Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
- колку се битни греачите на надворешната единица (компресор и тацна), дали и кај поскапите модели ги има или е решено на друг начин тоа?
- дали и покрај тие греачи, надворешната единица би правела дефрости повремено и дали би ја ладело просторијата тоа?
1. Многу малку. Греачот на тацна служи само да не дозволи на тацната да се замрзне водата што се создава од топење на мразот при дефрост. Доколку има непречен одвод и нема екстремни поларни температури, таа вода веднаш ќе истече и нема што да замрзне. Греачот можеби е предност доколку надворешната е на недостапно место со што се оневозможува лесно одржување на одводот доколку се затне. Последица од неистекување на водата е нафаќање на мраз на дното од надворешната со што се отежнува или спречува истекување на водата од следните дефрости. Легендата вели дека мразот може толку да нарасне што перката може да удри во него и да се искрши. Кај нас не е забележан ваков случај.
2. Тој греач нема никакво влијание на начинот и фреквенцијата на правење на дефрост. Исто како и евентуалниот мраз што би можел да остане. За време на дефрост климата не грее односно внатрешната не дува, затоа што климата тогаш всушност преоѓа во режим на ладење за да може да го стопли изменувачот и со тоа да го стопи мразот на него. Кружат непроверени гласини дека некои модели не престануваат да дуваат и во тој период или барем дека доцна престануваат со што дуваат ладен воздух.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Со една клима доле ставена, топлото ќе се крева во спалните и тие ќе се многу топли. Згора на тоа имаш и парно, знам дека нема да го користиш, ама е тука за кога ќе е -10 тие 5-6 дена, или за недајбоже во дефект. Што е многу позитивна работа. Башка никој не вика да ја гасиш климата. Ама ако не постигне, само ќе ДОГРЕЕ ПАРНОТО со симболична потрошња. Сепак на грб ќе ја носи климата. Според тоа мислам дека добра 3.5KW клима ќе ти заврши работа, особено што вишокот дување на 5.5 нема да го користиш воопшто.

Од Мицубиши гледај LN35VE моделот 3.5KW.
Значи од Gree гледај Hansol -30 моделот 3,5KW.
Тој тип на највисок модел на клима треба да гледаш од било кој производител.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
P.S. Има еден друг момент само, тоа што таа клима нема да може да ти ги лади спалните. Затоа што се горе и топлиот воздух ќе седи горе летно време, и нема баш да се спушти надоле кај климата за да може да го олади. Тоа да го имаш во предвид, ако сметаш дека треба многу ладење во летниот период. Ќе видиш следното лето дали е потребно да се лади горе и дали постигнува долната клима. Доколку постигнува океј, доколку не ќе треба да се види кој е највисокиот дел во станот и на тој да се намонтира еден поефтин инвертер за ладење. И така топлото ќе се качува кај неа, и ладењето и на долниот спрат ќе го менаџира таа, со тоа што нема да се осеќа ладно дување скоро никаде. Отом-потом.
 

humdroid

read-only
13 јануари 2016
4
5
Со една клима доле ставена, топлото ќе се крева во спалните и тие ќе се многу топли.

Две спални се на исто ниво со дневната така да и тие ќе се ладат летоска, ама мислам дека една 3.5 ќе олади тука насекаде, нема лавиринти просторот.

Долниот простор е 62 м2 вкупно, дневна кујна и предсобје 33 м2 (со ходник 5м2 а висина 5.5 метри), затоа се мислев за 5.5 kw за греење ако бега тука нагоре воздухот, па и да се загрева една спална (уште едно 12 м2) ако треба.

Скалите водат горе само кон трета спална што не е на цртежов, празна, со косини, 15м2, која што е пекол летоска btw, затворена со врата.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Силно ракоплескање за ценава на хансолов. Аман земете еден ваков и доста не труете со тоа дрвата. Ве молам!

Џабе е ценава за клима со двоен компресор ЕЕВ и се што треба за да е пекол дома за ичпари. Наместо да се затруеме живи еден со друг.

Плус 10 години гараниција имате со 1000-1600 денари чистење годишно. Што е 10-16000 за 10 години. Звучи многу, но сепак е на 10 години и може да се прекине кога било, рецимо после 5 години. Муабетот не е за климава, туку дека следи период кога мамицата ќе ни ја расплакаат со горење дрва, столици и иверица. А ова ќе го земеш рецимо еве сега за 40000 сосе монтажа. Сметките со клима ги имате во другата тема со цени. Смешна е потрошњата. Еве! Еве да земеме дека е 5 месеци, од кои 3 се послаби со 600W, просечна потрошња, а 2 месеца се јаки со 900W. 24/7 греење, бања да е.
0.6*5*30*24= 2200 денари. За греење на стан!
И 3300 денари за појаките 2 месеца! 13200 денари за 5 месеци!

А ние ќе се труеме со дрвата, со цепење, со ложење, со потпалување, со кубиците, со чадот, со пепелот... Ма дајте луѓе да излеземе од 18ти век. Па 21ви е веќе.

Не со хансолов, со кој сакаш појак инвертер е исто.
 

alexandar11

hello world
11 јануари 2010
463
210
Сите немаат изолација и пвц, па да се грејат со клима. Повеќето фамилии и готват на шпорет на дрва и гледаат сметката за струја да не е повеќе од 1500 ден.
Со такви плати уште долго време нема да излезат од 18 век.
 

mihovkris

poweruser
1 јуни 2016
4.765
4.484
Неготино
Не знам дали има тема проблеми со клими... Имам дома квадро некој си 10тина години веќе, летото си работеше се ко шо треба, сеа земав да ја пуштам да топли, само стиснав даљинско, почна да зуи ло ненормална, не се вклучи и така си остана на зуење. Ја исклучив од штекер, го ставив кабелот пак и ене ја си зуи константно а не се пушта. И на ладно, топло, исто прави.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Убав муабет! Одма да се види неколку сервисери за клими да препорачаме ако знае некој! Пред зимава да почне, луѓево да можат да си се греат на клима!

Летоска јас оправив една самсунг со промена на кондензаторот, несакаше да се упали компресорот. Како и да е сервисериве бараат 1000-2000 денари за некои такви поправки, а климата ќе си тера уште 5-10 години како ништо. Инвертериве се далеку покомплексни, ама и тие ги решаваат.
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Сите немаат изолација и пвц, па да се грејат со клима.
Oва е класичниот изговор кој се користи за да избегне трезвено размислување.

Сеедно каква изолација имаш, топлина ќе ти треба со што и да се грееш. Така е?
Се разбира дека е така. Кога зборуваш за изолација, зборуваш за тоа како да се потроши помалку топлина за да се затоплиш. Топлината не ја интересира дали дошла од горење на дрва во ќумбе, или од топлинска пумпа во клима уред... Или да кажам наједноставно што можам: Без или со изолација, ти треба топлина а најевтината топлина денес се добива со клима уред. Изолација ќе помогне со што и да се грееш, дрва или клима, но изолација нема да направи магија и да не ти треба топлина. Затоа остави ја изолацијата на страна, и мисли на тоа кое греење е поевтино. Греење со клима уред е без конкуренција најевтино греење. Погледни ја темата со мерење на потрошувачка на греење со клими ако не веруваш.

Поголемиот дел од луѓето сеуште се греат на дрва од навика и затоа што упорно одбиваат да прифатат дека некој таму уред за ладење можел и да грее, па уште и за толку малку пари за струја. :-/

На никој не може да му биде поевтино да купува 10-тина кубици дрва, да се мачи како грешен ѓавол со ложење дрва, чистење печки и домови и оџаци, итн. Дури и маката и работата на страна, парите за дрвата (и сечење и цепење) за тие 10 кубици САМО ЗА ЕДНА ГРЕЈНА ЗОНА.... Парите за дрва само за една сезона излегуваат повеќе од една одлична клима како Гри Хансол.

Затоа те молам не ми зборувај за немање пари кога всушност треба да збориме за немање памет. :-/


Повеќето фамилии и готват на шпорет на дрва
Плин. Поевтино и побрзо од било што друго.
 

stavrov69

lurker
26 ноември 2008
514
327
За квадратура од 50 квадрати подобар сооднос цена и потрошња ќе имам со хансолот 12 ка или ломо 18 ка?

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Најевтино не е еднакво на комфорно.
25 степени не се исти степени во изолирана и неизолирана куќа/стан.

Пе-ем честичките не ви се од дрва туку од Дрисла, дизели кои "жена ги возела", диви топилница на све и свашта, стари автобуси, лоши и неисчистени оџаци кои не дозволуваат добро согорување итн. итн. итн.

Аман со тие препотентни тврдења левел 21-век. Аман!

Знаеме што треба де. Топлотна пумпа со фенкојлери.
Откако ќе смениш дограма.

Емпатија да се немало..
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Емпатија за глупавоста на трујачите кои ја е*аваат мајката и здравјето од година во година? :hay:

Ај малку риалити чек. Дрисла работи цела година, или само во зима?
Освен Дрисла и сите други загадувачи (освен ќумбињата), сите се активни преку цела година. Диви топилници, дизел аута и стари автобуси, сите тие се активни преку целата година. Зошто тогаш во лето не е ни одблиску толку загадено како во зима?
Ако е во зимна екстремо загадено, најзагадено... Да не се работи можеби за неколку стотини илјади ќумбиња кои се палат само во зима? :)

Инаку 25 степени температура се 25 степени температура секаде. И во Скопје, и на свемирската станица Мир. За промаја не зборуваме.
Ајде уште реалност. 40 илјади денари за дрва секоја година, се повеќе од 37 илјади денари за одлична клима како GREE HANSOL - која би требало да трае најмалку 5 години, а со малку среќа и многу повеќе. А има и за 29к солиден избор од клими. И ај што е поевтино туку не треба ниту аргатување со цепење, сечење, ложење, варосување, чистење оџаци. Не треба ни гасење пожари кога ќе се запалат оџаците.... Дури не мора ни сограѓаните да се трујат заради сопствената глупавост.

Недостаток од емпатија?
Не бе, чиста логика и акутен недостаток од стрпливост и толеранција за единственото нешто што покрај вселената е бескрајно: човековата глупавост.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Повеќе од јасно е дека од горење зимоска доаѓа одвратноста во градов. Целиот труе на дрво запалено.

Сето тоа се решава со едно хансолче рецимо како најефтина опција!
Клик едно копче и си грее 24/7 за 2000-3000 денари месечно, во најлош случај.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
За 6 илјади разлика навистина е многу подобра клима од ломо лцлх... Затоа сега го дадоа попустот, после недели акција на ломото. Само сега се нервираат сите што земале ломо. :)

Ма ја се нервирам пролетта што земав ломо, не па тие пред некој ден што земале. Што и да е, само нека се освестат луѓево за евтино еколошко греење (барем во однос на ќумбињата). И владава конечно да почне субвенци да дава за клими наместо за ќумбиња (на пелети, ама и тие загадуваат а некогаш дури и повеќе од дрва).


едит:
За квадратура од 50 квадрати подобар сооднос цена и потрошња ќе имам со хансолот 12 ка или ломо 18 ка?
Како беше оној вицот, Фата е Фата ама дваа пати се два пати? :hay:
Сериозно, се зависи од енергетските (топлотните) потреби што ги има твојот простор. Ако ти се доволни 12000BTU тогаш Хансол е ТОП опција за овие пари. Но ако ти требаат 18000BTU, епа тогаш 18ка Ломо ќе врши работа додека 12ка хансол ќе се мачи (или нема да постигнува).
 
Последна промена:

Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Дечки ми треба клима за деловен простор од 28м2. Исто така имам ограничен буџет од 16.900мкд за на фактура. Мислев директно да отидам во Грее салон мислам дека имаат една до 16к ама викам ајде чим има тема тука да побарам совет.
 

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Сето тоа се решава со едно хансолче рецимо
Сето тоа се решава со гасификација, затварање на дивите топилници, устрожнување на техничките прегледи затоа што Љутви и остала екипа ги вади ДПФ филтрите, автобусите во отпад и решавање на градскиот превоз.

Ќе блените ко теле во шарена врата кога би виделе колку се греат на дрва во Виена, Грац, Минхен..
Ама на ниво на град сепак се греат на гас.

Чекав на семафор кај Бриколаж и Тамче ми го зеде здравјето со еден фин црн смрдлив чад! Кој го пуштил на регистрација?
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Во основа така вистински се решаваат проблемите. Со гасификација, со спроведување на законите, со затварање на дивите топилници, итн... Но до таа (за нас) утопија нема да дојдеме во следниве неколку векови, ако воопшто дојдеме. Затоа идејата е дека до тогаш рандом граѓанин кој се труе и себе и сите нас со чадот од неговото ќумбе - дека ама ИЧ нема да се заебе ако од дрва премине на греење со клима уред. Поефтино ќе се грее, нема да се замара со ложење, чистење, кречење, итн, и ќе заштеди време и пари, и нема да не труе сите до чад од ќумбето. И баш ова е темата на муабетов, а не идеалните ама утописки решенија кои во догледно време нема да се случат.
 

mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Тешко за тој буџет клима. Рачунај 4000 е монтажа плус. Значи Lomo Eco ти излага 24000 денари.
Дечки ми треба клима за деловен простор од 28м2. Исто така имам ограничен буџет од 16.900мкд за на фактура. Мислев директно да отидам во Грее салон мислам дека имаат една до 16к ама викам ајде чим има тема тука да побарам совет.

Инаку клима се нуди СЕГА ОДМА и решава огромен проблем со загадувањето. И да дојдат утопиите треба котли, греалки и остали глупости кои пак ќе се понеефикасни и ќе се многу поскапи од клима. А шансата за катастрофален дефект е огромна, поготоов кај нас со самоправски ствари по дома.


Климата е решение готово има огромен COP на нашето поднебје и функционира перфектно. Гас нека си мислат тие кои се во Colder Climate зоната каде COP им е под 3. Ние сме на медитеран и на граница на Average/Warmer Climate со најниска просечна температура за јануари од -3.4 степени. Комплицирањето и прекопување на цел град за да се става гас во поднебје кое во грејните месеци вади SCOP 4.5 со најефтиниот инвертер спомнат погоре е многу нелогично. Хиперинвертерите се над 5.5! И ценовно и здраворазумно. Гас треба да имаат само големите објекти и погони, не домаќинствата. Односно не по цена на самоправски катастрофи и прекопувања на цел град.
 
Последна промена:

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
@Mao За деловен простор - ќе се троши струја по индустриска цена, така?
Одврзи го кесето и купувај најекономична 12ка клима која може да се најде. За пар години ќе ги заштедиш парите во разликата (во пари) до евтина он-оф клима. После тие пар години само ќе одиш понатаму во ќар (или ќе одиш во зијан, ако ставиш помалку економична клима).
 

Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
@Mao За деловен простор - ќе се троши струја по индустриска цена, така?
Одврзи го кесето и купувај најекономична 12ка клима која може да се најде. За пар години ќе ги заштедиш парите во разликата (во пари) до евтина он-оф клима. После тие пар години само ќе одиш понатаму во ќар (или ќе одиш во зијан, ако ставиш помалку економична клима).

Moze li da mi objasnis sto e razlikata izmegu 12ka i on-off klima?


Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 

Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Уфф @Mao... од каде да почнам. Ај кратко и едноставно. Со 12-ка се мисли на клима уред со моќност за греење од 12000 BTU, додека он-оф клима се поедноставните клими кои немаат инвертер за постепено да намалуваат/зголемуваат греење (или ладење), туку температура регулираат со целосно исклучување и потоа кога ќе затреба повторно вклучување.

Но тоа е релативно споредно за твојов муабет (освен ако не сакаш да научиш повеќе). Тоа што тебе (како фирма) најмногу треба да те интересира е тоа што инвертор климите се поекономични, или со помалку струја повеќе грејат/ладат. Пошто плаќаш поскапа струја, економичноста ти е еден од примарните интереси, покрај перформансите на клима уредот.
 

Mao

user
5 јуни 2007
1.339
1.094
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Уфф @Mao... од каде да почнам. Ај кратко и едноставно. Со 12-ка се мисли на клима уред со моќност за греење од 12000 BTU, додека он-оф клима се поедноставните клими кои немаат инвертер за постепено да намалуваат/зголемуваат греење (или ладење), туку температура регулираат со целосно исклучување и потоа кога ќе затреба повторно вклучување.

Но тоа е релативно споредно за твојов муабет (освен ако не сакаш да научиш повеќе). Тоа што тебе (како фирма) најмногу треба да те интересира е тоа што инвертор климите се поекономични, или со помалку струја повеќе грејат/ладат. Пошто плаќаш поскапа струја, економичноста ти е еден од примарните интереси, покрај перформансите на клима уредот.

Mislev deka te razbrav. Znaci ti mi preporacuvas ustvari inverter klima 12ka? Site li inverter klimi se 12ki ili ne? Moze li da mi pustis konkreten model za 12ka Inverter ?
 

Последни теми

Последни огласи

На врв