Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Nikola100

poweruser
30 септември 2019
5.284
5.256
Скопје
hackitfree.github.io
Затоа што се си има рок на траење.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Со добро одржување тој рок тројно може да се зголеми.
Бетонот колку старее поцврст е..
Бакарот во генераторите не старее...
Челикот многу споро рѓосува ако пазиш и не го чуваш на влажно.
Ако не ги преоптеретиш и прегрееш генераторите и да ја ослабеш изолацијата - ќе траат и 100год.
Се ова паѓа во вода доколку не се грижиш и некој реши - „дај пушти ги на 110% сега треба струја !„
Доколку не плати добра екипа за одржување - нивен надзор добар - Се ќе скапе...
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Со добро одржување тој рок тројно може да се зголеми.
Така е, и појма немаме и може само да шпекулираме дали се или не се добро одржувани. Гледам работат сега за сега. На пример ХЕЦ Матка, е изградена 1935-1938, ама пред 15 години сепак мораше веќе да реконструира.
Бетонот колку старее поцврст е..
Па не баш. Се зависи кај го користиш, колку стрес трпи, атмосферски услови и слично.
Бакарот во генераторите не старее..
Да беше само до бакарот.
Челикот многу споро рѓосува ако пазиш и не го чуваш на влажно.
Ама проблем е што голем дел од челикот сепак е изложен на атмосферски влијанија.
Ако не ги преоптеретиш и прегрееш генераторите и да ја ослабеш изолацијата - ќе траат и 100год.
И ова е дискутабилно. Не се генераторите само бакарот. Има тука многу други елементи кои нажалост се абат со тек на времето и имаат корисен и предвиден рок на траење.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
к, тоа уште пред 30год не учеа на факс дека е само пропаганда дека соме биле богати со хидропотенцијал

Не сум стручен да одговорам кој лаже. Но немаме изградено ниту една градинка од осамостјувањето навака, за градинка што капацитет треба да имаш?

На крај краева имаш и чиста енергија, една нуклеарна централа за цела Македонија. Иако малку ми е шубе, кој ќе раководи со неа, ќе ја расипат ќе не избришат од постоење. Ако се раководи по пропис, доста се безбедни, ене во Украина има 15 нуклеарки 50 години..
Посигурно е нечиста енергија од гас, нафта, јаглен...новите централи загадуваат 1000 пати помалку од рек.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
На крај краева имаш и чиста енергија, една нуклеарна централа за цела Македонија
Кај ќе ја наместиш бе друже?
Тоа бара проточна вода како река, море, (езеро?)

На Црна, Вардар? Во Охрид?

not happening
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Ајде дечки, лапајте ефтини јапонски клими

300173247_6182843938396774_5454333333667641932_n.jpg
 

marv

poweruser
5 октомври 2007
5.788
5.507
Не сум стручен да одговорам кој лаже. Но немаме изградено ниту една градинка од осамостјувањето навака, за градинка што капацитет треба да имаш?

На крај краева имаш и чиста енергија, една нуклеарна централа за цела Македонија. Иако малку ми е шубе, кој ќе раководи со неа, ќе ја расипат ќе не избришат од постоење. Ако се раководи по пропис, доста се безбедни, ене во Украина има 15 нуклеарки 50 години..
Посигурно е нечиста енергија од гас, нафта, јаглен...новите централи загадуваат 1000 пати помалку од рек.
Да не шири е сега на долго градинки, болници ова она. Ррков 50км автопат 10год прават што понатака.

А за нуклеарка не е тоа така просто ко што мислиш ти.

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

CeeTour

hello world
18 септември 2014
127
135
Skopje
Кај ќе ја наместиш бе друже?
Тоа бара проточна вода како река, море, (езеро?)

На Црна, Вардар? Во Охрид?

not happening
На страна ладењето и сите други пречки, хипотетички ја има и направена е. Нема доволно безбедносни и бекап системи, што ќе не заштити од кадар како ДУИ-инг бизнис 3-та смена. Има да напраи Чернобил 2.0 и да остане ненаселива територија у наредни 2000 години.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
На страна ладењето и сите други пречки, хипотетички ја има и направена е. Нема доволно безбедносни и бекап системи, што ќе не заштити од кадар како ДУИ-инг бизнис 3-та смена. Има да напраи Чернобил 2.0 и да остане ненаселива територија у наредни 2000 години.
Нуклеарка освен што треба да биде одобрена од UN, бара и стручни лица. Стручни лица со вакво образование, партизација и Македонија не одат во иста реченица.

И во Чернобил беа стручни ама тој билмезот ја рокна за да се покаже пред партијата.


Соларни панели ни требаат ASAP. Јас имам 6 колектори за топла вода за кои никој никогаш не ми побарал дозвола или елаборат но сега за волтаици ми требаат триста процедури.
Еве во Хрватска државата го укина ДДВ-то, дава субвенции итн.

Времето работи против нив и за жал на наша штета.
До сега ќе имав наместено сто пати. На 300 сончеви денови покривите ни зјаат празни.

Да можам уште сега ќе си заминам и ќе се спакувам ако треба и во најлон кеси. И не се вртам назад.
И не заради пари или финансии
 

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Едната HР25-ка ја донесоа и монтираа, мислам дека (скоро) се направија по PS, единствено што не ставија е буфер гуми на надврешната единица ама мора да кажам дека сум мирен, армирани бетонски блокови е зградата и надворешната стварно е многу тивка и не се слуша внатре и не се пренесуваат вибрации.

Три метри инсталација (може малку помалку :) ), бандажирана и на крај вакумирање, супер работа завршија! Внатрешната преде на ладење, за греење ќе видиме :)
 

Скоти

user
15 октомври 2013
1.273
2.346
Немаш никаква потреба од бафери кај Mitsu. Кај мене и и на парапетните огромна надворешна единица глас не и се слуша.
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Не треба гумени буфери, не тресат климиве. само убаво инсталирајте ги, по можност во полна цигла или плоча.
 

