Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,799
14,989
Ако си techie би ти go препорачал Shelly 1PM за нај-профи изведба.
Имаш искуство со Шели? Конкретно во однос на мерењето и набљудувањето на истото преку мобилна апликација и нормално во поглед на интеграцијата во Home Assistant?

btw
Никако не ми е јасно како Home Assistant е во можност инстантно да повлече податоци од Sonoff POW R2 и да ги прикажува во реално време (поврзано во LAN) кога истиот тох Sonoff прави проблем кога ја користиш Андроид апликацијата (и треба околу минута време да се „освести“ и да почни да прикажува real time потрошувачка)
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
147
208

Имам малку.... со 1PM моделот па ептен малку....
Го врзав со продолжно кабле и штекер колку да го пробам дали работи за да потврдам примена пратка :p

Иначе.... топ мобилна апп, топ клауд сервис и топ интеграција со Home Assistant.... и најдоброто од се е што можеш да го користиш само на локал трафик со целосно дисаблед клауд ако не ти треба контрола преку нет.
Башка тоа супорт имаат екстра (официјална фб група) и доста се активни.... баш вчера вечер пополнував еден прашалник.... даваа 15% дискаунт код.... таман за следна нарачка :)
Баму бугарскио.... добри се!
 
Magical

Gaining Experience
15 август 2008
189
273

Јас го користам на бојлер и сум презадоволен. Screenshot_20210825-214311_Shelly.jpg
 
Mephi

Intern
30 август 2021
2
0
Здраво Дечки,
Приметувам дека се разбирате доста во клими, па едно прашање.
Имаат на акција во Сетек 48 без камата, а ми требаат две клими и тоа за:

1. Спрат од куќа од околу 60м2, отворен целосно, ладење лето, и подгревање есенски/пролетен период додека да паднат температури за пелети.
2. Станче од 45м2 во Охрид со една соба, ладење лето, и зима греење, али викендашки, не константно.

Во сетек во моментов климава ем е на -13% попуст, ем има 48 рати без камата.

Ке врши работа да земам две или некој друг предлог ке дадете?

Благодарам :)
 
Kiro619

Intern
5 август 2015
83
49
Здраво, да ве прашам за препорака, 2риот спрат на куќата е околу 96 - 100 м2. Со надворешна изолација 8 цм и ПВЦ прозори. Имам една клима во дневната 5.5KW. Просторот има уште 3 спални и 1 големо WC. Наместена е и инсталација за домашно електрично парно односно извадени се цевки. Се мислам дали е поекономично да купам сега електрично котле или клими и како да ги позиционирам. Не знам никој што се грее на електрично парно па така да совети ако може колкава е потрошувачката и одржување.
 
За станот во Охрид ќе вршиш работа под услов да ја земеш со wifi па да ја палиш пред да појдеш (ако е многу минус)
За тој спрат од 60 квадрати не знам затоа што не наведе каква изолација имаш. Ако имаш одлична изолација со PVC со три стакла ќе бркаш работа. Ако немаш изолација тогаш ќе ти требаат две 3,5-ки.

Како и да е, со климите ќе заштедиш енормни количини на пелети во октомври, ноември, понекогаш до средина на декември па потоа март, април па и мај.
Мислењето е автоматски споено:

Здраво, да ве прашам за препорака, 2риот спрат на куќата е околу 96 - 100 м2. Со надворешна изолација 8 цм и ПВЦ прозори. Имам една клима во дневната 5.5KW. Просторот има уште 3 спални и 1 големо WC. Наместена е и инсталација за домашно електрично парно односно извадени се цевки. Се мислам дали е поекономично да купам сега електрично котле или клими и како да ги позиционирам. Не знам никој што се грее на електрично парно па така да совети ако може колкава е потрошувачката и одржување.
Претпоставувам дека си во стан па мораш да одиш на електрично котле. Во спалните клими од 2,5 киловати, во дневната 3,5-ка јапонска или 5-ка кинеска.
Пиши буџет па ќе правиме муабет.

Идеално е да набавиш и котле и клими. Парното ќе го палиш на многу минус и тоа е тоа.
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
147
208
Малу off-topic али ептен се ќефосав што конечно успеав да гo воспоставам собирањето на податоци од 7те Xiaomi Temperature & Humidity Bluetooth сензори што ги имам низ куќа во Home Assistant и да ги исцртам на графикон со Grafana..... све тоа реал-тиме..... more or less xD
Не е совршено зашто сепак станува збор за собирање на емитувани податоци преку Bluetooth на рандом временски интервал кога ќе му текне на самиот сензор или кога ќе успее сигналот да стигне до Gateway-от.... али сепак ми е топ!
Temperatures.png
Humidities.png

Нека иде зимото :p
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,236
3,960
Не заборавајте да си ги исчистите климите за претстојната грејна сезона. Зборувам за комплетно чистење на изменувачот, перката, филтрите, на внатрешната единица особено, а плус и на надворешната.

