1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Благодарам за искрениот одговор. Впрочем за тоа и побарав мислење од вас поискусните на форумот затоа што немам никакво искуство со клима уредите.
    До пред две години се греев на централно парно во Аеродром и си беше претопло по кратки ракави во цел стан. Сега сум во куќа во Скопска Црна Гора
    и малку е поразлична климата на повисока местоположба. Колку што пролистав низ форумов клима уредите имаат проблем на магла и влажност.
    Овде деновите со магла се многу ретки и речиси дека ги нема ( на прсти се бројат ) меѓутоа температурата е за 3 до 5с лето-зима поладно од Скопје.

    Минатите две зими ќумбето ( камин 18 kw ) без проблем ги грееше горенаведените простории
    во салонот 28с а во спалната немам термометар, а не е ни важно таа е само за спиење ( накрајот од краиштата и не мора да се грее ). Ќумбето се гасеше во 23ч. а го палевме наредниот ден во 16-30ч. ( На работа, факултет и школо )
    За 17 часа температурата во салонот секогаш беше 18с и во најладните денови
    -18с со отворена врата од спалната. Инаку ќумбето до 18-30ч. повторно 28с ама дрвата како соленки низ оџакот ги лета

    Да смогнам сили и да одам на TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-18PKVSG-E/RAS-18PAVSG-E - 71 690 или DAIKIN FTXF50A/RXF50A - 66 890 ден.
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Мислам дека нема да видиш многу бенефит од додатните 2000BTU (во однос на 16000BTU од иницијалниот предлог). А ќе те кошта солидно повеќе пари. Инаку не можам ништо да кажам за тој модел на Даикин.

    Проблемот е што не може целиот стан да се гледа баш како еден простор. Првенствено се загрева дневната соба и за таму гледано доволно е силна 16-ката Сузуми. Како да завртиш, со било која клима, во спалната секако ќе имаш неколку степени пониски температури. А во дневната 18ка клима ќе направи разлика само ако навистина сакаш грееш на 28с, но дури и 18-ката ќе има голема потрошувачка за да држи 28с. Едноставно климиве губат ефикасност кога се задаваат толку високи температури. Од 25с погоре ефикасноста во потрошувачка оди осетно надолу.

    И само да знаеш дека и прејака клима има свои проблеми, може пребрзо да загрева и да се гаси како он/оф клима (прочитај за ова наназад е објаснувано повеќе пати).


    Ок, значи имаш добра изолација. Важен предуслов за економично греење со клима уред.

    Па нормално дека ќе дига на 28с, ќумбето ти е 18 киловати. Уште еднаш, со големи букви: ОСУМНАЕСЕТ КИЛОВАТИ! :)

    Како сакаш да го споредуваш 18 киловати грејно тело со 4.5 киловати (16ка) клима уред... Па ете и 5.5 киловати (18ка) нека биде.

    Гледај, да не се мачиш и да не се повторуваме - има две варијанти:
    - земи си ја 16-ката и свиркај, повеќе од веројатно е дека ќе бидеш задоволен, со тоа што во најлош случај има шанси да испадне 20-тина денови да треба навечер да догреваш со некоја панелна грејалка (јас мислам дека нема, штом држи дома топло цел ден од огинот претходниот ден).
    - земи осетно поскапа 18-ка за да имаш мир на умот, дури и ако нема да се исплати (и дури и да ризикуваш климата да работи како он/оф клима)
    На крај твој е изборот.
     
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Ако е бал...

    За 70000 има Тошиба Сузими Плус 22јка.
    [​IMG]
     
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Јас бев на чекор до купување на оваа.
     
  5. KiLian

    KiLian
    Intern

    13
    0
    9 ноември 2008
    Pak jas so teskiot izbor na klimi za greenje. Se dvoumam...
    Ponuda na daikin FTXF50B od 64700den i na gree u crown 18 60000den dvete minus 7% popust na cenite.
    Daikinot me buni ova na kraj B neli treba da bide A?


    Sent from my motorola one using Tapatalk
     
  6. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Има и А и Б, некој се обрати официјално до даикин и имаше постирано. Или е иста или е подобра од А, понова е.
     
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Цената е примамлива... За некој со дневна поголема од 70м2. Или за некој што живее во голем шатор. :)

    Но за наведената дневна соба, ова ќе му дојде нешто како - неверојатно скапа ОН-ОФ клима со непријатно силно дување.
     
  8. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Повеќето куќи се со споен салон/трпезарија/кујна од над 50-60м2. Плус и ако има разотворени врати, ходници или скали. Не е лоша.

    Особено што тошибиве не се нешто моќници. Пдизајн 4.7kW при сцоп 4.5 мислам дека има. Треба да е сериозно добра понуда за горниве случаи, секако по оваа цена - нормално.
     
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    За конкретниот случај е баш оверкил.
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    18kw ќумбе и 28 степени внатре? ;)
    Ќе измрзне со некоја 5.5ка што ќе нуди 26ц внатре.
     
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Од друга страна домот му држи 18с после 16ч негреење.
    Изолацијата треба да му е во ред... Е сега ако инсистира на 28с 24/7, подобро му е да си остане на дрва.
     
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Се зезам, каков 28 ќе приумреш... Ама транзицијата е тешка.
     
  13. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,953
    1,176
    5 oктомври 2007
    Машко
  14. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,953
    1,176
    5 oктомври 2007
    Машко
    Знам, таму и ги водов, т.е. ми скокнаа како реклама.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Во искушение сум да набавам. Имам една on/off VIVAX постар модел (на R22) која знае да биде прилично незгодна кога е пуштена на ладење.
    Сурова дури
     
  17. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Дечки, земав Vivax Aemi и не знам зошто не можам да се конектирам преку wifi за да ја управувам климава преку апликацијата Net home plus? Се правам како што треба, ама нејќе да ме префрли на последниот 4ти чекор откако ќе го конектирам телефонот со климата. Стојам на 3ти чекор кај што ги отвара сетинзите за wifi.
    Да не е багната апликацијава или сепак некаде грешам?
    Инвертерот е wifi ready.
     
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    wifi ready и wifi не е исто
    Сигурно имаш wifi модул?
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Па монтериве пикнаа едно усб во внатрешната единица.
     
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Исклучи ја од струја (кабел) и пробај со апликацијата од Midea (Midea Air)

    И, секако осигурај се дали има wifi сигнал кој е доволно јак и стабилен.
     
    На mnikolce и StOrMK им се допаѓа ова.
  21. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Проработе. Иако е иста апликација а ново пакување, оваа работи, таа е багната.
    Фала ти. ;)
     
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,365
    12,472
    2 Август 2012
    Машко
    Да очекуваш и оваа да се багнува еднаш до два пати месечно.
    Лекот е да ја исклучиш од струја. Дали е до обновувањето на IP адресата од страна на рутерот, дали е до рутерот дали е до климата се немам замарано.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  23. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Со оваа апликација не ја исклучував од струја. :D
     
  24. mitevski83

    mitevski83
    Intern

    4
    1
    18 Февруари 2018
    Машко
    Препорака за инвертер клима (марка, модел и продавница). Буџетот 35к а намената е да затоплува 33-40м2 на поткровје во нова зграда со супер изолација. Благодарам
     
  25. talee

    talee
    Intern

    8
    1
    23 Јули 2019
    Машко
    поздрав друштво... прилично сум нов во форумов и тн лаик за клими така да собирам информации за климите како непозната "направа" ...ми треба информација која е разликата помеѓу u-crown 18 и fairy 18 знам дека u-crow декларирано работела на - 30...ги разгледувам овие два модели за просторија во куќа од 45 кв однадвор со сиропор фасада пвц прозорци итн итн. муабетов ми е ако круната е мн подобра од другата не се проблем да се доплатат уште 10к..молам з одговор и секое добро
     

Сподели

Вчитување...