1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нексио - ценовник

Дискусија во форумот 'Нексио' започната од mviktors, 23 Август 2016.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,316
    18 Септември 2013
    Машко
    Стигна нов за Куќари, PSU и кулери (прикачено во коментаров).

    @ТАТА_МАТА сеа гледам и за испод 100 евриќи имаш модуларно NZXT од 500 вати 80+ gold со 5 години гаранција.

    OEM на ова напајање е SEASONIC така шо нема шо повеќе да се додаде.
    NZXT E500 is a great Seasonic-made performance PSU

    А за околу 3000 денари интересно изгледа тоа демек 750W 80+ gold NJOY напајање за кое немам информации и не знам колку вреди да се ризикува со него, иако има 3 години гаранција така шо дефинитивно делува ко можда добра буџет опција.

    EDIT: сеа читав дека овие NJOY се произведени во Романија, и не можам да најдам детали за тоа колку и како спецификациите за 80+ ги добиле или сами си ги ставаат... ја би избегавал реално. За тие пари би зел на старо од форум некој докажан бренд.
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 2 oктомври 2019
  2. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    785
    501
    20 Декември 2015
    Машко
    Ми се свиѓа компанијата.

    Pros:

    Ми се нашле за помош и не ми наплатиле.
    Ми отвориле продукти колку да се провери дали се 100% функционални и без никаков дефект.
    Позитивни се, секогаш си прават шала.
    Имаат брендирани работи. Ништо не е шкарт.
    Имаат појма со тоа што го работат.

    Cons:

    На толку промет и убави зделки срамота е да не средат еднаш за секогаш еден ценовник и да си го прикачат на својата страна.
     
    PC_GAMER, RoninMK, mkextremer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Deksa

    Deksa
    Gaining Experience

    337
    242
    9 Февруари 2012
    Машко
    Јас имам NJOY и ене го вергла со месеци на риг, на него пишува 600w (650 max) на Wall од него влечам 700w без проблем.
    Мазга безшумна. Не сум видел такво напојување.
    Не е се до брендот, нема врска што е Романско, баш за да се истакне како нов бренд мора да даде СЕ од себе за разлика од Нексио :)

    Едит:
    Напојувањето е користено и пред мене, јас го користам некаде од Април 2018 24/7.
     
    На gOJDO и RoninMK им се допаѓа ова.
  4. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,316
    18 Септември 2013
    Машко
    Разликата меѓу познат и докажан бренд/OEM и нов играч е тоа шо нема референци и тестови за да покажат колку и какви компоненти има унутра самото напајање (јапонски наспроти кинески и тајвански квалитетни наспроти кинески и тајвански неквалитетни кондензатори и компоненти), каков е квалитетот на самите лемови, колкава е реалната ефикасност, колкава е стабилноста на напоните, итн.

    Дури и хантол да ставиш ти на компјутерот шансите се дека 5-10 години ќе возиш компјутер без проблем посебно ако влезната струја е океј. Ама исто значи дека има поголеми шанси да се деси проблем у рок од 3-5 години, и значително поголеми шанси да се деси сериозен проблем ако има флуктуации у влезна струја некад (невреме надвор пример). Исто така концензусот е дека со поевтините напојувања во кои може да фалат некои заштити или пак да е послаб квалитетот на изработка можно е при дефект да повлече и други делови од компјутерот со себе.

    Затоа пак ќе кажам дури не стигнат до тоа да има тон тестови за нив, и да има детали за како се изработени и рецензии од познати тек канали - помалку ризик имаш со реномиран и докажан бренд.

    Посебно коа разликата во цена меѓу Нџој и Сисоник ОЕМ е 2500 денари, или пак посебно коа имаш разни одлични и докажани напајања на старо за исти пари.
     
    PC_GAMER, ТАТА_МАТА и на farkizz им се допаѓа ова.
  5. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    104
    109
    20 Април 2016
    Машко
    NJOY е прилично нов романски бренд како што пиша @Deksa и целта им е да се пробијат на пазарот, па би рекол дека се доста ефтини за тоа што го нудат. Сега засега се ОК, а времето ќе покаже дали ќе одат напред или не. Ако тргнат напред, што е поверојатно, ќе отидат нагоре и со цените сигурно, вака ќе тераат додека пробиваат пазар и градат имиџ на брендот.
    Инаку тие што се поодамна во овој бизнис веројатно го знаат романскиот бренд RPC и се работи за истата компанија која стои и зад овој нов бренд, имаат повеќе од 15 години искуство во IT и мислам дека не грешат туку одат напред :)
     
    На toshex и Deksa им се допаѓа ова.
  6. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,211
    3,325
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Официјална тема за Напојувања
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,479
    1,672
    25 Март 2013
    Машко
    За еден куп работи, најчесто сум одел на поефтината варијанта заради тоа што не сум сакал да ја плаќам маржата на премиум брендот, заради тоа што не вреди.
    Напојување за компјутер не е една од тие работи со кои би ризикувал ни малку.

    @toshex Не знаев дека NZXT имаат и seasonic. Но ако бирам повторно помеѓу
    1. NZXT, 500w, gold за околу 100 евра
    2. EVGA, 550-650w, bronze, semi modular за 4-5000 денари
    Секогаш би за втората опција.

    Работата е што секогаш ги имаат премиум напојувањата што се 2000+ евра конфигурации, а ги немаат оние буџет за 500 до 1000евра конференција
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  8. da900

    da900
    Intern

    23
    11
    4 Март 2015
    Машко
    Има ли најнов целосен ценовник од Нексио? Ме интересира за CPU, MoBo, RAM.
     
