Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Достава на храна (Wolt, Корпа, КликниЈади)

gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Јас често нарачувам преку кликни јади. Коректни се. Ако зезне некој ресторан веднаш реагираат со носење на нова пратка или со бонус за наредна нарачка.

Многу често се случува да немаме време да се точкаме по ресторани и да мафтаме храна до дома или да готвиме.

Инаку најголемиот број ресторани немаат своја достава. Само чат пат пицерии или КФЦ кои најчесто ќе пратат некој мрсулко што го мрзи да се качи до врата па се јавува да се симнам, и тоа што побрзо.

Конкуренција е секогаш добредојдена. Дали ќе биде болт, волт или некој трет, не е битно. А работа ќе има за тие кои имаат добра услуга. Цената не до толку. На тој што често прави нарачки не му менува дали ќе плати 80 или 90 денари за достава.

Кај такси превоз веќе и цената е значајна зашто и разликата ќе биде поголема.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.030
7.696
Во духот на аналогното, предлагам да престанеме да куцаме тука, туку секој ден пред гранап да си седнуеме и да си дискутираме. И стварите за продажба со нас да ги носиме за одма да ги решиме
(Дваес први век а праите муабет дали да се нарачува или не... Хелоу, пошта постои сигурно двесте години)
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.657
13.704
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Е многу зборите (ги фалите), Корпа од денес (вчера) укинаа бесплатна испорака и сега ја наплаќаат 40 денари. :rolleyes:

А треба да има на форумов тема за испорака на храна, баш е онака фриленсерски, па дури и стартапџиски во одредени случаи.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Има ли некој успешно регистриран? На комшијава му пополнував па глеам нема ништо инфо назад. Демек ќе добиеле порака за 3 дена ама слабо нешто.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Еве сега за твој атер од Карпош до Центар ќе одам да си купам фамилијарна пица и по цела Партизанска гордо ќе си ја шетам пешки за да можам дома кога ќе си пуштам филмче да си јадам ладна пица на раат. Само ти да не се вознемируваш, ок?
Само Морети пица. Имаат достава до кај нас бесплатна, и пиците (за мене) се врвни. Пробај.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Која ја издвојуваш како највкусна?
Не сум репер, јас јадам обични нормални пици. На пример Фунги или Капричиоза. Не сакам изводлаци - тоа не ми е пица веќе. Ама ствар укуса е тоа. Така да ете би почнал од тие, па после пробај си и друго што ти е мерак. Битно е да се увиди тестото, типот на пица итн. Мене тоа ми одговара. Откога ми ја затворија Eatalian на Орце Николов, оваа ми е Go To за нарачки.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Зар е можно во Wolt од ден да земеш 11.000 дневница?
неверно ми е иако сликава кажува спротивно
Погледнете го атачментот 149320
Другарче државно работи, на пауза сеа излезе (саат и 15 мин)

1400 денари направил.

Просек под 3000 чисти дневница не се. Има ликови по 150 евра прават дневно ама забегуваат, возат 12 саати.
 
Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro

coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Што е ова бакшиш на толку возење 175 денари? Се надевам на рака им даваат. Јас преку апликацијата оставам.
Добиваат на рака. Ова е преку апликацијата нели што ти дава опција типс да оставиш.
Ретко кој остава т.е кој додава на тоа, на рака скоро сите даваат. По 20 денари да зимал ликов, 1000 ден се тоа бакшиш.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
10.055
14.134
Волт ќе ги срози Корпа и Кликни јади. Освен ако не успеат многу брзо да променат стратегии и цени.

Познаник вози за Волт а претходно беше во Кликни јади. Според него условите и хонорарот кај волт се неспоредливо подобри. Ќе видиме како ќе оди.

Инаку и јас на рака им давам типс, никогаш преку апликацијата.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Мене ми изгледа ко too good to be true.
Прават бе прават. Волт гази со нарачки а дневниците им се стварно јаки.

Само земи у предвид дека имаат бесплатна достава плус со попустите на први нарачки. Во Мај ќе видиме дали стварно ќе имаат волку голема заработувачка.

Ќе се намалат нарачки и ќе се намали обем на работа.

Како и да е, прават стварно доста големи дневници. На километража, скоро и како такси заработка имаат.
 
Последна промена:

Ragnar

poweruser
9 декември 2015
2.498
3.101
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Добиваат на рака. Ова е преку апликацијата нели што ти дава опција типс да оставиш.
Ретко кој остава т.е кој додава на тоа, на рака скоро сите даваат. По 20 денари да зимал ликов, 1000 ден се тоа бакшиш.
Да, верувам дека е така. Само некако ми немаше логика да плаќам со картичка и да давам бакшиш на рака. Освен ако не се сомнева некој дека фирмата не им го дава бакшишот.
Мислам дека они веднаш гледаат на нарачката дали има бакшиш. Добро би било некој да потврди :)
 
Последна промена:

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Зар е можно во Wolt од ден да земеш 11.000 дневница?
неверно ми е иако сликава кажува спротивно
Погледнете го атачментот 149320
Ова е речиси 250 денари од достава.
Неодржливо на долг период, ќе тера додека им трае промоцијата за попуст на нарачки и бесплатна достава или додека го исцрпат буџетот за субвенционирање.
Дотогаш ќе им преземат голем дел од колачот и доставувачи на другите оператори, па ќе намалат надници и ќе зголемат цени.

Туку, легална ли е оваа практика кај нас?
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Ова е речиси 250 денари од достава.
Неодржливо на долг период, ќе тера додека им трае промоцијата за попуст на нарачки и бесплатна достава или додека го исцрпат буџетот за субвенционирање.
Дотогаш ќе им преземат голем дел од колачот и доставувачи на другите оператори, па ќе намалат надници и ќе зголемат цени.

Туку, легална ли е оваа практика кај нас?
Зошто не би била?
Исто како да даваш услуга на некој со договор на дело.

Да се вратиме на Болт. Не знам колку пратите од вас но во моментов излегоа 2 апликации за такси, каде примаат шофери од различни компании, клиенти си плаќаат преку апликација а шоферот го исплаќаат месечно (може грешам, може и пократко да е, не знам). Место да се ограничуваат на една компанија, примаат шофери од сите компании, битно е само возилото да е со лиценца (такси).
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
@moongose Легална е. Договор на дело. Ко да ангажираш некој да ти искречи дома.
Зошто не би била?
Исто како да даваш услуга на некој со договор на дело
Не мислев на ангажирањето на доставувачи, туку на давање услуга и/или продавање производи по дампинг цени за да се истисне конкуренцијата.
 
coNNectMKD

user
13 март 2017
1.307
1.546
Skopje
Не мислев на ангажирањето на доставувачи, туку на давање услуга и/или продавање производи по дампинг цени за да се истисне конкуренцијата.

Е тоа е веќе нагаѓање.. Како би знаеле дека е „дампинг“? Моја претпоставка е дека имаат ограничен договор со сите партнери на платформата со одредени цени/попуст како соработка.

Пример: кликни јади и корпа имаат +5/10/15% на одредени ресторани на самото мени + наплаќаат достава. Волт у моментов има бесплатна достава но сигурен сум дека имаат договор за специјални цени кон нив за "X" период. А со оглед на тоа дека даваат доста голем профит, мислам дека тој е процентот што Волт би требал да го зима како профит но го дава на овие што возат, само за да се пробијат на пазар (т.е да ги убијат другиве).

Ова можат и неговите конкуренти да го прават но не е издржливо, јбг... Кога ќе почнат да наплаќаат достава ќе бидат мање више сите исти.
 
Даваат 40% попуст на нарачките, а цените се горе-долу редовни. Еве и да имаат од партнерите договорено толку голем попуст на почеток, имаат скоро 250 денари од пратка надокнада за доставувачите (ако се податоците што кружат по мреживе веродостојни, а нема зошто да не се). На тоа има уште 10% персоналец, значи скоро 300 денари е загубата по достава. Плус оперативни трошоци.
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно