1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Зошто сакате PayPal?!?!

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од B^nDIT, 8 ноември 2012.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Мене не ми е јасно како некои не разбираат дека PayPal не смее да се појави во Македонија. Ќе паѓаат сите како крушки.

    Све наопачки ќе се случува ако купувате така. Сите продавници ќе пропаднат а банките ќе се збогатат. У исто време престанува кружењето на пари и оди во Америка. Што се случува? На крај ќе останеме сите без пари.

    Први ќе го осетат баш читателиве на форумите тоа , ама толку им фаќа... Особено фриленсерите. Сите ќе нарачуваат дизајни и програми од некој си чкљ сајт со PayPal buy копче .

    Можеби треба и во боречки клуб да оди ова ама не е битно.
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,344
    1,010
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Мене не ми е јасно зошто уште не се појавил!

    Заборави на обратното. Многу од нашите продавници ќе станат он-лајн, па пазар ќе им биде цел свет, а не само Македонија. Така да напротив, може да се зголеми приливот на странски пари.

    А ако и јас ставам на мојот сајт "PayPal buy копче", нели и јас тогаш ќе имам клиенти од странство?


    Значи работите секогаш треба да се гледаат од две страни.
    Во секој случај, јас сметам дека каде каде ќе бидат подобри работите ако се воведи payPal и кај нас.

    Еве еден пример, неможам да купам про акаунт на http://dribbble.com/GoceJonoski - еве кои се придобивките на про акаунтот http://dribbble.com/account/pro - и според ова, јас со Пај Пал акаунт ќе правам поголем прилив или одлив на средства....
     
    На dejan_str, kamikaza333, RagingDemon и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Па да ама ќе немаш пари за интернет да го направиш сајтот со копчето :D
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,031
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    а зашто така мислиш?
     
  5. LaLi

    LaLi
    Gaining Experience

    322
    204
    3 Февруари 2010
    Машко
    Јас не мислам така , тогас ке се среди пазарот и ке нема цени многу поскапи од тие реалниве сто се на нет , и тогас кога ке има пајпал и повисе е-продавници
    нема да има потреба да се има дукан или несто сред центар или некој тргвоски центар
    тогас мозе некој магацин и од таму само шипинг , така ке има помалце трошоци и по ниски цени за крајниот купувач
     
  6. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Еве ја причината зошто , @fatal1ty.
    Уште една пица преку пејпал , зошто да работи енрико , нели :D ?
     
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,031
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    A kako rabotat piceriite vo svetot?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    Па нема некоја мала државичка во светот што има пејпал за да ти кажам. Ќе видиме Србија што ќе направи ако им успее пејпал...
     
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,031
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Неможам да се сложам со тебе пошто 40% од население нема да знае што е тоа пај-пал и како се користи, а останатите ќе го користат само за најнеопходни работи кои неможат да се најдат во продавница.Јас на пример би си купувал хардвер најмногу :)
     
    На IgorB, gremlin, kamikaza333 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    [​IMG]
    BTW: Зошто се бројат мислењата во офтопик?
     
    На zorandesign му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Ako dobieme paypal ke videme kolku ustvari sme so mizeren standard i kolku e katostrofalna politikata sto ja vodi drzavata vo sektorot na stopanstvoto i malite trgovski drustva. Premnogu se zaangazirani so krupni biznisi od koi kjarat golemi pari pa nemaat vreme da se zamaraat so noviot problem dokolku dojde pp a korist bi imale samo nie,obicnite smrtnici. Zosto bi smenale nesto vo segment kojsto veke im nosi pari. Interesite za poveke pari go dvizat svetot.

    Srbija e mala drzavicka za tebe? A Slovenija? Svajcarija? ...
     
    На stefan_v и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  12. ivan1real

    ivan1real
    Intern

    52
    16
    20 Април 2010
    Да не правиме никаков напредок во ништо затоа што некој може да настрада. Какви глупости прочитав.
     
    На kamikaza333 и RagingDemon им се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,686
    14,281
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Јас не разбирам зошто не смее да се појави?
    Кои се тие сите, како ќе паѓаат и зошто?

    PayPal е само сервис за електронско плаќање исто како дебитните/кредитните картички. Нема се занимава со трговија.

    Како ќе се збогатат банките, кога не наплаќаат екстра за трансакција кон PayPal. Напротив ќе им се скрати профитот затоа што рекетарските услуги како Western Union ќе станат излишно непотребни. И каква врска имаат продавниците со тоа?

    Не разбирам зошто да одат во Америка. PayPal е интернационален сервис, па така парите одат од клиент на клиент ширум во светот.

    Ние одамна сме без пари, така да нема што да губиме.

    Стварно не наоѓам логика во кажаново. Македонија како ефтина работна сила произведува софтвер/веб страни и слично за странство. Со PayPal на нашите ќе им биде поедноставно да ги наплаќаат своите услуги.

    Дефинитивно е за таму...
     
    На stefan_v, daci92, goranzoran и уште 7 други им се допаѓа ова.
  14. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,869
    1,746
    22 oктомври 2012
    Машко
    Да имавме PayPal, државата ќе земаше данок од парите што ќе легнат на сметка, а вака други држави го земаат тој данок. Ако не успеев да се снајдам со PayPal account во странство, сега ќе требаше да работам во некоја е*ана фирма од 9 до 5 (ако имам среќа) за “ич“ пари, наместо да си работам од дома за 10 пати поголема плата, кога сакам во текот на денот, и колку сакам...

    PayPal многу ќе им го олесни животот на оние коишто знаат како да го искористат...
     
    На daci92, kamikaza333, RagingDemon и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. goranmitev

    goranmitev
    Intern

    75
    45
    27 Август 2010
    Како прво, ќе се обидам да направам една анализа. (И малку математика.)

    Според заводот за статистика, во Македонија интернет пристап имаат 58,3% од домаќинствата а интернет користат 57,5% на возраст од 15-74 години.

    Од овие проценти, слободно почнете од себеси и домашните и проценете кој за што го користи интернетот. Од лично искуство и слободна проценка на семејствата на оние што ги знам, околу 1 од 4 луѓе е понапреден корисник на интернет. Тоест еден во едно семејство е што се „разбира“ во компјутери најмногу. Тоа се да речеме 25% од корисниците на интернет. Ако Македонија има 2 000 000 народ, 58,3% се 1 166 000 луѓе. Од тие околу 25% се напредни корисници, тоест 291 500 луѓе.

    Значи можеме да претпоставиме дека едно 291 500 луѓе би биле потенцијални корисници на Пејпал.

    Од овие, пример околу 25% би биле невработени или студенти или друг вид на издржувани лица, а со тоа и не би купувале онлајн, оти би немале пари. Тоа не доведува до бројка од 218 625.

    Нека на пример сите овие оворат Пејпал акаунт.

    Ако знаеме дека просечната месечна плата во Македонија е 20 000 (според статистика), и ако претпоставиме дека месечно би трошеле пример по 5000 денари за онлајн нарачки само преку Пејпал, доаѓаме до сума од 1 093 125 000 денари или околу 17 774 390 евра (61,5).

    Ако го земеме најголемиот процент на провизија што го наплаќа Пејпал од ајде нека е 5% се доаѓа до бројка од 888 719 евра што е ПРЕОПТИМИСТИЧКО и во секој случај е помалку според мене.

    Ако му испаѓаше математиката на Пејпал, досега ќе го имавме во Македонија.

    Значи во странство би се одлевале околу 17 милиони евра, а Пејпал би инкасирал околу 800 000 евра.

    Ова се многу малку пари за да пропаѓаат фирми или да се богатат банки.

    А придобивките за фирмите и фриленсерите за наплаќање на клиентите од странство се многу поголеми мислам. Кога доаѓало ред да му наплатам на некој клиент од странство прво што ме прашувал е дали имам Пејпал. Со Пејпал многу би се олеснила наплатата пред се и би имале поголем прилив на девизи (тоест извоз на услуги би имале поголем).

    Толку од мене :)
     
    stefan_v, Kajsibebraat, zorandesign и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,031
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Тој е одговорот!

    Од пајпал само само ќе се спречи/намали криминалот што ни го прават домашните фирми.
     
    На alekxandar и RagingDemon им се допаѓа ова.
  17. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Зошто сакате PayPal?!?!
    Сериозно е прашањето?
    Затоа што не сакам да купувам дефектен ССД со цена двапати-трипати над реалната во светот од нашите лоповски фирми!
     
    AndrejApostolov, alekxandar и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  18. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    847
    1,119
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Пааа, мене највеќе ми треба за користење на ebay и за пракање на пари на други со мала провизија. А И многу повеке страни користат PayPal.
     
