Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.787
5.507
И викаш климата му троши 1kW на час постојано ради тоа што сака 27° да му биди дома?
Ја користи 14 часа секој ден навечер ја исклучува.
И така 12 часа на скапа тарифа а 2 часа на ефтина, од 13:00 до 15:00

И како иди математиката?
Ете ако цело време троши 1kW/h
2×30=60h
60kW/h×1.8 денари= 108 денари ефтина тарифа

12×30=360h
210kW/h×4.23 денари= 888 денари 1 блок
150kW/h×5.33 денари= 800 денари 2 блок

Вкупно зе еден месец 1796 денари само климата.

И му остануваат уште 630-150= 480kW/h од втор блок, после тоа оди на трет кај што цената е 7.1 денари

Пренос и дистрибуција
420kW/h× 2.3= 966 денари

Пристап до мрежа 200 денари

Значи 2962 денари +18%ддв
= 3495
И комунална такса 184 денари
3680 денари...
Наздравје бричење
И пази правиме муабет за таа потрошувачка на дневни температури кои не се воопшто страшни. И грее само 17м2. И ако ако ова е ОК греење и цена за 17м2, стварно ги заебал сите

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
Особено ги има заебано овие со јапонски.

Ама како што кажав, него човек не може да го заебе.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Jas go koristam ovoj
Humidifiers - HU5230U0
odlicno me sluzi,samo kaj mene vlaznosta opaga samo nanadvoresna temperatura pod 0 pod 40% pa se do 30% relativna vlaznost, pretezno samo togas raboti so pola kapacitet .So rezervar od 5,5 litri vo 40m2 se prazni za 2 dena ja odrzuva uspesno na 50%,a mozi i poveke no mene mi e dovolno 50%
Veke 4-ta sezona go koristam.
Kupen okolu 5000,00 denari od Tehnometal ili Neptun ne se sekavam od kade.
Sega za sega ovaa gorejna sezona do denes uste go nemam vkluceno.
Momentalno rel.vlaznost doma 47% i temperatura 24c.
Nadvor 4 do 5 ctepeni.
Ама и овој е сепак ист како мојот....
  • Ultra-sonic technology

Не дека не работи и мојот, успева доволно да ја крене влажноста во цел спрат, ама расфрла минерали (и што не друго има) од водата во воздухот....
Па прочистувачот почнува да беснее, а капак и тоа минералите се наталожуваат насекаде како бела прашина.
После 2 часа работа на ултрасоничниот овлажнувач колку што му треба да ја врати влажноста на ~50% .... прочистувачот детектира преку 600 pm2.5 честички во просторот :(
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989

Дестилирана вода користи си, и тоа е. Инаку јас имам на греење, не ултрасониче, веќе неколку години и си ја грее водата (и просторот зошто е зима) и сите минерали се останати во него. Да мора да го чистиш често, ама барем нема во воздухот ништо освен пареа.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Дестилирана вода користи си, и тоа е. Инаку јас имам на греење, не ултрасониче, веќе неколку години и си ја грее водата (и просторот зошто е зима) и сите минерали се останати во него. Да мора да го чистиш често, ама барем нема во воздухот ништо освен пареа.
Дај пиши точно што модел имаш и од кај го купи.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Дај пиши точно што модел имаш и од кај го купи.
Еве го. Не викам дека е добар. Само кажувам дека е таков тип со врела пареа, и дека ми врши работа сега за сега.

Кога јас би дизајнирал или купувал, би гледал некое со 6 литра, и да се полни полесно со вода. Или штознам некое поелегантно решение.

Како и да е, јас имам и омекнувач на вода и пак има премногу креч. Тек па без омекнувач мислам дека ќе стане цигла за месец дена.
 
roliver

hello world
7 јануари 2018
103
50
Стисни го ЛЕД копчето 6 пати едно по друго. Ако не се 6, 7 се.

