ContentBot
Робот (content unit)
Каде, според тебе, има најдобра пица во Скопје?
Исто, поготово пастрмајлиите, вчера баш порачав преку WoltМене Верона ми има топ пица, таква дебелка сочна такви сакам.
Верона бр.1 за пастрамајлии а за пица големо НЕ, не се прави пица со исто тесто како пастрамајлии, не е тоа тоаИсто, поготово пастрмајлиите, вчера баш порачав преку Wolt
Верона
Штипска испостава во Скопје, затоа се и најдобриВерона бр.1
15 за 12 морам да пробам, колешка од работа премногу ги фали
15 за 12 е overhyped според мене, баш ради тие колешките. Јас ја јадев таа со ф'стак што ми ја фалеше, но беше премногу мрсна и тешка за јадење.15 за 12 морам да пробам, колешка од работа премногу ги фали
Пица5 се добри за „олдскул“ македонски стил на пица како што порано беа сите, поише new york него наполитан, сега делува како 80% од пицериите да се наполитан стил, што е океј само по себе, но пак има место и за другиот стилИсто убава пица имам јадено од пица 5 мислам се викаше во ново лисиче
Купив од Gino поради ова и реално малце разочаран.... да е хрцкаво што е супер но ми делува како полоша верзија од нешто како pizza5 (тој стар македонски стил на тенка пица), немаше многу ни вкус ни кашкавал во споредба со pizza5 а иста цена, не би земал пакод дамна немам истражувано пици, така да во моментов Gino ми стои ко примарна.
Ако некој јадел Gino пица и знае боља да крцка тестото нека каже.
Морам да признаам, иам и друг вкус за пица, кај што не е скроз такво крцкаво тестото, туку е ко во Енрико ко кифлица малце ... и тоа ми се свиѓа.
Сакам да кажам, коа е за кафана муабетот, нема најбоља. има контекст, nuance шо би се рекло.
Реално многу и почнаа да копираат Доминос со работи како бургер пица, и ја доста редовно ако зимам пица од нив зимам но сакав промена, иначе препорачувам Moretti да пробаш што горе ги спомнав, од тогаш иам 2 пати зимано и се супер, ништо воодушачко но многу солидно, боље него мама италиана според менеGino одамна имаа убави пици. Денес не е тоа тоа.
Во Скопје нема повеќе никаде фантастично добри пици како порано. Ме бендиса пред некое време пицата од Пелистер. Потоа повторно нарачав и не бев задоволен. Има разлики во квалитет од нарачка до нарачка.
Мислам дека сакаат сите да задржат цена додека цените на намирниците одат напред па и квалитетот опаѓа.
Пица5 е една од оние кои немаат намера да менуваат дистрибутери на намирници за да биде поефтино. Мама италиана и пемпеле не се лоши но проблем е што често ги прегоруваат рабовите од пиците и ми ги носат ќумури. Треба да тргам од страните за да јадам.
Доминос има релативно добар квалитет како на тесто така и на намирници. Но нивната понуда на пици не секогаш се совпаѓа со вкусот на македонецот. Плус и реално не се исти со италијанска пица. Енрико не се лоши но далеку од најдобра пица која сум пробал.
Мато наполетано имаат одлично тесто и намирници. Меѓутоа цената е во небеса. Нарачав неколку. Но некако не добив желба да нарачам уште.
Пица џакомо не сум пробал.
Генерално нарачувам од мама италијана и доминос најчесто.
Леле еј, со сета почит кон луѓето што работат, хранат семејства и вадат парче леб, ама тоа е навреда да се каже дека е пица. Мое лично искуство. Попрво би геврек макар и за истата цена.Гиго Влае - олд скул ужас
COOLERS CPU ARCTIC Freezer 36-S (SINGLE FAN) A-RGB BLACK Intel LGA1700, LGA1851/AMD AM5, AM4, ACFRE00198A
2.010,00 ден
MICROPHONE WIRELESS SYSTEM BOYA LINK 3-01, 2xMIC, USB-C, Lightning, 3.5mm, Black, BOYA LINK 3-01
8.200,00 ден
MOUSE WIRELESS USB KEYCHRON M6 BLACK (Premium Wheel), w/bluetooth, 30K DPI, 1K polling rate,All silent micro switch, M6S-A1
4.030,00 ден
USB Flash Drive 3.2 Gen1 32GB INTENSO TWIST LINE, USB-A&USB-C, 3539480
570,00 ден
MONITOR 24" PHILIPS 24E2N1100LB/00 IPS, FHD, 1ms, VGA, HDMI, 100hz, Tilt, black
4.960,00 ден
KEYBOARD WIRELESS MECHANICAL KEYCHRON V1 ULTRA 8K Polling Rate 75%, HS, RGB, Keychron Silk POM RED switch, OSA PBT, Black, w/knob, V1U-D1
7.380,00 ден