  9. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    564
    937
    16 Јануари 2016
    Машко
    Најново од периферија
     

    Прикачени датотеки:

    На PC_GAMER, ТАТА_МАТА, borcep и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    714
    647
    31 Мај 2011
    од јуни ги прашувам кога ќе стигне MX518, одговорот што го добив е дека ќе стигне крај на јули/почеток на август, еве ноември сме, уште нема ништо.. смешки.
     
  11. Pane-G

    Pane-G
    On your way to fame

    1,203
    649
    9 Мај 2012
    Машко
    А бе, смешки е само едно лице да бара таков и затоа Нексио очекува истата да бара уште неколкумина е ќе се исплатеше за крајот на месецот ама ете само за тебе не се исплати ете затоа


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
  12. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    714
    647
    31 Мај 2011
    шо не се исплати кога се друго носат од logitech, бар нека не ми кажува дека ќе го има ондак.
     
  13. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    714
    647
    31 Мај 2011
    Еве ги, стигал за 30 дена, цена 3700. Само мотивација треба..
     
  14. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,605
    2,425
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Дали мислиш дека нема да сака да ти го продаде ако го имаат на лагер?
    Прашував за MX Master 3 маусот од пред месец дена и ми кажа ќе ме извести ако стигне. После некое време пак го прашав има ли абер, ми кажа дека Logitech не им вратиле никакво инфо.

    Нексио се моментално најфер фирма на ИТ пазарот. Ова го тврди човек од Струмица кој нема стапнато во Нексио. На почетокот додека да запознаам некој од кај нив бевме исклучиво преку емаил/фб, а откако го запознав Ѓоре комуникацијата се префрли на мобилен или Viber чат. Плаќање преку фактура од фирмата кај шо работам и достава по брза пратка.

    Ова го сфатив (а го мислев од поодамна) од пред месец дена, кога истекуваше последниот месец од гаранцијата на i7 6700К процесорот купен од кај нив од пред скоро 3 години.
    Процесорот не беше пипнат а не па ваден од матичната уште од коа ги земав компонентите од кај нив, а последната година почнав да забележувам како се појавуваат RGB артифакти на YT видеа преку Firefox, локално на MPC-HC, на png фајловите и сегде кај шо имаше слични медиа фајлови. (на YT видеа преку Chrome и на jpg фајлови не вадеше)
    Јас искрено се сомневав во матичната ама еве тие ги пробаа двете компоненти со други различни процесори и матични, и излезе дека процесорот е виновникот.

    Најдобриот дел, од целава оваа ситуација, е што фирмата Нексио одлучи да ми врати дел од парите назад и тоа во последниот месец од истекувањето на гаранцијата. Процесорот беше купен за 21500ден, а ми враќаат назад 17к. (16к со пресметан ДДВ)

    Покрај негативните искуства на форумов со Анхоч и Сетек, шо нејќеле да ви вратат парите во првите 15 дена по закон, искрено многу се изненадив од овој гест на Нексио, шо уствари не треба да е гест туку секојдневие кај сите фирми.

    Со вакви фирми планирам да соработувам на долг рок и да зимам хардвер исклучиво од Нексио.
    Со вакви луѓе, не ми треба сајт со цени/ценовници, доволно е да завртам еден телефон и да си прашам шо ми душа сака од егзотичен хардвер по нормални цени, и да бидам сигурен дека, правата на потрошувачот ќе бидат задоволени.
     
    На Draynor, RoninMK, fikus и уште 5 други им се допаѓа ова.
  15. Skorp

    Skorp
    Gaining Experience

    327
    258
    25 Август 2016
    Машко
    И јас го чекав како тебе, истиот муабет го праевме али не бидна ништо. Си го нарачав од лоџитек директно.
     
    На Steam. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    564
    937
    16 Јануари 2016
    Машко
    Тазе
     

    Прикачени датотеки:

    На topic и Avid им се допаѓа ова.
  17. Gappo

    Gappo
    Intern

    5
    4
    20 Јануари 2016
    Машко
    Здраво, другари. Да не има случајно некој скорешен ценовник за графички картички или процесори?
     
  18. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    261
    197
    17 Јануари 2013
    Машко
    Еве јас прашував за 5700[​IMG]
     
    На Gappo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,920
    5,827
    21 Јануари 2009
    20-30 дена eww
     
    На Draynor и Krk198 им се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,162
    4,316
    18 Септември 2013
    Машко
    исто и мене за цел компјутер ми кажаа па стигна за 10тина дена

    Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
     
  21. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,286
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
  22. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,386
    881
    28 ноември 2015
    Машко
    Јас помислив дека станале брокери е-торо :)
     
    На Skorp му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    261
    197
    17 Јануари 2013
    Машко
    Ќе има ли Black Friday акција во Нексио?
     
  24. krema

    krema
    Professor

    9,524
    9,206
    24 Јуни 2009
    Машко
    Обавезно.
    Сите прават па зошто да не и Нексио.
     
    На kristijan1001 и toshex им се допаѓа ова.
  25. kristijan1001

    kristijan1001
    Intern

    63
    24
    29 Септември 2014
    Машко
    Знае некој ако има искуство ако мониторот има многу backlight bleed дали ќе може истиот да се замени за друг од исти модел ?

    Во план сум да го купам следниов монитор штом го има на залиха:

    [​IMG]
     
    MadBuldog, gOJDO и на architect им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...