Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Safe City - Камерите за казнување

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700

Еве priview што ќе се дешава на Партизанска со една лента за паркирање, и искачање на луѓе од меѓу возила (и мотори, итн). 18+
Баш напротив, тука нема лента за паркирање. Да има лента нема да може толку брзо да возат. И овој пример ми изгледа дека не е од ЕУ, така?

Инаку дали ти имаш проблем со македонскиот, нешто слабо разбираш што пишувам? Цело време даваш примери да безвластие, од Бурунди а јас барам да се легализира лентата за за паркирање и да се среди според некои решенија од ЕУ. Така ќе се забави и средната лента. И со паркираните коли ќе се одвојат велосипедистите и пешаците. И ќе престане да се користи Партизанска за брз сообраќај (како што и не толку одамна беше) туку ќе биде заобиколувана од возачите - нека одат на Бул. Никола Карев кој што е мислен за брз сообраќај и нека бараат од полицијата да го расчисти. Исто барам и да се паркира на сите улици во Буњаковец, Дебар Маало, Тафталиџе, Карпош... со обележани паркинг места но најмногу до 2 часа (или воопшто да не може да паркираат) за возачи што немаат лична карта од тие зони. Како во многу цивилизирани градови.
Мислењето е автоматски споено:

Кирев, брат. Па како ќе ти стигнат пратките од алиекспрес ако нема движење? Или леб у маркет? Или брашно у пекара?

Да не филозофирам многу, ...

Немој.

И сега стигнуваат со задоцнување, но тие што мораат ќе најдат начин, а тие што не мораат да возат низ централното градско подрачје исто така ќе најдат начин како да го заобиколат. ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ не смее да биде со брз сообраќај.

(И не сме браќа..)
 
Последна промена:

greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
@kirev

Океј тогаш, чим си буквалист, еве не сме браќа.

А тоа што Lokvan ти го пушти е просто реалност секаде, не само у Бурунди, европски земји или што ти ја знам каде. Иначе далеку сме ние од Европа со стиропор архитектура и пачувани улици и тоа баш у твојот центар.

А за овие твоите желби за Центар, обрати се кај градоначалникот на Центар, а јас да бев градоначалник на Центар, ќе ти речев може, ама сите жители на Центар да плаќаат даноци и опортунитетни трошоци на компаниите што ќе трпат загуби.
 
Не не не... Пак продолжуваш со филозофии. Знаеш дека во Ќојлија има огромен камен насред пат за да не може камиони да поминуваат? И кој им плаќа на камионите опортунитетни трошоци? И од кога економски фактори се поважни од човечките животи? И ти обрати се на градоначалникот на твоето маало и барај да се вози 160 по најмалите улички со нестиропорна архитектура. Да видиме дали си спремен да ги жртвуваш најблиските.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
Баш напротив, тука нема лента за паркирање. Да има лента нема да може толку брзо да возат. И овој пример ми изгледа дека не е од ЕУ, така?

Инаку дали ти имаш проблем со македонскиот, нешто слабо разбираш што пишувам? Цело време даваш примери да безвластие, од Бурунди а јас барам да се легализира лентата за за паркирање и да се среди според некои решенија од ЕУ. Така ќе се забави и средната лента. И со паркираните коли ќе се одвојат велосипедистите и пешаците. И ќе престане да се користи Партизанска за брз сообраќај (како што и не толку одамна беше) туку ќе биде заобиколувана од возачите - нека одат на Бул. Никола Карев кој што е мислен за брз сообраќај и нека бараат од полицијата да го расчисти. Исто барам и да се паркира на сите улици во Буњаковец, Дебар Маало, Тафталиџе, Карпош... со обележани паркинг места но најмногу до 2 часа (или воопшто да не може да паркираат) за возачи што немаат лична карта од тие зони. Како во многу цивилизирани градови.
Maкедонски се пишува со големо М. :)

Но сериозно, примерот е што се дешава во застанат сообраќај. Ете возилата стојат, треба сѐ да е безбедно така? Но не е така, има ентропија, има деца што не се доволно претпазливи, има и имбецили на мотори кој возат со 50+ меѓу колони возила.

