1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    909
    960
    2 Март 2011
    Машко
    Ако е -30 мидеата слободно земај.
     
  2. Quasimodo

    Quasimodo
    Intern

    44
    18
    2 Септември 2016
    Машко
    Таа Мидеа има исти бројки ко Аери 12 може да е истата. Мидеава има eurovent
     
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,362
    3,071
    24 Септември 2012
    Најважно за спална е сосем различно од дневна. За спална треба да се види дали воопшто можат да спијат луѓето со вклучена клима. И со дувањето кое произлегува од климата.

    Ако да тогаш океј, ако не тогаш можеби треба да се гледа некоја послаба изведба како 2.5KW затоа што останатиот простор и онака е покриен со 5.5KW климата која си е во ред за употреба.

    Исто опција е ако се мали загубите и пречи дување и бучава од клима, да се постави панелен конвектор со добар термостат кој ќе одржува температурата во собата да не падне под 20Ц, а топлина да си влегува од вратите од главната клима.
     
    На mnikolce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
    Јас немам прочитано SCOP или COP поголем од 5.5... За SEER ИЛИ EER има 10 и повеќе
     
  5. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
    Во што е подобра Ucrown12 од Аmber12, koга Aмберот има подобри SEER I SCOP?
     
  6. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    350
    278
    1 Февруари 2017
    Машко
    cenata mu e momentalno mnogu dobra pokraj drugi raboti
     
  7. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,362
    3,071
    24 Септември 2012
    SCOP има до 6.2 тоа е сезонско мерење.

    [​IMG]

    А COP има и 10 и повеќе, на 15 надвор при 300w потрошувачка секој инвертер дури и најефтиниот има 10 цоп.
     
  8. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
     

    Прикачени датотеки:

  9. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
    Може ли некој да ми прате линк за еуровент за следните клими:

    MITSUBISHI MSZ-LN35VE/MUZ-LN35VE
    TOSHIBA SUPER DAISEIKAI 9 RAS-13PKVSG-E/RAS-13PAVPG
    GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A
    VIVAX ACP-12CH35AEYI R32
    COOPER&HUNTER CH-S12FTXLA ARCTIC

    Првите две се околу 80.000 ден, а вторите две 50.000 ден, последната 32.000 ден.
    Дали е исплатливо вложувањето во поскапа клима и за колку години би се вратила инвестицијата со оглед на потрошувачката на енергија.
    Сите се во А*** класа


    Прочитајте повеќе на Cooper&Hunter CH-S12FTXLA ARCTIC ЗА САМО 31990 ден
    Прочитајте повеќе на VIVAX ACP-12CH35AEYI R32 ЗА САМО 49990 ден
    Прочитајте повеќе на GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A ЗА САМО 49990 ден
    Прочитајте повеќе на TOSHIBA SUPER DAISEIKAI 9 RAS-13PKVSG-E/RAS-13PAVPG ЗА САМО 77990 ден
    Прочитајте повеќе на MITSUBISHI MSZ-LN35VE/MUZ-LN35VE ЗА САМО 79990 ден
     
  10. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
    Oсвен цената не гледам други подобри работи... Или не гледам добро?

    Аmber:
    Енергетска класа (SEER/SCOP): A+++ (8.5 / 5.1) Максимален капацитет на ладење: 5000 W Максимален капацитет на греење: 7200 W Просечна моќност: Ладење: 3530 W ; Греење: 4200 W Влезна моќност ладење: 840 W Влезна моќност греење: 950 W Проток на воздух: 800 m³/h Капацитет на одвлажнување: 1.4 l/h Ниво на бучава: 46 dB (A) Работна температура: од -30 °C до 54 °C Маса внатрешна единица: 13.5 kg Маса надворешна единица: 45.5 kg Препорачана површина: 35 m² Фреон: R32 Филтри: Филтер за прашина, плазма филтер Димензии надворешна единица: 899×596×378 mm Димензии внатрешна единица: 996×301×225 mm Гаранција: 10 години Останато: Aвтоматско работење, вентилатор, нормален мод за спиење, вертикална и хоризонтална авто нишалка, auto fan, тивок мод на работа, i-feel функција, интелигентно одмрзнување, auto restart, турбо, self дијагностика, превенција од ладен воздух, тајмер, турбо копче, intelligent auto restast, dehumidifying, 3D проток на воздух, two-stage compressor заклучување, lcd (back light), led, интелигентно предзагревање, штедење на енергија, режим на греење (8°C), турбо ладење, низок напон на стартување. Функции: Вградена Wi-Fi контрола.

    U-crown:
    Енергетска класа (SEER/SCOP): А++ (7.0 / 4.6) Максимален капацитет на ладење: 4450 W Максимален капацитет на греење: 5400 W Просечна моќност: Ладење: 3500 W ; Греење: 3600 W Влезна моќност ладење: 95-1550 W (920 W) Влезна моќност греење: 100-1680 W (970 W) Проток на воздух: 720 m³/h Капацитет на одвлажнување: 1.4 l/h Ниво на бучава: внат.единица: 43 dB (A) / над.единица: 52 dB (A) Работна температура: од - 30 °C до 54 °C Маса внатрешна единица: 12.5 kg Маса надворешна единица: 44.5 kg Препорачана површина: 35 m² Фреон: Еколошки фреон R410A Филтри: Bio-филтер Димензии надворешна единица: 899x596x378 mm Димензии внатрешна единица: 860x305x170 mm Останато: Led дисплеј, тајмер, автоматско чистење на климата, интелегентно одмрзнување, автоматско рестартирање, функција за заклучување, удобен мод за спиење, превентива од ладен бран, покажувач на температура, компактен дизајн, излез за вода од двете страни, турбо функција. Гаранција: 10 години Функции: Вградена smart Wi-Fi контрола.

    Прочитајте повеќе на GREE U-CROWN GWH12UB-K3DNA4F ЗА САМО 39990 ден

    Прочитајте повеќе на GREE AMBER -30 GWH12YD-S6DBA2A ЗА САМО 49990 ден
     
  11. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    350
    278
    1 Февруари 2017
    Машко

    View: https://www.youtube.com/watch?v=NYQQgze0ch8
     
  12. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,287
    3,403
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ке ти препорачам малце несекојдневно а можеби глупаво за тебе :
    Ке си земеш еден мајнинг риг со 6 карти XFX 580 небитно дали 4 или 8гб.
    Тие греаат до 65-70 степена една карта што тоа е и фабрички нормална граница.
    Ригот троше месечно 2400 денари струја. Заработува некаде 1000-1500 денари.
    Цената на еден риг просечно е 450 евра односно по цена на една инвертер клима.
    Додека траат ладните периоди односно тоа е некаде 6 месеца ти ке бидеш ќар 6000-9000 денари и плус топла соба.
    Потоа можеш ригот да си го шитнеш за 350-400е пак :)
    Секоја година си го практикувам истото така да не го зборам овоа од памет.
    Патем ке ставеш бокал вода у собчето затоа што топлината од ригот го суше воздухот.
     
    MacRazor, toshex и на GGTT1 им се допаѓа ова.
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,445
    12,622
    2 Август 2012
    Машко
    Зависи каква изолација имаш и дали ќе менуваш еден инвертер со друг.
    И да, сите имаат A+++ ама сите немаат иста логика на дување и топлење. Не може се да се сведи на исплатливост.

    Ако споредуваме бројки нема да ти се исплати
     
  14. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    47
    34
    16 Јуни 2017
    Вложувањето во поскап инвертер секако е исплатливо, ама вложувањето во тие најскапите (како Даисекаи на Тошиба), најверојатно нема да биди исплатливо (овде зборувам за неисплатливост од аспект на математичка економија, не зборувам за исплатливост преку удобноста, безчујноста и премуим чувството што ќе го понудат моделите како Даисекаи).

    Значи поисплатливи, гледано цена/перформанси ти се некои инвертери од средна класа (за Тошиба тоа се Сузуми плус), а секако дека ќе грејат и поефтините....можда поќе ќе поарчат (тоа пониски SCOP имаат), и можда ќе брмчат троа поќе, ама ќе...грејат.

    Од мое лично искуство, „топло“ ја препорачвам серијата на Сузуми плус од Тошиба. Даисекаи, според мене се ценовен оверкил.
    Сега скоро ставив уште еден нов инвертер, Кериер, од најтивките: CARRIER Infinity Ultimate 42QHB09D8S / 38QHB09D8S по супер цена од 31.990 ден.
    Тикви со расол е тивок. Убав е, греј, не велам не, ама тивок НЕ е :)
    И то...
     
    На Academic и mdeni им се допаѓа ова.
  15. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    909
    960
    2 Март 2011
    Машко
    Дали монтериве на клими можат да бушат во бетонската плоча и тука да ги постават држачите за климата?
     
  16. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    47
    34
    16 Јуни 2017
    Можат (под услов да имаат добра хилта со добри глета и круни), иако го избегнуваат тој момент.
    Избегнувањето е по два основи:
    • поради што се појавува потенцијално нарушување на структуралниот интегритет на целината од плочата (или бетонскиот носач)
    • поради тоа што е потешко за бушење во цврст бетон, и треба да се подзапотат поќе....
    Ова случајно го знам од муабет со монтери на клими/инвертери.
    Можда има уште причини, а можда и овие не држат вода :)
     
  17. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    909
    960
    2 Март 2011
    Машко
    2 дупки за штраф м6 сигурно нема да има ефект на плоча од 30-40цм, ќе да е другото. Претпоставувам не сакаат да се помачат, иако цената за инсталација на клима е премногу висока.
     
  18. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    47
    34
    16 Јуни 2017
    Две дупки за штрафчина, ич не се проблем.
    Јас ко разговарав со монтерите, ми кажуваа за дупки со поголем дијаметар, околу 10тина сантиметри, односно за дупките за цревата...за нив поќе важеше муабето.
     
  19. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    350
    278
    1 Февруари 2017
    Машко
    Nakratko stavi prepakuvana Midea.
    Ima Carrier sto e prepakuvana Toshiba
    Ima carrier sto e prepakuvan Gree
     
  20. MacRazor

    MacRazor
    Intern

    63
    17
    15 ноември 2017
    Машко

    Другарче немој да си играш ташак, не за друго, нема смисла. Башка не се исплати!
     
  21. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,287
    3,403
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    @Sludge.Factory Ај објасни му на господинот .
     
    На Sludge.Factory му/ѝ се допаѓа ова.
  22. MitkoI

    MitkoI
    Intern

    150
    39
    11 Јуни 2017
    Машко
    Јас од 2017 имам ставено грее ломо лслх еве и слики. Поставена е да ми грее дневна, трпезарија и кујна 35 м2. Одлична е но во најладните денови и треба помош. Сега сакам да земам нешто подобро појако и да ка ставам на нејзино место, а ова да ја ставам како клима 2 во ходник за затоплување на спалните соби (види скица). Се мислам што да земам и затоа беше прашањето што се исплати. Во ранг од околу 30000 ден. Веќе имам, од ранг 80.000 ден ми е прпремногу, па златна средина 50.000 ќе заврши работа. Само се мослам дали дабиде GREE AMBER 12 или VIVAX AEYI 12, затоа и барав еуровент но изгледа немат ни едната ни другата. received_958855457804052.jpeg received_2547625828799670.jpeg received_2504331096505854.jpeg received_2433007740287700.jpeg received_489616008312002.jpeg
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  23. doktore

    doktore
    Intern

    28
    2
    18 Септември 2019
    Машко
    Дали е нормално кога ќе ја наместам климата на 20 степени да дува речиси ладен воздух, а кога ќе ја зголемам на 23-24 да почне да дува топло?
    За даикин ftxf 3.5 станува збор

    Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
     
  24. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    909
    960
    2 Март 2011
    Машко
    Aко внатрешната температура е 20, да.
     
    На doktore му/ѝ се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,445
    12,622
    2 Август 2012
    Машко
    И тоа како. Сметај дека воздухот што го зема има мин. 19 степени а ваму треба да направи разлика за 1 степен. Во превод, климата скоро и да не работи. Или, ќе уклучи компресорот па ќе изгасни и ќе ја дува "акумулираната" топлина.

    Држи ја на мин. 22 или 23
    За брзината нема рецепт. Ќе мора да експериментираш
     
    На doktore му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...