Зависно од употребата после 1 година употреба толку многу се собира ѓубре, масла и прашини што скроз се запушуваат изменувачите, перките се цели налепени со црнила и веќе немаат соодветна аеродинамика за да буткаат воздух, а филтрите да не зборуваме.

Да не се жалите дека не ви грее климата после или ви трошела повеќе од вообичаено, или не дувала.

Сега е времето.
 
Последна промена:

zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
147
208
Свака част. Линк до сензорите?

6 имам од овие најевтините

1 троа поасален

И Gateway

Сеа да барам уште еден сензор, мислам исто од xiaomi имаше со сонда за надвор да ја извадам да имам на график и надворешна темп.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,384
1,326
Скопје
6 имам од овие најевтините

1 троа поасален

И Gateway

Сеа да барам уште еден сензор, мислам исто од xiaomi имаше со сонда за надвор да ја извадам да имам на график и надворешна темп.
разлика се гледа мегу поефтините/поскапиот си ги споредил во иста просторија? или повеке е визуелно големина и сл, естетски
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
147
208
разлика се гледа мегу поефтините/поскапиот си ги споредил во иста просторија? или повеке е визуелно големина и сл, естетски
Има разлики... ама ништо значајно...
Доста е пореспонсивен споредено со поефтините. Да му хухнеш веднаш детектира промена на влажност и температура.
И на графиконите се гледа, особено кај Влажноста дека многу почесто испраќа мерења и кривата е поискривена поради почестите варирања при отворање/затворање врата (залепен е на влезната врата во салон - Entance).
Башка тоа користи поголема стандардна ААА батерија.... уште тера еве година+ со првата батерија.
 
Ana85

Intern
14 јуни 2018
26
6
Скопје
Здраво. Ме интересира мислење за климава... Ќе се користи за греење на простор од околу 50 м2, без изолација, со PVC врати и прозори. Ќе може да постигне да го згрее просторот или сепак да гледам модел со поголема моќност?

IMG-1b3881b12748d2b73d3c0fd96202ab11-V.jpg
 
maci

On your way to fame
2 април 2008
3,068
722
Здраво. Ме интересира мислење за климава... Ќе се користи за греење на простор од околу 50 м2, без изолација, со PVC врати и прозори. Ќе може да постигне да го згрее просторот или сепак да гледам модел со поголема моќност?

Погледнете го атачментот 103732
50m2 ,мислиш на отворен простор(една дневна) или дневна 20м2+ходник 5м2+12,5м2 детска и 12,5м2 спална ?
не се лажете по клими со грејачи

и во двата случаеви не добро 3,5 а не па простор без изолација.

ај опиши повеќе,вака ќе лутаме со прогнози
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,236
3,960
Стан? Куќа? Покрив? Стан над ова? Стан под ова? Приземје?
Јас пре би гледал Daikin FTXF50 или слично ако е 50м2 отворен простор.
 
Ana85

Intern
14 јуни 2018
26
6
Скопје
50m2 ,мислиш на отворен простор(една дневна) или дневна 20м2+ходник 5м2+12,5м2 детска и 12,5м2 спална ?
не се лажете по клими со грејачи

и во двата случаеви не добро 3,5 а не па простор без изолација.

ај опиши повеќе,вака ќе лутаме со прогнози

Стан? Куќа? Покрив? Стан над ова? Стан под ова? Приземје?
Јас пре би гледал Daikin FTXF50 или слично ако е 50м2 отворен простор.

Околу 50 м2 поврзано дневна+трепезарија+кујна ...без ходници, све поврзано освен кујната одделена со врата и истата нема да се грее цело време (на кујната отпаѓаат некои 5 м2...што значи простор кој треба постојано да се грее е 45 м2) ...инаку станува збор за куќа, први кат, долу е приземје со гражи и простории кои се користат преку лето и не се греат, а горе втори кат се грее со парно.
Мислењето е автоматски споено:

@maci @mdeni
Исто и оваа ја гледав... Може по ок е за просторот?

IMG-0f459ff6ea0164b2ee9dfcedf93c37fc-V.jpg
 
Погледнете го атачментот 103735
Еве точни податоци за квадратурата: дневна+трепезарија+кујна = 19,6+16,56+9,3=45,46 м2 ... само дневна со трепезарија 36,16 м2.
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
101
60

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,799
14,989
Gree Amber 55.000

Имате ли вие памет што пробувате да дадете толку пари за Gree? Особено за Amber?

Mitsubishi LN35 е иста цена

Имаш Daikin за тие пари исто така.

Ќе ве видам сите како климчите на кајгана форумите в зима.

btw
За тој простор кој е без изолација треба да се наместат две 3,5-ки.
 
Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
Здраво и од мене, исчитав прилично на форумов, па барам совет.

Моментално греам спрат од куќа што излегува на улица без лепенки со други куќи, со релативно средна изолација (сендвич цигла со стаклена волна, дрвени прозорци со двојно стакло) со парно на дрва, но планирам да земам клима (топлинска пумпа ми беше првичната идеја, но финансиски не сум сигурен дали да вложам толку плус) да загревам целосно во потоплите месеци, а во постудените да комбинирам со парното. Климата ќе ми треба воглавно за греење, лето генерално нема голема потреба од клима.

Станува збор за дневен престој од околу 45-50м2, плус салон и три спални соби со вкупна квадратура од 100м2. Двете спални соби моментално не се употребуваат секојдневно така што и не мора да се загреваат. Планирав да земам една 24-ка клима до 80м2 така што да го загревам дневниот престој и да отворам кон салонот и едната спална во која не ми е проблем и поладна температура.

Што би ми препорачале, планираниот буџет ми е околу 70к.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,799
14,989
Што би ми препорачале, планираниот буџет ми е околу 70к.
Јас ти препорачувам 3 или две 3,5-ки за тие пари.

Во никој случај 24-ка. Таква клима се мести во голем отворен простор
Ако ја наместиш во дневната, без разлика на вратите, прво ќе постигни во дневната па ќе изгасни па ладниот воздух од околните соби ќе ја уклучи и така во круг.

Или пак, во дневната 5,5-ка и на друго место 3,5-ка.

Голема улога игра и висината на просторот. Ако дневната ти е до 2,4м тогаш сепак ти предлагам 3x3,5-ки

Како и да е, ќе заштедуваш енормна количина на дрва односно палењето на парно ќе ти се сведе после 20-ти декември па до крајот на јануари.
 
Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
Јас ти препорачувам 3 или две 3,5-ки за тие пари.

Или пак, во дневната 5,5-ка и на друго место 3,5-ка.

Голема улога игра и висината на просторот. Ако дневната ти е до 2,4м тогаш сепак ти предлагам 3x3,5-ки
Ти благодарам. Таванот е негде 2.8-2.9метри. Во случај на 1х5.5 и 1х3.5 што брендови би ми препорачале за планираниот буџет?
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,517
4,188
Скопје
Бидејќи другата тема за резултати е неактивна, ај и тука да споделам кратка анализа... Клими Mitsubishi AP35 и AP25-VGK.
____________________________________________________________________________________________
Ми стигна сметка за струја за јули 2021 (и нешто август), па да споделам потрошувачка.

Според ЕВН, имаат испорачано 201 kWh во период 08.02.2021 - 05.08.2021, од кои 90,6 kWh (606 денари) во висока и 110,5 kWh (371 денари) во ниска тарифа. Со данок и такси, сметката е 1230 денари за тој период.

evn_072021.png

Бидејќи беше топло периодот, климите ладеа (наместени на 25/26 степени со вентилатор на 1/2) од после пладне па се до легнување (12/1/2). Во прилог и температурни податоци за истиот период.

AP35_072021.png AP25_072021.png AP35_temperatura.png

Според Melcloud, климиве тој период потрошиле ни 25 kWh што е смешно.

Покрај фрижидер нели, на дневен тајмер од 5 часа е и пумпата за базенот (најголемата од интекс ~12 m3/h) како и хлор генераторот, редовно машина за садови, перење и готвење...

Муабетот е, ако Мелклауд е точен, излегува само климите на ладење потрошиле околу 150 денари.
 
undergrounde

Gaining Experience
11 декември 2009
491
373
Струја си платил 1230 ден за 1 месец? Колку члена е семејството? Последни 20 години не паметам под 2000 денари да сум платил
Летно време само за бојлер одат 70-80кв
2 тв по 8 часа на ден околу 50-60кв
Готвење 1 час 2кв, 30 дена 60кв
Комп 5-6 часа 30 дена 60кв
3 фрижидери 100кв
Машини за перење 30-40кв
Клими и останати потрошувачи 50кв
Точно 450кв, толку ми дојде и сметка
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,029
Мислења
870,501
Членови
30,365
Најнов член
Meri2310
На врв Дно