На Партизанска ќе биде бетер, ако има некој фул ретард од администрација што можеби ќе налета на ова и ќе има „Миле ми текна“ момент. Па во овој Монти Пајтон свет ќе дојдеме баш до тоа што безумно го посакуваш. И ќе има жртви напретек... Како што разбира секој што разбира дека паркирање на булевар е сулуда идеја. Дека деца/луѓе ќе претрчуваат, дека пешачките нема да се гледаат дали има застанат човек не па дете, дека копиљаци на мотори секако ќе прават глупости. Итн, итн... Да бев нов на форумов ќе мислев дека тролаш. И тука е страшното, озбилен си.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Не не не... Пак продолжуваш со филозофии. Знаеш дека во Ќојлија има огромен камен насред пат за да не може камиони да поминуваат? И кој им плаќа на камионите опортунитетни трошоци? И од кога економски фактори се поважни од човечките животи? И ти обрати се на градоначалникот на твоето маало и барај да се вози 160 по најмалите улички со нестиропорна архитектура. Да видиме дали си спремен да ги жртвуваш најблиските.
Ќојлија корне на трева од тоа фармите за канабис. Работиш у Ќојлија? Оти ја спомна таа зона? Тоа у Ќојлија е спор меѓу конкуренти, ја ко шо сум чул.

иначе пола од бизнисмените ќе добијат срцев удар коа ќе разберат дека нема транспорт у центар. Некој кирев инсистирал на тоа и бизнисмените у загуба одма и ете ти семејни проблеми, го оставила жена му, швалерката, па си пукал сам у глава. Доставувачите исто не стигнале навреме по киревата рута и ги избркале од работа, па станеле пијаници и коцкари у маало, оти у центар било забренето. Врти сучи пак човечки животи се во прашање, можеби не од сообраќајни незгоди, ама од недостаток на сообраќај и твојата сулуда идеја.

А у кафиЌите како ќе иде народ? Како ќе им доставуваат месо и све остало у кафаните?

Се вози и кај мене у маало брзо, дечишта со мотори, и секаде у секое маало е исто.
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Сега од философија се префрли на фантазија. Јас кажувам улици со вистински сообраќајки и убиства а ти се глупираш. Емтое

И слободно олабавете го моето маало и да дочекате кај вас и 150 да се вози за побрзо да оди доставата
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Сега од философија се префрли на фантазија. Јас кажувам улици со вистински сообраќајки и убиства а ти се глупираш. Емтое

И слободно олабавете го моето маало и да дочекате кај вас и 150 да се вози за побрзо да оди доставата
Зошто избегаваш да одговориш за Ќојлија?

Платон рекол: За добро на народот, подобро филозофи да бидат владетели.

Иначе, ја немам таква амбиција.

И јас ти зборувам за вистински настани, приватизација и транзиција, пола народ без работа остана и се случуваа настани како што опишав горе.

И ден денес се случуваат исти настани кога мажот/таткото ќе остане без работа, како столб на едно семејство, а децата трпат.
Дај ти пореална идеја за тоа како да се спречат сообраќајни незгоди не само у Центар, оти ТИ живееш таму и гледаш САМО ЗА СЕБЕ.

Што е со другиве места? Одејќи накај Ќојлија, кога веќе ја спомна, си видел колку црквички и спомен плочи има меѓу двете насоки у тревата на автопатот?
И направија надземен премин у Хиподром, и тоа е тоа. Се знае дека не смее да се претрчува на автопат.
А што е со кучиња и дивеч кога претрчуваат на планински патишта? Избегнувајќи ги животните или удирајќи ги и возачот може да загине.

Ајде стопирајте цел сообраќај, кирев ќе праел летечки коли и дронови за достава. Ама само за Центар, за другите места баш му е гајле.
 
goce03

user
20 јануари 2015
1.599
3.203
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Video card
INNO3D RTX 2060 SUPER
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Има одлични примери за забрана на сообраќај во строг центар. И јас мислев дека ова е проблем за достава на роба, за одење на работа, шопинг итн., сè додека не бев во Љубљана, каде што во целиот строг центар е забранет сообраќајот.
За достава на роба, околу 5 часот наутро се спуштаат подземни рампи (столбови под улица), а се дигаат околу 7-8 часот наутро, и цел ден нема автомобилски сообраќај во центарот.
Се бунеле постари станари кои не можеле да се движат пешки низ центарот за да пазарат, па им воведоа тури со електрични (голф) возила кои кружат низ центарот.
Имаат сосема солиден јавен превоз до пешачката зона во центарот, за одење на работа, во ресторани, кафулиња итн. Сите големи молови (иако таму во центарот има „стоковни куќи“ од социјализмот), се пренесени во периферијата (BTC) со одлична конекција до таму.
Се намали значително гужвата во строг центар, сосема е безбедно да се движиш низ центарот, без гужви, без сообраќај, без нервози.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Љубљана викаш, а? Словенија мислам дека одма по распад т.е. излез од Југославија влезе у ЕУ.
У Словенија навистина ги трошат ЕУ парите наменски, не идат кај некој у џеб. И тоа што е направено, е направено плански.
ЕУ и одобри милијарди за штетата по поплавите, оти Словенија не ја бие лош глас како оние под нас, не џабе рекле дужни ко Грчка.
Далеку сме ние од Словенија...
Убава амбиција е да бидеме како Словенија, ама во реалноста сме како Косово.

Единствено у Скопје, улица Македонија ја направија да нема сообраќај и пак ја сече таму некаде на пола една улица, уствари позади собрание шо иде.

Ама пак ќе кажам не само во центар и капиштец и карпош има сообраќајни незгоди. И другите населени места спаѓаат административно под Град Скопје.

Дајмонд, Рамстор, СитиМол, ГТЦ, на плоштад не знам како се вика стоковната, Беверли Хилс у Капиштец...
Како мислите овие трговски центри полни со дуќани да примаат роба? Маркетите у нив примаат секој ден, можеби бутиците два-три пати неделно, ама маркетите примаат роба секој божји ден. А тек па кафиќите и кафаните у трговските и у Центар, Буњаковец, Капиштец, Карпош... Како ќе им носат Пиварниците пиво и остало?

Стајте дугмиња на семафорите низ Центар за упалување зелено за пешаци и црвено за возила, па погледнете два пати, па поминете.
Или стајте џандари на најпроблематичните раскрсници да надгледуваат и да запишуваат демек нешто као Ван Гал у Манчестер коа беше, па ќе видиш како сите ќе возат споро и ќе застануваат на пешачки.

Ова што го зборувате вие @goce03 и @kirev како во Словенија и слични подвижни заградувања на сензор е одлична идеја, арно ама за да се оствари истата е потребна политичка волја, финансиски средства и долг временски период, период во кој што може да дојде до уште неколку сообраќајни незгоди.

А што ги кошта уште утре некој командир да даде наредба да постави џандари на најпроблематични раскрсници низ градов?
Неколку прекувремени саати повеќе? Некоја илјадарка повеќе за работа на терен?
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Има одлични примери за забрана на сообраќај во строг центар. И јас мислев дека ова е проблем за достава на роба, за одење на работа, шопинг итн., сè додека не бев во Љубљана, каде што во целиот строг центар е забранет сообраќајот.
За достава на роба, околу 5 часот наутро се спуштаат подземни рампи (столбови под улица), а се дигаат околу 7-8 часот наутро, и цел ден нема автомобилски сообраќај во центарот.
Се бунеле постари станари кои не можеле да се движат пешки низ центарот за да пазарат, па им воведоа тури со електрични (голф) возила кои кружат низ центарот.
Имаат сосема солиден јавен превоз до пешачката зона во центарот, за одење на работа, во ресторани, кафулиња итн. Сите големи молови (иако таму во центарот има „стоковни куќи“ од социјализмот), се пренесени во периферијата (BTC) со одлична конекција до таму.
Се намали значително гужвата во строг центар, сосема е безбедно да се движиш низ центарот, без гужви, без сообраќај, без нервози.
Амин. Ама еве и да не се оди до крај како во Љубљана, има други слични милион решенија кои што сите се базираат на идејата дека не смее да имаат предност колите во центарот на главниот град. НО, МОРА да се сфати дека центарот на главниот град не може да има третман на приградска населба со брза сообраќајница без соодветна одвоеност на пешачкиот од другиот сообраќај туку пешачкиот сообраќај не е светост.

Во последните 12 месеци бев со кола и во Љубљана, и во Марибор, Загреб, Вараждин, Чаковец, Прага, Вроцлав, Варшава, Краков, Брно, Вурцбург (мислам надминав над 20.000 км)... СЕКАДЕ ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Е ПРВЕНСТВЕНО ЗА ПЕШАЦИ И ЈАВЕН ПРЕВОЗ. Забрани за поминување, речиси секаде паркирањето е ограничено или скроз забрането. А не се сите наведени главни градови.

Нам не ни требаат побрзи и поголеми сообраќајници. Нам ни треба подобар јавен превоз.

(Кога ги гледам Словенија и некои делови на Хрватска, сѐ повеќе се прашувам дали навистина сме биле во иста држава...)
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.693
12.536
Skopje
www.wemaxa.com
@kirev - Вчера во твое маало - карши Лептокарија, трета најдесна (т.н. бавна лента), бел мерцедес GLS, поминува како што е редот под камера, веднаш после тоа гази и забрзува над 100. Останатата боранија меѓу кои и јас се тресат 49. И емтоа шупраиме?

Физички препреки велиш, не шеташ или не си начекал низ Ск? Овие што возат туѓи коли (фирма плаќа/држава плаќа) не успорува на лежечи. Со полна брзина имам видено се качува на тротоар!

Васо Прасо пијан и издрогиран мислиш ќе му било дојдено до лежечи, или тој што се збутал во Тифани? Како тоа го замислуваш "Еј можеби сум пијан и издрогиран ама кој ќе се смара утре со исправање/менување бандажи и центрирање предница" ? Луѓенцата се емотивни животни, разум и логика паѓаат во вода под дејство на психотропни супстанци. Пола музика е наменета за промовирање на локање пошто на пијана будала најлесно му се земаат парите по кафани. Т.н. "Бело" е статусен симбол денешно време, знак дека си од големото добро утро. Пасивни објекти, камери и лежечи пак ќе кажам, се наменети за тие што возеа 58 да возат 49 ама по новово пак изгледа ќе смеат да возат 58 така да, беа наменети да се исперат народни пари за нечиј личен интерес.

Вчера низ град, големи булевари или мали улици не видов ниеден буџетарски паразит, ама затоа беа наместени на излез на Скопје, на некоја вукојебна кривина после Катланово, и на уште едно шик местенце каде живо пиле не поминува ама има 80 знак (или 50 на излез на Скопје) да штанцаат лесни казни, а да и кај Катланово беа (накај Скопје, 3 км после камерата кај тунелот). Лесни казни за квота да се исполни.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Ене читам ќе штрајкуваат сите превозници за новиот систем за влез/излез у ЕУ, оти ги ограничува и нормално им намалува можност за заработка.

Па замисли ти @kirev што ќе се деси ако би го затвориле Центар у Скопје.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
@greenline аууу, како го поврза ова со Сејф сити стварно не ми е јасно???

Патем проектот е СЕЈФ сити. Не е ДЕЛИВЕРИ вилиџ
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
@greenline аууу, како го поврза ова со Сејф сити стварно не ми е јасно???

Патем проектот е СЕЈФ сити. Не е ДЕЛИВЕРИ вилиџ
Да се навратиме малку наназад.
Сите овде нешто пишавме за СејфСити и ти даде најнепрактичен предлог да се затвори Центарот на градот за да нема жртви од сообраќајни незгоди.
Па ја еве ти давам примери за тоа што би се случувало доколку дојде до таков потег.

Ети ти реален пример за незадоволни превозници транспортери кога некој им одзема можност за заработка.
Оди и објасни им на нив дека Центарот на Скопје треба да биде затворен за моторни возила и да биде само за пешаци.

