Аliexpress

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од dastaner, 5 Февруари 2014.

  1. Luca Toni

    Luca Toni
    Gaining Experience

    113
    107
    18 Септември 2015
    Машко
    Heheheh

    Нема појако си нарачуваш, кога ќе стигнат пошо многу се, како поклони си отвараш, и демек си се изненадуваш


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    Martinovski, Balanar и на igor_igor им се допаѓа ова.
  2. Balanar

    Balanar
    On your way to fame

    539
    531
    6 Декември 2016
    Машко
    Само што ја опиша психичката "зависност" од порачување работи од нет, дури и кога не ни требаат...
     
    Zippo, DonFrozex и на stefano им се допаѓа ова.
  3. DonFrozex

    DonFrozex
    Gaining Experience

    453
    405
    9 Јуни 2011
    Машко
    Сите сме зависници од нешто.. one way or the other...
     
    На Luca Toni и Balanar им се допаѓа ова.
  4. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    588
    155
    29 Септември 2010
    За случкава: Отворен диспјут парите вратени на 27.02 и чисто онака проверувам денес викам чекај случајно да не била фрка некоја и глеам уште утре дента промена и тоа кај нашата пошта ја дава дека пратката е во прага, е сеа за ова да биде поинтересно јас сакам да платам ама по цената од 35 долари по која нарачав а не по 43 по кој производот се продава сега. Дали некој имал искуство со ова и дали воопшто пратката што ја гледам со мојот тракинг број е таа или пак истиот број е доделен на друга? и за колку време одприлика би била овде? Фала. http://prntscr.com/imeddd
     
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Guru

    5,148
    9,197
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Таа е, не го доделуваат истото бројче толку брзо на други, ако воопшто го доделуваат. Имам проверувано за бројчиња стари неколку месеци до години и вика „нема податоци“, но не знам со сигурност.

    Имаше огромен застој во Чешка околу Нова година, малку тргна, но се` уште трае, уште заглавуваат таму, па не се знае кога ќе помине, може брзо, а може и не.

    ^ Ова го знам затоа што минатата недела бев во Пошта два да подигам пратка, имаше голема редица, и самите шалтерски работници ја спомнуваа Чешка.

    Контактирај со продавачот и објасни му, најдобро би било да ти даде пејпал адреса и да му платиш, но тоа мислам дека е забрането од Али, па може да го крка. Во секој случај објасни му убаво.
     
  6. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    588
    155
    29 Септември 2010
    Ок ке го контактирам во случај да стигне фала многу :)
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Riste19

    Riste19
    Gaining Experience

    252
    86
    14 ноември 2016
    Машко
    Ќе стигне сигурно штом ја има во системот на posta.com.mk дека е препратена наваки, а за да му платиш износот онолку колку што си ја нарачал тогаш, едноставно ќе си направиш нова нарачка од истиот производ ама нема да ја платиш и ќе му напишиш да ја промени цената во $35 и готово. :)
    View: https://www.youtube.com/watch?v=FLXQgseIjU8
     
  8. kainn

    kainn
    Intern

    12
    8
    29 Септември 2017
    Машко
    поздрав до сите сакав да прашам нешто во врска со царина ептен не ми е јасно....

    значи вака брат ми порача телефон од aliexpress со вредност од 200 евра па "197" точно, и му стигна телефонот и плати само 100 ден на поштарот незнам зошто плати 100 ден само, тоа валда не е за царина за што беше нз

    после месец дена порача за негов другар телефон од ист продавач (продавница) на али од 250 евра "245" точно, значи на иста адреса исто име се исто само што телефонот беше 250 евра а не 200, поминаа 20 дена телефонот оште го нема брат ми провери на интернет и пратката била заглавена кај царина заради "Invoice missing" фактички немало фактура за пратката .... и се ок брат ми им прати слика од фактура на e-mail и после 2 дена стигна телефонт но брат ми требаше да плати оваа пат 2700 ден ....

    и сега некој ако знае да ми објасни како за првиот тел плати само 100 ден, за вториот тел го заглавиа кај царина и требаше да плати 2700 ден .... мене не ми е јасно оваа работа зар првата пратка имаше фактура а втората немаше ? тоа ли е проблемот што го задржаа телефонот на царина или пак можеби разликата е во 50те евра што вредеше повеке вториот тел не ми е јасна оваа царина ...

    ова прашувам пошто планирам да си порачам јас тел од 200 евра од aliexpress али ако треба да плакам 2700 ден царина налет нека е поарно ке си купам од мк, до 500 ден да треба да се плати не правам проб, али 2700 ден не се малку пари бар за мене
     
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,207
    2,667
    4 Септември 2008
    Во првиот случај се имало среќа и поминало така во вториот се немало, инаку за такви суми секогаш мора да се плати. Ако ти се ризикува порачај, ако не купи си телефон од тука.
     
    На kirev и Avid им се допаѓа ова.
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,386
    3,733
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Царина за телефон изнесува 0%, ДДВ изнесува 18%. Плус додај нешто и трошоци зависно од начинот на транспорт. Моја математика е дека сѐ под 25% е ќар. Значи првиот пат добил наградна игра, вториот си платил редовно.
     
  11. kainn

    kainn
    Intern

    12
    8
    29 Септември 2017
    Машко
    добро ако е така али ипак ова со царина ништо не е јасно ако е на срека .... значи они како сакаат така некој ке го изгорат да плака царина некој не жива глупост е тоа еве исто така другар мој слушалки порача од интернет 100 евра со DHL шипинг и требаше да плати 4000 ден царина и да прати еден куп документи. Како и да е фала ви на одговорите
     
  12. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,715
    3,398
    28 oктомври 2008
    Со DHL задолжително оди на преглед во царина. И на таа сума го додаваш и трошокот за папирологијата на DHL. А со Али (стандарден шипинг) ти е руски рулет, т.е. каков ти бил хороскопот дента.
     
  13. GreenRoot

    GreenRoot
    On your way to fame

    844
    761
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Ако ти е жива глупост нека плати брат ти царина за првиот телефон. Или жива глупост е само кога треба да се плати? :)

    Иначе спомнато е многу пати не само на овој форум дека ДХЛ и слични ко нив дерат. За жал ке се изгори некој кој нема искуство.

    Sent from my Shoot_1 using Tapatalk
     
  14. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    460
    1,597
    27 Јануари 2014
    Машко
    На една пратка имав отворено dispute, на што се согласија и парите треба да ми ги вратат. Меѓутоа производот ми стигна, и ме замолија ако стигне да ги рефундирам јас. И не сакам да се циганчам за 3 долари, ама не гледам опција за cancel или да им вратам пари?
     
    На Luca Toni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    588
    155
    29 Септември 2010
    Е сеа стигнала нарачкава ама вика царина ама во забелешка вика во пошта? што е точно дали да одам во пошта и во која да си ја подигнам? или да пракам мејлови на царина? Screenshot
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,386
    3,733
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Пиши му што се случило. Мислам ќе ти рече да го платиш пак ама он ќе знае да не ти го испрати. Ваљда одма ќе потврдиш дека стигнал.
     
    На stefano и M.Pix им се допаѓа ова.
  17. mihovkris

    mihovkris
    Gaining Experience

    446
    300
    1 Јуни 2016
    Шо е со праќање пратки после 6 - 7 дена од коа се нарачани ? Од петокот чекам екран за телефон да ми пратат ..
     
  18. krema

    krema
    Professor

    6,552
    6,126
    24 Јуни 2009
    Машко
    Немај гајле, братучедите од P.R.C си даваат + една недела за чекање.
    Како!?
    Најчесто нарачката ја праќаат за 24 часа, но потврдата за тоа дека е испратено ја пуштат последниот ден (после 7 дена) пред да се автоматски кенселира. Откако ја добиваш информацијата дека нарачката е пратена, почнува системот да одбројува 60 дена.
     
    На bakigvg му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    После 3 дена од уплата праќам порака до продавницата, после 12 саати уште една и ако не одговорат до 5 дена им ја откажувам. Има доста што прават така, мада големиве продавници не го практикуваат ова. Синоќа направив 4 нарачки, сите 4 се пратени денеска со тракинг број.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  20. krema

    krema
    Professor

    6,552
    6,126
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако никој не реагира во тие 7 дена (или колку и да се дена за шипинг), системот сам ја откажува.
    Е сега, кој колку има нерви за чекање :)
    Инаку да, познатите (високорангираните продавници) шипат уште наредниот ден.
    Не ми се познати овие бројчиња UC28163xxxxCN!? Ваљда не е препорачано. :D
     
  21. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    39
    62
    9 Март 2016
    Машко
    Нема логика да е ова точно. Зашто? Епа што ако продавачот ја испрати пратката наредниот ден и чека до последниот ден да каже дека пратката е испратена, а ти во меѓувреме после третиот ден се изнервираш дека пратката уште не е пратена и стискаш Cancel Order??
     
  22. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    China Post Ordinary Small Packet Plus прати до излез од Кина и (би требало) на влез во МК, но не измеѓу. И не бара потпис значи може да го најдеш во сандаче, а може и не :)
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  23. krema

    krema
    Professor

    6,552
    6,126
    24 Јуни 2009
    Машко
    @bandrej
    Ако после третиот ден изнервиран стискаш Cancel, тогаш ти не си Aliexpress-шопер.

    @ARMac
    ама нели по нови сите вакви пратки добиваат МК стикерче со бројче со "R". Тоа по автоматизам бара потпис во списочето на чика поштар, или пак он те шарнува уместо тебе :D
    tnx
     
    stefano, goran_oh и на igor_igor им се допаѓа ова.
  24. Кристијан Про

    Кристијан Про
    Gaining Experience

    839
    141
    5 oктомври 2012
    Машко
    А нешто за ова да кажете ?


    RG766303054CN China Macedonia 2018-03-07 20:50,Czech Republic (the), PRAHA 120, Send item abroad (EDI-received) Alert
    ======================================
    Powered by www.17track.net

    Прва пратка ми е вака што ја гледам со Alert. Дали некој имал слично искуство
     
  25. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќе го прашам поштарот кога ќе дојде деновиве, некои нови бројки се ама не се препорачани. Не потпишува место мене, дури и на одмор кога сум бил одел до кај стариве на адреса да му потпишат. Си се разбируеме многу фино со него. Овие што не барале потпис, ако не ги низ сандаче директно горе во рака ми ги дава. А примив во исто време RB, SG и една LP0009544164. Првите две ги имаше на список потпишав, третава ја немаше.

    Прага Чешка трансфер центар, ја пратиле наваму. Алерт ко алерт што се секираш.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...