• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Зошто сеуште Windows ако Linux е нај нај!?

  • Ја почнал/а темата D
  • Време на почнување
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,909
www.iwmnetwork.com
Цело време се слушаат муабети и тие што користат знаат како Linux е подобар од Windows, како е посигурен, постабилен, итн.....

Ми доаѓа да прашам, тогаш зошто Windows е сеуште најкористен и зошто сите не користат Linux!?
 
dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
ja licno koristam windows najvise radi photoshop,iIllustrator,dreamweaver i flash, ustvari sea radi CS3 paketot. Ali u najskoro vreme ke se prefrlam na Mac OS X i zaedno so Linux mislam deka bi trebalo da bide podobro od windows u sekoj slucaj.
 
jpetrov

Intern
19 мај 2007
136
0
Има голема корисничка база, има голема база на дравјери. Но тоа се менува. За некои сегменти (како пр. серверски софтвер тоа одамна е променето). Она што недостасува во МК е поддршка, но еве сите по малку се трудиме на свој начин.
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Korisnicite na Linux se poagresivni i poglasni vo prigovaranjeto na Windows. A drugive pak, se svesni deka toa e taka i go prifakaat windows so site svoi maani i prednosti.
 
gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Цело време се слушаат муабети и тие што користат знаат како Linux е подобар од Windows, како е посигурен, постабилен, итн.....

Ми доаѓа да прашам, тогаш зошто Windows е сеуште најкористен и зошто сите не користат Linux!?
Види..D..Линукс не е нај, нај. Тоа е оперативен систем кој има свои мани и недостатоци. Важно е да се цени слободата и можноста да корисникот прави со компјутерот тоа што сака да го прави. Одговорот на прашањето зошто Виндоус сеуште е најзастапен на Десктоп пазарот е тоа што луѓето се навикнати да користат Виндоус. Точка. Пиратеријата и тоа што Виндоус е постар систем (но не и идеолошки - слободниот софтвер постоел пред Мајкрософт), доведува до поголема искористеност. Тоа што во Македонија 60% од младите користат некоја форма на порок не значи дека тоа е во ред нели? Тоа што во Германија речиси сите беа фашисти во текот на 2та Св. војна не значело дека се во право, се виде. Значи мнозинството не е секогаш во прави и тоа што мнозинството го прави не значи дека е правиот начин.

Слободниот софтвер е најзастапен кај серверите и професионалните/ентерпрајс решенија. Така денес најкористени сервери се Apache, MySQL, како јазици PHP и како Систем Linux, со што се добива моќта на LAMP. Тоа и ти го знаеш. Таа моќ што Линукс ја нуди на профсионално поле може да се искористи и дома. На тој начин ќе се добие и безбедност и слобода.

Исто така голема пречка е тоа што компаниите за десктоп апликации како Adobe, Corel и сл. не произведувата апликации за GNU/Linux. Тоа е нивна загуба. Зошто? Затоа што сепак во светот постојат над милион корисници на Линукс кои нема да користат производ од нив, а кога би постела верзија сигурно некој би бил и спремен да плати за тоа. Види ги Maya и Blender, која е моќта на овие апликации под Windows и под GNU/Linux. Тоа што тие работат многу подобро под Linux уште еднаш кажува дека овој систем е и повеќе од спремен за овие потреби ако има кој да произведува софтвер од рангот на Photoshop итн.

Apple и Microsoft се штеточини кои треба да се отстраната, а не да се емитуваат упатства на А1 за тоа како се додаваат табели во Excel.

Еве неколку врски:
http://www.dwheeler.com/oss_fs_why.html
http://www.makethemove.net
http://www.whylinuxisbetter.net/

Се надевам ќе ги прочиташ за другпат да можеме да разговараме на покомпетентно ниво :)

Поздрав,
Александар
 
D

DimitarMK

Гостин
Јас мислам дека е така,затоа што повекето од корисниците не знаат за Линукс.Тој од корисниците што ке стави Линукс ке го задржи и ке си тера со него.Но,проблемот е тоа што нема доволно апликации за Линукс.На пр.Ако некој е веб дизајнер и сака да користи Линукс,ке ги нема програмите ,а еден од нив е Dreamweaver кој е користен од најмногу web дизајнери.

