мислат дека побрзо се движат по неа) иако има бар 4 пати поголема пешачка патека.
трета македонска бригада имаш со кациги и бициклистички на булеварот, а има огромна патека од страна.
Не е шега. Ако велосиедот нема добра амортизација, страда простатата.Возење точак по бекатон, наводно не е добро за машкото здравје. Не си ги читал поплаките од хардкор точакџиите.![]()
Слично и јас. 2014 прв пат Холандија, лабаво си шетам по велосипедска, кога тројца со велосипеди ај што ќе ме згазеа него застанаа да се расправаат и да се караат. Ние балканци, его до плафон ќе се тепаме маме ќе им ебеме.. другиот ден изнајмивме велосипеди и кога увидовме како е организиран и како функционира велосипедскиот сообраќај ни беше се јасно..
1. Авантата е голема.Зошто при очи да се правиме слепци да измислуваме топла вода кога другите тоа го решиле пред децении и го донеле до перфекција? Зошто сме најмутава нација на планетава?
SSD M.2 128GB FORESEE XP2000 NVMe , 2.400/760MB/, FSB0C128G-B7C7200 BULK
1.990,00 ден
HDD 3,5" 4TB WD PURPLE IntelliPower 5400RPM 128MB 24x7 SATAIII WD44PURZ
10.970,00 ден
NB 2-SCREEN MONITOR 14" EXTRALINK S688, IPS FULLHD, 13.3"- 17.3", EX.21571
22.510,00 ден
STREAM DECK MINI ELGATO DISCORD EDITION , x6 LCD keys, ELGATO-10GAI9931
3.930,00 ден
CE SMART EXTRALINK HOME C1 COFFEE SCALE, LED Display, Timer up to 100min, 0.1g precision, Max 3kg, Black, EX.32266
1.130,00 ден
RAM DDR4 4GB 2133MHz G.SKILL F4-2133C15S-4GIS
2.600,00 ден