1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Windows Phone - уреди - Верзии - освежувања - подесувања - новости - генерална дискусија.

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 30 Август 2014.

  1. MartinGR1MR

    MartinGR1MR
    Intern

    125
    18
    14 Јуни 2014
    Машко
    Има некој фикс за Сервер Ерор на Инсајдер апликацијата на 8.1 виндоус? Лумиа 535 користам...
     
  2. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,954
    3,948
    18 Септември 2013
    Машко
    Го откажаа конвертот за андроид апликации, за iOS Можда ќе има ама тоа пак значи дека девелоперите ќе треба да се замараат - а до сега не се замараат.

    Тоа со поврзување на монитор е стварно фантастична работа, да ти замени телефонот послаб лаптоп во многу ситуации - али џабе. Пребавно и премногу половично ги прават работиве.
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,662
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Сега за сега - разочарувачки. Сепак ќе земам еден Windows Phone, чисто за проба.
    Мислам дека девелоперите ќе почнат повеќе да се замараат кога ќе се прошири палетата на Windows 10 смартфони и од други производители, не само овие неколку лумии што ги нудат Microsoft.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mviktors

    mviktors
    Practice makes perfect

    957
    1,288
    25 oктомври 2012
    Машко
    @NecrotoX за да се продолжи дискусијата во правата тема, еве едно мое кратко искуство со win 10 mobile и еднодневно искуство со win 8.1.
    Земав Lumia 930, телефон што го имаше последниот инсајдер билд - тој што доаѓа во новите телефони на мајкрософт Lumia 950.

    Долгогодишен андроид корисник сум и ај викам првите денови, нормално е нов оперативен ќе треба да се привикнеш, треба да му се даде шанса на телефонот.
    Неколку дена користење, на Тапаток апликацијата не и функционираат пуш нотификации, имаш една тастатура која што за мене е далеку од тие на андроид и ios, third-party тастатура нема. Апликациите се осакатени, со помалку опции, генерално девелоперите воопшто не се заинтерсирани за windows phone сега за сега. Спор мултитаскинг, мазно но бавно вршење на функциите. Гледаш само како се вртат квадратчиња и анимации но тоа што треба да го завршиш не се одвива брзо. :) На последниот инсајдер билд телефонот загреваше прилично многу, по кратко гуглање сфтив дека е до неоптимизиран софтвер, чест проблем кај повеќето лумии на тој билд. На Win 8.1 немаше такво загревање.
    Ако сакаш да видиш отприлика како функционираат Windows phone апликации, само отвори Windows market на PC, тоа е тоа.

    Правиме муабет за искуство на телефон од висока класа, кој што чини бајаги, во класа на г3, м8 и сл.
    Позитивна работа е камерата, посебно за фотографии, страшно добри слики вадеше. Добро изработен, имав чувство во раката дека држам премиум телефон, ама џабе кога софтверот му е тиња. Телефонот го вратив ради скроз други причини, влезот за слушалици не работеше па дечкото од кај што го земав ми ги врати парите.

    Јас сум отворен повторно да се префрлам на Windows, ама не во блиска иднина, барем не додека сами не одлучат по кој пат мислат да се движат. Универзални апликации за сите платформи и порт од Android и ios не ми личи како да знаат што прават. Од Windows секоја година се очекува дека ќе им тргне, ама никако да го најдат кошот кај што давале по 30 коша, цело време некој им го преместува. :D
     
    На voah и NecrotoX им се допаѓа ова.
  5. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    180
    292
    12 Декември 2015
    Машко
    Ја користам Лумиа 930 и сега за сега сум задоволен. Ама го возам на 8.1 сеуште. Бев неколку дена на инсајдер привју и се вратив на Деним. Телефонот по мое мислење нема никакви маани. Перфектен амолед дисплеј, камерата е неверојатна, брз, стабилен. Проблем се апликациите. Се надевам дека ќе има повеќе девелопери но тоа останува време да покаже.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    886
    1,320
    6 ноември 2007
    Ахам ете ги нозете ги искршија трчајќи да прават апликации за Windows Phone со market share од 2.6% кој последниов квартал им опадна за незнам уште кој процент.
    Lumia телефоните имаат една многу добра технологија на камери која незнам како Nokia успеа да вложи пари во тоа али си направија trademark и секако добриот OS на кој Андроид може вода да му носи.
    Проблем е third party софтверот кој никако да го унапредат приспособат... 2 години сум со Lumia 630 па 920 и сега 640 и полека почнува да ми иде на нерви сето тоа. Ако во догледно време не ја средат ситуацијата за жал ќе мора да се префрлам на Apple и да преплатувам застарен хардвер само заради софршената софтверска подршка која Apple ја имаат на своите уреди.
     
  7. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,449
    1,873
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Пред тoчнo 2 гoдини купив нoвa Lumia 920, oткaкo претхoднo имaв мoжнoст дa си пoигрaм сo 920-кaтa нa пријaтел и дa oстaнaм сo oтвoренa устa oд флуиднoстa, кaмерaтa и изрaбoткaтa.

    Гo кoристев еден месец, oд кoј 20 денa бaрaв нa кoгo дa гo прoдaдaм зa дa си ги врaтaм пaрите, бaш пoрaди лoшaтa пoддршкa зa сoфтвер.
    Вo тoa време, немaше видеo плеер сo пoддршкa зa превoд, вaјбер беше пoлн сo бaгoви и сo еден тoн лoш фидвек, зa кoј нa девелoперите не им дремеше, и еден куп други прoблеми.

    Гo зaменив зa скoрo 2 гoдини кoристенa Samsung S3-кa. И бев среќен. Мнoгу пoвеќе oд штo бев сo Lumia-тa.

    Тaкa дa, мислaм декa ќе им требa уште мнoгу време и јaдење леб. Нo прoблемoт е штo Android и iOS се рaзвивaaт пребрзo зa Windows дa ги стигне. Збoрувaм зa third party сoфтвер.
     
    psyside, toshex и на mviktors им се допаѓа ова.
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,834
    24,965
    4 Септември 2008
  9. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Савршенство

    п.с. Како и секој нов хардвер кога ќе го приклучиш на Windows....треба време додека го испеглаат. Нубско ревју, но забавно и информативно
     
    Последна промена: 13 Февруари 2016
  10. Andrei

    Andrei
    Intern

    5
    0
    22 Февруари 2016
    Машко
    Студент
    Како што гледам цела македонија мисли дека само самсунг и ејпл постојат. Барав низ пазар 3 пред недела телефонче на старо да го заменам со мојава лумиа 535 sony,htc,motorola... Некое блиску до цената на моево. Пролистав неколку огласи и испратив 5-6 мејлови. Сите вратени пораки кои ги добив не сакаа Windows OS, по можност самсунг да бил. Има ли некое чаре за продажба/замена на Windows телефон или најдобро на баба ми да и го дадам барем ке ги користи големите бројки :'D
     
    Последна промена: 24 Февруари 2016
  11. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,449
    1,873
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Подобро на баба ти го дај. Тешко се продава Windows, бетер од Американците е нашиот народ. :D
     
    На Andrei му/ѝ се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако не е Win XP тогаш ни баба нема да го сака телефонот :) j/k
     
    На RagingDemon и Andrei им се допаѓа ова.
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,887
    2,445
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Еми чаре, ти да го користиш.
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,834
    24,965
    4 Септември 2008

    Проблемот е што Microsoft се невидени шпараџии, и не сакаат да ги субенцираат телефоните кои ги произведуваат, па така нивните ентри левел телефони, а и оние од средна класа - кои би требало да бидат добар буџет избор, не се исплатат да се купат кога тој хардвер е релативно нов - тазе, а тек пак кога ќе остарат...се тотално ЃУБРЕ.

    Snapdragon 200 беше, и секогаш ќе биде ѓубре, па не на ентри левел телефон, дури и за во саат е преспор, така да нека не те чуди штo Microsoft не се популарни, па тек ако се земат у предвид баговите и проблемите, јасно е се.
     
    Последна промена: 24 Февруари 2016
    На Andrei и Војвода им се допаѓа ова.
  15. Torte Mobile

    Torte Mobile
    Gaining Experience

    258
    238
    17 ноември 2015
    Машко
    Посебно 535 како модел е ужас, колку има што го купиле па уште во првиот месец трчале во сервис ... се на се утка фон и многу тешко се продава и скапо е за декодирање а кодирани се ...
    моја проценка околу 4000 би требало да му земеш, бидејќи сигурно е кодиран на мрежа
     
  16. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    Јас 630-та едвај ја дадов за 3000...
     
  17. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,339
    2,936
    4 Септември 2008
    Чисто информативно гаранцијата за Lumia ја дава директно Микрософт со нивни овластен сервис што и не е така лошо. Телефонот е земен преку мобилен оператор.

    lumia-garancija.jpg
     
    На goranzoran и tupacan им се допаѓа ова.
  18. Stucc

    Stucc
    Intern

    9
    4
    20 ноември 2016
    Машко
    Ученико кој не учи
    Microsoft Lumia 550. Немам поплаки освен што на секои два месеца има мн упдејти со што ми зема многу меморија. Вака добар е.
     
    На blackelf му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DeltronZero

    DeltronZero
    Intern

    36
    46
    6 Декември 2014
    Машко
    Користам Lumia 950 месец дена , сега за сега телефонов супер се понаша.Брз,респонзивен,убав екран,батеријата солидна,звукот малце тиња е али не смета.Оперативниот систем ми е освежување во однос на андроид(ми здосади некако интерфејсот).Недостаток од програми сега за сега не гледам ги има сите што ги користам,дури и заменската апликација за youtube е подобра од оргиналната.Го купив од ВИП со продолжување на договор за 10.000 ден. , за до таа цена со договор преку операториве јас мислам дека е бест бај.
     
    goki1990, psyside, Bravo и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    856
    430
    12 Април 2017
    Машко
    Користам Lumia 1020, телефонот е одличен и брз, еден недостаток е тоа што неможе да се надгради во WP10, некои сајтови ги чита лоши и многу апликации се само за WP10. Инаку, камерата е одлична, блицот е врв за low-light ситуации.
     
  21. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    719
    803
    2 Март 2011
    Машко
  22. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    775
    265
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Кога скапниот гугл не им дава сервиси како јутуб на микрософт што не им ускрати и на епл. Да им се намочам во тоа паметот. Ама можат пошто имаат конкуренција само од епл, и мора да се испочитува законот за монопол. Ми се гади и од Гугл ама тоа е.

    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    856
    430
    12 Април 2017
    Машко
    Некој да каже ром со home screen како windows phone? Да функционира беспрекорно
     

Сподели

Вчитување...