А,како што може да забележиме сите од нас,во најмногу компијутерски продавници,кога ке го однесеш копијутерот на преинсталација ставаат Виндовс.Мислам дека ова не е во ред.Нели пиратеријата е забранета,а тоа значи дека треба да инсталираат Линукс затоа што тој е бесплатен.
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Ednostavno receno, narodot se plasi od promena... iako taa promena vo ovoj slucaj e mnogu podobra od glupostite na Microsoft i nivniot Windows !
 
CyberLord

Intern
16 април 2007
135
2
Па вака...
Бројот на игрите за Windows е далеку поголем од бројот на игрите за Linux.. Според мене причина број 1, бидејќи доста голем дел од луѓето компјутерот го користат исклучиво за играње игри... Тешко дека некој од нив ќе се откаже од Windows и ќе премине на Linux знаејќи дека нема да може да ги игра најновите игри...
Друга причина е тоа што за Windows платформата има многу поголема бројка на софтвер споредено со Linux платформата... Многу луѓе се зависни од софтвер кој го има исклучиво на Windows... Тешко дека некој графичар ќе го замени Photoshop за GIMP или WEB дизајнер Dreamweaver за Quanta...
Споредено со Windows, Linux има послаба хардверска поддршка, а и постапката за инсталација на драјвери за Windows е далеку поедноставна од онаа за Linux...
Друга работа е тоа што „царува“ пиратеријата па така доста голем дел имаат “бесплатен“ Windows... :)
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Apple и Microsoft се штеточини кои треба да се отстраната, а не да се емитуваат упатства на А1 за тоа како се додаваат табели во Excel.
Искрено, не ми се допаѓа ваков став и навредување. Секој си има право на мислење, а позадинското споменување на ЕНТЕР не заслужува ниту коментар.

НИШТО НА СВЕТОВ НЕ Е БЕСПЛАТНО!!!
 
gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Искрено, не ми се допаѓа ваков став и навредување. Секој си има право на мислење, а позадинското споменување на ЕНТЕР не заслужува ниту коментар.
Ако кажеш дека некој е штетен за општеството и притоа имаш добри аргументи со илјадници врски и цитати тогаш не е навреда. Ниту невистина, ниту погрешно наведување (ова според законот).

Дали може да ме цитираш каде споменав дека зборувам за Ентер? Со задебелени букви, те молам. Пошто не можам да видам.

НИШТО НА СВЕТОВ НЕ Е БЕСПЛАТНО!!!
Жално, сеуште мешаш слободен и бесплатен софтвер. ВИДИ:

http://wiki.lugola.net/wiki/ЧПП

Од тамо особено ќе ти е интересно ова:

Слободниот софтвер не е прашање на цена туку на слобода. Тоа е јасно декларирано во целата филозофија на GNU проектот. Многу фирми ги искористија предностите на слободниот софтвер па направија капитал со кој им прарираат на останатите компаниски гиганти. Чист пример за компанија која целосно преминала на употреба на слободен софтвер и заработување од него е Novell, а фирма гигант која го поддржува во секоја смисла слободниот софтвер е Google (ова задолжително).

Вие може да заработувате од слободниот софтвер. Чист пример би било добро спакувана дистрибуција со јасно напишано упатство за употреба, на која Вие би одредиле логична цена за продажба. Се работи за работна рака, труд и начин на поддршка за давање на понатамошни услуги од областа на слободниот софтвер.

Помошни врски кои мора да се прочитаат доколку овие работи не ви се јасни:

http://www.gnu.org/philosophy/selling.html

http://www.eweek.com/article2/0,1895,1836385,00.asp
 
gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Споредено со Windows, Linux има послаба хардверска поддршка, а и постапката за инсталација на драјвери за Windows е далеку поедноставна од онаа за Linux...
Ова е ноторна илузија. GNU/Linux (според сите статистички и технички спецификации за оперативниот систем) важи за систем со најголема поддршка за хардверски компоненти. Значи, како ќе видиш дали некој систем има поддршка за хардвер. Направи го ова, крени Ubuntu (Feisty?) и инсталирај Windows XP без да користиш ништо плус. Дали ќе имаш 3Д акцелерација за графиката, дали ќе имаш квалитетен звук? Не! Значи ако производителите на хардвер не произведуваат софтвер за Windows, тогаш Windows е 0. Меѓутоа заедницата на слободен софтвер и тука се гледа дека е помоќна и развива драјвери за харверски компоненти за кои најчесто и немаат спецификации (што е многу тешко).

www.kernel.org можеш да го симнеш јадрото за Линукс и да видиш што е како :)

Поздрав
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ok, прво лично: Уште користам Windows заради некои програми што ги нема на Linux, само како пример ќе наведам програми за online poker :) Моментално се наоѓам во голем хаос, треба да си ги средам фајловите на хард диск, откако ќе го направам тоа, целосно се префрлам на *nix

Општо: Мислам дека игрите се најголемата причина за употребата на Windows. И пак, постојат голем број на (комерцијални) програми што се направени само за Windows, го спомнавте Adobe, ама не се само тие. Мој другар користи понекогаш Windows само за правење музика, програмите за истата намена кои се на Линукс не се доволно развиени за да им парираат на тие на Windows, ама оваа, поточно следната година се очекува да ги престигнат (програмите на Linux многу побрзо напредуваат)
И уште една работа: стереотипи, неинформираност, плашење од нови работи. Овие особини ги имаат многу луѓе и треба време за да се надминат ;)

Just my 2c
 
Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Цело време се слушаат муабети и тие што користат знаат како Linux е подобар од Windows, како е посигурен, постабилен, итн.....

Ми доаѓа да прашам, тогаш зошто Windows е сеуште најкористен и зошто сите не користат Linux!?
Prvo ne se reklamira Linux na sekoja Tv stanica i vesnik.

Vtoro, firmite koga kupuvas PC (najgolemiot broj do sega) go davaa so intaliran windovs. Na 7 godisno dete , ako mu dades Pc so Linux, na Linux ke raboti.

Drugo, windowsot e user friendly.
 
StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Навика. Windows-от го користам од 3.11 навака.
Сум користел и користам Линукс. Тешко се снаоѓав порано, ама се учи. Новиов Ubuntu е појузерфрендли од XP-то. оpenSUSE 10.2 е исто така одличен во тој поглед. Лека-полека компаниите што произведуваат Линукс сфатија дека доколку сакаат да му конкурираат на Мајкрософт мора своите опреативни системи да ги прават појузерфрендли. Тоа и го направија. Сега имаме на избор два речиси идентични оперативни системи, но за едниот се плаќа одредена сума, која за наш стандард е да речеме висока (за додатниот софтвер не праам муабет - боли глава... многу пари е), а за другиот не се плаќа ИЧ!!! И... тоа е адутот на Линуксот и тоа е причината поради која Линукс почнува да му ги краде корисниците на Windows.

Безбедноста? На Линукс, ради безбедноста, преминуваат мнооогу мал дел од корисниците и тоа оние кои се разбираат повеќе од компјутери.
 
Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Ако кажеш дека некој е штетен за општеството и притоа имаш добри аргументи со илјадници врски и цитати тогаш не е навреда. Ниту невистина, ниту погрешно наведување (ова според законот).

Дали може да ме цитираш каде споменав дека зборувам за Ентер? Со задебелени букви, те молам. Пошто не можам да видам.

Жално, сеуште мешаш слободен и бесплатен софтвер. ВИДИ:

http://wiki.lugola.net/wiki/ЧПП

Од тамо особено ќе ти е интересно ова:

Слободниот софтвер не е прашање на цена туку на слобода. Тоа е јасно декларирано во целата филозофија на GNU проектот. Многу фирми ги искористија предностите на слободниот софтвер па направија капитал со кој им прарираат на останатите компаниски гиганти. Чист пример за компанија која целосно преминала на употреба на слободен софтвер и заработување од него е Novell, а фирма гигант која го поддржува во секоја смисла слободниот софтвер е Google (ова задолжително).

Вие може да заработувате од слободниот софтвер. Чист пример би било добро спакувана дистрибуција со јасно напишано упатство за употреба, на која Вие би одредиле логична цена за продажба. Се работи за работна рака, труд и начин на поддршка за давање на понатамошни услуги од областа на слободниот софтвер.

Помошни врски кои мора да се прочитаат доколку овие работи не ви се јасни:

http://www.gnu.org/philosophy/selling.html

http://www.eweek.com/article2/0,1895,1836385,00.asp
Абе уште не научи некои работи. На форумов строго забрането е коментирање на А1 и Ентер, пошто има дечки кои се страшно алергични на тоа.
Мој совет, не ги спомнувај многу, пошто ке ти дадат жолт,па после ќе те исфрлат од форумов.

Гарант за Ова што го пишав D пак ќе плаче, или ќе го префрли ова во боречки клуб. А можда и директоров да се буни.

Мислам дека постовите ти се добро аргументирани, мое мислење е тоа.
 
Ata

Intern
21 април 2007
403
1
Да ама унубтуто е клон на дебиан, и ја има задржано стабилноста и сигурноста, што во никој случај не е така со виндовс.

Ај не сум сега слободен, ќе пишам една мала историја за бил гејт и виндовс, што и како и од кого краделе и што правеле на времето. Пошто има многу што не ги знаат тие работи, и само нешто се бунат.
 
http://www.imdb.com/title/tt0168122/
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Абе уште не научи некои работи. На форумов строго забрането е коментирање на А1 и Ентер, пошто има дечки кои се страшно алергични на тоа.
Мој совет, не ги спомнувај многу, пошто ке ти дадат жолт,па после ќе те исфрлат од форумов.

Гарант за Ова што го пишав D пак ќе плаче, или ќе го префрли ова во боречки клуб. А можда и директоров да се буни.

Мислам дека постовите ти се добро аргументирани, мое мислење е тоа.
Nikoj nikogo nema da isfrli od forumov. A sekoj ima pravo da si go kaze svoeto mislenje. Ne znam od kade ti e toa deka e zabraneto komentiranje na A1 i ENTER. Ima cela tema za toa, neli?
PEACE and RELAX
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Ако кажеш дека некој е штетен за општеството и притоа имаш добри аргументи со илјадници врски и цитати тогаш не е навреда. Ниту невистина, ниту погрешно наведување (ова според законот).
Site argumenti se diskutabilni, neli. Se ima i dobra strana i losa. Jas ednostavno ne gledam na Windows kako na "stetocina" Toa e se. Konstatirav deka ne mi se dopagja i toa e se.

PS Sto se odnesuva do besplatnoto, LET ME REFRAZE:

NISTO NA SVETOV NE E SLOBODNO!!!
Se zavisi od nekoj drug proces ili entitet. Da ne se zalazuvame.
 
gemidjy

Intern
14 април 2007
50
0
Нема да се расправам на форумов, нема смисла, па ако треба и да се соработува после нема поента да се расправаме тука, а од друга страна да соработуваме. Само да знаеш, баш поради тоа што многумина мислат дека ништо на светот не е слободно, сеуште Виндоус е најискористен десктоп систем. Да, нешто е слободно. Јас сум слободен. Ти си слободен. Линукс е слободен. Доволно? :)

Ете...лесно било, му одговори на прашањето на D :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,909
www.iwmnetwork.com
"Јас сум слободен. Ти си слободен. Линукс е слободен."
Уф уф уф. Да бидам искрен, ми се допаѓа твојот ентузијазам за вакви работи... но сепак...

:))))

Очигледно малку погрешно дефинираш слобода. Малку разгледај подобро околу што и како, од што си зависен. што и како ти го дефинира и определува животот, како Линукс дистрибуциите се прават и како би се правеле кога некои работи не би биле како што се. :))

Let's be real...

Скоро да е вечно прашање -- детерминизам или слободна волја - што постои и го управува универзумот?

"Се надевам ќе ги прочиташ за другпат да можеме да разговараме на покомпетентно ниво :)"
:ua:

Btw: кога постојат две страни на еден проблем, доколку се воспостави валиден аргумент од двете страни кој е добро дефиниран - и двете страни се во "право".
 
filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Koj na koj e klon toa ne e bas prioritet problem.Site znaeme deka site Linux si licat i deka razlikata e imeto i nekoj drug siten del.Spored poslednata anketa od Microsoft korisnicite na Windows se izjasnile deka Vistata ke ja instaliraat na celiot PC a ostanatite OS ke gi koristele so VMWare ili Virtual PC 2007.Pricina za toa e bidejki site onie koi imaat deca i imaat pristap do kompjuter bi mozele pri vklucuvanjeto na kompjuterot da se zbunat i namesto Windows da zalutaat vo nekoj drug OS i da napravat belja.Toa vazi za deca do 12 godini,bidejki site ne se iskusni kako nekoi koi sto i da gi prasas za problem za PC ke ti go objasni i resi.Vo Amerika pogolemiot del od decata edvaj znaat da si proverat e-mail.Vo skora idnina i jas planiram da migriram na Vista iako ne mi e 'favourite OS' ali poradi podrskata na softver ke moram.A drugite OS ke odat preku Vmware.Dobra osobina na Vista e toa sto se instalira na NTFS file system pa bidejki imam dve particii nemoram da ja formatiram i vtorata kade sto imam podatoci tuku samo onaa kade sto mi bese XP ke go smestam Vista i tolku
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,695
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно