• Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  • Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Видеа снимани со мобилен или дрон

  • Ја почнал/а темата
  • #1

toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
902
1,243
Темава е во стил на таа за фотографии со мобилен. Сметам дека неопходна и би понудила да го видиме другиот аспект на смартфоните и дроновите, односно нивниот капацитет за снимање. Со цел да не се засени поентата на темата за фотографии, да споделиме она што го снимаме овде. Правилата (конкретно) нема да ги одредам јас, оставам модераторите да си одлучат какви да бидат и дали воопшто е потребна ваква тема, но сепак ќе оставам мое мислење за дел од истите.

Сугестијава е да ги прикачуваме исклучиво ваши видеа на YouTube како „Unlisted“. Со тоа, право на пристап ќе имаат членови што користат директен линк. За да не се злоупотребува истото во бизнис цели како промоција, предлагам да се ограничат објавите од членови коишто користат дронови на една објава во неделата доколку нивните видеа со јавно достапни (Public) на YouTube. Доколку се како „Unlisted“ не предлагам конкретно ограничување. Поентата е да споделиме искуства и да видиме колкава е креативноста и колку може максимум да се извади од таков „лимитиран“ уред, чисто како хоби.

За двата уреди нека важат правила налик тие за фотографии, односно: за кој телефон се работи, што подесувања, дали има дополнителна обработка итн.

Горенаведеново е само сугестија, така што оставам простор за членовите да се изјаснат; исто така модераторите слободно да ја поправат/дополнат темава со правила, доколку одлучат дека има простор за истата. Јас моментално немам видеа за да ја „отворам“ темава со пример, но се надевам ќе придонесам доколку е сѐ како што треба. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,736
Мислења
831,569
Членови
28,727
Најнов член
Davorsuker1
На врв Дно