moongose
poweruser
- 19 јули 2013
- 4.376
- 5.510
1. Многу малку. Греачот на тацна служи само да не дозволи на тацната да се замрзне водата што се создава од топење на мразот при дефрост. Доколку има непречен одвод и нема екстремни поларни температури, таа вода веднаш ќе истече и нема што да замрзне. Греачот можеби е предност доколку надворешната е на недостапно место со што се оневозможува лесно одржување на одводот доколку се затне. Последица од неистекување на водата е нафаќање на мраз на дното од надворешната со што се отежнува или спречува истекување на водата од следните дефрости. Легендата вели дека мразот може толку да нарасне што перката може да удри во него и да се искрши. Кај нас не е забележан ваков случај.- колку се битни греачите на надворешната единица (компресор и тацна), дали и кај поскапите модели ги има или е решено на друг начин тоа?
- дали и покрај тие греачи, надворешната единица би правела дефрости повремено и дали би ја ладело просторијата тоа?
2. Тој греач нема никакво влијание на начинот и фреквенцијата на правење на дефрост. Исто како и евентуалниот мраз што би можел да остане. За време на дефрост климата не грее односно внатрешната не дува, затоа што климата тогаш всушност преоѓа во режим на ладење за да може да го стопли изменувачот и со тоа да го стопи мразот на него. Кружат непроверени гласини дека некои модели не престануваат да дуваат и во тој период или барем дека доцна престануваат со што дуваат ладен воздух.