Стисни 8 пати на дугмето CLEAN или HEALTH и ќе се појави AP на внатрешната единица

Vivax-klima-inverter-ACP-CH-AUJI-R32-komplet.jpeg
Не успеав на ниту еден начин. Вифи модулот работи и има стар мобилен кој ја контролира ама сакавме да ја инсталираме климата на нов мобилен во истата апликација (ACFreedom) ама не сака да влезе во АР мод. Пробав со 7-8 пати со сите 3 копчиња.
Очигледно дека е многу специфичен начинот на влегување во АР за разлика од другите Вивакс од мидеа, оваа е од аукс или некоја друга фирма со вивакс налепница.
 
zlatko_ti412

hello world
12 ноември 2018
379
548
Дестилирана вода користи си, и тоа е.
Еххх 100 денари дневно ќе кошта така само за вода.... поскапо од струјата за греење :p

Дали водата што климата ја испушта е исто као дестилирана и без минерали?
Е, ама не значи дека е чиста.... и таман работа да ја збираш од на лето за да ја распрскуваш низ дома на зимо xD
Исто и водата од сушарата би требало да е без минерали... и е добра за во пегла на пример....ама не е чиста за распрскување низ воздухот што го дишиш.

Ништо само Evaporative Humidifier... тоа што ќе испари е чисто!
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.550
19.219
Фротирка натопена и оставена некаде низ собата ги решава овие проблеми потполно бесплатно.
Контам дека она е практично и не треба да му ја мислиш ама компликации од типот „ставај дестилирана вода“ стварно ми се за никаде.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.989
Ова моево може да испумпа 3л на ден. И пак е малку (според мене). Комотно може дупло да се тера.

Поентата е што кога влажноста е добра, иако се троши енергија за навлажнување, осетот е како да си на 1C повисока температура и лесно се компензира трошокот сам од себе. А башка е делот со суви очи, грло, полесно разболување итн.

Си има бенефит. Јас со евапоративниов сиот креч останува и си го миеш, не оди во воздух. Со ултразвук терав доста пред ова, но знаеше прашина од креч да прави, па дестилирани итн. И теков да пробам друго. И да, гледам дека имало поента. Ако си во Струга, со премека вода ќе е супер ултразвучен. Ама за скопје со ова што е повеќе креч него вода од чешмава, не бива. Си сака евапорација. Башка и сам се дезинфицира.
 
Pulse

user
26 октомври 2014
1.552
1.665
127.0.0.1
Друштво, дајте предлог на каква варијанта да идам на клима/клими само за ладење, греењето е решено со централно.
Битно во изборот е да се смарт климите да имаат контрола од Google Home.

Кај местото за клима веќе имаат пуштено инсталација и истата е за максимум 3.5KW клима, неможе повеќе.
Потребно ми е летно време цел стан да можам различна температура да ја наместам.

Моја идеа е доколку постои 3.5KW сплит систем помеѓу дневна и соба 1, а во соба 2 единечна со тоа што надворешната единица да стои на балкон.
Дали идеава држи вода, имајќи ја во предвид поставеноста на собите? Целата квадратура е околу 75m2.

stan.png
 
klima fan

lurker
14 јуни 2021
602
340
Не успеав на ниту еден начин. Вифи модулот работи и има стар мобилен кој ја контролира ама сакавме да ја инсталираме климата на нов мобилен во истата апликација (ACFreedom) ама не сака да влезе во АР мод. Пробав со 7-8 пати со сите 3 копчиња.
Очигледно дека е многу специфичен начинот на влегување во АР за разлика од другите Вивакс од мидеа, оваа е од аукс или некоја друга фирма со вивакс налепница.

Пробај како што е на видеово Инаку да AUJI Vivax е оем AUX производство
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
Пред година и пол купив клима VIVAX 12CHP35 AAEEI PRO, оваа ми е втора грејна сезона по ред, па решив да дадам свое мислење и да споделам искуство.
Иначе се работи за стара куќа, камен и плит, 84м2 на два спрата, три простории долу и три горе. Изолацијата не е на најзавидно ниво, среќа ѕидовите се 50см дебели прозорците се пвц, кровот е нов и со штици патосиран под ќерамиди, а исто така лани во декември бев приморан над таванот да ставам камена волна за тоа малце покасно ќе се осврнам.
Живеам сам, греам простор од 17м2 соба а одредено време во текот на денот со отворена врата ја догревам и другата просторија од 8м2, но тоа кратко време. Климата од почеток на ноември ми работи нон стоп. Кога одам на спиење климата ја подесувам на 20 степени, преку ден кога сум дома ја подесувам на 23 степени, а кога одам на работа или пак некаде излегувам на неколку сати ја нивелирам на 21 степен.
На позитивна надворешна температура, на пример над нула до 8 или 9 степени ако климата е ставена на 23 степени 60% брзина вентилатор лопатката на претпоследна, нешто над од она најдолу, климата модулира околу 600W се до онај момент према термостатот од далечинското не постигне 24 степени, после тоа модулира на 350W се додека на далечинското не покаже 23 степени и така во круг. Но имам и други термометри во соба кои ги следам и разлика прави некаде 0,3 степени на пример кога на нејзиниот термостат покажува 24 степени на другиот термометар во собата е 23,4 степени, а додека пак кога на далечинското е 23 степени на термометар покажува 23,1 степен. Од први ноември до денес 15-ти декември во просек ми троши од 10kw до 12,5kw на ден, што по мое мислење можам да кажам дека и не е некоја завидна потрошувачка, читам по форумов има и такви кои па се задоволни со нешто повеќе од тоа, но ова е тоа барем за овој период од годината каде па за разлика од лани досега, овие месец и пол може да каже дека е потопло од лани во ноември и декември.
Претходната грејна сезона по све она што пресметав потрошив скоро 11 илјади денари на греење , а кога се греев на дрва пре две години испод 8 или 9 кубика не слегував подолу, што за огрев трошев по 27 илјади денари. Е тука можам да кажам дека со греење на клима сум задоволен, а плус почисто ми е нема дрва за цепење малтретирање со одржување оган, нема чад, а тоа дека ќе паднам во транс со пониски сметки, тоа па не засега.
Мојот заклучок е следен а и препорака до секој, луѓе прво вложете во изолација а после барајте совет каков инвертер да купите, и да прашувате за искуства колку и како модулира, троши итн. Колку само за илустрација, лани кон крајот на декември месец, над таванoт кој ми е од трска и малтер ставив камена волна помеѓу греди. Ми се случуваше некои денови кога надвор температурата беше најниската наутро до -6 степени денска до 0 или 1 степен климата за тој ден и по 20kw да потроши, но од кога ја ставив камената волна тоа не се случи, во просек трошев од 14 до 16 kw зависно кога како. За тој декември месец највисока сметка ми беше 4500 денари вкупно (за мои потреби вон грејна сезона плаќам сметки по 1800 денари во просек). Е после наредниот месец сметката за Јануари ми беше 4200 денари (200 повеќе за мрежарина :) ) што кажува на тоа дека и со минимална инвестиција во камената волна се исплаќа на подолг рок.
Подолу по некој скриншот и слика за прилог ќе ставам, колку за увид. Поззз..
 
Атачменти

  • Screenshot_20241212_112819_Chrome[1].jpg
    Screenshot_20241212_112819_Chrome[1].jpg
    1 MB · Прегледи: 35
  • Screenshot_20241215_202633_Tuya_Smart[1].jpg
    Screenshot_20241215_202633_Tuya_Smart[1].jpg
    292,6 KB · Прегледи: 33
  • Screenshot_20241215_202654_Tuya_Smart[1].jpg
    Screenshot_20241215_202654_Tuya_Smart[1].jpg
    170,6 KB · Прегледи: 30
  • Screenshot_20241215_223738_Tuya_Smart[1].jpg
    Screenshot_20241215_223738_Tuya_Smart[1].jpg
    107,6 KB · Прегледи: 31
  • 20241212_205752[1].jpg
    20241212_205752[1].jpg
    2,2 MB · Прегледи: 30
Последна промена:

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.345
И кај мене Мицуто троши од 14-16 кw дневно. Греам околу 35 квадрати причично ладен стан, нема под мене и над мене никој плус нема никаква изолација зградата, имам само пвц столарија со два надворешни ѕида. И не се жалам, највисока сметка лани за струја ми беше 7800 денари, мада колку сака нека биде во најладните декември, јануар и февруар нема жалење колку е сметката за струја ако сакаш топло дома. Иначе климата е наместена на 24 степени нон стоп.
 
Ron26

poweruser
4 мај 2019
2.215
2.646
добро е малце реални муабети, не она ми троши како 1.9 тди и греам 120 квадрати 24/7.
 
Misteriozen

read-only
20 февруари 2010
49
34
И кај мене Мицуто троши од 14-16 кw дневно. Греам околу 35 квадрати причично ладен стан, нема под мене и над мене никој плус нема никаква изолација зградата, имам само пвц столарија со два надворешни ѕида. И не се жалам, највисока сметка лани за струја ми беше 7800 денари, мада колку сака нека биде во најладните декември, јануар и февруар нема жалење колку е сметката за струја ако сакаш топло дома. Иначе климата е наместена на 24 степени нон стоп.
Да, точно така, кога е ладно нема многу компромиси, освен да ти е топло и угодно.
Е сега замисли кога би навечер ја исклучувал климата, како што тоа го прават многумина за жал, највероватно потрошувачката на тоа би ти била уште за 30% повисока.
Исто така, кај секого условите за греење со клима не се исти. Има некои станови во средишниот блок од зградата каде и долу и горе и лево и десно има греани простори и столаријата му е пвц, нормално е дека во тој стан потрошувачката ќе му биде многу помала. Истото важи и за куќа, изолација, местоположба, дали просторот кој што го грее му е на источна или јужна страна. Кога сите тие фактори ќе се земат во предвид на крајот може да се зборува за тоа каков соодветен модел на инвертер клима треба да се одбере.
 
Bosko Buha Bombasa

hello world
20 август 2024
166
104
Yugoslavia
Дечки бев во салон, разгледував инвертер околу 500 евра, и бев решен да земам нешто од типот на Aeri 3.5, но ми рекоја во салон Vox биле подобри за цената. Немам многу слушнато за брендов, и не знам точен модел да пишам, дали некој има идеа какви се овие инвертери?
 
8357boki

read-only
18 декември 2021
40
82
Дечки бев во салон, разгледував инвертер околу 500 евра, и бев решен да земам нешто од типот на Aeri 3.5, но ми рекоја во салон Vox биле подобри за цената. Немам многу слушнато за брендов, и не знам точен модел да пишам, дали некој има идеа какви се овие инвертери?
Многу не верувај на продавачите, бидејќи тоа им е работа да продадат. Кога со татко ми отидовме да се земе мидеа ( модел кој има еуровент сертификат ) ни рекоа одлична клима сме одбрале. После некој месец мои блиски луѓе по моја препорака да го земат истиот модел на мидеа во истиот салон, продавачот ги убедувал да си земат инвертер на hisence бидејќи наводно тој бил подобар, бил со јапонски компресор, мидеата била повеќе за ладење...
Веднаш ми пратиа порака и како што приметив тој модел нема еуровент, им реков мој предлог е мидеата ама нивно си е кој инвертер ќе одберат. На крај сепак се одлучиле за мидеата и додека траела постапката за наплата и средување документи, надвор продавачот признал дека сепак мидеата што ја одбрале е подобра ама знаеш маркетинг ова она и затоа ги убедувал за другиот инвертер :)
 
Разбирам дека продавачите треба да продадат, само неможам да разберам зошто кога си решен да купиш нешто по твое убедување сака да ти наметне нешто друго. Ок е ако незнаеш и го прашаш за мислење и препорака и тогаш да те убедува во ред, но кога си веќе со одредена цел нешто да купиш и сака упорно да те предомисли, извини тоа е дрскост. Сега некој ќе ми рече да па тоа е маркетинг тоа е дозволено, да, но прашање е дали е морално. Ако воопшто постои морал во денешно време
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно