Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Канцелариска столица

Gordon123

read-only
4 август 2025
15
4
Ако некој е за одличен стол - продавам Joyce моделот од B2 салон.
Ја го земав пред 3 месеци, со главо-наслон.
Супер си е столчето но поради лични причини не можам веќе да го користам.
Мислам дека го имаат на залиха во Б2 (на Партизанска) за проба.

Погледнете го атачментот 154880Погледнете го атачментот 154881
Цена?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Интересна дискусија само некако фали консензус. Што е ваљда нормално, пошто се работи за релативна работа на кој што му се допаѓа а што не.

Јас сум исто на потреба за нова столица, ќе гледам деновиве да ги поминам некои од продавниците со моделите кои ги фалите. Во меѓувреме да посочам една столица која е барем неколку класи над сѐ што се спомна. На работа ги имаме веќе 7+ години, буквално 24/7 се седи на нив (па и волови од над 100 кила), и столиците не се мрднати, ни штоф ни потпирачи на раце ни да се раскрцкаат, ни тркала. Ништо, сѐ е во топ состојба.
За домашна употреба ова ќе трае миљон години.

Појма немам колку коштаат, на работа не чуваат податок ни од каде се земени ни од која продавница. Сигурно се скапи ама ви велам, јас ладно би платил некои ~илјада евра за да купам ваква столица. По удобност буквално е најдобро нешто на што имам седено, ако зборуваме за столица а не фотеља. И уште нешто што не е толку битно за работа столица ама наслонот цел се спушта во полулежечка положба, идеално за ретките моменти кога човек сака да се опушти (и да се кренат ногите на биро).

Ова е столицата:

Два пати им пишував маил за да ме упатат до домашен или регионален дистрибутер, не ми вратија одговор.

Сега гледам дека до 200 кила се специфицирани. :)
Метална конструкција од доле кај ѕвездата па нагоре. Куп подесувања има. Навистина многу добра столица, буквално ништо за што се разговара овде не е ни приближно добро и квалитетно како оваа столица. Иако да бидеме фер, пошто сигурно е скапа ништо овде разговарано не е во иста класа.
Не дека ми се даваат повеќе пари одошто мора, ама за ова би дал пари. Може е два-три пати поскапа од сите фаворити овде, ама еднаш се купува вакво нешто и трае долго долго време, секако повеќе од собраното време што би се користеле тие 2-3 поевтини столици.


0002903_director-office-chair.jpeg
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
^^

Почнува од 1,000евра + ДДВ, Салон 29 своевремено ги носеа по нарачка. Верувам дека нема да им биде проблем да ти донесат.

Сигурно е удобна - иако во таа ценовна класа имаш опции кои се и локално достапни и проверено и удобни и функционални.

Би рекол дека се што е во таа (ценовна) класа ќе одговара било кому. Единствен потенцијален исклучок може да биде Humanscale Freedom, од причина што механизмот за наклонување бара навика. За жал, откако ќе се навикнеш, ниту една друга ригидна столица нема да ти врши работа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Топ! Фала многу. Во прва прилика ќе поминам во Салон 29.

На секакви столици сум седел но оваа спомнатава дефинитивно е врвот. И додека за некои популарни столици човек реално не може да знае колку се квалитетни на долг рок а колку популарноста им се должи на реклами и хајп... Овие од KAB Seating се докажани на дело, со години малтретирање. Удобни и издржливи.

Интересно е што не ги држат на лагер, а во продавнициве низ градот се држат столици од таа па и повисока ценовна класа. Пазар очигледно има, само не се познати столициве ниту произведувачот.
 

Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.214
2.644
Интересна дискусија само некако фали консензус. Што е ваљда нормално, пошто се работи за релативна работа на кој што му се допаѓа а што не.

Јас сум исто на потреба за нова столица, ќе гледам деновиве да ги поминам некои од продавниците со моделите кои ги фалите. Во меѓувреме да посочам една столица која е барем неколку класи над сѐ што се спомна. На работа ги имаме веќе 7+ години, буквално 24/7 се седи на нив (па и волови од над 100 кила), и столиците не се мрднати, ни штоф ни потпирачи на раце ни да се раскрцкаат, ни тркала. Ништо, сѐ е во топ состојба.
За домашна употреба ова ќе трае миљон години.

Појма немам колку коштаат, на работа не чуваат податок ни од каде се земени ни од која продавница. Сигурно се скапи ама ви велам, јас ладно би платил некои ~илјада евра за да купам ваква столица. По удобност буквално е најдобро нешто на што имам седено, ако зборуваме за столица а не фотеља. И уште нешто што не е толку битно за работа столица ама наслонот цел се спушта во полулежечка положба, идеално за ретките моменти кога човек сака да се опушти (и да се кренат ногите на биро).

Ова е столицата:

Два пати им пишував маил за да ме упатат до домашен или регионален дистрибутер, не ми вратија одговор.

Сега гледам дека до 200 кила се специфицирани. :)
Метална конструкција од доле кај ѕвездата па нагоре. Куп подесувања има. Навистина многу добра столица, буквално ништо за што се разговара овде не е ни приближно добро и квалитетно како оваа столица. Иако да бидеме фер, пошто сигурно е скапа ништо овде разговарано не е во иста класа.
Не дека ми се даваат повеќе пари одошто мора, ама за ова би дал пари. Може е два-три пати поскапа од сите фаворити овде, ама еднаш се купува вакво нешто и трае долго долго време, секако повеќе од собраното време што би се користеле тие 2-3 поевтини столици.


0002903_director-office-chair.jpeg

Ако сакаш слично на таа од работа само гејминг глеј. Razer Iskur, Genesis Nitro 650 или Nitro 890. Другиве обеќаат многу но малце нудат у поглед на комфорт.
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Топ! Фала многу. Во прва прилика ќе поминам во Салон 29.

На секакви столици сум седел но оваа спомнатава дефинитивно е врвот. И додека за некои популарни столици човек реално не може да знае колку се квалитетни на долг рок а колку популарноста им се должи на реклами и хајп... Овие од KAB Seating се докажани на дело, со години малтретирање. Удобни и издржливи.

Интересно е што не ги држат на лагер, а во продавнициве низ градот се држат столици од таа па и повисока ценовна класа. Пазар очигледно има, само не се познати столициве ниту произведувачот.
сме збореле херман милер, стил кејс и хуман скејл .. сите идат со 10+ години гаранции у таа цена и со 24/7 usage и сл марифети да. За не популарен бренд точно, другиве таргетираат маркетинг и за домашна употреба во последно време, овие си се замараат со опремување канцеларии на големо што викаш фирми и сл.
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
@DeJaVu како го реши проблемот со 203-та? ламбр супортот е шит некој месец, се мислам да ставам сунгер измеѓу мрежата и пластиката..

@Lokvan оваа личи на седиште за кола, солидно
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
сме збореле херман милер, стил кејс и хуман скејл .. сите идат со 10+ години гаранции у таа цена и со 24/7 usage и сл марифети да. За не популарен бренд точно, другиве таргетираат маркетинг и за домашна употреба во последно време, овие си се замараат со опремување канцеларии на големо што викаш фирми и сл.
Така де, друг маркет/пазар. Помалку дизајн и гимици, а повеќе издржливост ама и ергономија. Нема милион опции, вакви делови, такви делови, ама тоа што го има е прва класа.
Мислењето е автоматски споено:

@Lokvan оваа личи на седиште за кола, солидно
Помалку меко е од седиште за кола но истовремено и поудобно за работно седење. Седиште за кола некако накај фотеља филинг е повеќе... Солидно е правиот збор, многу солидно, робусно всушност. Ем ергономско ем јако и издржливо.
Мислењето е автоматски споено:

Ако сакаш слично на таа од работа само гејминг глеј. Razer Iskur, Genesis Nitro 650 или Nitro 890. Другиве обеќаат многу но малце нудат у поглед на комфорт.
Сум пробувал неколку, навистина нема споредба со оваа... Те разбирам што ти е поентата, но материјали, изработка, робусност, издржливост - небо и земја разлика.

Оваа столица ќе надживее 5-10 такви. И неспоредливо поудобна ќе биде... Кога ќе се размисли, вреди инвестицијата. Нормално кој може да си дозволи (и не е толку богат за да купува пет пати ). :)
Мислењето е автоматски споено:

^^

Почнува од 1,000евра + ДДВ, Салон 29 своевремено ги носеа по нарачка. Верувам дека нема да им биде проблем да ти донесат.
Бев пред малку да прашам, ќе видиме што ќе понудат.
Но сигурно ќе биде скапо, што е штета пошто за поскапи столици нема многу шанси да се јават кандидати за заедничко купување (и попуст). :)
 
Последна промена:

DeJaVu

user
21 ноември 2010
1.173
1.590
Скопје
@DeJaVu како го реши проблемот со 203-та? ламбр супортот е шит некој месец, се мислам да ставам сунгер измеѓу мрежата и пластиката..

@Lokvan оваа личи на седиште за кола, солидно
Ставав и јас сунѓерчиња(онакви за обични столчиња, по 150-200ден.) меѓу мрежата и пластичето за кичма, али пошто нема подесување за длабочина, со додавање сунѓер таму го зголемуваш притисокот на тој регион. Така да шознам, пробај.
Пробав со пенеста леплива трака(некои 5мм дебелина мислам дека беше), залепив на пластиката да биде помеко на кичма, али и тоа не ми збрка работа на долги патеки.
Се мислев едно време да ја сецнам таму пластиката за кичма кај што се спојува во жлебовите, 30ина посто од горе и 30ина посто од доле, да остане да се држи на помало парче пластика и да биде пофлексибилна, па бар да се навалува според позата на седење и поубаво да лежи на кичма. Веројатно би помогнало, но не го направив тоа па незнам од искуство колку би.
Можеби тебе би ти бркала работа пенеста трака, или евентуално комбинирано со засецнувањето, пошто би требало пластиката да легнува на кичма подобро со тој марифет.

Авантурата со перничиња, ми почна со ова, за седење.
Па купив вакво , меко убаво екстра за грб, али при подолго седење и тоа не ми бркаше работа пошто искочи дека предебел ми е тој долниот дел што е за кичма, и после неколку саати и тоа ми сметаше. Веројатно тоа што веќе има пластика за кичма столот и е подзакосен, допринесува да е зголемен притисокот на тој дел, и вакво веројатно би фунционирало на обично столче. А можеби и на истово столче али на друга кичма, како например твојата.
Земав и едно вакво(потврдо од второто за грб), па едно време комбинации правев пробував, и ова на кичма еден период го ставав, али и тоа не ми се покажа како финално решение.
И на крај завршив со првото перниче(најтврдо од трите) на грб, и последното перниче за седење. Така се користи столчево од тогаш.
Ми збуктиса више и останав на ова пошто професија ми стана траблшутинг на столов еден добар период :).

Сума сумарум, покрај оваа моја конфигурација снова, ако ти се шета и бара, мислам дека идеално(бар за мене) за столчево би било помеко(како тоа второто) перниче од мемориска пена без испакнатини. Веројатно некои 3-4см дебело(зависи од тврдината на мемориската пена), битно да не се компресира до степен да ја осетиш таа проклета пластика за кичма). Можеби има некој кај нас да продава на сечење мемориска пена, пошто знам има фирми со сунѓери што работат по битпазарон.

Тоа би било.
Иначе тие перничињата од али, доколу решиш да пробуваш со нив, околу $15-20 ги земав. Незнам дали се општо кренати цените, пошто пред некои 2 години ми се земени, или ги качиле пред попустиве на 11.11. Така да поразгледај, можда ќе најдеш подобар дил.
 

JasSum

poweruser
8 мај 2007
2.622
3.169
Во контрола на летање се користат и имаат друга намена. Воопшто не е најудобната столица и не е ни близу до тие што се канцелариски столици од 1000+ евра. Има добра потпора и се со ред, но има сосем друга намена. Рачките се креваат нагоре за да можеш да седнеш со оружје на половина.
Рикаро седиште е супер ако возиш на трки. Наменето е за тоа. Шоферски фотељи по камиони се удобни и во нив седиш пар саати без да се поместиш.
Ама пред компјутер за стандардна работа, постојано се поместуваш и мрдаш, стануваш и седнуваш... Канцелариска столица го зема предвид сето тоа. Барем тие што се 1000+
Светов има паметни луѓе и кажуваат избор на столица во ценовен ранг. Твојата не е земена ни во предвид. Така да, смали доживљај.

Тоа дека си спремен да инвестираш во добра столица сериозни пари е правилна одлука. За друго.. разгледај што вели светот.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
@DeJaVu како го реши проблемот со 203-та? ламбр супортот е шит некој месец, се мислам да ставам сунгер измеѓу мрежата и пластиката..

@Lokvan оваа личи на седиште за кола, солидно
Ставав и јас сунѓерчиња(онакви за обични столчиња, по 150-200ден.) меѓу мрежата и пластичето за кичма, али пошто нема подесување за длабочина, со додавање сунѓер таму го зголемуваш притисокот на тој регион. Така да шознам, пробај.
Пробав со пенеста леплива трака(некои 5мм дебелина мислам дека беше), залепив на пластиката да биде помеко на кичма, али и тоа не ми збрка работа на долги патеки.
Се мислев едно време да ја сецнам таму пластиката за кичма кај што се спојува во жлебовите, 30ина посто од горе и 30ина посто од доле, да остане да се држи на помало парче пластика и да биде пофлексибилна, па бар да се навалува според позата на седење и поубаво да лежи на кичма. Веројатно би помогнало, но не го направив тоа па незнам од искуство колку би.
Можеби тебе би ти бркала работа пенеста трака, или евентуално комбинирано со засецнувањето, пошто би требало пластиката да легнува на кичма подобро со тој марифет.

Авантурата со перничиња, ми почна со ова, за седење.
Па купив вакво , меко убаво екстра за грб, али при подолго седење и тоа не ми бркаше работа пошто искочи дека предебел ми е тој долниот дел што е за кичма, и после неколку саати и тоа ми сметаше. Веројатно тоа што веќе има пластика за кичма столот и е подзакосен, допринесува да е зголемен притисокот на тој дел, и вакво веројатно би фунционирало на обично столче. А можеби и на истово столче али на друга кичма, како например твојата.
Земав и едно вакво(потврдо од второто за грб), па едно време комбинации правев пробував, и ова на кичма еден период го ставав, али и тоа не ми се покажа како финално решение.
И на крај завршив со првото перниче(најтврдо од трите) на грб, и последното перниче за седење. Така се користи столчево од тогаш.
Ми збуктиса више и останав на ова пошто професија ми стана траблшутинг на столов еден добар период :).

Сума сумарум, покрај оваа моја конфигурација снова, ако ти се шета и бара, мислам дека идеално(бар за мене) за столчево би било помеко(како тоа второто) перниче од мемориска пена без испакнатини. Веројатно некои 3-4см дебело(зависи од тврдината на мемориската пена), битно да не се компресира до степен да ја осетиш таа проклета пластика за кичма). Можеби има некој кај нас да продава на сечење мемориска пена, пошто знам има фирми со сунѓери што работат по битпазарон.

Тоа би било.
Иначе тие перничињата од али, доколу решиш да пробуваш со нив, околу $15-20 ги земав. Незнам дали се општо кренати цените, пошто пред некои 2 години ми се земени, или ги качиле пред попустиве на 11.11. Така да поразгледај, можда ќе најдеш подобар дил.

Кај мене пластиката за поддршка на грбот ми е најдоле. Практично не ја користам зашто само мрежата ми е поудобна. Малку седам понапред на столицата.

Имам слично перниче како @DeJaVu т.е. ова:


Всушност имам две исти кои ги купив само за да имам две навлаки. Па кога едната ја перам да имам друга веднаш на лагер.

Мене ми се допаѓа мрежата и не би ставил сунгер. Можеби е прашање на навика. Може да се експериметира со седалото да се повлече напред или па да се врати назад. Долго време не знев дека има копче од десна страна напред за таа цел :)
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
@DeJaVu @gokica фала за споделеното
пластиката стоеше најгоре и немав проблем но сега ја нема веќе таа „подршка“, ќе мора да направам и јас некој експеримент
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
@DeJaVu @gokica фала за споделеното
пластиката стоеше најгоре и немав проблем но сега ја нема веќе таа „подршка“, ќе мора да направам и јас некој експеримент

Не прочитав наназад, но ако се скршила пластиката а тебе ти брка работа прашај во салон дали може да купиш само пластика.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
@JasSum добро ли те разбирам кога кажуваш дека она не е канцелариска столица?

Ако знаеш нешто дека е столица за „специјални“ намени, кажи. Ние како канцелариски столици ги користиме, и јeбeно се добри како такви... Што уствари сакаш да кажеш со ова:

...Има добра потпора и се со ред, но има сосем друга намена. Рачките се креваат нагоре за да можеш да седнеш со оружје на половина.
...
Ама пред компјутер за стандардна работа, постојано се поместуваш и мрдаш, стануваш и седнуваш... Канцелариска столица го зема предвид сето тоа. Барем тие што се 1000+
Светов има паметни луѓе и кажуваат избор на столица во ценовен ранг. Твојата не е земена ни во предвид. Така да, смали доживљај.

??

Ништо не те разбирам за каков „доживљај“ зборуваш, знам дека мене ми е топ за користење - за работа на компјутер - и знам дека е издржлива и робусна до немајкаде. Не знам како другчије да кажам, ги гледам овие пофалениве столици...
На пример Joyce од Interstuhl ми е меѓу топ 3 од тие што се овде спомнати и пофалени. Ама кога ќе ги погледам ногите/ѕвездата, ми изгледаат на пластика а никаде не се спомнаа детали дали се метални. Ако е пластика, навистина е изгледа нежно. Окулу 80 кила сум тежок ама на две канцелариски столчиња (дома) скршив ноги, јбг некад ќе се навалам или поневниматално ќе седнам додека сум со малото во раце, итн... Може и да се повреди човек некогаш. Ама во контраст на тоа овие од KAB Seating се ѕверови од столици. Да видиш какви волови седат, па и лежат на нив.

Така да кажи појасно што сакаш да кажеш.

Дека има поергономски столици?
Во ред, можеби. Но мене оваа ми е топ удобна, немам никакви маки со ергономија (напротив).

После столициве што ги искршив досега, првото побарување дури и пред ергономија ми е робусност и издржливост. Тоа не го видов во спомнативе столици на темава. Можеби некоја од Steelcase, ама од она што набрзина разгледав на прв поглед не се во класа на столицава од KAB Seating. По робусност гледано.
Мислењето е автоматски споено:

Ај ваљда ќе успеам некако да ја најдам, па бујрум некогаш на пиво/кафе кој сака да дискутира столици.
 
Последна промена:

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
1.044
1.128
Куманово
Пластиката е оптегната па не те држи веќе? Извини не разбирам како ја нема потпората.
лумбарниот дел нема потпора - „потонува“ а не беше така, го има изгубено флексот, ослабнала..

периодов седам многу малку и по одмарање се чуствува болка под ребрата

како тест земав мека крпа и ја пополнив празнината измеѓу пластиката и мрежата, би требало да е подобро па да видиме, во план сум да земам од тие ортопедски перници
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
лумбарниот дел нема потпора - „потонува“ а не беше така, го има изгубено флексот, ослабнала..

периодов седам многу малку и по одмарање се чуствува болка под ребрата

како тест земав мека крпа и ја пополнив празнината измеѓу пластиката и мрежата, би требало да е подобро па да видиме, во план сум да земам од тие ортопедски перници

Сега проверив кај мене на двете столици. Се е исто како кога ги земав. 7 и 2 години стари. И двете се исти во делот кој кај тебе попуштил.

Појди до салон кога ќе имаш време. Седни на нова иста таква столица. Па ако има значајна разлика прашај дали може да ти сменат она што сметаш дека попуштило.
 

VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.026
1.841
Скопје
Сега проверив кај мене на двете столици. Се е исто како кога ги земав. 7 и 2 години стари. И двете се исти во делот кој кај тебе попуштил.

Појди до салон кога ќе имаш време. Седни на нова иста таква столица. Па ако има значајна разлика прашај дали може да ти сменат она што сметаш дека попуштило.
Салон 29 сервисот им е за пофалба .. генерала имаат делови скоро за се пошто и тука ги склапаат ко што знам, тапацирањето и сл. И јас кога имав проблем со мојата одма ја средија нов наслон/мрежа.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.758
6.461
SK
Почнува од 1,000евра + ДДВ, Салон 29 своевремено ги носеа по нарачка. Верувам дека нема да им биде проблем да ти донесат.
Негираат дека од нив имало такви столици/бренд (или дека можат да донесат). Да не си се помешал со некоја друга овдешна продавница/фирма?
 

InSides

lurker
21 февруари 2009
758
2.019
Негираат дека од нив имало такви столици/бренд (или дека можат да донесат). Да не си се помешал со некоја друга овдешна продавница/фирма?

99% не сум се помешал, затоа што другарка работеше таму со години (иако ова беше пред години). Испорачуваа за некој контролен центар (фабрика/електрана или слично - ова веќе претпоставувам - не знам точно што беше).
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно