Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Мтел Македонија

Ts011

user
31 март 2020
1.422
1.073
Збораме за ГигаВајб со А1 Припејд! пакетот, така?

Јас денес после неколку јавувања во техничка поддршка, не успеав да средам да добијам мобилен интернет.
Телефонот е константно во Роаминг.

Потврдено е активиран пакет, сите подесувања направени, сите финти кои ми текнаа, најдов и ми беа препорачани ги направив.

Да не беше ова број кој го користи детето пар пати месечно, досега ќе мигрирав.
Data roaming ON, ako e Xiaomi tel, vo data roaming treba always on national
 
Majestic

hello world
25 јули 2008
199
196
Битола
Збораме за ГигаВајб со А1 Припејд! пакетот, така?

Јас денес после неколку јавувања во техничка поддршка, не успеав да средам да добијам мобилен интернет.
Телефонот е константно во Роаминг.

Потврдено е активиран пакет, сите подесувања направени, сите финти кои ми текнаа, најдов и ми беа препорачани ги направив.

Да не беше ова број кој го користи детето пар пати месечно, досега ќе мигрирав.

Имаш уклучено дата роаминг.Доколу покажува роаминг треба да е активно тоа.
Немам, Data Roaming секогаш наместено на Never.

Но да проследам искуство и решение, како можеби би се нашло на некој некогаш.

После последниот повик со техничка поддршка, овој пат ми кажаа дека овој проблем (Роаминг вклучен цело време, иако на телефонот е експлицитно исклучен) се провлекува кај корисници кај доаѓаат од Лајка.

Запознати се за проблеми, засега нема решение од нивна страна, но за да се надмини проблемот, потребно е да се вклучи роаминг на телефонот, и мобилниот интернет функционира океј.
Секако, нема никаква дополнителни трошоци бидејќи се работи за пакет која нема роаминг можност.
 
Маша

user
24 април 2007
1.052
2.828
Активирав europeNetUp S. Да не има некои други посебни сетинзи? Ова не функционира:

Screenshot_20250316_021326_Perplexity.jpg
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Незнам зошто различно APN имаат пишано.На Мтел бројот е следниот web.mtel.mk
Зашто верува на AI :) Google вика Сервис и поддршка | Добредојдовте на mtel.mk

  1. Одберете Settings – Connections – Mobile Networks – Access Point Names.
  2. Притиснете на + во горниот десен агол.
  3. Во полето APN се впишува web.mtel.mk
  4. Другите полиња не е потребно да ги подесувате, односно потребно е да останат празни.
  5. Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата Save со што подесувањата ќе бидат зачувани.
 
Ts011

user
31 март 2020
1.422
1.073

Атачменти

  • Screenshot_2025-03-16-14-01-33-514_mk.mtel.selfcare.jpg
    Screenshot_2025-03-16-14-01-33-514_mk.mtel.selfcare.jpg
    270,3 KB · Прегледи: 31

kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Пакетот ми се вика xtraTALK MIG. Значи ли дека има вклучено и интернет роаминг во Западен Балкан? Ако нема, дали некој веќе поднесе приговор?
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Нема вклучено.

Шаблонот за приговор што беше споделен пред некое време содржеше и тоа. Неколкумина го поднесоа како приговор.
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Нема вклучено.

Шаблонот за приговор што беше споделен пред некое време содржеше и тоа. Неколкумина го поднесоа како приговор.
Поднесов приговор веќе ама за кратките броеви и тоа на пултот во Сити мол. И ми го средија. А има некој друг начин за поднесување приговор или мора на пулт т.е. на хартија?
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Може електронски.

[email protected]

Предмет: Приговор во врска со услугите по преземањето на Лајкамобајл од страна на МТЕЛ

Почитувани,

Ние, корисниците на мобилниот оператор Лајкамобајл, кои бевме префрлени кон МТЕЛ по неодамнешното преземање, изразуваме сериозно незадоволство од промените и проблемите со кои се соочуваме по овој процес. Подолу ги наведуваме конкретните недостатоци кои значително го нарушуваат квалитетот на услугите што ги добиваме:

  1. Корисниците кои имаа закупено пакети на повеќе месеци, кои вклучуваа бесплатни повици, интернет и СМС, по префрлувањето останаа без услугата за СМС, иако таа беше дел од оригиналниот пакет.
  2. Цената на пакетите е зголемена без соодветно известување или оправдание.
  3. Пакетите повеќе не вклучуваат интернет во роаминг во регионот, што претходно беше достапно.
  4. Во роаминг најчесто воопшто нема никакви услуги (повици, СМС или интернет), што го прави користењето на мрежата невозможно.
  5. Не постои апликација за проверка на состојбата на пакетот или за активирање на нови пакети, а единствената опција е преку јавување, што е непрактично, застарено и одзема време.
  6. ОТП кодовите испратени преку СМС не стигнуваат секогаш, што создава дополнителни проблеми при користење на услуги кои бараат верификација.
  7. Средствата што ги имавме како кредит на Лајкамобајл пред префрлувањето кај голем дел корисници не се пренесени во МТЕЛ и сега се изгубени.
  8. Процесот на префрлување често трае неколку дена, а во некои случаи и до 10-тина дена, при што корисниците остануваат недостапни или не можат да воспоставуваат повици.
  9. За промените на цените на пакетите, услугите кои ги вклучуваат и услугите кои ќе бидат укинати не бевме претходно предупредени и известени, ниту ни беше дадена алтернатива за прилагодување или избор.
Со оглед на горенаведеното, бараме од вас итно да ги отстраните овие недостатоци и да го вратите нивото на услуга што го имавме пред преземањето. Во спротивно, ќе бидеме приморани да поднесеме приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), а истовремено ќе ги напуштиме вашите услуги и ќе ги пренесеме нашите броеви кон друг оператор.

Очекуваме ваш одговор и решавање на проблемите во најкраток можен рок.

Со почит,

[Име и презиме или групен потпис на корисниците]

[Контакт информации, доколку е потребно]
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Од сето наведено ме засега само
3. Ова е голем проблем, имаат договорна обврска (припејд е начинот на плаќање, ама самиот чин на примање на парите е склучување на купопродажен договор).
и евентуално
10. бидејќи МТЕЛ ЕДНОСТРАНО менува некои работи во договорот, должен е да даде период од 15 денови за да се одлучиме дали бесплатно ќе се портираме на друг оператор или ќе си останеме.

Другите работи како да проработеа. СМС и разговори имам неограничени, 5гб интернет, 1.000 минути во МТЕЛ зона (беше неограничено во Лајка зона). Само ова со интернетот во Западен Балкан е сериозен проблем.

Дали на овие приговори на [email protected] одговараат? Дали доделуваат број на приговорот? Мене ми доделија на пулт. И ми се јавија откако го поправија дали да ми праќаат одговор по пошта или е океј само да го поправат
 
Odgovaraat na email, mozi so 2 dena zakasneto ama odgovaraat...
 
godovic

hello world
5 септември 2007
339
392
Скопје
Тие што се мигрирани од Лајка немаат, како што гледам, балкан роаминг. Дали постои опција да се активира или може само како европски роаминг? Дали постои бар во рамки на МТЕЛ групација да се активира роаминг? Пример за Србија, Црна Гора, Босна? Пробувам во контакт центар ама тешко оди.

- Нема опција, ако имаш кредит троши си за интернет или активиај класичен пакет за роаминг !!! гррррр !!!
 
Optipro

lurker
5 мај 2021
618
465
Има некој проблем со МТЕЛ?
ВТОР месец сметка нема, звонам не можам да ги добијам, не знам како да платам за телевизијата..
Најверојатно ке ја исклучат, и на мејл им пишав и на фејзбук, џабе нема одговор.
Мислењето е автоматски споено:

Screenshot_2025-03-17-12-41-43-82_be80aec1db9a2b53c9d399db0c602181.jpg
Те оставаат на seen..
 
kirev

senior
31 мај 2010
9.038
7.709
Тие што се мигрирани од Лајка немаат, како што гледам, балкан роаминг. Дали постои опција да се активира или може само како европски роаминг? Дали постои бар во рамки на МТЕЛ групација да се активира роаминг? Пример за Србија, Црна Гора, Босна? Пробувам во контакт центар ама тешко оди.

- Нема опција, ако имаш кредит троши си за интернет или активиај класичен пакет за роаминг !!! гррррр !!!
Види, они не можат да бираат кои работи од договорот со Лајка ќе ги почитуваат. Или сѐ или нека ги вратат парите и нека нѐ пуштат бесплатно да се портираме некаде.

Ми мириса на прво приговор (на хартија во салон или во сити мол или...) , па АЕК. Кој прв ќе направи ќе заврши работа (јас тешко пред петок).
 
NanoCell

hello world
10 октомври 2011
417
518
Тие што се мигрирани од Лајка немаат, како што гледам, балкан роаминг. Дали постои опција да се активира или може само како европски роаминг? Дали постои бар во рамки на МТЕЛ групација да се активира роаминг? Пример за Србија, Црна Гора, Босна? Пробувам во контакт центар ама тешко оди.

- Нема опција, ако имаш кредит троши си за интернет или активиај класичен пакет за роаминг !!! гррррр !!!
Дојдовните повици се бесплатни, појдовните се наплаќаат без разлика на зоната.
Роаминг припејд | Добредојдовте на mtel.mk (има табела подоле на страницата со соодветните зони и цени)
 
kosmos78

lurker
9 јули 2023
773
859
Конечно и iOS апликација!

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно