Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!

Царинска тарифа

krema

OG
24 јуни 2009
15.756
15.845
youtu.be
Дечки едно прашање. Треба да ми стигна пратка од ebay платена со payoneer картичка преку paypal. Е сеа пошо цената е над 22 евра но под 45 евра, знам дека ќе треба да платам 18%ддв. Но, бидејќи досега никогаш тоа го немам направено, која е постапката. Дали од тука ќе ми се јават, или ќе ме известат за да појдам да платам, или треба од paypal или од payoneer трансакција screenshot ова она да пратам на нивни маил...?
Чекај да дојде прво пратката па отом-потом!
 
Cika

poweruser
8 декември 2009
2.771
1.642
За пресметка 9 + 18 = 27 % . Овие 27 % ги плаќаш од збирот фактурната вредност и вредноста на транспортот доколку има.
Пак дезинформации. Доколку сте во таа ситуација да немате доволно информации за дадена материја или пак не сте доволно упатени, ќе ве замолам да не стварате дополнителна конфузија на осетлива тема. Ова е типичен пример за горенаведеното.

По којзнае кој пат, ќе објаснам како оди постапката за царинење на стоки, школски како што доликува.

Променливи:
  1. Price = цена + транспорт = царинска основица.
  2. Cust = царинска стапка изразена во проценти или децимали во случајов.
  3. CustAmount = даночната основица.
  4. VAT = даночна стапка изразена во проценти или децимали во случајов.
  5. Other = дополнителни трошоци (селотејп и кафе за царинарникот).
  6. Total = вредноста на царинетата пратка зголемена за износот на царинските и даночните обврски.
Процедурално, изгледа вака:
  1. Price + price*cust = custAmount износ на којшто ќе треба да платите VAT
  2. CustAmount + CustAmount*VAT = износот после оданочување на царинетата пратка.
  3. Резултатот од чекор 2 + other = Total.
Ова сум го објаснил во 10 теми, но очигледно џабе, заради икс причини.
 
STRIKER

hello world
2 јануари 2016
90
36
Чекај да дојде прво пратката па отом-потом!
Мене специфично прашањето ми беше дали ке мора да се испрати/покажи screenshot/pdf/ од payoneer, па да испадне после што е ова, не треба да имаш сметка на payoneer, ова не важи во МК итн.?
 
yuuxuu

hello world
13 мај 2015
51
55
Пак дезинформации. Доколку сте во таа ситуација да немате доволно информации за дадена материја или пак не сте доволно упатени, ќе ве замолам да не стварате дополнителна конфузија на осетлива тема. Ова е типичен пример за горенаведеното.

По којзнае кој пат, ќе објаснам како оди постапката за царинење на стоки, школски како што доликува.

Променливи:
  1. Price = цена + транспорт = царинска основица.
  2. Cust = царинска стапка изразена во проценти или децимали во случајов.
  3. CustAmount = даночната основица.
  4. VAT = даночна стапка изразена во проценти или децимали во случајов.
  5. Other = дополнителни трошоци (селотејп и кафе за царинарникот).
  6. Total = вредноста на царинетата пратка зголемена за износот на царинските и даночните обврски.
Процедурално, изгледа вака:
  1. Price + price*cust = custAmount износ на којшто ќе треба да платите VAT
  2. CustAmount + CustAmount*VAT = износот после оданочување на царинетата пратка.
  3. Резултатот од чекор 2 + other = Total.
Ова сум го објаснил во 10 теми, но очигледно џабе, заради икс причини.
Сето тоа напишано твое е 100% точно, со една напомена (Зависно кафето како ќе се погоди, царина и данок можно е да биде 0 % = Давачки 0 .
Јас на толку ситна пратка не се потрудив да објаснам и наведов одприлика процентуално да има сознание колку би го коштало. Е сега не е 27 % нормално но еве пак набрзина процент до 2 повеќе . И затоа на мал износ невидов логика да навлегувам во цела процедура, кога ништо не менува драстично. Твоето е школски да, а моето е може да биде професионално и да израчунам царина и ддв на АСЕКУДА бидејќи тоа ми е работа веќе 12 години. Не планирам да навлагам во дискусија со тебе, немам доволно време, не створив КОНФУЗИЈА и сум премногу упатен во сите овие царински процедури. Предлагам (незнам можеби има) отвори посебно тема каде ќе го изложиш своето знаење за да не створи никој конфузија како мене, и каде ќе има линк до царинската тарифа. Така Вашето ценето и почитувано мислење би имало поголем ефект, а да не мораш да објаснуваш на 10 теми поединечно на секого.
Со почит.
 
Навистина нема потреба да се влегува во дополнителна дискусија, бидејќи овој одговор ти е навистина на место. Сепак мислам дека во секоја ситуација треба да се даваат точни информации, една нула една кула, независно од ситно/крупно.
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.756
15.845
youtu.be
Има две опции, или ќе платиш арач или нема да платиш. Од двете ќе биде сигурно едно!
Е сега, колку ќе биде арачот тоа се дознава кога ќе отидеш да си го платиш, приговори скоро и да нема пошто никој не сака да се зеза по нивните лавиринти.

Ако не сте спремни за арач тогаш и не правете онлајн нарачки (ебаго (sorry)).
 
dddragan

hello world
12 август 2014
438
599
Дефинитивно треба да се отвори една read-only FAQ тема за царина/македонски пошти. Линк до царинската тарифа, како се чита/пресметува тарифата, поштенски кодови и што значат итн. Нека се отвори прво една кај што ќе се собираат информациите и ќе се даваат идеи кои информации да ги има, после од таа добро склопените/точни информации во FAQ темата и тоа е тоа. Нема да има погрешни информации, нема да има (надежно) препрашување по 100 пати и нема да има "пишано е на форумов, ама кој да прочита" муабети за теми со по 100 страни.
 
Пред некое време се договорив со @D да склопам една гостинска статија за порталот составена од информации од членови на форумов, мои лични искуства и искуства на останатите членови во врска со царината и данокот на стока во IT областа. Но, времето е скапо, а сакам да извадам квалитетна статија, затоа лека полека идам.
 
yuuxuu

hello world
13 мај 2015
51
55
Навистина нема потреба да се влегува во дополнителна дискусија, бидејќи овој одговор ти е навистина на место. Сепак мислам дека во секоја ситуација треба да се даваат точни информации, една нула една кула, независно од ситно/крупно.
Така е. Можеби ми е ете занемарливо на 30eur роба да објаснувам дал се 26% или 30% кога разликата на 30eur е пфф... можеби фактот што работам со многу поделикатни и огромни суми.. Сакав само да му одговорам одприлика да си знае човекот бидејќи она погоре што го напиша ти ретко кој би го разбрал. Сепак не секој се замара со нашава проблематика и тие поими за нив се неразбирливи. Само напред со таква една тема во FAQ ! Тоа би било одлично. Додадете и хинтови за кафето :)
 
Nadja

hello world
6 ноември 2012
51
13
Од петок стои "недостасува ф-ра" им испратив 5 мејла тој ден, денес ми стигна лифче за царина пак им пратив 3мејла и уште не се мрднала пратката, ни одговор по мејл. Колку се чека? Немам искуство со царина.
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264

Кога ќе се смени статусот на тракинг

Од Skopje Carina 1006 до 1005

тогаш царинењето ти е завршено, праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени, истото и јас го правам. Пак збеснаа почнаа све и свашта да праќат на царина ако е поголемо пакетче а таман си реков тргна работата, веројатно има вработено некој ептен стручни лица.
 
Nadja

hello world
6 ноември 2012
51
13
@Riste19
Да приметувам,мојата 60€ ја пратија а порано и преку 100ев.ми поминуваа.Ок ќе праќам често али отприлике за колку ги проаѓаат?
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
@Riste19
Да приметувам,мојата 60€ ја пратија а порано и преку 100ев.ми поминуваа.Ок ќе праќам често али отприлике за колку ги проаѓаат?

Епа мене последната што ми стигна (RB693100773SG) Онлине калкулатор

Кај мене не појави на тракингот недостасува ф-ра , се зачудив ама утре дента пристигна писмо од нив, и одма испратив се што треба , утре дента беше во локалната пошта , платив и си го подигнав пакетчето а иначе пред едно 2 недели 3 пакетчиња со истиот производ поминаа без да се царинат, зависи кој ќе ти се погоди да го прегледува твојот пакет.
 
Riste19

lurker
14 ноември 2016
654
264
@Riste19
Јасно, ќе видам утре ако го царинат денес ништо.

Може и денес да биде, рано е почекај види после 7 часот ако има некаква промена, пробај испрати им и во Attachments документи и во самата порака слики, незнам на кој начин ги прегледуваат пораките кои им ги праќаме па затоа и така и така им пратив јас само со 2 пораки ми го пуштија мене.
 
Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.679
13.738
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Не одговараат по мејл, не чекајте одговор таму.

Нема потреба од спамирање, еднаш е доволно, сите мејлови ги читаат, тракинг бројот во SUBJECT: и готово. А некој кажа дека атачменти можат да гледаат само во ПДФ и мислам дека тоа е точно.
 
DonFrozex

user
9 јуни 2011
1.419
1.650
тогаш царинењето ти е завршено, праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени, истото и јас го правам. Пак збеснаа почнаа све и свашта да праќат на царина ако е поголемо пакетче а таман си реков тргна работата, веројатно има вработено некој ептен стручни лица.

праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени

праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени

праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени

праќај им постојано на секој час се додека не видиш да се промени

Браво бе Ристе бе, со секој твој пост се повеќе и повеќе ме изненадуваш...
 
Не те мрзеше ова да го пишеш? :eek::eek::eek::eek:
 
krema

OG
24 јуни 2009
15.756
15.845
youtu.be
Да, и јас се согласувам дека не е во ред да се спамираат надлежните, недај боже ќе налеташ на некој со осмо и ќе ти бапне црн печат и после секоја пратка (па дури и тие од $1) ќе ти бидат отварани од нивна страна.
Треба и ние да имаме трпение, секој ден низ нивни раце минуваат еден куп пратки (којзнае колку се, можеби и неколку илјади).
Сепак доволен е еден меил со тракинг бројче во сабџект.
 
VerGer

poweruser
9 ноември 2016
2.034
1.845
Скопје
Дечки, дали за овие слушалки би имало дополнителни давачки нешто?
ако имаш плус поштарина на таа цена, и ако се е деклариран како што е на пратката, ќе те фати се давачки (ако биде застаната на скрининг).
Ова збориме за обична пошта, евентуално ЕМС, каде може да се деси (почесто) да помине без ништо, со другите курирски пошти све ќе ти скрпат, плус некој нивни давачки :)
 
pece_naumoski

read-only
26 февруари 2019
3
1
Здраво на сите,
Ми треба помош или информација ако некој знае макар и приближно, сакам да донесам поголема количина на апарати бела техника, лаптопи и мобилни телефони од Германија, на поголема количина мислам 10 - 20 лаптопи, 10 - 20 мобилни телефони, 20+ апарати како правосмукалки, миксери, греалки, соковници и сл, 10 апарати бела техника фрижидери, машини за перење и сл. Купени со фактура, превоз обезбеден.
Е сега ме интересира колку е царината или каде можам да најдам некој ценовник или слично чисто да знам колку би била cost цената да се донеста до овде, дали е исплатливо или не. Или поисплатливо ми е да земам помали работи како мобилни телефони и лаптопи лично со сопствено возило.
Фала однапред за одговорите
 
членови онлајн
мислења
теми
членови

Последни теми

Последни огласи

IT.mk/market понуда

Бесплатна достава на 3000 производи
На врв Дно