А што е со улицата кај Влада? Таа не смее да се затвори.
Мислам они си залепија и нови таблици помаранџести, да не ги фаќаат камерите на СејфСити.
Ако видиш такви таблици не ни пуштај нога на улица да преминеш, пошто они имаат предност нели? Како амбулантно возило, делегација и слично...
 
Последна промена:

kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.700
Сѐ смее. И да се пробие Бул. Никола Карев за брз сообраќај. И пред Влафа и Собрание само пешачки сообраќај. Како во ЕУ а не во Бурунди
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.759
6.464
SK
Има одлични примери за забрана на сообраќај во строг центар. И јас мислев дека ова е проблем за достава на роба, за одење на работа, шопинг итн., сè додека не бев во Љубљана, каде што во целиот строг центар е забранет сообраќајот.
За достава на роба, околу 5 часот наутро се спуштаат подземни рампи (столбови под улица), а се дигаат околу 7-8 часот наутро, и цел ден нема автомобилски сообраќај во центарот.
Се бунеле постари станари кои не можеле да се движат пешки низ центарот за да пазарат, па им воведоа тури со електрични (голф) возила кои кружат низ центарот.
Имаат сосема солиден јавен превоз до пешачката зона во центарот, за одење на работа, во ресторани, кафулиња итн. Сите големи молови (иако таму во центарот има „стоковни куќи“ од социјализмот), се пренесени во периферијата (BTC) со одлична конекција до таму.
Се намали значително гужвата во строг центар, сосема е безбедно да се движиш низ центарот, без гужви, без сообраќај, без нервози.
Во Скопје ова решение не е можно, за жал.
Овде само решавање на јавниот превоз не спасува. И веројатно само надземна железница. Не можеш да забраниш сообраќај во центар на град кој нема сообраќајна инфраструктура за такво нешто.

За шопинг моловите би се согласил, да се дава дозвола за нивно градење само на периферија. Иако генерално ако истите не се некој голем проблем ако имаат сопствени катни гаражи, пример е Сити Мол. Гужвите со паркирање во Карпош се вина на полицијата, општината, градот (по тој редослед). И такви проблеми ќе има се додека не се преземе некоја од регулативите од функционални држави, за поседување кола да е можно само со поседување паркинг место.
Мислењето е автоматски споено:

Дајмонд, Рамстор, СитиМол, ГТЦ, на плоштад не знам како се вика стоковната, Беверли Хилс у Капиштец...
Како мислите овие трговски центри полни со дуќани да примаат роба? Маркетите у нив примаат секој ден, можеби бутиците два-три пати неделно, ама маркетите примаат роба секој божји ден. А тек па кафиќите и кафаните у трговските и у Центар, Буњаковец, Капиштец, Карпош... Како ќе им носат Пиварниците пиво и остало?
Само од ~20.00 до ~06.00 часот е логично, мислам така нешто е и во сегашните регулативи (некој пренесе овде). Проблемот е што тие регулативи не се спроведуваат.

Сејф Сити треба и ова да може да го регулира. Товарни возила, посебно камиони, не би требало преку ден да бидат видени во сообраќај низ град освен со специјални дозволи (исклучоци).
 
Последна промена:

greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Сѐ смее. И да се пробие Бул. Никола Карев за брз сообраќај. И пред Влафа и Собрание само пешачки сообраќај. Како во ЕУ а не во Бурунди
Не ми се верува да дозволат да се затвори пред Влада улицата.
А уствари како би се затворила? Да ја направат шеталиште како ул Македонија?
И на ул Македонија намерно е оставена, уствари истата улица е (таа кај Влада после мостот па право кај Беко па ја сече ул Македонија позади Собрание.
Па ако дојде до нереди или некоја војна секоја Влада или Собрание мора да има излез за бегање.
Нашиве изглеа со чамци по Вардар ако го затворат Центар.

И освести се, не сме у ЕУ, веќе 20 и кусур години не одраа со ЕУ регулативи и прописи, ама плати како у Бурунди.
Не сме у ЕУ, у Западен Балкан не ставија заедно со Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Србија.

@Lokvan Надземна железница е најпрактично решение, оти улицине немаат простор ни за шинобус, ни за брза лента ко што имаше некој градоначалник у својата програма, ни па за паркирање у задња лента, а за метро да не ни збориме.

Најстрашно е што јас навистина немам чуено ниедна програма, ниеден проект за Скопје од новиот градоначалник.
Џитна ѓубрето и тоа е тоа.
Ни еко автобуси, ни улици, ништо. Изглеа као "не ветив ништо, сега може да ми се фатите за таквиот, оти за збор не може да ме држите."
И сега актуелизираат СејфСити проект од пред богзнае колку години.

Него ме занима дали има можност обичен народ ко нас да ги погледне стримовите у живо, како оние на граници и патарини што се?
 
Aowek

user
14 април 2012
1.212
1.169
Дали при влез на граница секоја таблица ќе биде сликана и зачувана во база за ако возилото направи прекршок при излез и повторно скренирање на таблицата да му се укаже истото на возачот дека има казна? Мислам дека во Грција има вакви камери при влез/излез. Друго решение е преку пошта да им пуштаат казни на домашна адреса ама којзнае колку логистика е тоа..
 
Мислам дека не се исти камерите на граници и патарини како овие од СејфСити, т.е. немаат таков радар и зум за таблици.
Ама ме занима дали ќе може да видиме стримови у живо.

Чекај ќе видиме дали некој што го казниле у Грчка или не платил патарина ќе каже шо се дешава отпосле.

Еве ги моменталните од граници и патарини.
 
xenon

εικονοκλάστης
15 јануари 2011
4.693
12.536
Skopje
www.wemaxa.com
Белите камери се обичен видео стрим, таму беше идејата софтверски да се мери брзината (движење на возило релативно со фиксните елементи на патот) - софтверот за кој го гонеа оној Албино генерален секретар на влада кај оној муртинецот.

Плавите камери пишав поназад се далеку пософистицирани со неколку интегрирани елементи во нив, целата случка во момент на прекршок ја пакуваат со time-stamp, видео запис, време/место, и ред други потребни параметри па така да нивните стримови не можат да се користат од јавноста. Мислам никаде не се користат каде се имплементирани овие решенија. Кај Татарите може да се добијат снимки од прекршокот на барање на сторителот на делото ако сака да спори но таа процедура е долга и скапа, секогаш поскапа од казната, така да никој не ја тера, инволвира и плаќање вештак а тоа се од старт 200Е мислам.
 
Да, да, така и си мислев оти оние белите ко шо ги викаш само снимаат као обичен видео надзор, а за овие другиве не им барам ја никаква снимка, него ме занимаше дали поширока јавност би имала пристап, ама ете ќе немаме. А ако им треба некој да прегледува еве се нудам фриленс. :)

А читав дека по другиве земји имаат и препознавања на лица како у Person of Interest серијата.

Еве за Лондон, ама не се достапни од Септември 2024.
Иначе имаат 900+ камери
 
15 септември 2012
1.157
1.299
@kirev - Вчера во твое маало - карши Лептокарија, трета најдесна (т.н. бавна лента), бел мерцедес GLS, поминува како што е редот под камера,
Не е напишано во текстот, па претпоставувам дека се однесува на булевар Партизански одреди. Сеедно, градска сообраќајница. На неа нема брза ниту бавна лента, ниту пак колку се сеќавам на некоја улица во Скопје да има ограничување во која сообраќајна лента со која максимална брзина ќе се вози.
Грешно е размислувањето, исто како што е грешно дека левата лента е за претекнување на градска сообраќајница.
 
greenline

Баниран/a
19 мај 2012
354
161
Како главна промена шо придонела за 0 жртви е намалување на брзина на 30км ограничување у центарот на градот, кај школите и слично. Камерите се наведени малку подоле на листата, а над нив на листата е зголемена употреба на јавен превоз, се мисли на трамваи, шо ние ги немаме.

Така да, навистина финците се за восхит, ама ко шо реков ние сме далеку од еу а тек па од скандинавија.

Слободно предложете му на градоначалникот да видиме шо ќе рече, наместо да муабетиме на форумов.
 
Последни теми

Последни огласи

На врв Дно