    На Sm0k3y25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    731
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
    Момци искрено ама најискрено да ве прашам ...
    ШТО ВЕ БОЛИ ШТО ДРЖАВАТА НЕ Е НА ЛИСТАТА НА ПЕЈПАЛ КОГА СИТЕ ИМАТЕ И КУПУВАТЕ ПРЕКУ ПЕЈПАЛ !!!!????
    Нека му ја мислат банките и владава наша насушна :) мислам дека треба да ја затворите дискусијава ... апсурдна е
    Си ставате трн во здрава нога ... ;)
     
    На Chaeld10_8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,869
    1,746
    22 oктомври 2012
    Машко
    А тие што работат и што PayPal им е единствениот начин да бидат платени? Каде се тука и они коишто сакаат да продаваат? Не е муабетот само за купување...
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  21. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,183
    2,703
    21 Јануари 2011
    Машко
    Тие што сериозно си работат и ги исплаќаат преку пејпал и те како им е потребен!
     
    stefan_v, kamikaza333 и на Alucard им се допаѓа ова.
  22. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    731
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
    Тие што сакаат да бидат платени ќе си се дочитаат уште малце и ќе си најдат начин да бидат платени, а ако незнаат како ќе си замолат за помош од искусни луѓе :) ... има луѓе и си наплќаат онлајн труд и трговија ама баш без никаков проблем... Само наместо да се бават со плукање и хејтање на држава и да стануваат државни непријатели они си учеле бате и сеа ви се смешкаат од негде ... "WE WERE ALL NEWBIES AT ONE POINT IN TIME"
    А за пазарџиите - па тие се најштетните луѓе трговци за стопанството јас револуција ќе кренам против таквите .... На што личи тоа купи продај од е-бај или слични електронски продавници.... Купи машко голема количина на роба па ич да не ти чуе за пеј пал... а ти во секој случај можеш да продаваш онлајн само малце повеќе треба да се расчиташ.... Слушнале луѓево пејпал и готово тоа е блокадата... БЛАГЕ везе нема....
    Постојат фактури состаноци ова она мрдни го гзето па пари да праиш, вклучи убава идеа а не да ми продаваш УСБ стик што си го купил 1$ 300 - 400 ден и да цимолиш после коа ќе дојде време за данок плаќање, ако воопшто плаќаат таквите само кукаат ... Па владата била крива, или вмро било криво бранко бил крив ова она "NO HARD FEELINGS PLEASE" примери се ова нема политика да не се налутат модераторите ;)

    Ова што го кажав паѓа во вода ако си оштетил 2000 глувци за клик и пеј.... Има луѓе што земаат провизија ако сакаш да ги извадиш парите ... растрчај се малце :)
     
  23. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Џокерски, ти да не си од оние кои ги вршат тие услуги за кои земаат провизија па ти е страв да не ти пропадне бизнисот?

    Sent from my CMX HTC Pyramid
     
    На Jokerski му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,869
    1,746
    22 oктомври 2012
    Машко
    Да бе, немам друга работа, ќе барам начин како да ме платат, глупости, збориме за олеснување на работата и начинот за наплата на истата, а не да губам време со “трипер“ комбинации како да си ги земам парите што сум ги заработил...
    Јас наплаќам, и наместо да ми стигаат парите на сметка во Македонија, ми стигаат во странство, и наместо да ми е олеснет начинот за нивно вадење, мене ми е искомплициран... И напротив, воопшто не му се смешкам на никој...
    Прво збориш против плукање и хејтање, а сега истото го правиш и ти... :)
    Начинот на којшто некој ги заработува парите не е воопшто битен...
    Веќе кажав, доколку има PayPal во Македонија, ќе нема потреба да се растрчуваш и да “расфрлаш“ пари за провизии...
     
    На stefan_v и RagingDemon им се допаѓа ова.
  25. Jokerski

    Jokerski
    On your way to fame

    814
    731
    28 oктомври 2010
    Машко
    Прашоци, бели пецива и др. средства за бистрење
    Sekogas postoi sansa da bide zloupotreben... A nasava nacija ne e sozreana za takov sistem ;) t.e. ke nastane haos ... Za godina dve :D slusaj ja Karolina malce olabavi malce... Citav crna hronika deneska pa zatoa vo toj stil go napisav moeto mislenje nemav namera da povredam nekogo ;)
    Ne zemam provizija za vadenje pari, nemam drugo drzavjanstvo, nemam svalerka poso ne sum zenet, rabotam posteno i ne se bavam so kriminal, se sto e crno mi smeta a za belo ne pravam problem :confused:
    @RagingDemon Ako sakas da me prasas nesto mozes po PP ne se brukaj vaka bidejki mrazam licemerie :) ima lugje koi me pocituvaat ovde taka da ke gi navredis i niv ;)
    Vo idnina ako imam nesto da kazam da znaes deka ke go kazam direktno ne sum fufla :)
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...