• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
160
234
@zlatko_ti412
Што просеци вадеше Mitsubishi-то во жештиниве?
На колку наместено и така тоа.

Летово преку ден ја користам поставена на 27C и Silent за колку што можам да го намалам ефектот на директното дување во мене.
Навечер штом се тргнам од пред неа.... на 26С и ауто-фан до сабајле.
Ретко по потреба на 25 и макс фан.
Преку лето ладам 45m2 простор (дневна + салон + спална).

Просек би рекол околу 100w.... мерачите велат и понизок...
Последниве неколку дена мерењата викаат испод 2kw дневно....
Јули целосен само 41kw потрошени или 203 денари.... додуша викендите кога не бев по дома ја гасев од петок попладне до недела вечер.
Од август со внесена нова цена за струјата....до сега вика потрошени 32kw или 177.5 денари.
last5days.jpeg August-new-tariff.jpeg August.jpeg July.jpeg

Еве графикон околу Илинденот кога ми беше угасена скоро 5 денови со ред и внатрешно целиот простор се загреа на 29С па првиот ден работеше со повисок просек после тоа постепено си слезе на 100w.
Screenshot 2021-08-16 at 14.44.13.png

However, поради тоа што бирото ми е фиксирано право пред клима (wall stand monitor) практикувам додека работам и седам директно под климата да ја користам во фан-мод по неколку часа, бар до кај ручек време кога ќе сврти сонцето да грее во прозорите и не се издржува повеќе без ладење ;(
Еве график од последни 24ч.
Вчера пред легнување кај 1часот луфтирав и ја намалив од 27 на 26С... утрово пред 10 ја ставив на фан-мод до пред малку кога ја вратив пак на ладење....
Screenshot 2021-08-16 at 14.45.37.png
 
undergrounde

Gaining Experience
11 декември 2009
495
376
Па како што гледам ти не ја користиш климава, подобро вентилатор да ти дува.
Според мене 27 степени е висока температура, ама тоа е индивидуално
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
160
234
Ех да можеше само на вентилатор ;)
Се е индивидуално..... јас неќам мразалници.... само сакам дома да ми е пријатно.... на олку жешко надвор 26С по дома ми е таман.
Исто и позицијата ми е така погодена климата да е поставена во алогот од кај што доаѓа топлината од сонцето во просторот па со тоа што ја држам поставена на 27 директно пред климата кај што дува се разбира е малку поладно а целиот простор го одржува испод 27С.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,907
15,221

До оваа година многу ретко уклучувавме клима за ладење или пак ја уклучувавме спорадично.
Оваа година решив да ја користам на разумен начин. Наместена на 26 степени, на фан 2 или ауто работи со саати на 350W се до 14:00 Потоа до 19 и нешто зголемува на 450-500W.

Супер задоволен. И од потрошувачка и од ладење
Жешкиот период оваа година траеше предолго. Едно 14-ина дена во серија над 35.
Сега пред некој ден климата ја исклучив дури во 23:00 при надворешна 26 која се задржа се до утрото и пак одново.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,907
15,221
Колку би му дошло ова во парички за еден месец работа (отприлика)?
Од 1 август до денес (16-ти) имам 400 денари со ДДВ. За да нема забуни, климата се пали од некаде 09:00 па се до 20:00 (еве да заокружиме на 12 часа затоа што секој ден различно ја гаснам)

Потрошувачката е смешна за оваа клима. Затоа што едно 60-ина вати отпаѓаат само на вентилаторите. Ова е за да доловам компресорот колку троши, иначе е ирелевантен податок.

Во математиката исто така спаѓа и времето поминато само на вентилатор за да спречам „замирисување“ а тоа отприлика би било едно 2-3 часа.

Ако би го изгаснал 3D-iSee сензорот и би ја терал на фиксна брзина мислам дека би турнал едно 100-ина вати подолу ама нит имам желба нит имам време за експерименти.

140 квадрати со 350~400W, со температури пониски 14 степени од надвор, е потрошувачка која не е вредна за спомен.

За илустрација, VIVAX-ите наместени на вака мекначка температура работат со 200~250W.
Само еднаш единствен пат имав потреба да ги уклучам затоа што пред една недела имавме нечовечки температури.
Кога ги уклучив работата на „главнава“ клима веднаш се растерети а дома беше грч.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,907
15,221
Vivax R Design за американци. Убаво сработен мулти сплит.
Американциве ми се симпатични заради повеќе причини. За почеток, дури сега почнуваат да ги откриваат сплит климите и да ги согледуваат предностите над нивните „мрцини“ за ладење.

Толку им е унапреден брендов што ги испорачуваат со вакумирани внатрешни единици и цевки кои исто така се вакумирани.
Темплејтон е боли глава.

btw
Наш мајстор да го гледа ова ќе заврши на апарати. Ако пак гледа видеа од овластени HVAC сервисери на Mitsubishi, Daikin, Fujitsu каде што пред вакум ги полнат со азот па потоа вакум ќе завршат пореметени.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,942
3,332

А тек пластичнине канали и цевки и маски. Крај. А тек замисли струја донесоа до надворешната, па од неа до внатрешните. Овде викаа и дека можело и обратно, шо имало везе

п.с. ептен ме бендиса искористувањето на кондензатот. Не ми текнало никад. Утре иде мојата една со екстендер директ у жардињери на балкон

Sent from Телефон using Tapatalk
 
DelphiUser

Practice makes perfect
2 март 2011
1,576
1,526
Drachevo
Американциве ми се симпатични заради повеќе причини. За почеток, дури сега почнуваат да ги откриваат сплит климите и да ги согледуваат предностите над нивните „мрцини“ за ладење.

Толку им е унапреден брендов што ги испорачуваат со вакумирани внатрешни единици и цевки кои исто така се вакумирани.
Темплејтон е боли глава.

btw
Наш мајстор да го гледа ова ќе заврши на апарати. Ако пак гледа видеа од овластени HVAC сервисери на Mitsubishi, Daikin, Fujitsu каде што пред вакум ги полнат со азот па потоа вакум ќе завршат пореметени.
Монтерите испушниот вентил ги боли. Нит имаат школо, нит се едуцираат нит се информираат, намерно не вакумираат повеќе од 5 мин, фаќаат по 10.000 на ден а не даваат ни фискална. За нив ова е Америка.
 
krema

Epic
24 јуни 2009
13,017
12,345
youtu.be
Пред две-три недели го гледав видеото и морам да кажам дека се воодушевив од педантноста и креативноста при монтирањето. Ова треба да биде репер за сите монтери на клими воопшто!
 
Deksa

On your way to fame
9 февруари 2012
820
562
Drugari da ne prodava nekoj ispravna vnatresna edinica kako ovaa ili slicna ili kade moze da najdam?
Nadvoresnata si raboti bez problem.
21acce5f11aadad001a7eeee2e95254e.jpg

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
101
60
Drugari da ne prodava nekoj ispravna vnatresna edinica kako ovaa ili slicna ili kade moze da najdam?
Nadvoresnata si raboti bez problem.
21acce5f11aadad001a7eeee2e95254e.jpg

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Пoбaрaј пo oглaсиве Реклaмa 5 Пaзaр 3 или прaшaј пo сервисиве за клими мoжеби би мoжеле дa ти јa пoпрaвaт врз oснoвa нa дефектoт.
 
bakigvg

Gaining Experience
28 јуни 2016
138
67
Се спремам за купување на уште една клима во 35-40м2, низок плафон сутерен со висина околу 2.20м. Буџетот е околу 1000 евра, првично се мислев за моделот на Daikin FTXF35A/RXF35A, со оглед дека го имам поголемиот модел од овој климатизер 5ка, и сум одлично задоволен, но некако се предомислувам и сакам да имам и едно Mitsubishi. Од Mitsubishi моделите ги гледав овие два: mitsubishi msz-ap35/muz-ap35 vs Mitsubishi MSZ/MUZ-AP35VG. Ако може мала помош која е разликата помеѓу нив ?
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,907
15,221
Ако може мала помош која е разликата помеѓу нив ?
Истите клими се само што едната не е прецизно напишана.

Ако имаш 1000 евра буџет тогаш Mitsubishi LN35

Собата е ниска. Внимавајте на местењето на внатрешната единица. Минимум 20 сантиметри над неа. Иначе многу брзо ќе трупа топол воздух и ќе гасни. Било каква да ставиш ова ќе се случува.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,328
4,095
А зошто не иста каква што имаш и си задоволен? Фтхф50ка?
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,548
4,255
Скопје
Се спремам за купување на уште една клима во 35-40м2, низок плафон сутерен со висина околу 2.20м. Буџетот е околу 1000 евра, првично се мислев за моделот на Daikin FTXF35A/RXF35A, со оглед дека го имам поголемиот модел од овој климатизер 5ка, и сум одлично задоволен, но некако се предомислувам и сакам да имам и едно Mitsubishi. Од Mitsubishi моделите ги гледав овие два: mitsubishi msz-ap35/muz-ap35 vs Mitsubishi MSZ/MUZ-AP35VG. Ако може мала помош која е разликата помеѓу нив ?
Истото е, MSZ е ознака за внатрешна единица, MUZ е ознака за надворешна единица. Јас имам АР 25 и 35 и сум презадоволен, многу тивка и многу економична. Имам и LN35 во канцеларија и е подобра, ама и доста поскапа, мислам дека за 1000 евра нема да можеш да купиш LN.

Ако бараш АР модел, гледај да биде AP35VGK, К на крај означува дека е со вграден WiFi модул. Модулот одделно во Енерго Систем е 3.800 денари.
 
bakigvg

Gaining Experience
28 јуни 2016
138
67
А зошто не иста каква што имаш и си задоволен? Фтхф50ка?

Голема е таа за тој простор, дилемата ми беше помалата да ја земам FTXFA 35A или да одам со Митсубиши AP.
Мислењето е автоматски споено:

Истото е, MSZ е ознака за внатрешна единица, MUZ е ознака за надворешна единица. Јас имам АР 25 и 35 и сум презадоволен, многу тивка и многу економична. Имам и LN35 во канцеларија и е подобра, ама и доста поскапа, мислам дека за 1000 евра нема да можеш да купиш LN.

Ако бараш АР модел, гледај да биде AP35VGK, К на крај означува дека е со вграден WiFi модул. Модулот одделно во Енерго Систем е 3.800 денари.

Да тој модел го барам со вграден WIFI модул. Фала ти за одговорот и од каде ја зеде ?
Мислењето е автоматски споено:

Истите клими се само што едната не е прецизно напишана.

Ако имаш 1000 евра буџет тогаш Mitsubishi LN35

Собата е ниска. Внимавајте на местењето на внатрешната единица. Минимум 20 сантиметри над неа. Иначе многу брзо ќе трупа топол воздух и ќе гасни. Било каква да ставиш ова ќе се случува.

И јас би LN 35 но е многу поскапа. Нема да биде до таван залепена, повеќе ќе биде како ниско подна затоа што до таванот има прозорец, а она ќе биде под прозорецот.
 
Последна промена:

Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,548
4,255
Скопје
Да тој модел го барам со вграден WIFI модул. Фала ти за одговорот и од каде ја зеде ?
Мислењето е автоматски споено:
Во Енерго Систем не беа сигурни дека пратката што ќе им стигне ќе биде со К ознака. Јас ја земав од колега/пријател од Битола. Техно Битола е фирмата, ми ја доставија преку карго експрес до Скопје до адреса. Ако нешто менува, ми ја доставија и поновата ревизија Е2 и Е3 кои се до даљинско со освтлен екран. Е1 е без такво.
Ако ти треба контакт пиши ми ПП. AP35VGK ме фати околу 55к.
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
160
234
Барам климичка за роднини.... буџет 50к... плус/минус ситно....
45м2 отворен простор.... сега викаат претежно за ладење и пригревање навечер во преоден период....
Ја се надевам дека ако задоволува климата можеби ќе го заборават каминот додека не фати најладното.

Со буџетот стигнав до овие 2....
Имаше и Вивакс 18ка АЕРИ во игра ама мидеава као подобра?

Midea MSAGCU-18HRFNX-QRD0GW/MOX301-18HFN8
Или
HAIER TUNDRA GREEN AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA

Која? Ама и зошто?

ПС. Нит за Мидеа-та успеав да најдам повеќе детаљи за компресорот (освен дека е GMCC)..... нит па за Хаиер-от (освен дека е Highly GSD102UKQA6JT6)
Еуровентите ги споредив.... Хаиер-от појак иди па се накај него тежнее вагата ама би сакал да видам што носи Мидеава зш иди малку поскапа.
Пред некое време чинам некој прашуваше тука за истава Мидеа.... па ако ја има некој веќе земено би било супер ако сподели искуство.
 
Kiro619

Gaining Experience
5 август 2015
97
56
Да ми препорчате некој consumption meter да ставам и ја на климава да видам како ке се покаже.
 
zokiopp

Intern
23 јуни 2009
120
3
Здраво луѓе.
Сакам да греам простор од 35м2 оваа зима(Доволни ми се 24c константна темп). Имам ставено нови пвц прозори и 10цм тервол на таванот но куќата нема фасада и е само внатрешно малтарена со лепак и абрип. Дали може да ми препорачате добар инвертер што е вклучен во GEFF програмата за енергетска ефикасност? би требало околу 5KW по моја пресметка и буџетот може да е до кај 70000 денари. Разгледував Daikin FTXF50 но не се вклучени во GEFF програмата.
Пријатна вечер на сите.
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
160
234
Да ми препорчате некој consumption meter да ставам и ја на климава да видам како ке се покаже.
Ако си techie би ти go препорачал Shelly 1PM за нај-профи изведба.
Ако не си баш ама сепак сакаш смарт штекер и да си следиш потрошна од телефонот би ти го препорачал Broadlink SP3S
На крај.... најобичен WattMeter што можеш да го најдеш и кај нас во продавнициве за електро опрема.
baea9e0e8dd3076b2ce0d0a4362ebda9cec08393_1024_1024.jpeg
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,131
Мислења
878,516
Членови
30,747
Најнов член
Red...Devil
На врв Дно