Homekit Enthusiast

read-only
26 август 2022
14
5
Охрид
На ладење не тресат.... на греење кога ќе се кренат обртаите може да јави :)
Toshiba имам Мираи модел 18ка (5.5) лани ставена на празен блок 25ка и стиропор 10ка, има бафери гумени, и точно, на греење има вибрации и звуци, на ладење не се слуша.
Поздрав
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Исто да биде монтажата прецизна под васер-вага. :)
Ова е најбитно затоа што компресорот е поставен на три бафери. Ако е и малку искосена едниот бафер (гумица) ќе се сплеска и ќе го дава она карактеристично завивање кое сите сте го слушнале.

Во зима тие бафери укрутуваат и климата е погласна дел заради тоа и повеќето заради тоа што работи со поголема снага.
2,5-ките се со надворешни единици од 20-ина килограми така да џабе се местат гумици.

Баферите изработени специјално за клима се а) помеки и б) покрути за десната страна

80% од вибрациите се пренесуваат од компресорот по бакарните цевки до внатрешната единица и затоа е пожено (меѓу другото) да има цел круг зад надворешната кој ќе глуми федер и ќе ги ублажува вибрациите.

Идеално е, покрај кругот, цевките да не допират на ѕидот (на местото каде што влегуваат во отворот)
 

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
A се појавила слика и со Али Ахмети, во неговата куќа (во Зајас?), во позадина се гледа дека краде струја?
Мислењето е автоматски споено:

ahmeti.png


Стара вест била, ама актуелна е. Најверојатно цела инсталација освен една сијалција му е премостена да не плаќа ништо повеќе од симболични 300 денари. Којзнае колку струја се краде на овај начин во цела држава.
Значи не само што струјата за која иде сметка не се плаќа, туку и во огромна количина се краде со тоа што не врви низ саат.
Потоа тие загуби се пресметуваат во цената на KWh и ние што сме 50-60% обесправени граѓани од втор ред, ја плаќаме струјата за тие што не плаќаат.
 
Последна промена:

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo

fis1976

lurker
15 март 2016
674
1.298
Скопје
Јас го порачив оваа од Али https://m.aliexpress.com/item/10050...4f9bfdf4d62a8bf6a5d03eedfd6&afSmartRedirect=y не ми хитно па ќе почекам 30/40 дена многу ми го фалеа а доколку сакаш нешто толку мнофу хитно тогаш имаш WAT Metar merac za potrosuvacka na struja mining. А апаратчето за влажност и темп е многу добро а сега гледам дека ѓи има и поефтино одколку да го купиш од ми сторе.

Купен (претпоставувам) потполно истиот мерач од тукашна ФБ страна, брендот е Elivco. По неколку обиди успеав да го "врзам" со Smart Life апликацијата (потполно иста апликација е Tuya, само интерфејсот е црвен а на Smart Life е син), успешно се врза и со Alexa.

Ги има потполно истите функции што се наоѓаат по видеа на Ali и YouTube за тој тип на паметни приклучоци, верувам дека само името е различно а компонентите се исти: on/off, тајмер со функции за поставување на распоред по денови (секој ден посебно, циклично, random итн) и мониторинг на потрошена ел. енергија во KWh (по ден , месечно, годишно) како и моменталната (KWh и mA, W, V). Единствено што фали е пресметката на потрошувачката во пари (нема опција за сетирање на тарифи и цена на KW по тарифа) ама со оглед на ситуацијава со кражби и цени и се поврзано околу струјава кај нас подобро и што нема :) .

Ако ве интересира нешто плус прашувајте
 

Igordobro

hello world
14 октомври 2018
76
15
Искуство некој со Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA / AS50TDDHRA-CLC ?
Планирана е за дуќан со многу прозори, една просторија споена од 24м2. Прозорите се алуминиум од алумина стари, не баш најбоље дихт.
правоаголна просторија.

би требало 18.000БТУ (5кв) да врши работа.

 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Не ќе да е доволно, таа е 4.2KW на греење, а комерцијален простор поготово дуѓан на кој вратата се отвара 500 пати на ден има поголеми загуби. Јас би одел на поголема варијанта во комерцијален објект, кажано вака од тепка.
 

GoranMak

hello world
13 февруари 2020
252
242
Нуклеарка освен што треба да биде одобрена од UN, бара и стручни лица. Стручни лица со вакво образование, партизација и Македонија не одат во иста реченица.

И во Чернобил беа стручни ама тој билмезот ја рокна за да се покаже пред партијата.


Соларни панели ни требаат ASAP. Јас имам 6 колектори за топла вода за кои никој никогаш не ми побарал дозвола или елаборат но сега за волтаици ми требаат триста процедури.
Еве во Хрватска државата го укина ДДВ-то, дава субвенции итн.

Времето работи против нив и за жал на наша штета.
До сега ќе имав наместено сто пати. На 300 сончеви денови покривите ни зјаат празни.

Да можам уште сега ќе си заминам и ќе се спакувам ако треба и во најлон кеси. И не се вртам назад.
И не заради пари или финансии
Владата со бајпас на општините ќе ги забрзува процедурите за поставување на фотоволтаици - telma.com.mk

Измените на законот за градење кои денеска минаа на седница на Владата предвидуваат физичките и правните лица само да ги известуваат локалните власти дека ќе поставуваат фотоволтаици наместо како што беше досега, од нив да добиваат одобрение и решенија. Сепак останува да се доработи и делот со приклучување на мрежата, бавен процес кој е во надлежност на ЕВН а за кој е побарано решение.
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно